Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Со последната капка сила го испушти последнот здив и ги затвори очите. Ја изгуби последна битка, во која остана сама, војниците ги изгуби во предходните многубројни. Во собата настана тишина. Не се слушаа веќе звуците од болката што ја растргнуваше. Конечно после толку маки, стивна. Премина во длабок сон, во кој ќе се одмори.Вечен сон. На лицето и телото останаа врежани само осакатувањата кои требаше да придонесат за да биде подобра.
Нејзиниот син, единствен син, штотуку ја изгуби својата мајка, и иако овој ден беше предвиден со месеци наназад, тој несакаше да поверува. Остана без мајка, и иако беше возрасен, имаше семејство, две ќерки, тој се чувствуваше толку осамено. Беше лут, лут на себе што неможеше да и помогне, лут на светот кој не направи ништо да го спречи овој момент.
Следното утро беше погребот. Многу луѓе, пријатели, роднини, се собраа да и оддадат последна почит. Меѓу толпата која изразуваше жал, се слушаше плач. Плач на девојче кое неможе да стивне. Одеше напред пред погребалната кола, а во рацете ја држеше нејзината слика, голема слика со црна лента. Незнаеше за себе, незнаеше за никој околу себе. Штотуку ја загуби личноста која и беше подкрепа целиот свој краток живот.
Сандакот се спушти, попот ја заврши својата молитва, а девојчето непрекидно липаше и се криеше позади толпата. Сепак попот не издржа а да не и рече: Девојче зашто плачеш?
Дали би ја вратиле моите солзи? - реков и уште посилно ја стегнав урамената слика.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
кога јас би бил лик во драма, се прашувам колку таа би наликувала на шекспировата или на жосефовата? кога јас би бил некој автор , се прашувам колку мојата љубена би наликувала на алигеровата или франческовата? или кога би бил актер во некоја серија, се прашувам колку мојата улога би наликувала на ѕверковата? Си помислив, ја угаснав сијалицата и легнав.
Ме разбуди мојата несмасна сестра, паѓајки на подот поради нејзината прекумерна пијаност што се должи на долгата разделеност со нејзините другарки. Зарем морам да ја трпам? - пак си помислив и се свртив на другата страна.
Телефанот ти ѕвонииии... ејјјјј глуп... - слушнав глас и се свртив да видам. И тој вистина ѕвонеше.
Ало?
Ејјјј... спиеш бе?
Да бе! Шо сакаш аман???
АБе да те прашам нештоо
Прашај и да легнувам ми се спие...
Дали би... Дали би одел на Таламаска со менееееееееее ааааааа:vozbud:
Дали си сериозен???
Мртов сериозеннн...
Лелееееееееееееееееееееееееееее даааааа.... оф фала му на бога се вразумивте!!! - ја гушкам сестра ми и ја бакнувам од срека. Ај сега легнувам.
Важи. се гледаме утре...!!!
Чао
ЧАО
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Дали би дошол?
Дали би седнал?
Тука,до мене.
Блиску до мојата река,по која плови сиво-зеленото гранче?
Тивко и невино.
Водено од импулсите на бранот.
Без идеја.
Без цел и насока.
Полека оди до раскрсницата и се врти во круг.
Не знае што да одбере,не знае на каде.
Размислува.
Премногу раскрсници деновиве.
Премногу за едно мало и невино гранче.
Се споменуваат насекаде.
Сјаат,блескаат,се вртат.
Ги опседнуваат сите делови на неговото постоење.
И збунуваат.
О,да.
Нудат милијарда насоки.
Опции.
Избори.
Погледи.
Аспекти.
Ниеден од нив не е реален.
А сите се точни.
И сите,погрешни.
Пеколно им завидуваат на своите роднини-лавиринтите.
Зеленеат од завист,зошто неможат да бидат како нив.
Неможат да ја достигнат нивната комплексност и убавина.
Затоа,само се издолжуваат насекаде.
Измачуваат,малтретираат.
Само за да ја покажат својата важност.
Да се уверат самите себеси,дека се доволно вредни за некој да им обрне внимание.
А сепак,длабоко во нив се свесни дека нудат само четири насоки.
Ништо повеќе.
Комплетно недоволно,секако.
Тоа ги мачи и ги комплексира.
Несреќната судбина на малите раскрсници.
Сепак,гранчето веќе немаше време да размислува за нив.
Немаше време за сожалување,иако му потекат солзите.
Реката го притискаше.
Се повеќе и повеќе.
Го приморуваше на избор,навидум слободен.
Но никој избор не е слободен,ако некој ти го зема правото да не избереш.
Така размислуваше малото гранче.
Се лутеше за ова.
Кој би создал вакво нешто?
Кој би дал избор,кој не е комплетен?
Зошто тогаш воопшто постои изборот?
Реката надоаѓаше се повеќе и повеќе зад неговиот грб.
Ликуваше со својата супериорност над него.
Реката е позната по тоа што сака да доминира врз послабите.
Тоа и дава сила да се докажува и енергија да го длаби своето корито.
Секој бран го туркаше гранчето.
Не му дозволуваше да размислува.
А мислите испаруваа од него.
Валкани снегулки од идеи паѓаа врз неговата глава и го печеа.
Тивко му зборуваа:
-Врати се.
Црковните ѕвона удираат за тебе.
Лисјата те очекуваат во својата свилена постела.
Малото дете ја пружа својата рака за да те допре.
Светлината е тука и нестрплива.
А самовилите ја пеат својата најубава ода за тебе.
А ти?
Дали би дошол?
Дали би седнал?
Дали би отишол?
Дали би не напуштил?
Раскрсници и прашања.
Одново и одново.
Чуден живот на гранчето.
-Свести се.
 
С

Сатори

Гостин
Може да смениме тема... се сложувам. Но ме интересира... Дали би...
Денес бев среќна затоа што постојам.
Ја гушнав мајка ми и се обидов да и кажам дека нема никаде да се вратам освен дома.
Го бакнав татко ми кога излегував од колата и му ветив дека нема да заборавам да му се јавам кога ќе ме бара.
Ја гушкав Сања зошто понекогаш не може да го издржи „совршенството“ на својот живот и што мора на 18 години да биде жена од 30 со искуство за лошата страна од животот како да има 40.
Ја наговорив Ели да оди на гимназиската забава на која ќе се собере цела генерација да слави што сме избуткале четири години од животот заедно.
Пушев цигар со Викица моја додека се смееше како што се нема година веќе смеено, најсреќното суштество на светот што човекот во кој што е заљубена конечно се врати.
Ја бушавев Тамара зошто косата денес и беше прекрасно виткана и делевме зборови за наредните месеци тортура полна кафиња и планови за заеднички одмор во далечна Русија.
Денес водев љубов со моето сонце и го бакнував како првиот пат кога го направив тоа пред 5 месеци ветувајќи му се себеси од почеток до крај и пак назад.

Дали би била толку среќна денес да бев родена со аритмија на срцето во некое село во Бугарија?
Дали би била толку среќна денес да бев гладна, боса и на работ на смртта во Етиопија?
Дали би била толку среќна да бев мајка на 15?
Дали би била толку среќна да имав сида при незаштитен прв сексуален однос од незнаење?
Дали би била толку среќна ако бев без никој на светот?

ЧУВАЈТЕ го она што го имате и ЧУВАЈТЕ се себеси!Нема дали би кога животот ви дава јагоди и праски наместо лимуни!!!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Застана со мерцедесот на црвено, нервозен е го гледам, нервозно ја стега пурата меѓу заби.
Има да паднеш на земја после дваесеттата секунда ме разбра?
Те разбрав-му одговорив.
Кур мој ме разбра, немој да ми изиграваш херој, и што мислиш дека си силен дека си јак, нема да преживееш ако не паднеш после дваесеттата секунда.
Молчам јас молчи и тој, загрижен е за мене, никогаш го немам видено толку нервозен, додека пак јас сум смирен знам што ме очекува и знам што да очекувам.
Светна зелено на семафорот, го чувствувам движењето на мерцедесот, метар по метар, момент по момент. Ја допирам главата на прозорецот од моето седиште и гледам луѓе. Каде ли одат овие луѓе во овај мравјалник наречен град, не знаат ни сами.
Стигнавме до паркингот полека брат ми го паркира мерцедесот, полека полека оп добро е.
Ќе паднеш после дваесеттата секунда-бакнувајќи ме во чело ми го кажува тоа.
Веќе не очекуваат, арбитерот стои покрај оружјата, тој е висок слаб проќелав средовечен човек со околу педесетина години. Не го познавам. Ведран е на другата страна од паркингот заедно со неговиот братучед.
Ги знаете правилата, има три вида на оружје катана, сатар и мала секира- гласот на арбитарот проструи низ просторот до моите, а и до ушите на другите.
Што ќе одбери предизвиканиот?
Пеколна минута-изустив јас со сета своја самодоверба несомневајќи дали би го преживеал тоа.
Одбери ебано оружје!!!!-се затресе затворениот бетонски паркинг од гласот на Ведран.
Тишина...предизвиканиот ја одбра опцијата пеколна минута-говорејќи го тоа арбитерот во истиот момент даде знак да се соберат оружјата.
Застанав став мирно поглед право, и земјотрес да има нема мрдање. Првиот удар ми е во левото адамово јаболко , вториот во десната слепоочница, третиот во градниот кош. Целиот воздух ми излезе од моите гради.
Десет-изговара арбитерот со неговиот груб глас.
Крв ми тече од нос, од уста, од уши веќе не ги чувствувам ударите во мојата глава, ама сеуште сум на нозе.
Дваесет.
Низ умов ми поминуваат мисли како го поминувавме летото со мојот брат кај дедо ми на село. Ја гледам старата јаболкница пред мене, гордо исправена, кинам едно јаболко од нејзе и го загризувам. Вкусот е прекрасен скоро и да го заборавив.
Триесет.
Не чувствувам повеќе болка само мир и спокој, и нозете мои две кои стојат цврсто на земја.
Темнина.
Лежам во кревет и брат ми е над мене, го ѕиркам со мооето лево око кое што е помалку отечено. Очите му се насолзени.
Четириесет и две секунди, никој нема издржано толку, што ти реков јас тебе да паднеш на дваесет-неговиот плачлив глас го издаде дека не е толку цврст тип. Мојот постар брат кој што го сакам најмногу на свет.
Важно е дека си жив-ми вели.
Да- му одговарам јас.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Не ме знаеш...
Воопшто не ме познаваш..Не знаеш ништо за моите гревови,не знаеш што сум направила,што сум згрешила...
Не можеш ни 5 маани да ми посочиш,научив да се камуфлирам,научив да те лажам..
Страв ми е да ти раскажам се,страв ми е дека нема да разбереш,дека ќе ме оудиш..Ќе ме мразиш..
Ќе ме избришеш од животот и ќе посакаш никогаш да не си ме познавал...Се тресам како мало дете на самата помисла дека може да те изгубам..
Не сакам веќе да те лажам,не можам да те лажам,се мразам себеси зашто ненамерно те повредувам,се повредувам самата...

Дали би ме сакал кога би ја знаел вистината?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Дали би верувал во празни зборови обвиткани во слатко ветување?
Дали би верувал во искрени лаги и напразни извинувања?
Дали би верувал во човек кој држи нож и ти се насмевнува?
Дали би верувал во човек облечен во овчјо крзно, а кој те набљудува крвожедно како волк и чека да му го свртиш грбот за да те распарчи?
Дали би верувал во некој кој вели 'засекогаш', а нема ни најмала идеја што ќе се случи во следниот момент?
Дали би верувал во некој кој вели дека те љуби а веќе потоа не му го гледаш трагот зошто егото му се лупи премногу лесно а гневот му останува во форма на намќореста маска?
Дали би верувал во пријател кој ти ја подава раката, искрено и верно, а потоа кога ќе настапи невреме тој бега како сите што се разбегуваат очајни да си го спасат само својот ценет задник? Дали би прашал тој потоа каде си ти, дал во некој ендек дал во некој двор?
Дали би верувал во човек кога веќе луѓето ги снемува од лицето на земјата, и остануваат само ползачи и ѕверови, паразити и канибали?


Дали би верувал дека сепак постојат искрени и добродушни луѓе иако немаш доказ? Да, ќе се тераш да веруваш со секој еден чекор зошто животот без верба во луѓето би бил безвреден, не би бил живот.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Дали би

Ништо не е толку тешко од недоречениот збор кој никогаш повеќе неможеш да го кажеш и да те слушне вистинската особа. Самата помисла дека има нешто во тебе што седи и неможе да излезе те убива. Се навраќам на денот, во мислите ми е сликата, во срцето горчината и нерасчистените мисли. Ако го кажав зборот што требаше да го кажам, дали би сменил нешто? Дали јас ќе бев помирна и немаше сите овие години секој ден да мислам што би било ако би било? Дали неговата насмевка мене ќе ме смиреше и мојот збор ќе ветеше мирен сон?
Дали? дали? дали? дали ? - го мразам овој збор. Ме навраќа на минатото кое е болно и замаглено од солзи. Врескам во себе, го проколнувам денот кога не го изговорив зборот, се останато е само остаток од убавиот живот. Дали би? Што би сменило со тоа дали би? Ништо, само ќе се зголеми празнината во душата, малку ли е?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Костенлива бушава косичка... црни очиња кои делуваат насолзено само затоа што јас во нив гледам кристално чиста љубовна слика во создавање, преку нив се гледам во иднината. Дали би? Без двоумење.

Долга права и плава, со заносен од и заводлив поглед. Усни кои ветуваат целовечерна забава, плиток дуел со утринско кафе и гарантирани проблеми недела подоцна. Гради кои измамуваат љубоморни погледи и го растат егото како да печурка под дожд две недели подоцна и еротска наслада која неизбежно ќе ја овозоможат истата вечер. Дали би? Секако.

Костенлива косичка која на сонцето делува како палаво детенце, патичиња со одврзани врвки и маичка која јас ја носев како дете, со две дупки на грбот од багремите кај вујче. Маичката на неа стои како да не смее да носи друга, бидејќи во било која останата ќе делува толку несвојствено, толку непристојно, толку не сопствено, толку не моја. Кога ќе ме бакне наопаку, додека ја неведнува главата од зад мене а јас лежам во онаа мрежа врзана за крушката и кајсијата, се смее, како да се моите усни стопено чоколадо а таа сака да се измачка со нив. Јас нема да ја искарам зашто се направила како мало прасенце, бидејќи и јас самиот уживам да бидам кал... а тие две едноставно одат заедно. Дали би повторно, ех...

Часови посветени на својата екстравагантна руса грива, која сосема јасно го отсликува статусот кој го има, ја доведуваат до совршена слика на подредени коцки. Кога таа седнува, светот станува, потоа светот седнува, таа заминува бидејќи веќе со него не припаѓа, тие никогаш не можат да бидат едно. А сепак, и покрај тоа, заради сиот свој сјај и етикетата на ѕвезда која ја носи како ореол над себе, светот се уште ја сака како божица. Ниту е, ниту заслужува ореол, но тоа го знаеме само јас и вие, што во никој случај нема да и ја смали вредноста која ја има.
Покрај неа седам како султан со омилената анама на прием на на соседните големци. Таа срамежливо кокетира со сите, додека тие се насладуваат од нејзината убавина и се надеваат следствено дека сладокусец како мене од слаткото ќе сподели со нив. Тоа и ласка и гребе, но разговорот кој авторитативно го водам, а масата со почит го следи, има двојна вредност и смисла кога на крајот на денот повторно во нашата топла и мила одаја таа самата лично ќе ги оспори сите коментари мои или туѓи, а нејзините нозе неуморно ќе се обвијат околу мене и без текст ќе објаснат дека сите ега, празни дебати и надмудрувања паѓаат во вода кога во креветот ќе го имам совршенството на секој почеток и крај на денот. Секс, моќен, силен, и страсен кој ќе заврши со прегратка и продолжи следното утро до пладне. По него, повторно ќе се претвориме во елегантни скоцкани чудовишта кои сите сакаат да ги разграбаат на улиците. Дали би повторно... хех...
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Синоќа се осеќав како гомно, утрово уште полошо едниствената убава мисла која ме бодреше да станам од топлиот кревет беше помислата на утринското кафе.
“ Сандрааааааа станувај стигна писмо за тебе“ ме извади од такт пискавиот глас на мајка ми. Се извлеков од постелата безволно мислејќи дека се работи за новиот каталог од Авон и им пцуев се по список. Го зграбчив плокот набрзина со полузатворени очи не обрнувајќи внимание на пликот и адресата на испраќачот.
По отварањето веќе се ми беше јасно... Фотографија... Ах па супер ....На фотографијата убаво украсена божиќна елака, неговата вештачка насмевка на неговото убаво лице зачинети со Новогодишно црвено-бело капче, до него неговата прекрасна и постара женичка со новороденче во рацете. А на задниот дел од фотографијата уште попрекрасна посвета “ Gravity pulled me back to the ground, but thinking of you is the only way i could fly... Среќна нова„
Истрчав назад во собата, истовремено те мразев, ми недостигаше и се сеќавав колку бевме среќни и помислував на тоа колку уште ќе бевме ако не се претвореше во празноглав материјалист. Се обидував да се сетам што се случи со тебе, што те смени толку. Се сеќаваш, на нашето прво летување заедно, и првото будење еден до друг? О да јас се сеќавам како да беше тоа утрово.
Ме будеше со нежни бакнежи по грбот и ми шепотеше „Сакам да избегаме заедно во некој град, некое место каде не познаваме двајцата никој...сите луќе да се за нас само сенки... цело време што го имама да го трошам на тебе...да нема никој друг...сакам да има една голема фонтана каде што ќе го поминуваме денот...сакам да има клупа од каде што ќе се гледа зајдисонцето за да поминуваме дел од ноќта таму... тогаш ќе бидам најсреќен“ Се прашував што се случува со тебе и почнав да се смеам, но твоето лице беше скаменето и погледот сериозен “ Дали би дошла со мене во тоа измислено градче?“ од џебот извади пластичен прстен и онака со блага насмевка изусти “Дали би сакала да бидиш моја измеќарка до крајот на твојот и мојот живот,и дали би сакала да заспиваш со моето милозвучно грчење секоја ноќ?“ Ми го стави прстенот на рака силно ме гушна, а потоа водевме љубов беше нежен како никогаш предходно.
“Петар што се случува денес со тебе“
“Незнам бејби ПМС ваљда“
Две години потоа.
Да и на тоа се сеќавам како да беше предмалку, три дена... како да те проголтала земјата... Четири часот наутро ме буди добро познатата мелодија “Is this love ...“ и го слушам твојот растреперен глас како ми објаснува некои работи кои неможев да ги сватам или не сакав затоа што се плашев дека не сонувам или затоа што посакував да сонувам сеедно “ Ти ветувам ќе се вратам по тебе, штом ќе ја добијам визата, те молам бејби свати ме ова е за наше добро. Немав храброст да ти го кажам ова во очи, авионот полетува за саат време те молам одговори ми дали би ме чекала да се вратам, дали би заминала од тука со мене кога ќе дојдам по тебе?“
Ја гледам фотографијата како гори ...
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
45
Дали би?

Моравме да го сториме тоа. Постојаното менување на темата и избегнување на одговори го излудуваше Татко ми. Јас ги знаев одговорите но, поради неа не можев да ги дискутирам наоколу. Татко ми ја разбираше мојата лојалност кон нејзе и затоа не навалуваше да дознае преку мене што се случува со неа. Но, сепак иако имаше претстава што може да биде тој имаше потреба да дознае. Затоа, денес, тргнавме по нејзе. Може да се нарече тоа следење, но, следење на нејзините изрази на лицето и реакциите на се што се случува. Такви сме јас и Татко ми, silent observers, набљудуваме, говорот на телото кажува милион повеќе вистини отколку зборовите кои излегуваат низ устата. Тие секогаш ја кријат вистината, на половина или во целина. Тие секогаш се полни со лицемерие, страв, љубомора, желба за самоактуелизација а понекогаш и омраза. Така таа денес ја носеше насмевката која не откриваше ништо, но мене и татко ми ни значеше многу. Отапена среќа. Сепак е среќа, си помисливме и разменивме погледи. Како што се движеше изгледаше како да лебди, се движеше толку лесно кон целта, дури изгледаше безгрижно. Таа насмевка одвреме навреме стануваше поочигледна и поразвлечена. Изгледаше како да секој момент ќе почне да се смее на глас, како да секој момент ќе застане и ќе почне да пее на сет глас, а можеби и да почне да игра на сред улица. Но, таа упорно се движеше со малата смирена насмевка. Погледнуваше наоколу но, незаинтересирано. Силуетите кои се движеа околу неа изгледаа толку празно и обично што не провоцираа никаква реакција кај нејзе. Одвреме навреме како да мрмореше нешто, но, најверојатно потпевнуваше некоја песна. Кога се сретнаа почна да пее на глас:

I can get her back, but I don't want her back,
I Realized that, She don't know how to act
Never been a dumb dude No, I'm not dense
I just had a slight lack Of common sense
I was the good guy She was the bad girl
I'm thinking one girl
She thinking me, Earl, James and Jimmy
Yep, she had plenty
But love for me, she didn't have any.

Се прегрнаа силно и заминаа. Без тешкотии го убедив Татко ми да им подариме приватност и да не и ја одземаме повеќе. Сепак имавме почит спрема нејзината филозофија дека: „Приватноста е дар од мене, само за мене, и за никој друг. И тогаш дојде некој кој што се замислуваше дека е Господ и ми ја зеде.“ А јас и Татко ми и Господ не одиме заедно. Таа ја избегнуваше и таа тема. Со право. Многу луѓе се преполни со предрасуди, па зошто да ја нарушува својата смиреност со нив.
Кога полека се упати кон нејзиниот дом, застана во една продавница и кога излезе нешто и шушкаше в чантата. Татко ми се насмевна за себе веројатно поврзувајќи го новиот пар гаќи со денов, но, јас не чувствував никаква потреба да го разубедувам. Се насмевнав не коментирајќи ништо. Чудно, одејќи полека зад нејзе не изустивме збор. А богами и немаше потреба од тоа. Се наближуваше кон местото. Татко ми не можеше да ја скрие својата возбуденост а таа се повеќе шепотеше нешто за себе. Се насмевна. Татко ми се зачуди. Јас не. Ова беше знакот. Ова беше тоа што Татко ми сакаше да го знае. Таа пееше:

Oh, please don't worry 'bout me I'm fine
(Please don't worry 'bout me I'm fine)
Only gonna play the fool one time
(Only gonna play the fool one time)
Trust me when I say That I'll be OK
Go on girl (Go on girl)
Go on girl (Go on girl)
Go on girl

Го погледнав Татко ми и јас почнав да му пеам. Си направив и инстант ремикс пеејќи му:

[Tech N9ne]
The Religion!
First thing I wanna say is (what!)
Y'all can't fuck wit us
Y'all can't fuck wit us


Потоа пак се вратив на песната:

Baby I’m feeling no stress I’m too fly to be depressed!

Како што се движеше се повеќе лебдеше таа, а Татко ми ме замоли да ја чувам оваа тајна за себе. Изгледаше виновно, се чувствуваше виновно. Знаев зошто, и не сакав да му речам дека навистина е виновен. Сакаше да биде сам. Во молк му климнав со глава и кога ме прегрна почувствував дека се тресе. Си помислив дали би ја признал вината out loud, но изразот на неговото лице кажуваше се. Тргнав да ја стигнам нејзе за да ја подели својата нова приказна со мене. Ја прегрнав и и шепнав:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Бидејќи должам поклони, помогнете ми да им се оддолжам на неколкуте девојки кои овој валентин/нова година/роденден/младенци не го добија од мене. Приказнава, место поклон ти ја дарам...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Мислата која секојдневно ме прогонува, мислата од која сакам да побегнам но неможам. Ете таа мисла е онаа која ме натера да не ти подарам ништо. Па зар има повредно нешто од моето срце, кое како на послужавник ти го дадов? Зар има подарок кој вреди онолку колку почитта и честа која ја имам за тебе?
Ако има, купи го и дај ми го, за да сфатам дека грешам и да се покајам. Само знај, да бараш поклон повреден од љубовта и срцето, е како да бараш човек меѓу луѓето:smir:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Приказнава, место поклон ти ја дарам...

Посветено на мојата прва љубов.

Мојата прва детска љубов...којзнае каде си. Не и дека ме интересира нешто многу, ама во вакви денови кога сум љубовно носталгична, ми текнува понекогаш на тебе. Иако знам дека најверојатно јас не претставувам ни трошка од твоите сеќавања. А и нема ни зошто...
Јас бев таа која лудо, чисто и искрено те сакаше седум и пол години...јас бев таа која копнееше по тебе и ги обожаваше твоите очи од самиот почеток до речиси крајот на нашето основно образование.Тебе не ти беше грижа за мене, јас бев едно големо ништо за тебе, девојчето од одделение кое лесно се нервираше и која обожаваше да ја нервираш и малтретираш, да ја кубеш за коса и да и маваш клоци. Но, ти во тие седум и пол години беше мојот свет. Уште првиот миг кога те видов бев толку мала, немав ниедна симпатија до тогаш, но кога те видов моето детско срце побрзо почна да чука. Те гледаше само тебе. Како што минуваше времето моите симпатии кон тебе беа се поголеми и поголеми...Години поминуваа, а ти се уште беше мојот детски жар, мојата платонска љубов. Поминував часови дома размислувајќи за тебе, а во училиште доволно ми беше да седам настрана и да те гледам. Доволно ми беше само да бидеш присутен. Не ми беше проблем да ти ја напишам домашната по математика, не ми беше проблем да правам работи кои ќе побараше од мене. А мојата љубов кон тебе не беше тајна. Целото училиште знаеше. И наставничките дури знаеја. Јас не се ни трудев да кријам, не ми беше важно, свесна бев само дека имав јаки чувства кон тебе.
И почна седмо одделение, јас бев се уште лудо заљубена во тебе...веќе цели седум години, континуирано, јас бев заљубена во тебе. Се сеќавам кога дојде ново момче во другиот клас, сите девојки беа заљубени во него, но моите очи беа постојано вперени кон тебе, моето срце брзо чукаше само кога ти беше во близина. И дојде и второ полугодие, дојде февруари и дознав дека ќе има кутија за писма за Валентајн и дека секој може да прати нешто. Јас решив дека треба да направам такво нешто, решив дека треба да напишам писмо. Знам колку бев возбудена, колку се подготвував, колку сакав да биде совршено. Се уште ја паметам хартијата на која го пишував тоа, се уште паметам како искрено ги запишував моите чувства, моите чувства за сите тие 7 и пол години беа преточени во тоа писмо. Се сеќавам и на малото розево срце кое го исеков од Таа кое што го залепив на крајот од писмото. И се сеќавам дека го потпишав. Во потписот стоеше : Те сака М. М. навистина те сакаше. М. навистина те обожаваше. М. го признава тоа и М. знае дека тоа беше најискрената љубов која некогаш ја осетила во својот живот и покрај тоа што денес има 19 години. Иако никогаш возвратена, иако исмејана и повредена на крај, ти секогаш ќе бидеш првата љубов на М.
И не се каам за тоа писмо, иако потоа имав последици и што ми се смееше во лице заради тоа заедно со другарите и не се каам и покрај тоа што од тој момент натаму мојот живот се претвори во пекол. Можеби писмото немаше врска со тоа, но само знам дека наредните две години ми беа најлошите во мојот живот, а се започна од како ти го доби тоа писмо. И наместо поклон, јас ти ја подарив тогаш својата душа преточена во зборови. Наместо нормален однос, што беше единственото кое што го посакав од тебе, добив ужас, солзи и скршено срце. Наместо нормален муабет, се случуваше Трета светска војна меѓу мене и тебе. И знам дека и сега да се сретнеме ќе започнеме расправија. Но, ти го одбра тоа. Ти сакаше таков однос, таков однос и доби откако ми го скрши срцето.
По тоа си ветив дека никогаш нема да се заљубам. И страв ми е. И бегам. Особено од емоции и заљубување. А за тоа си и ти делумно заслужен.
Идиоту, како не ти беше жал така да се однесуваш со мене? Како имаше образ на таков одвратен начин да се поставиш спрема мене, а знаеше дека сите тие години чувствував нешто за тебе? Знам дека беше мал, но тоа не е оправдување. Знам дека сакаше да глумиш фраер, но зарем сакаше и кога ме гледаше како плачам?
Но, не е важно, сето тоа е зад мене. Но, знам, само едно знам дека каде и да си, што и да правиш да знаеш дека некаде длабоооко, некаде длаабоко закопано во мене има мал дел на кој се уште му значиш. Далеку од тоа дека се уште имам чувства за тебе, пу пу скраја да е, но има некое мало делче кое не сака да ги заборави сите тие спомени.
Не се каам за ниеден момент, за ниедно чувство. Не се каам ниту за писмото, а не се каам ни за една пролеана солза за тебе. Затоа што знам дека тоа што го чувствував тогаш никогаш веројатно нема пак да го почувствувам. Иако беше само детско, платонско, наивно, сепак беше искрено, безусловно и чисто.
И имај среќа во твојот живот, сигурна сум дека си среќен и весел. А иако погоре те нареков идиот, кретен, сепак не чувствувам ништо лошо, и не мислам дека си навистина идиот. Знам дека си фин и добар, но...за жал ја запознав и твојата не толку добра страна, твојата желба да бидеш во центарот на вниманието дури и ако тоа значи да понижиш други луѓе и да направиш да се чувствуваат мизерно и да се осеќаат дека не постојат и дека се ништо.
И повторно немам никаков поклон за тебе. Не верувам во материјално искажување на чувства. Затоа наместо поклон, оваа приказна ти ја подарувам. Овој текст ти го посветувам. И се надевам дека овој пат, нема да има последици. Се надевам дека нема да ги разбудам лошите духови и дека нема да ги активирам болните спомени од минатото.
Но, февруари е, драги мој, а секој февруари покрај останатите лоши работи, во моите мисли си и ти. И како лоша, но и како добра работа. Некогаш си светла точка во моето минато, некогаш најтемната и најмрачната. Сепак за среќа си само точка. По тебе продолжив да пишувам и други поглавја. Секоја од нив имаше лош крај. Не знам дали мојата љубовна приказна ќе заврши среќно, но знам дека ти си неизбежен дел од неа. Затоа што ти драги мој, беше почетокот на таа приказна. Почеток кој траеше седум и пол години....приказната продолжува да се пишува.
Ја кревам чашата вино и наздравувам за тебе и за секој останат дел, за секој агол од моето минато. И лузните кои ги имам...секогаш ќе ме потсетуваат дека тоа минато не било сон, дека некогаш тоа минато било мојата сегашност и мојата реалност.

За добрите стари времиња, кога ти беше мојот свет, мојата љубов, мојата искра​
За деновите кога те сакав...​
М.​
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Свежите утрински зраци и златниот остсјај во твоите неуморни,расеани очи го поттикнаа најдлабокото во мене, знаев дека тој момент не чувствувам нешто кое ја подига мојата дијафрагма , туку нешто кое создава екстаза,ме исфрла од ова постоење , ме враќа назад и ме облева како топол туш врз градите...
Влијаеш врз мене како бран искрена енергија ,после голем потоп, како огромна бистра вода помеѓу сликите на фатаморганата во пустината во која расте нечија душа или едноставно, како единствена жива супстанца помеѓу купишта од дрва и облека на куклената претстава...
Постои ли вокабулар кој може да те опише, постои ли сенка која може да те покрие, постои ли слика над сликата која ја оцртува твојата појава,сон кој нема да те разбуди тука, постои ли мисла која не е твоја или живот во кој не си бил?
Не... постојам, јас...
Додека твојот волшебен спиритуализам ме обзема, ми трепери телото кое како споредна материја му се потчинува на својот диригент, на оркестарот, на музиката која ја создава едноставната душа, која беше загубена некаде помеѓу бунилото од вечно незадоволната публика...
Го познаваш ли чувството на растење на нови прекрасни крилја околу срцето, после ужасното крваво сечење на претходните ?
Не ... Но, ти и тоа го создаде...
Ме научи дека љубовта не се учи , знаеше дека таа се шири со секое изминато деноноќие, со секоја вистински искажана емоција , меѓу секоја клетка која толку магично пулсира од исполнетоста...
Жешките солзи се од среќа која ти почна да ја градиш ... се повисоко и повисоко над обичните маси..
И кога те нема , тука си, затоа што може ли светлината да исчезне засекогаш само затоа што го допрев прекинувачот?
Две души сплотени во едно...
И бескраен поглед кој создава идеал и кој не го нарушува совршенството на тишината...
Таа иста тишина која го уништува значењето на било каков збор...
Тишина, совршен спокој , флуиди во воздухот и совршен хибрид на љубовта...
Каде ќе бевме без ова?
Едноставно, немаше ни да бидеме...
Ќе бевме дел од публиката, но не,ние сме главните артисти, кои откако ќе се спушти тешката црвена завеса , стануваат оние кои отсекогаш и биле- луѓе за кои времето запира , а просторот се стеснува за да ги создаде совршените услови на најубавото... на она што е човечко во нас...
Ти благодарам , светлино... што ме разбуди...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom