- Член од
- 8 декември 2009
- Мислења
- 702
- Поени од реакции
- 528
Види, тоа во поглед на живеењето е релативна и индивидуална работа. Еве лично јас тогаш сум бил посреќен -сум бил тинејџер и повеќето роднини ми биле живи, вклучувајќи ги и бабите и дедовците. Што може здрав и прав млад човек повеќе да посака?Југославија во смисол на живењето била подобро од денес.А полицискиот час би требало и денеска да се врати па ќе видите како стапката на дрогаши и криминал ќе опадне.Инаку Тито не дозволил обединување на Македонија поради следниве причини:
1.Во Грција ила присутна Англија.
2.Зад Бугарија стоел СССР.
3.И двето предходно наведени земји биле во сојузничкиот блок и со самото влегување на Југославија со вооружени сили во земји под нивен протекторат фактички значи објавување на нова војна,против дотогашните сојузници.
Веќе се изјаснив претходно и за „лидерот„ во тоа време - маркантна личност нема што, кој дефинитивно оставил белег во хх век. Прашањето во случајов е дали под негова власт Македонија повеќе добила или изгубила, дали можела повеќе...
Еве ќе се сложам и со твојот став околу обединувањето - едноставно во таа ситуација е избрано најмалото зло. И покрај сите муабети убеден сум дека се немало капацитети за повеќе, а и прашање е дали Тито бил во позиција нешто да одобрува, забранува или нешто друго.
Не мислам ни дека Македонија била нешто посебно оштетена од економски аспект. Сега е модерно секоја екс република дека баш таа била ограбена а другите се богателе на нејзина сметка, ама тоа горе доле било балансирано.
АМА од друга страна, за обезглавувањето на македонската интелегенција нема оправдување. Дали е тоа директно од Тито, или „во името на Тито„ (а повеќе верувам во ова второто) е сеедно, и никако не може да се оправда со „тогаш можеше да спиеш на клупа, секој можеше да го прати детето на одмор„.
Втората замерка ми е што и покрај тоа што знаел или претпоставувал како заедничката држава ќе заврши, не преземал ништо, или не преземал доволно да го тоа спречи. Ова не би требало да е спорно за никој, за ова е извор лично тој. Или пробал ама доцна, а тие „во името на Тито„ го продолжиле срањето што го замислиле? (види фељтонот со Јованка, делот каде вика дека Тито немал тестамент, туку оставил само две писма од кои едното било со насоки што да се прави по неговата смрт и што требало да се отвори веднаш по неговата смрт. Се верува дека тоа писмо е најдено неотворено во сефот во Белград пред месец дена).
И она што највеќе боли е создавањето систем кој произведе цели генерации полупаразити, бескичмењаци и цинкароши. Со исклучоци, нормално.
За „водството„ во тоа време да неправам муабет.
Види, не ми е мене проблемот што биле комунисти. Во ред, одбрале опција - комунистичко (подоцна социјалистичко) уредување. Некој ќе го одобри тоа, некој не. Начинот на регрутирање е приказна за себе (види стенограмот од говорот на Моша Пијаде како да се обезбедат прави следбеници). Ќе го оставиме тоа за друг пат. Нивната опција победи, а со политичките неистомисленици се знае како се пресметаа. Значи не зборам за четници/усташи/домобрани/балисти, зборам за луѓе кои сметале дека Македонија/СФРЈ може и поинаку и подобро да се развива. Нели за сите ќе имало место. Излажаа.
За економијата не ми се почнува овде, ама упропастија се што фатија (се сеќава некој дека „ФЕНИ нема шанси никогаш да проработи а дека северна трибина на Градски нема шанси да се изгради затоа што песокливо било местото?)
Нејсе, нели сите се колнеа дека „животот ќе го дадат, Југославија не ја даваат„? Колку од нив го дадоа кога дојде стани падни? Без разлика јас или ти што мислиме за тој систем, тие во него „кариери„ направија, луѓе станаа, фамилиите си ги обезбедија. Ако барем малку имаше чест во нив барем ќе пробаа, нели? Или пак излажаа?
Е таквите луѓе ги немаше никаде кога се содаваше независноста. Е нивната опција сега изгуби. Поетска правда ќе беше победничката опција со нив да се пресмета на истиот начин како и тие, кога тие беа победничка страна. Ама ајде, нели е демократија, па наместо тоа најмалку што требаше да направат е самоиницијативно „да се пензионираат„ и да затворат устите. Ама не, тие наместо „другари„ само станаа „господини„ и не поведоа во „посветла иднина„ Како?Зошто? Нели тие „немаа друга татковина освен СФРЈ и со живот ќе ја бранеа? Или им истече договорот.
Е кога таквите сега се сетија дека цел живот „се бореле за Македонија колку што тоа било можно„ ми се превртува желудникот. Пази, на седница кога сите биле „за„ тоа и тоа, тој - бил воздржан и ништо не рекол, или пак бил отсутен. Е ашколсун бе, мажиште, многу гласно одмолчел.
А до душа и зошто би се срамеле? За обичниот народ не се тие криви, „се си било, супер, само дошле ЦИА и не растурила„. Затоа што се плашеле дека нашиот систем бил подобар и ќе сакале и нивните така да живеат . Тој истиот народ што прашање е дали ќе си изгласаше независност ако не беше проширено прашањето со опција за придружување. И што има некои чудни извртени норми дека не е крив тој што украл туку тој што го кажал. И што смета дека било супер тоа што кога уплатиле станови инфлацијата ги изела ратите (во полајт верзијата се работи за ентериери, бела техника, комплети од Иво Андриќ и слично) и дека е ОК со комбето на фабриката да се оди по риби во викенд, а ако барем дел од алатот на работа не ти е складиран дома во подрум не си домаќин.