Трет животен столб? - WVP групација

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Ги има портфолијата на веб, еве за КБ третиот столб, пола од парите им се дадени во дупка наречена државни обврзници на Мин. за финансии, дел се депозити во банки, и само 5-6% во домашни акции. Едино делот во странски инструменти ми личи на нешто посигурни пари.
Не мислев за третиот столб на пензиско т.е. пензиско доброволно осигурување. Туку за приватните осигурителни компании кои нудат животно здравствено итн одигурување на пример кроација граве и слични. За нивното прашував.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.178
Една груба пресметка:
Ако ја ставиш таа сума од 1236 ден во банка како денарски депозит и еврото стане 100 денари ќе добиеш 12,85 евра за вложени 20 евра.
Ако истата сума ти е во инвестициски фонд со портфолио од 30% во денари и 70% девизи и еврото стане 100 денари ќе добиеш 386 денари плус 1400 денари = 1786 денари или 17,86 евра од вложени 20 евра.
Значи и во двата случаи се губи при девалвација, само што во вториот случај ќе изгубиш доста помалку, позаштитен си на некој начин.
јас за ова одамна имам најдено решение 50% во денари и 50% девизи и си фурам помал ризик помала добивка ама и позаштитен сум си башка можам да менувам кога јас ке посакам во било која насока.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.435
За нивното прашував.
Ахам, не сум те разбрал. За таквите фондови нека одговори некој од агентите што го ги нудат, се надевам дека ќе прочита некој од нив.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Ахам, не сум те разбрал. За таквите фондови нека одговори некој од агентите што го ги нудат, се надевам дека ќе прочита некој од нив.
Зборев со еден агент и ми филозофираше колку се стари фондовите колку биле сигурни итн. Вика имало на нивните сајтови во што инвестирале. Најдов само годишни сметки и ревизорски извештаи. Портфолиот оделно за по инвестициони групи немаат.
Мене искрено посигурно и поисплатливо ми е да земаа акции во стабилна компанија например алк од осигурување. Единствена предност на осигурителна компанија е што ако умреш рано твоите наследници ја земаат целата премија.
 
B

Bafra

Гостин
Ги има портфолијата на веб, еве за КБ третиот столб, пола од парите им се дадени во дупка наречена државни обврзници на Мин. за финансии, дел се депозити во банки, и само 5-6% во домашни акции. Едино делот во странски инструменти ми личи на нешто посигурни пари.



А ако падне курсот на денарот?
Нема ништо сигурно, за сегашните камати што ги даваат банките едноставно не вреди ризикот од девалвација. Да не зборам шо инфлацијата на долг рок ќе ти го изеде ќарот од каматите.
Негде имаше на форумов која банка колку државни обврзници има купено, да не ти текнува каде може тоа сега да се провери т.е. најнови податоци.
Во 2015 мислам беа по ц.ц.10% изложеност.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.435
Негде имаше на форумов која банка колку државни обврзници има купено, да не ти текнува каде може тоа сега да се провери т.е. најнови податоци.
Во 2015 мислам беа по ц.ц.10% изложеност.
Не верувам дека има нови податоци за 2016 толку рано, претпоставувам дека за некоја недела НБРМ ќе ги објави.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.466
Дечки ме интересира дали некој од вас има искуство со овие приватни групации/фондови.
Што и какво мислење имате за нив?
Дали некој од вас е веќе активен член? (да си плаќа приватно животно осигурување)
Дали некој од вас е веќе агент? (да продава животни полиси)

Pros & cons за двете

Што ме мене спречува да појдам директно во Grawe или Croatia осигурување да почнам да си плаќам животна полиса, отколку да идам преку некој агент на WVP?

Разговарав со близок пријател кој е веќе долго време „агент“ во оваа групација, но сакам да слушнам и туѓо мислење.

Еве им ја страната за фондови, од програмерски аспецт некако многу аматерски ми изгледа.. се надевам не им се такви и плановите и понудите.. :/
http://www.wvpfondovi.mk/
Да почнам од почеток.

Имам полиса за животно осигурување и сега ќе ви кажам и зошто ја направив. До пред некое време единствен стаж ми беше она што уплаќаше за мене општина Гази Баба додека работев таму. И тогаш бев скептичен дека ќе земам државна пензија, ама откако заминав на брод веќе се повеќе мислев дека воопшто нема да стигнам до државна пензија.
Во вториот фонд кој ми е преку КБ има некој денар, ама малку.
Тогаш почнав да барам алтернативи.

Преку агент на ВФП склучив полиса за животно осигурување во Кроација.
Колега на татко ми направи детски штедни планови во Кроација преку агент вработен во Кроација.

Е сега која е разликата. Мојот агент ме советуваше да правам годишна уплата. Неговиот агент го советуваше да прави месечна уплата побезболно било, по 1000че од дете месечно отприлика.
И тука лежи зајакот.
На годишна уплата уплаќаш годишна премија без камата за уплата.
На полугодишна уплата, плаќаш 2,5% камата.
На тримесечна уплата плаќаш 4% камата.
На месечна уплата плаќаш 6% камата.
Осигурената сума е иста кај сите начини на уплата, па сега видете вие кој начин е побезболен.

И агентите вработени во осигурителните компании и агентите од брокерските друштва се професионалци и познавачи на материјата, разликата е во сивата зона, едните ги бранат интересите на компаниите, другите ги бранат интересите на клиентите. Мислам дека сега е јасно каков агент тебе ти е потребен.
И во двата случаи ти правиш полиса во Кроација, Граве, Винер Лајф или Уника, ама вешт агент ќе одбере опција која е најдобра за тебе.

Во врска со ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД, точно е дека сајтот не е баш најдобро решен, но она што е побитно е какви решенија нуди тој за твоите пари.
Така да тука имаш 3 различни фондови.
1. Инвестициски фонд.
2. Обврзнички фонд
3. Кеш фонд

Првиот е за долгорични планови (10-30 години)
Вториот е за среднорочни планови (5-10)
И последниот е обична штедна сметка како во банка со таа разлика што имаш ист принос како во банка за орочени депозити, но овде ти се цело време на располагање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom