Трет животен столб? - WVP групација

DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
454
Поени од реакции
291
Незнам дали темава е во точна група.. ако не е - си знаат мод. работа.

Дечки ме интересира дали некој од вас има искуство со овие приватни групации/фондови.
Што и какво мислење имате за нив?
Дали некој од вас е веќе активен член? (да си плаќа приватно животно осигурување)
Дали некој од вас е веќе агент? (да продава животни полиси)

Pros & cons за двете

Што ме мене спречува да појдам директно во Grawe или Croatia осигурување да почнам да си плаќам животна полиса, отколку да идам преку некој агент на WVP?

Разговарав со близок пријател кој е веќе долго време „агент“ во оваа групација, но сакам да слушнам и туѓо мислење.

Еве им ја страната за фондови, од програмерски аспецт некако многу аматерски ми изгледа.. се надевам не им се такви и плановите и понудите.. :/
http://www.wvpfondovi.mk/
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
Јас сум осигурен во Граве, има 2 полиси една со животно осигуривање другата без. Според мене доколку си во можност не се мисли, не можеш да изгубиш...само ќе добиеш.
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Кај нас животното осигурување е сосем различно со она кое се нуди во светот и затоа само околу 5% се корисници и многу од овие се залажани со разно-разни трикови од страна на добро истренираните агенти за да потпишат договор. Според мене не се исплати пари да се вложуваат во животно осигурување.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Воглавно треба да плаќаш редовно едно 10-20 години минимално 50 евра на месец, за да после тие 10-20 години да земеш двојно повеќе од она што си го плаќал тие 10-20 години... Мижи Асан да ти бајам работава... Кој ми гарантира дека после 10-20 години ќе го земам тој износ што ми го ветуваат тие агенти, што ако се распадне тој Фонд а инаку истиот се наоѓа во странство... За нивна жал, а за моја среќа, јас не пијам нафта...
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
за секој кој е принципиелен човек и човек кој знае да си работи со своите пари ( и има минимална економска писменост ) не му се потребни никакви втори, трети-пензиски, инвестициски фондови, друга е математиката со оние кои се економски неписмени т.с не мислат на својата иднина и мислат дека се што заработиле денес - денес или најкасно до вечер треба да се потроши.

пр. ако имам солидна месечна заработувачка од која сум во можност секој месец да одвојувам одредена сума на пари ( 50-100 евра х 12 месеци се 600 до 1200 евра годишно за 10 до 20 год. ќе бидат 12000 до 24000 евра плус камати) зошто би ги дал на некој друг да работи со нив?

Најглуп пример би си ги вложувал во банка како постепено штедење еве еден пр.( постепено штедење од НЛБ, мој план од СТБ, сигурно има и други) за која сума би добивал камата плус сума до 30000 евра е 100% со гарантирано обештетување од фондот со можност за повлекување на парите кога ќе посакаш.

Е сега некој ќе рече дека каматите се мали што е точно но јас си одлучувам со моите пари каде да ги вложам и со кој ризик ќе одам - а не некој друг кој ни се мачел да ги заработи ни па ќе се мисли каде да ги вложи, па и ако е приносот помал и ќарот ќе биде помал ама ми е посигурно и сам сум си одлучил.

Ако пропадне банката ќе те обештети фондот за осигурување на депозити, ако пропадне инвестицискиот фонд од друга држава незнам дали ќе добојам обештетување.

примери за или против има многу но јас само едно знам лаком г'з два .!. лапа па затоа нека е помалку ама нека е по сигурно и плус твоја да биде одлуката каде и со колкав ризик и заработувачка ќе си ги вложиш твоите нетака лесно заработени пари !

од мене толку некој ќе се сложи некој не, ама тоа се и мое размислување, кое досега успешно ме носело до мојата замислена цел.
 
DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
454
Поени од реакции
291
фала за мислењето @dastan , секое мислење се цени, и како што кажа се си има и позитивни и негативни страни.

Мислење од други ?
Некој што е веќе активен таму и редовно си плаќа, да ни каже некои „задкулисни“ муабети? :)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Осигурување како замена на пензиско е катастрофа. Приносите се смешни. 2-3 % годишно а сумата ти е заробена за 10-30 години. Нешто како хендикепирано штедење. Единствена корист ти е да умреш брзо и твоите наследници да земат нешто. Само тоа е добро...да им цркнеш.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
ne e losa rabotava,samo problemot e sto nie so nasata plata nemoze da odvojuvame sekoj mesec po 50 60 eura(ili neznam kolku tocno)
a i da ima nekoj sto moze da odvojuva po 50 eu, neka si stava sekoj mesec po 50 eu u banka i isto se fakja
 
DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
454
Поени од реакции
291
Да се оставам единствено на нашиот државен пензиски фонд и да чекам париче од него на стари денови - тоа па ич некако не ми иде у глава...
Како што е тргнато со земањето и преземање кредити - додека дојдеме ние пензионери да бидеме ќе пропаднеме како грчка.

А колку сигурни ни се и банкиве уствари??
Дали вие им верувате на нашите банки толку многу?
Никогаш не сум сакал да се бафтам по и со банки, секогаш сум гледаш што е можно максимално да ги избегнувам, освен кога е стварно потребно...

од друга страна тука се и штедилниците, но само во мој век пропаднаа барем 3 за кои знам.. така да таму па ич не ми се ризикува...
 
Си го видел портфолиото на осигурителна компанија? Ни една не го покажува на нивиот сајт. Ако некој знае што прават и во што инвестираат осигурителните компании нека пише. Прво види што ќе прават со тие пари и како бизнис е после дај им ми е политика.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Си го видел портфолиото на осигурителна компанија? Ни една не го покажува на нивиот сајт.
Ги има портфолијата на веб, еве за КБ третиот столб, пола од парите им се дадени во дупка наречена државни обврзници на Мин. за финансии, дел се депозити во банки, и само 5-6% во домашни акции. Едино делот во странски инструменти ми личи на нешто посигурни пари.

Ако пропадне банката ќе те обештети фондот за осигурување на депозити, ако пропадне инвестицискиот фонд од друга држава незнам дали ќе добојам обештетување.
А ако падне курсот на денарот?
Нема ништо сигурно, за сегашните камати што ги даваат банките едноставно не вреди ризикот од девалвација. Да не зборам шо инфлацијата на долг рок ќе ти го изеде ќарот од каматите.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
А ако падне курсот на денарот?
Нема ништо сигурно, за сегашните камати што ги даваат банките едноставно не вреди ризикот од девалвација. Да не зборам шо инфлацијата на долг рок ќе ти го изеде ќарот од каматите.
ако уплатите и во фондовите и во банка ти се денари ќе се случи истото.
  • незнам каде ти вложуваш во денари а инвестицискиот фонд ти ги врзува влоговите со девизен курс такво нешто нема никаде - тоа го имаат само како нивна заштита кога даваат кредити пр. денарски кредит со девизна клаузула,
  • друго што ќе се случи ако ги инвестираат во компанија на која акциите за кратко време ќе и паднат на пола од вреддноста
затоа во инвестициските фондови каматите се поголеми заради поголемите ризици
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
затоа во инвестициските фондови каматите се поголеми заради поголемите ризици
За ова се сложувам со тебе, инвестициските фондови се нешто поризични од депозит во банка.

  • незнам каде ти вложуваш во денари а инвестицискиот фонд ти ги врзува влоговите со девизен курс такво нешто нема никаде - тоа го имаат само како нивна заштита кога даваат кредити пр. денарски кредит со девизна клаузула
Во линкот за КБ доброволниот фонд што го ставив во претходниот пост има податоци дека портфолиото во денари е помало од тоа во ЕУР/УСД. Значи поголемиот удел што го имаш во фондот нема да девалвира, само отпосле ќе се изрази во сменетиот курс на денарот (ќе добиеш повеќе денари но со помала, девалвирана вредност).

  • друго што ќе се случи ако ги инвестираат во компанија на која акциите за кратко време ќе и паднат на пола од вреддноста
Средствата што се инвестирани во акции се многу мали, 5-10% од целото портфолио. Дури и да паднат за 50% тоа ќе се одрази со пад од само 3-5% на целиот удел што го има фондот.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
Во линкот за КБ доброволниот фонд што го ставив во претходниот пост има податоци дека портфолиото во денари е помало од тоа во ЕУР/УСД. Значи поголемиот удел што го имаш во фондот нема да девалвира, само отпосле ќе се изрази во сменетиот курс на денарот (ќе добиеш повеќе денари но со помала, девалвирана вредност).
нешто од ова не разбирам баш ако јас вложам 1236 ден ( 20 евра ) и треба да добијам 4% камата годишно што е 1285 ден. и по некое време од 11-12 месеци ако еврото се разменува за 100ден/ 1 евро колку денари ќе добијам јас 1285 или 2000 кои ќе ми вредат помалку заради разликите во курсот?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
нешто од ова не разбирам баш ако јас вложам 1236 ден ( 20 евра ) и треба да добијам 4% камата годишно што е 1285 ден. и по некое време од 11-12 месеци ако еврото се разменува за 100ден/ 1 евро колку денари ќе добијам јас 1285 или 2000 кои ќе ми вредат помалку заради разликите во курсот?
Една груба пресметка:
Ако ја ставиш таа сума од 1236 ден во банка како денарски депозит и еврото стане 100 денари ќе добиеш 12,85 евра за вложени 20 евра.
Ако истата сума ти е во инвестициски фонд со портфолио од 30% во денари и 70% девизи и еврото стане 100 денари ќе добиеш 386 денари плус 1400 денари = 1786 денари или 17,86 евра од вложени 20 евра.
Значи и во двата случаи се губи при девалвација, само што во вториот случај ќе изгубиш доста помалку, позаштитен си на некој начин.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom