Ќе додадам уште, само да го преведам текстот. Имињата ги оставив на англиски како прво бидејќи незнам како се изговараат/пишуваат на македонски, и како второ за полесно да ги најдете доклку сакате да пребарувате во врска со нив.
Рана историја
Edmond Halley, во 1662 ја предложил теоријата дека Земјата е составена од шуплива школка со дебелина од околу 800км, два внатрепни концентрични школки и внатрешно јадро, со дијаметри приближни на Венера, Марс и Меркур. Атмосфери ги разделуваат овие школки, и секоја си има свое магнетно поле. Сферите ротираат со различни брзини. Halley Ја предложил оваа шема со цел да ги објасни аномалиите во покажувањето на компасот.
De Camp и Ley тврделе дека Leonhard Euler исто така имал теорија за шуплива Земја, исклучувајќи ги повеќето школки и додавајќи внатрешно сонце со дијаметар од 1000 км кое би им обезбедувало светлина на цивилизација под земјата. Како и да е, во неговите писма до германска принцеза, Euler опишува мисловен експеримент кој вклучува очигледно цврста Земја.
De Camp и Ley исто так атврдат дека John Leslie ја проширил иејата на Euler, предложувајќи две централни сонца (Pluto и Proserpine). Leslie ја спомнува теоријата во неговата Element of natural Philosophy, но не спомнува внатрешни сонца.
Во 1818, John Cleves Symmes предложува дека Земјата е составена од шуплива школка со дебелина од околу 130 км, со отвори со широчина од околу 2300 км на двата пола, со 4 внатрешни школки секоја со отвор на половите. Тој предложил експедиција до Северниот Пол, но новиот претседател на Америја, Andrew Jackson, го запредл обидот.
Jeremiah Reynolds исто така држел предавања за шуплива Земја и барал експедиција.
Иако Symmes никогаш не напишал книга за неговите идеи, неколку автори објавиле трудови во кои ги дискутирале неговите идеи. McBride ја напишал Symmes' Theory of Concentric Spheres во 1826. Сепак Reynolds имал свој запис објавен во 1827: Remarks of Symmes' Theory.
Во 1969, професорот W. F. Lyons ја објавил The Hollow Globe која објаснува хипотеза слична на Symmes.[DOUBLEPOST=1467232728][/DOUBLEPOST]Нови теории
Тhule општеството, кое е добро познато од Адолф Хитлер (не ми е познато ова општество), многу известувало за тибетските митови за отвори за во Земјата. Дури постои и мит дека Хитлер наредил еккспедиција за таков отвор на Aнтарктикот, базиран на говор на Admiral Donitz пред германска подморница во 1994, каде што рекол: “Германската флота е горда што изгради невидлива градба за Фирерот, секаде во светот.“ За време на Nuremberg trials, Donitz спомнал за „невидлива градба сред вечниот мраз“
Според приказната, Хитлер и неговите следбеници закале да направат раса на супер војници . Дошле до овој заклучок преку прифаќањето на многу окултни верувања и практики, вклучувајќи ја и теоријата за шуплива Земја. Исто има и легенда дека Хитлер и неговите советници во последните денови од третиот Рајх избегале низ отвор на Јужниот Пол, каде што го откриле влезот за внатрешноста на Земјата.
Според друштвото на истражувачи за шупливата Земја во Онтарио, тие се се уште таму. После војната, организацијата тврди дека повеќе од 2000 научници од Германија и Италија исчезнале, заедно со околу милион луѓе.[DOUBLEPOST=1467233785][/DOUBLEPOST]Raymond W. Bernard
Во 1964, Bernard ја објавил The hollow Earth – the greatest geographical discovery in history made by Admiral Richard E Byrd in the mysterious Land beyond the Poles – The true origin of flying saucers (е ова е наслов
). Бернард кажува приказни за луѓе кои имале влезено во внатрешноста на Земјата и за што им се случило. Спомнува и фотографија објавена во 1960 во the Globe an Mail во Торонто, Канада, која прикажува убава долина. Некој авијатор тврдел дека тој ја сликал фотографијата додека летал кон Северниот Пол.
Во неговите Letters from Nowhere Бернард тврди дека бил во контакт со големи мистици во тајни ашрами и со големите Лами во Тибет.
Бернард ја прифатил секој алегенда што е поврзана со шупливата Земја, вклучувајќи ги шпекулациите дека Ескимите потекнуваат од внатрешноста на земјата и дека многу напредна цивилизација живее таму моментално.[DOUBLEPOST=1467234537][/DOUBLEPOST]Старата Раса – мистеријата на Shaver
Една од најконтроверзинте приказни за шупливата земја е т.н. Shaver мистерија. Во 1945 весникот Amazing Stories, под уредништво на Ray Palmer, објавува приказна раскажана од американскиот писател Richard Shaver, кој тврдел дека неодамна бил гостин на „oстатоците“ од гигантска раса наречена The Elder Race, или Titans, подземна цивилизација што живеела во пештери под земјата.
Shaver тврдел дека супериорната праисториска раса дошла на оваа планета од друг сончев систем во нашето праисториско минато. После некое време живеење на површината, тие сфатиле дека сонцето предизикувало брзо стареење, па се скриле под земјата, градејќи огромни подземни комплекси во кои живееле. Евентуално, речиле да пронајдат нов дом на нова планета, евакуирајќи ја Земјата и оставајќи ги зад нив нивните подземни градови – мрежи од пештери во Земјата – населени со вештачки суштества: злобнитe Dero, штетни роботи и добритe Tero. Shaver тврдел дека ги сретнал Tero.
Според Shaver, Деро сеуште живеат таму употребувајќи ги фантастичните машини напуштени од античките раси за да ги мачат тие како нас што живеат на површината. Карактеристични на ова мачење, Shaver ги опишал „гласовите“ кои доаѓаат од необјаснив извор. Стотици читачи напишале за да потврдат дека и тие исто така ги слушаат тие гласови од Земјата.
Локацијата на влезот на овој подземен свет никогаш не е откриена. Иако неколкумина навистина верувале во приказната, и многу сметале дека Shaver можеби е психотичен, тој секогаш си стоел на своето: приказната е вистина.[DOUBLEPOST=1467236439][/DOUBLEPOST]
Еве и кратко клипче ако не ви се чита