Теорија на Шуплива VS Рамна Земја

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
364
Поени од реакции
152
Една од најстарите мистерии е: „каква форма има земјата“? Ератостен 240г. п.н.е. успеал да докаже дека земјата е топка мерејки го аголот на сонцето на две оддалечени локации и успеал приближно да го пресмета обемот на земјата. Аристотел знаел за заобленоста на земјата гледајки го хоризонтот и формата на земјината сенка за време на месечевите еклипси. Европјаните мислеле дека земјата е рамна се до крајот на средниот век и истражувачите од ренесансата.
Во последно време дебатава повторно станува актуелна. Во денешно време на авиони и сателити се појавуваат нови теории на заговор дека на половите на земјата има отвори кои водат до внатрешноста на шупливата земја. Образложението е дека секое небесно тело, кое има доволно маса: ѕвезди, планети, па веројатно и црните дупки, настојува да заземе форма на топка која внатре е шуплива. Шуплива затоа што: според физичките закони, во внатрешниот центар на секое вакво тело, гравитацијата делува во сите насоки со еднаква сила. Центарот каде што нема гравитација, може да биде исполнет со материјал, кој би личел на јадрото од еден џиновски атом. Спинот би додал на гравитација во внатрешноста на кората, а би одзел на надворешноста. Еве ви и слика.


На сликава јадрото е претставено како внатрешно сонце затоа што во теоријата за шуплива земја се оди до таму дека внатре живее цивилизација со многу понапредна технологија од нас и велат дека имаат направено вештачко сонце во центарот. Сферата каде што пишува "Center of Gravity" е длабочината со најголем притисок, околу 1000 милји под земја. Гледате дека има нацртано и внатрешни мориња и континенти.
Мене оваа теорија ми се чини многу веројатна. Овде можат да се надоврзат и многу други теории, митови, религија, НЛО, но тоа на вас ќе оставам. Додека теоријата за рамна земја која стана актуелна откако стана лесно достапна оваа, според мене служи само за да го одвлече вниманието од вистината и да ја побие теоријата за шуплива земја. Во неа се вели дека: сонцето и месечината се многу поблиску и помали тела кои кружат над земјата и под сводот(купола) кој е споменат во светите книги. Кога господ ја создавал земјата ја создал и куполата за да ги оддели земските води од небесните. Ова можам да го сфатам само ако господ во тој момент се наоѓал во внатрешноста на земјата.
Еве слика и од оваа теорија.

Како што гледате во оваа теорија јужниот пол би бил многу поголем и границата на светот во кој живееме.
 
Последно уредено:

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
:facepalm:
Што правиме со експлозиите на внатрешното сонце? Тие треба да ја разнесат земјата.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
:facepalm:
Што правиме со експлозиите на внатрешното сонце? Тие треба да ја разнесат земјата.
Да не скептичариме сега. А што е со бројните ерупции на вулканите? Тоа сонце е помало, па не може да постигне толкави експлозии кои би ја разнеле земјата. Помало сонце значи и помали форми на живот и ете вистина во приказните за џуџињата кои копаат рудници. И елфите (оние малите) и гоблините сигурно таму живеат и се поделени на царства и империи кои се борат за превласт.
И ете уште една теорија за размислување - ние го бараме Господ на небото, а тој у ствари да ти бил под земја и од таму ги делел земските од небесните води.
И мене тоа со дупките на половите ми е крајно сомнителна работа. Впрочем, и глобусот што го имам дома има баш такви дупки на истите тие места и тешко дека тоа е некаква случајност, ами е тајна порака за избраните и на тие што им е отворен мозокот.
Затоа да не избрзуваме. Техниката оди напрет и којзнае какви чуда ќе откриеме во иднината што следува од сега па натаму.
 
Член од
9 март 2010
Мислења
366
Поени од реакции
372
Затоа уствари измислиле fish-eye објективи, за да не лажат дека земјата е округла.. Шо мислиш зашо само GoPro праќаат на големи висини? Знам дека ова е вистината, Миленко ми кажа.
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
364
Поени од реакции
152
Да не скептичариме сега. А што е со бројните ерупции на вулканите? Тоа сонце е помало, па не може да постигне толкави експлозии кои би ја разнеле земјата. Помало сонце значи и помали форми на живот и ете вистина во приказните за џуџињата кои копаат рудници.
Лавата од сите вулкани докажано е дека потекнува од комори, на длабочина не повеќе од неколку стотици километри под земја и секоја лава е благо радиоактивна, што укажува на тоа дека настанува со нуклеарни реакции поради големиот притисок под земја.
Хај-тек вештачко сонце би имало многу помала маса и не треба да се споредува со природно, и кога веќе е хај-тек, веројатно има вградени функции за регулација, безбедност, економичност...
Животните форми во внатрешноста би можеле да бидат џиновски поради помалата гравитација и со подолг животен век од истата причина, а и заштитата од космичка радијација.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Затоа уствари измислиле fish-eye објективи, за да не лажат дека земјата е округла.. Шо мислиш зашо само GoPro праќаат на големи висини? Знам дека ова е вистината, Миленко ми кажа.
Да.
Check-mate round-earthers.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.121
Поени од реакции
5.227
Помало сонце значи и помали форми на живот и ете вистина во приказните за џуџињата кои копаат рудници. И елфите (оние малите) и гоблините сигурно таму живеат и се поделени на царства и империи кои се борат за превласт.
:vozbud::vozbud::vozbud::tapp::tapp::tapp::pos::pos::pos::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
Бачко ај земи мотиката и директива у њива да искулираш малце зашто друг лек за тебе нема ...
не знам дали да се смеам или да плачам ...
THIS IS WHY ALIENS WON'T TALK TO US ....
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Дечки во кој век живеете и што дроги користите?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
:vozbud::vozbud::vozbud::tapp::tapp::tapp::pos::pos::pos::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
Бачко ај земи мотиката и директива у њива да искулираш малце зашто друг лек за тебе нема ...
не знам дали да се смеам или да плачам ...
THIS IS WHY ALIENS WON'T TALK TO US ....
Зошто бе друже така викаш? Дали си бил ти у центарот на земјата да видиш што има таму? Еве јас искрено не сум бил, па не можам со сигурност да тврдам ништо. Ај молим ти се, отвори тоа мозокот и созерцавај малку.
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
61
Поени од реакции
64
За оваа теорија на шуплива Земја пред некоја година гледав документарец. И таму беше објаснато дека не е буквално дупка во земјата и дека таму си живеат луѓе, туку демек друга димензија внатре во земјата. И имаше спомнато нешто дека земјините полови и/или пирамидите се на некој начин влез внатре во Земјата и во таа друга димензија. Малце како научна фантастика звучи, ама сепак е интересна теорија.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
Зошто бе друже така викаш? Дали си бил ти у центарот на земјата да видиш што има таму? Еве јас искрено не сум бил, па не можам со сигурност да тврдам ништо. Ај молим ти се, отвори тоа мозокот и созерцавај малку.
ти повеќе би сакал да живееш во бункер или на сонце и во природа

дај не кењајте за цивилизации во внатрешноста на Земјата
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
61
Поени од реакции
64
ти повеќе би сакал да живееш во бункер или на сонце и во природа

дај не кењајте за цивилизации во внатрешноста на Земјата
Не значи ако ние луѓето повеќе уживаме сонце отколку бункер дека сите суштества се такви. Има еден куп животни што преферираат да живеат под земја.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Се гледа дека има богами :ROFLMAO:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
ти повеќе би сакал да живееш во бункер или на сонце и во природа

дај не кењајте за цивилизации во внатрешноста на Земјата
Ех, и ти сега. Не се согласуваш и одма на кењање и серење вртиш. Нели ти пиши во воведниот пост од темата дека таму имало сонце шо свети. Ваљда тоа никогаш не заоѓа и има и таму по некое дрвце и цвеќиња. Ваљда цвета и некаков бизнис таму. Наместо да предложиш сите заинтересирани за вакви мистерии во што поголем број одма да се соберат и да ги проверат тие дупките на јужен и на северен пол, па после да пратиме и наши промотори да привлечат подземни инвестиции и да бидеме први што ќе го допрат дното, ти од старт ги отфрлаш таквите прилики и можности.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom