Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Приказнава, место поклон ти ја дарам..

Знаеш од секогаш сакав поклони. Секој ги сака..но јас сум малку повеќе чудна и во тој поглед нели..? Повеќе сакам кога изненадно и без причина ќе ми подарат нешто отколку да очекувам поклон за роденден или Нова година.
Она што секогаш ме вадеше од кожа беше поклон за Валентајн. Како да е само тој ден за поклони и љубов, до толку е достигната целата фама околу него. Среќна сум што го разбираш тоа и што никогаш не ми подари ништо. Ја сакам таа твоја особина да ги почитуваш желбите на другите, добро поготово моите. :)

Туку..знаеш и дека сакам да ти подарувам работи кои те прават среќен. Денес сакам да ти подарам нешто чија вредност е непроценлива. Знам дека е невообичаено за мене..еј дури и мене ми е чудно. Ама ок од некаде морам да почнам.
Да чудна сум. Ладна, не покажувам емоции. Се потсмевам кога ќе ми кажеш дека имаш чувства за мене, цинично го прифаќам секој твој комплимент..иронично враќам на секој твој комплимент. Да..жал ми е што се однесувам така. Те малтретирам секогаш кога ми е досадно, ти се јавувам кога јас ќе сакам да те видам.. Боже..каков сум јас идиот. И ти наместо да се откажеш, ти си упорен. А проблемот е во тоа што јас навистина и чувствувам нешто за тебе. Без фолови и без лаги овојпат. Тешко ми беше да си признаам на самата себе. Знаеш неверојатно е тоа што некој кој се сака толку многу себе си може да мисли на некој друг повеќе од што мисли на себе си.
Да, се наоѓам себе си како мислам на тебе постојано. Како постојано го читам разговорот на skype, како ги читам пораките кои си ми ги пратил..

Место поклон ти ја давам приказнава. Не е ништо посебно знам, но сепак.. Место поклон ти давам приказна со која ти кажувам дека и јас те сакам тебе.
:back:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Приказнава,место поклон ти ја дарам...

Приказна за стварноста,за многу шарени, миризливи поклони...Sajonara.
Прекрасен парфем,го одбрав токму тој, Sajonara,Довидување.
Бев занесена од тој прекрасен мирис,кој ме потсеќа на пролетни утра,на изгреј сонце, кое како црвена роза се буди подарувајќи прекрасна глетка.
Тогаш се будат птиците посакувајќи Добро утро,распеани го веселат миризливото утро.Распеана сум и јас.Песните од Enya ме потсеќат на тој мирис,песната Angel особено ме исполнува,ја слушам и пеам скоро секогаш
кога посакувам мир,а во тој мој мир се сетам на прекрасниот мирис Sajonara.
Се сеќавам кога шетавме покрај кејот,се топевме во нашите долги
прегратки уживајќи во нашата вљубеност.Камениот мост секогаш се радуваше на моите високи потпетици,на веселите чекори кои носеа радост и љубов.Фатени за раце шетавме гледајќи непознати лица кои беа желни за нашите погледи од кои зрачеше љубов.Колку е прекрасно кога луѓето во тебе гледаат,кога и без зборови ние многу кажувавме.Нашата аура зрачеше со посебна светлина,некаква светлина со која привлекуваме се што беше околу нас.Ги гледавме шарените излози,шарени марами...да токму тогаш го здогледав прекрасниот парфем,стаклено шишенце на кој пишуваше Sajonara, во кој се вљубив истиот миг,како да бевме створени еден за друг.И на вистина,ме маѓепса мирисот кој никогаш нема да го заборавам,длабоку е под мојата кожа која мириса на него, потсеќајќи ме на
љубовта која никогаш нема да згасне.
Дали се сеќаваш на Sajonara,на моите високи потпетици,на моите разиграни чекори,на шарената марама која ми ја подари за мојот роденден?Да, пролета секогаш ме потсеќа на љубовта,тогаш со Божја волја сум се родила за да те сретнам тебе,да ја почувствувам љубовта,да го почувствувам мирисот на Sajonara.
Приказнава,место поклон ти ја дарам...
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Приказнава, место поклон ти ја давам...

Ако мислиш дека те сакам, тогаш си во голема заблуда. Сакаш да ме имаш! Ме имаш ама сепак јас не те сакам! Зарем мора секогаш да бидам приморуван да чувствувам нешто кон некого иако тоа не го сакам? Па неможам секогаш да се грижам дали ке ги повредам луѓето. Треба тие да се научат да се посилни.
Знаеш, многу пати имам речено дека тоа е "Story of my life".... но никогаш не беше така. Длабоко знаев дека не беше тоа тоа! И што ако не те сакам? Нема да пропадне универзумот заради тоа. Нема да пропаднеш ти заради тоа! Иако не те сакав, јас сепак бев длабоко допрен од длабочините кои ги достигнав со тебе, од височините кои ги прелетав со тебе, од ништожноста низ која се валкавме. Ништожноста е ништо, бидејки е ништо.
Приказнава, место поклон ти ја давам оти поклонот не значи ништо.А оваа приказна значи нешто, бидејки ако не значеше ништо и ке беше ништо. Се чудам на твојот ум, семоќен. Толку вешто ме изманипулира да дојдам и да останам во твојата мрежа иако не те сакав. Ти ме сакаше? Ме сакаше колку што Ромео го сакал отровот. Сепак, и не беше оваа некоја голема трагедија. Само што луѓето ја направија таква. Те направија таква и тебе. Знаеш, тука животот е ништо без тебе. Сега го разбираш значењето на ништото. Можеби е малку клише, но сега одкако те немам, сфакам дека ми недостигаш... Луѓето мора да живеат со клишеата до крајот на животот, инаку немаше да бидат клишеа. Но... толку од мене. Се надевам дека не предизвикав ништо во твоето срце и ке дојдам повратно писмо! До тогаш... остани нешто!
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Оваа приказна може да биде прикриена но може да биде и искрена. Не знам за кој начин на пишување да се одлучам. Не знам дали си заслужила дури и воопшто да пишувам за тебе нешто.
Но ајде, да му направам чест на оној што ја пишал темава, и на оние што ќе ја прочитаат, а мислам дека ти нема да бидеш меѓу нив.
Но нејсе...приказнава е кратка, и одлучна. Не можам да кажам дали детето во приказнава е заљубено или тоа чуство одамна го одминало. Не можам да кажам колку години има тој и од каде е. Впрочем ти веќе го знаеш тоа. Или може и си го заборавила. Тоа дете еднаш имаше големо срце, кое се радуваше на секој твој шепот, допир и бакнеж. Имаше чувства, кои трепереа на сите твои нежни зборови, и секогаш широко ги отвораше своите прегратки да може да ја собере сета твоја љубов што тогаш му ја пружаше.
Помина доволно долго време, а чувствата на детето изумреа од глад. Глад за љубов, глад за ноќни шепотења и бесконечни милувања по твојата коса.
Сега тоа дете повторно поминува низ твојата улица каде некогаш беше негова. Копнежот по тебе се уште му навира во сетилата, а сеќавањата никој не може да ги одвее, ниту ветерот што силно дува додека се движи по старата калдрма.
Оваа мала приказна тој ветер нека ја замрзне и нека ја однесе до тебе. До тебе, до прозорецот каде што стоиш и гледаш во месечината, а мала капка солза те потсетува на она мало дете кое некогаш те сакаше...

:smir: :smir: :smir:
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Еден ден решив да напишам една приказна. Почнав со пишување. Ја напишав првата реченица, па втората и се така додека стигнав до еден збор кој не знаев да го напишам. На почеток тоа ме збуни, како може да не знам да го составам зборот.
По долги часови размислување, решив да одам и да си го купам зборот во една продавница на другиот дел од градот. Со себе ги зедов и листот и моливот. Тргнав. Така одејќи занесен по тесната уличка, поминав покрај една змија која ми се обрати и ми рече:
-Каде одиш непознат човеку- ме праша таа со својот рапав глас?
Одпрвин бев збунет. Но решив да и одговорам:
-Одам да купам еден збор, кој повеќе го немам!
Змијата ме погледна чудно, како мојот одговор да е единствената нереална работа во оваа приказна. Но, јас си продолжив по својот пат и така стигнав до продавницата.
Влегов и таму го видов стариот продавач. Не го познавав. Беше стар и извалкан.
-Добар ден- му се обратив!
-Добар ден, дете- ми возврати тој со својот стар и изнемоштен глас.
-Сакам да ве прашам дали имате еден збор?
-Ги имаме сите, слободно разгледај по полиците и најди си го. А ако можам некако да ти помогнам кажи ми.
Веднаш го здогледав, на највисоката полица и викнав:
-Ене го!
-Да, но тој е премногу високо за јас да го дофатам! Дали можеш ти да се поткренеш и да го земеш- ми предложи стариот човек.
-Се разбира дека можам- му реков и веднаш посегнав со рацете по листот на кој го видов. Го симнав и му го подадов на продавачот.
Тој го погледна листот, па ме погледна мене и се насмеа.
-Убав збор си одбра момче, сигурно со него ќе направиш некого среќен-ми рече.
-Да, не е за мене, текстот што го пишувам е веќе посветен!
-Епа вака, овој збор го имаме сосем нов и чини 1000 денари, но јас можам да ти дадам ист таков, но на старо кој чини само 500 денари- ми рече старецот.
Тогаш почуствував како срцето ми се стега. Јас во моите испотени дланки имав само 350 денари:
-Господине, но јас имам само толку пари- и ги оставив стутканите пари пред него на масата, а тој почна веднаш да ги брои.
-Во ред е момче, го имам и за овие пари тој збор, но неможам да ти гарантирам колку долго тој ќе те служи. Дали го сакаш- кога тоа го слушнав ми олесни.
-Да се разбира, дејте ми го!
-Кажи ми само, сакаш да го завиткам или тука ќе го напишете?
-Да, тука! Сосебе го носам листот!
Додека ми го подаваше зборот само констатираше:
-Сигурно девојката за која ја пишувате приказната е среќна со вас.
Молчев, но потоа низ шепот само реков:
-Незнам. Можеби таа воопшто не заслужува толкаво внимание од мене.
Го зедов зборот од неговите раце и го напишав:ТЕ САКАМ!
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Знаеш дека сакам да подарувам нели?
Знаеш дека сакам кога го гледам сјајот во очите на оној што го прима поклонот..
Но знаеш и дека не почитувам секого и не поклонувам секому..
Денес ќе ти поклонам нешто што не сум поклонила никому досега..
Ќе ти поклонам една приказна..
И да..
Добро прочита..
Приказна..
Приказна за една мала патетична девојка..
Само ќе те замолам.. Зачувај ја за себе..

Знаеш.. Ти ме познаваш најдобро..
Врати се само неколку месеци наназад..
Ја паметиш ли онаа малечка од по журчиња и паркови што ги нервираше сите? Девојката што беше секогаш насмеана и што можеше да зборува колку 10 души заедно.. Што луѓето ја гледаа како скроз ненормална, уфулмана и скроз одвеано детиште..
Девојката која и покрај се ги сакаше сите? Што и покрај се се трудеше да биде дружељубива и кон оние што беа најнафурани копилиња кон неа? Добро.. Заслужуваше да ја мразат.. Заслужуваше никој да не сака да ја погледне.. А сепак.. Тебе ти беше фина и слатка.. И на оние дечките од Клубче.. Па и на некои од соучениците, а и на по некој од паркот..
Ја паметиш нели?
Како ја нарече таа вечер на клупите на кеј знаеш? Ти текнува ли?
Бунтова и луда..
Одкачена и слатка..
Ведра, ненормална девојка во широки фармерчиња..

Погледни денес..
Ја познаваш ли ти оваа девојка?
Ти личи познато нели?
А сепак толку туѓо..
Која ли беше оваа груба плавуша?.. Дали навистина ја познаваш девојкава што далеку под завесата на празни погледи крие една скршена насмевка.. А и таа е лажна..?
Не ти се допаѓа оваа девојка..
Дрска е и груба.. Променлива..
Чудна..
Толку ефтина.. Ја гледаш по ефтини кафичи со многу алкохол на маса што се труди да најде некој да го плати..а сепак.. со став на кучка манири, деколте и прецизен мејк ап.
Оваа девојка не ги сака луѓето..
Знае да ја извади таа лажна насмевка и без проблем да ги набоде на своите канџи, да ги згази и да ги одведе на дното.. А потоа без глас да замине.. Во друг ефтин кафич или одалечен дискач.. Со неколку девојки покрај себе.. И некој што ќе ги плаќа нивните гревови..
Не е така глупава..
Да, секогаш е со глупачи околу себе.. Но ти ја познаваш девојкава..
А ти не познаваш глупави девојки нели?
Што ли крие во погледот оваа девојка?
Си приметил ли дека понекогаш ја нема некој период?..
А потоа ќе се врати повторно.. Водејќи го горчливиот мирис на правот со себе.. Покажувајќи ја својата жолта завеса на задоволства некаде далеку под зарипнатите гласни жици и малите зеници што ги одкриваат сините замаени погледи..
А сепак се прашуваш..
Зашто има некој што ја сонува?
Зашто гледаш околу себе некои туѓи горчливи погледи што го пијат секое нејзино движење..
Што е тоа што ти неможеш да го видиш?
..
Размисли повторно и погледни ме во очи вечерва затоа што сум спремна да ти одговорам на се..
Спремна сум да го отворам срцето за еден твој допир и бакнеж..
Но побрзај..
Мојата приказна е составена од прашања..
А јас сум плод на илузија и сон..
Секој сон трае една вечер..
Ти си покрај мене во овој вечерва..
Можеби нема да бидеш и утре..
Којзнае..
Ветерот поминува и си оди.. Кога ќе сватиш ќе ме нема..
Ако сакаш да ти ја сплотам приказнава во целина побарај ме..
Биди сега, оваа ноќ покрај мене..
Каменот незнае да љуби.. А опсесијата е минлива..
Не си прв што ја слушна приказнава.. Но знаеш.. Ти си тој што ми значи моментално..
Покажи ми дека и јас ти значам сега..
Поминале многумина и не оставиле траги.. Нема да треба да ме бараш и утре затоа што си дел од рајата..
Еднаш сакав.. И поради тоа.. Ме гледаш сега?
Се мразам..
Можеби можам да сакам пак.. Но само оној што ќе ми ја врати насмевката на лицето.. Онаа вистинската..
Мислиш дека ти си тој?
Тогаш не ја подигај слушалката.. Побарај ме во срцето.. Земи ме со тебе и однеси ме во нашето царство каде што ќе останеме засекогаш..
Вечерва би дошла..
Твое е да ме задржиш..
Само чекај.. Размисли повторно дали можеш да ја сакаш оваа малечка?
Не размислувај со умот..
Ќе дознаеш..
Кога ќе му побараш на срцето да ме пронајде..
 
С

Сатори

Гостин
Приказнава, место поклон ти ја дарам...
Мирисот на темјанушките е секогаш прекрасен кога треба да пишувам ми вели приказната, зошто е очајно желна за да биде напишана.Ги бара сите мои таленти и декадентни способности за да биде привлечна, доволно убава за очите на оние што ќе ја прочитаат, ќе бараат да се нахранат и да се заситат.

Но јас сепак, длабоко верувам, дека никој од нас не е талентиран и посебен толку колку што мисли дека е, не е воодушевувачки искрен и сигурен на престолот кој што мисли дека го поседува.Сите ние сме исти во она што постоиме и различни само според начинот на кој што градиме, мали злобни суштества кои што добиваат убав лик кога ќе станат свесни за иронијата што им се вовлекла под кожата.

Не, навистина нема да ја напишам приказната за темјанушките затоа што не сакам да ги лажам и овој пат очите на оној што ќе ме осудува дека пишувам без инспирација.

Ќе ги заборавам зборовите штом завршам и ќе побарам да не бараат повеќе од мене убави приказни, немам, сите ги потрошив кога го читав Балзак, ниту една не остана за да биде нечиј подарок за Нова Година.
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Порано не бев свесна колку брзо минува времево, поминува и не' одминува, но не заборава да остави по некој траг позади себе. Лета, крадејќи ја последната надеж што ја имаш во себе дека ќе ги составиш сите парчиња пред да биде доцна и дека твојата слика ќе биде комплетна. И пред да ја собере таа трошка надеж и од мене, се појави ти. Во совршен момент, токму она што ми требаше.

Но, дозволи пред било што друго да речам да ти раскажам една приказна за навидум обична, за некои здодевна, кон сите праведна девојка. Не, таа никогаш не се истакнуваше над сите ниту сакаше да биде центар на вниманието, едноставно тивка и мирна во големо друштво, а меѓу мал број на луѓе беше вистински своја. Ја знам добро, го знам секој дел од неа затоа што долго време поминав едноставно набљудувајќи го нејзиниот живот, новосоздадените рани, како и оние кои полека зараснале но оставиле лузна за потсетување, за поука. Грешеше, да, но никогаш не се покаја за било што направено зошто во се' бараше лекција и нова мудрост на животот. Не чекаше чудо, но едноставно сакаше еднаш во овие години да биде сакана како што сакала и таа.. И на нејзино огромно изненадување, и уште поголема радост тоа и се случи. Знаеш, да ја запознаеше во други околности, во друго време можеби и немаше да ја забележи и погледне на тој начин.. Но, се што знаеше и ја интересираше беше дека конечно најде среќа, сигурна прегратка во која би можела да остане цела вечност, насмевка која го буди она скокотливо чувство во неа, едноставно љубов за која не ни можеше да сонува дека ќе биде толку прекрасна и задоволувачка. А тој.. звучи излитено кога би кажала дека тој е се што таа посакувала, па дури и повеќе, но вистина е. Ја исполнуваше и дополнуваше целосно, владееше со нејзиното срце и ја имаше целосно негова. Секој миг со него и беше магија, опиена од неговиот мирис и поглед во кој тонеше.. Совршено чувство на заедничка целина.

.. Знаеш дека не ме бива премногу со зборови, затоа оваа кратка приказна, чии детали ги знаеме само јас и ти, најмил, ти ја подарувам за секогаш да имаш на ум дека те сакам со секој дел од мене и како таква да потсетува постојано на тоа што се случило, и на сите работи кои следуваат.

 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Бидејќи не доби поклон од мене...Ти ја посветувам приказнава..

Мало, разлигавено седна во колата до мене, незнаејќи која сум. И зборувале за мене, знам, но мислам дека ги нема споено тие приказни со мојот лик.
Не успеав да ја соберам мојата љубопитност и морав да прашам дали е таа фамозна девојка за која морав да слушам цело лето. Знаев дека е она, сепак морав да најдам глупав сувопарен начин да и прозборам.
Мало, разлигавено, наивно си помислив. Не би јас со неа, премногу ми е покварена душава.
После првата помината заедничка вечер, полека почна да ми се провлекува под кожа. Ахх уште една од многуте си помислив, ништо страшно.
Ехх, стана пострашно кога почнав да мислам на неа, да се грижам за неа, да плачам со неа, за неа. Чувтсвував дека треба да ја заштитам од сите оние црнила и зла кои шетаат по улиците, несакав да дозволам таква чиста душа да стане валкана.
Поминавме 10 дена заедно, на најпрекрасните плажи, и покрај сонцето кое го дочекувавме секоја ноќ, таа беше онаа која ми го разубавуваше денот.
Ја сакам си реков...
Си ветив себе си, дека нема да дозволам никој и ништо да ја прекрши таа идила, нема да дозволам да изгубам таква чиста љубов.
И еве денес, како и секој ден со самиот нејзин поглед и прегратка ме потсетува на најубавото чувство на целиов црн свет.
Малото разлигавено е најголем дел од малиот розев дел кој останал во душава моја..
Те сакам најмила моја..
Ти благодарам за секој миг, секоја солза пролеана со мене и секоја подарена насмевка.
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
You deserve no present.
This confusion of flesh, blood and sinew that stands before me is not the person I so dearly loved.
Begone, you malign construct.
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Јас сум пропаднат поет. Не се сеќавам на својот последен успешен обид. Можеби затоа сум горда мајка на толку многу расфрлани кратки приказни за секој пресврт во моите секојдневија. Болно искрени или ранливи, вонсериски реторички или метафорични, не можам да не ги протолкувам како болен обид психички да го надминам мојот поетски идиотизам. Ќе бидам искрена кон себеси, не ме бива...Единственото во кое сум навистина добра е трпеливоста додека ги слушам сопствените мисли. Нема поголема агонија од чувањето нераскажана приказна во себе. И јас ќе ја раскажам уште еднаш.

Нема никогаш да му се пожалам на светот што додека другите се опсипуваа со драгоцености, јас и ти си подарувавме зборови. Низ нив јас ги добивав сите пространи пурпурни полиња и длабоки сини мориња, сопственоста над зраците на сонцето и мекоста на ќебенцата од детството, а тие само ситни допирливи парчиња кои по сите природни или вештачки закони, еден ден смачкани од времето ќе се претворат во едно крупно НИШТО.

Јас и ти бевме искрени. Онолку во нашите приказни колку и надвор од нив. Ако твојата приказна вели “те сакам”, тогаш никој не сака никого толку многу на светов колку ти мене. Ако мојата приказна ја возвишува непостојаноста на мојот дух, тогаш ти знаеш дека кон ништо на светов не сум толку непостојана колку во моите чувства кон тебе. Бледо но достоинствено се помируваш со фактот, ги загризуваш усните до пребликот на неколку капки крв и продолжуваш понатаму. Од тие капки се испишуваат нови страници преку кои тоа “те сакам” и понатаму го задржува истото значење, а непостојаноста на мојот дух и понатаму се обидува да го уништи најмалото парче надеж дека јас и ти нема да изгориме во толку измешани чувства.

Несомнено, јас љубам да се повредувам себеси. Повторно ќе си ставам сапуница во очите да ги казнам што никогаш доследно не ја погледнале вистината. Животот е бездруго дневник во кој мислиш да напишеш една приказна, а пишуваш друга. Затоа и мојава е многу поглупава отколку што би била кога би била песна, ама јас сум несомнено пропаднат поет. Повторно сум искрена кон себеси, не ме бива... Трудејќи да се побијам во фактите, станав мајка на уште една тажна кратка приказна за свиоците од моите секојдневија. Ти ја подарувам тебе. Немам поим како треба да заврши. Ионака крајот е небитен. Кога ноќта ќе го покрие патот по кој чекориме остварувајќи уште една од нашите животни авантури, не можеме едноставно да заклучиме дека патот исчезнал, нели?
А како поинаку би ги откриле ѕвездите?
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Гледаш... денес секој мајмун може да напише нешто што за себе ќе го смета како добро дело, а сепак да му се суди како злочин. И злочин е... ненамерно лошо направено дело? Таквите врескачи, бунтовници и некомформисти воопшто не смениле нешто на позитивен начин. Добро, не сите од нив... Ама кој сум јас да им судам на оние кои лошо ги искористиле дугмињата на тастатурата, кој сум јас да им судам на оние кои пишуваат за нешто што воопшто и не ни го почувствувале и не ни го знаат.
Најдете си епитет онаков каков што вие сакате, слободата е потполно ваша.

Дозволи ми да ти зборувам за она што во моментов е околу мене. И во мене?
Некогаш се чувствуваш како фрижидер кој не е отворен долго време. Замисли, не те отвориле ни да те исчистат барем малку, незнаеш ни дали ќе светнеш кога некој ќе те отвори. Минливи се тие работи... ама и не искористив најдобра метафора i guess?
Затоа што фрижидерот и затворен и отворен секогаш е ладен. Ние сме? Не! Во овој момент, во оваа таканаречена фаза на моментално бунило, не сме.

Еднаш некој ми рече дека треба да си во 20те проценти од најуспешните во тоа што го работиш и кон кое целиш. Секогаш ги учев моите кловнови и пантомимичари, или како сакате... секогаш ги учев дека најдобрите никогаш не смеат да си дозволат да згрешат повеќе од еднаш
Му се случува на најдобриот да згреши во една работа само еднаш! Ако згреши веќе втор пат, значи не е најдобар!
На крајот на краиштата, никому не му е гајле дали си во тие 20 проценти најуспешни крадци, светци со потскриени профили на убијци, лакоми црви, дворски службеници и лицемери.
Кога ќе ја разгледаме подетално структурата на нашата порота која секогаш не’ осудува ќе видиме дека токму овие паразити се кријат во телата на такви лигуши.

Проблемот е донекаде во мене, затоа што сум дозволил да седнам и да ги слушам нивните непотпрени контра аргументи. И глупави се... затоа што ти си тој виновникот сепак, без разлика дали си направил нешто или не. Впрочем, на кому му е гајле дали си само случаен сведок или разузнавач од моќната бригада?

Оваа глупава приказна ќе ти ја оставам за нареден пат, затоа што сега и повеќе се чувствувам глупаво јас.
На моменти се прашувам, дали сум глупав јас што им допуштам да го прават тоа или тие се глупави што си фатиле работа со мене?
Точни се и двете работи, од кои првата повеќе.

Ќе ти кажувам за овие побрзо изминати денови. Неможам да ти раскажувам за деновите пред 2,3 или 5 години. Ќе ти раскажувам за оние денови сега.
Деновиве мојот живот го сочинуваат повеќе монолози отколку дијалози. Глупаво оправдување а? Не е тоа песимистички начин на гледање на работите мил читателу. Можеби ќе се разочараат од мене сите, затоа што не сум ни пола од она што можам да бидам. Ама секогаш се правиме дека сме најдобри така?
Епа не сме. Се чувствувам како да ми треба еден мечкарски сон па да ги сонувам сите оние работи кои некогаш биле. И да сонувам за сите оние работи кои некогаш ќе дојдат. Поточно – не сум сигурен дали ќе дојдат, па еве ти кажувам дека за нив нема да сонувам. Ќе сонувам за оние тажни моменти од среќен карактер.

Мада не сум сонувач... и ова што го кажав се чисти глупости. Не сум сонувал никогаш ништо, освен една работа која сакам среќно да ми се исполни уште од мал.
Ама таа работа не е битна, затоа што нема да ти ја кажам, не барем во овој бесцелен текст. Зборот “бесцелен” е всушност убав збор. Затоа што дури сега да ја знаев целта поради која го пишувам ова, немаше да му се посветам на секоја ситница и притоа да не се вратам и избришам ниедно зборче.
Тоа е убавината на работите кои немаат некаква цел. Секој ден можеш да ги доживуваш одново и одново... И секој различен ден различно ќе им пристапиш. Тоа се оние работи кои немаат цел, а се неверојатно убави.

Си се запрашал некогаш на кој начин си ја засликуваш топлината на животот? Замисли, чудно е и детинесто ама ај јас да ти кажам – тоа е како во оние нараторски цртани филмови. Среќно собрана фамилија, заедно со нивното мало слатко кученце или маченце си седат покрај топлиот камин, во куќа на еден спрат, некаде на некое ридче. А надвор ќе си врне снег и ти си пиеш топол чај, свиткан во едно ќебе. Додека трае ноќта ќе ти стигнат и другарите и заедно ќе си раскажувате возбудливи приказни. Додека трае ноќта твојата баба може да ви направи топло чоколадо на сите. Ама да сркаш и да нема крај.

Тоа е глупава фантазија. Уште поморбидно е што таа е и неверојатно неостварлива. Не е остварлива затоа што назад во реалниот живот сега е 16:01, 23 февруари 2009 година. И часовникот кој е до мене се расипал и покажува 20 часот и 23 минути. Првото нешто што ми падна на памет беше – што би правел јас во овој час и минута вечерва? Ништо, веројатно како и секогаш – ништо.
Процентот да направам јас нешто е неверојатно мал. Ама ако одиме на веројатност тогаш е 50-50. Или правам нешто, или ништо не правам. Како и што сега ништо не правам и многумина би ми замериле затоа што го пишам ова глупаво нешто, а воедно и го ставив негде за кој сака да го види.

Најдоброто ќе ти го оставам за крај. Замисли колку е во исто време болна, ама и во исто време радосна онаа болка која ти ја причинува стомакот. Во такви моменти, кога мојот дигестивен систем сака да си поигра со мене, ми се крева адреналинот.
Неописливо чувство. На почетокот беше тешко, да... кога бев слабак. И сега сум, ама далеку поснаодлив слабак од претходно. Сега не се ни борам со болката што ја причинува тој. И секогаш, секој ден, по 3-4 пати, кога доаѓа таа не оставам да ме праша дали сака да ми наштети.
Само се впуштаме во акција јас и мојата болка. Не си го знаел овој податок читателу – брзината со која болката патува низ телото е приближно 90 километри на час. Мојава е на автопат, вози со 200.
Во една нестоплена соба со многу топла печка, јас се виткам и паѓам на земја. Чувството кое ти го опишувам трае 45 до 50 секунди. Секој ден, вака правејќи по 3-4 пати во истата соба, јас се препуштам и си легнувам на подот за да се релаксирам една минута после нападот.
И секогаш, верувај... ама баш секогаш кога ќе легнам на ладниот под, си велам – о Боже, овде долу е многу гнасно...

Еднаш слушнав дека на овој свет не мора да се стремам да бидам голем човек, доволно е да бидам само човек...
Затоа и ја зедов правосмукалката за да исчистам. За кога пак ќе паднам, барем да паднам на чист под. Тоа е големината на човек. Уствари, мил, не станува збор за големината на човекот, туку за човечноста.

Можеби на самиов крај, ако си стигнал веќе се’ да прочиташ, ќе ти кажам еден многу битен детаљ во врска со неповрзанава приказна – приказнава е со среќен карактер. Ако ти оставила впечаток на слаб емотивец кој излезот го бара раскољниковски, верувај, воопшто не е така.
Прочитај ја повторно, ако веќе се осудиш да ја прочиташ. Ќе спознаеш дека во тебе врие голема енергија и си спремен да го истрчаш целиот тој рид за кој ти зборував... Не се сеќирај, нема да ти помине. Ниту некогаш поминало тоа чувство. Само некако заспало, ама во овој случај мораме да го разбудиме.

Луѓето ќе те заприметуваат, и оние кои мислиш дека никогаш не те погледнале, те знаат доволно добро. Не ги мрази и оние критичари кои на твоите дела ќе им дадат минуска. Верувај, барем го прочитале тоа што си го кажал. И да... заблагодари му се на тој што го прочитал твоето глупаво текстче, твоето џаболебарско слободно текстче произведено од слободното време со кое поседуваш.
Си стигнал веќе до овде, имаш од мене голема благодарност.
Затоа што сигурно веќе си се запрашал дали ти си глуп затоа што го читаш ова, или јас затоа што го напишав.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Ноќта тивко се спушташе на нејзиниот прозорец, но таа без некаков осет за времето, седеше во ќошот во кој секогаш ја бараше нејзината утеха.Местото кое ја исполнуваше со мирисот на избледената боја и распаднатиот бетон од зидовите, и' помагаше да ги собере изгорените парчиња душа, за потоа повторно да ги состави и исполни со најголемата светлина и енергија.
Никој никогаш не би можел да замисли колку може животот да биде суров кон нас, но никој никогаш не би можел ни да почуствува до кој степен истиот беше суров со неа.Согазувана, повредена, измачувана, тепана, таа ја пушташе солзата немачејќи се да ја сочува .После првиот пат, секогаш има и нареден, велеше таа.
Не беше некоја светица, но не беше ни некој голем грешник.
По цели денови седеше во ќошот, ненахранета и жедна.Соочувајќи се со ладниот ветар кој често ја посетуваше низ скршените стакла на нејзиниот прозорец, некогаш ќе поткашлаше или пак ќе кивнеше.Но тоа беше се.Никогаш не се пожали дека и е ладно, дека не и е добро.Задоволна беше со се што и е дадено,а всушност според секој друг тоа би било малку.
Сите посакуваме да бидеме среќни, успешни и никогаш осамени.Но што ако, таа среќа премнофгу ја посакуваме, што место да ја зграбиме, таа ни бега како пеперутка од раката.
Среќата баш и не ја служеше Марија, бар последниве 17 години.
Оставена како бебе во контејнер, пронајдена од луѓе кои потоа заработуваат пари од неа, живот во дом и празни простории.Празен простор, празна душа, празни листови од тетратката таа листаше, празни листови од животот.
Немаше нешто впечатливо и чуствено да внесе во нив, само тагата и огорченоста како и многубројните прашања:”Која сум јас?Од каде потекнувам?” и слично.
Никој никогаш не ја посетуваше, само неколку соседи кои незнаеја што и е,па и носеа храна,вода и останати работи за преживување.Се заблагодаруваше за добрината, еден поглед само беше доволен.Но таа никогаш не ја подаде раката кон светлината, не ја прими целосно добрината која и беше пружена.
Денес полнеше 18 години, но тоа не и беше важно.Таа не беше од никакво значење за неа затоа што секоја година за неа е иста, се повторува како дежаву без некои посебни промени.
Живееше во свој свет, доколку би можел и свет да се нарече.Свет на мислите, каде што тие се разбркани во главата, распостранети на секое поле, во секоја насока.Ништо не и беше поважно од мислите.
Мораше да најде начин како да ги совлада, да ги најде одговорите кои толку време ги бара.Очајно, ден по ден, несвесна дека пропага дури и побрзо отколку едно заебано општество,седеше кротко и мирно опкружена со мислите.
На касата од веќе откорнатата врата, едно утро се појави стара бабичка.
Марија ја погледна со длабок поглед, а потоа повторно ја стави главата во својот скут, да се наврати на мислите.Како и сите други што дошле и си заминале, очекуваше дека ќе и остави храна,вода и дека потоа ќе ја остави на мира,сама во тишината,која сепак и шепотеше.
Одеднаш почуствува топол допир, некакво движење и здив на пеперминт кој и беше толку познат и ја потсеќаше на старите за неа добри времиња кога престојуваше во домот.
Поткренатиот поглед се соочи со старите набрчкани очи, очи кои како да ги препознаваше.Како да имаа некакво значење за Марија во овој бесмислен нејзин живот.
Чуствувајки ја топлината на старата рака врз нејзината млада и ладна кожа, не реагираше никако освен што ја спушти главата повторно мегу коленици, препуштајки им се на мислите.Но, сега ја окупираа сосем други мисли, мисли на кои досега се немаше посветено:"Која е оваа бабичка?И зашто по гаволите седна до мене?!.Зарем не гледа дека са
кам да бидам сама и да не бидам вознемирувана?!"
Старицата како да ги прочита тие нејзини мисли, но сепак не ја напушти и остана покрај неа.Почна да и раскажува приказна држејки ја за раката.Приказната беше за малото девојче кое цел живот било оставено само на себе и незаштитено.Приказната беше толку позната,дури и невозможна за Марија.Толку многу ја привлече бабиниот глас и неговата динамичност, што почна внимателно да слуша иако можеби и не се забележуваше тоа.Почна да се интересира за судбината на тоа девојче, девојче кое има иста или слична проклета судбина како нејзината.Кулминацијата на приказната навистина ја изненади.Старицата раскажуваше работи кои се невозможни за Марија и кои никогаш не би и го исполниле животот на толку жив и воздбулив начин, онаков каков што треба да биде сечиј живот.Си дозволи на неколку секунди да фантазира, да си го замислува животот толку совршен како оној на девојчето од приказната.Наредниот момент ја тргна раката грубо, како да се налути што приказната е поубава и подинамична од нејзиниот суров и подмолен живот.
Раскажувајки понатака,старицата дојде до самиот крај.. Девојчето очекуваше таа да си замине, да ја остави каква што беше кога ја најде.Беспомошна,замислена и напуштена.
Старицата подстана, спремна да си иде, но во следниот момент се сврте накај Марија и и рече:"Ти подарив приказна наместо поклон за твојот 18ти роденден, приказната што ја раскажав можеме заедно да оживееме и оствариме, само доколку ме фатиш за рака и заминеме одовде."
Марија го крена погледот кон старицата,се замисли од каде би можела баш таа старица да знае дека денес и е роденден,но овој пат ги остави мислите, само се навраќаше на некои моменти од приказната кои од се' срце ги посакуваше.Стана, ја фати под рамо, и остана сликата на два лика кои си заминуваат од старата,демолирана соба.
Остана тишината која веќе немаше кому да шепоти.
Личноста на која шепотеше замина од неа, замина со нова надеж, цели и мисли кои сега не ја окупираа, туку ја исполнуваа..


..that's the end of the story, and the begginig of one new hopeful desirable life.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Tе мразам затоа што на најподол начин успеа да влезеш во мене. Затоа што повеќе би сакала втората половина да ми скапува од мувла, отколку да бие за тебе. Не успеав да го убијам вториот живот кој го роди во мене, кој ја извалка крвта што теќе предавнички низ моите вени. Дури и ја гледам како проѕирајќи се низ моите раце цинички ми се насмевнува. Свештеникот би рекол дека е најблагороден исцелител, но јас го презирам чуството на грижа на совест кое се појавува во мене секој пат кога мислам само на себе.Каква патетика- се чуствувам приврзана за тебе ко за сопствената кожа па и те галам ко таков. Сфаќајќи дека го милувам сопствениот џелат со таква наклонетост се преколнувам себе си што конечно му се покорив на телото- те сакам.
Никогаш нема да сфатиш што всушност напишав ниту пак зборовите со кои те опишав. Никогаш нема да сфатиш зошто ова јагне и виеше на месечината без да ја изгуби својата невиност.

ХАРМОНИЈА

Виолината свиреше, пеперутките танцуваа и розите испуштаа занесен опиум. Беше топло како никогаш до тогаш. Таа седеше и се прашуваше ,,Како може виолината сама да свири?`` Ја затвори книгата, баш кога стигна до кулминацијата, бидејќи не беше ни приближно заитересирана, ко пред една минута.
Сега, сега ја гледаше месечината, која само што надојде. Се зачуди, зошто пеперутките сеуште танцуваат?
Го виде како доаѓа од никаде. Како трча занесен во една точка, во нејзините очи. Беше животно, кое во темницата имаше налик на човек. И баш кога му беше на дофат тој застана. Ја праша
,,Зашто не бегаш?``
,, Кога може виолината да свири, без никаков допир на жиците и пеперутките повеќе да се радуваат на ноќта отколку на утрото, тогаш и јас ќе застанам пред тебе без страв. Овој момент е совршена хармонија. Ако ја нарушам тогаш се ќе застане и волината и пеперутките, па и јас ќе можам да бегам и ти ќе можеш да ме нападнеш. Но ова не е таква ноќ. Зарем не приметуваш ``
,, Ти си само еден човек. Од кај знаеш ти што е хармонија. Ти си таа што ја нарушува тука. Виолината свири зошто те оплакува, а пеперутките те испраќаат со танцот.``
,, Но јас никаде не одам.Зашто би ме испраќале?``
,, Одиш, каде што јас како ѕвер би требало да те однесам. Е тоа е хармонија``
Таа од тогаш не е видена....




Ова е мојата најдобра приказна (според мене) и ми е многу мило што ја делам со вас денес:smir:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Приказнава, место поклон ти ја дарувам - Напишано од Точкест, со мисла дека ќе биде оценето од ВикторГГ :)

Да. Пак немам пари.
Се сетив на деновите после факултет кога трчав до пазарчето кај тебе во комшии и ти купував по една роза. Нормално розата нема да биде твоја роза ако не е со твоите бои. Црвената ми беше некако кич и многу филмски ко за секс, па затоа ти ги купував сите бои освен црвената. Да да и ми текнува секој пат кога ќе ти купев немаше да заѕвонам кај тебе на врата туку ќе си отидев накај автобуската и ќе ти пишев порака "Излези пред врата". Баш таму ти ги оставав розите, сите имаа најубави панделки на нив. Не беа скапи, штедев на јадење за да ти купам и изненадам еднаш на неколку месеци. Ми беше мило што звучеше изненадено кога и да најдеше роза на твојот праг. Меракот беше најголем што на најситните работи ти беше среќна, така знаев дека ме сакаш. Знаев и по очињата твои дека ме сакаш, толку прекрасно ти блескаа кога и да ме погледнеше, тие твои очиња прекрасни ме тераа да ти кажам ТЕ САКАМ. Многу често немам пари, ама ич пари ни за автобус. Ама секој пат ти подарувам нешто, секој ден по еден дел од мојата душа. Од моето срце не ти дарувам делови, туку од првиот ден ти го дадов целосно на тебе. Го заслужуваш. Сите овие 548 денови тоа срце ти припаѓа само на тебе.
Душата ти ја давам на парчиња затоа што сакам последното парче да ти го подарам кога ќе престанам да дишам, ко што би рекле во американските филмови "Till death do us apart". Се до тој ден јас ќе живеам за тебе, затоа што ти си смислата на мојот живот. Можеби е чудно но ДА, јас ја пронајдов смислата на животот. Многу ќе си помислат "Види го мизерниов" ама само да им кажам дека половиот орган не ми слуша за нив, а камоли моите уши. Моите уши го слушаат само твојот прекрасен глас, прекрасен дури и кога ме кара. Ги разгледувам сликите од нас двајца паралелно со овој текст, ме исполнуваат до максимум. Дури и неколку солзи паднаа од моите очи кога ја видов сликата со датум на неа 01.07.2007.
За жал пак немам пари, отиде платата уште пред кич денот за давање подароци. Искрено несакав тој ден да ти дадам поклон макар и имал пари. Демек денот бил ден на вљубените, можеби јас сум малце чуден ама мене секој ден со тебе ми е ден на вљубените. Ете и денес после лошите дејствија повторно ми е ден на вљубените. Сигурен сум дека те сакам, а знам дека и ти ме сакаш мене. Затоа текстов место поклон ти го подарувам на тебе...


А на сите други им подарувам една преубава изведба од феноменалниот Зоран Џорлев
 

Kajgana Shop

На врв Bottom