Темплари (Темпларството во Македонија)

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Јас не кажав кој со кој каква врска има...
Тоа се небитни работи за форумов дали некој има или нема нешто со темпларите и нивната филозофија.

А зошто беше масакарот всушност?
Барањето на папата и Филип V(запрашај се кои се и што се овие идиоти) да се прекине тој таен ред на монаси кои имаат свои иницијации и посветеници, мислам дека е игнорирано од поголем број кралства во тоа време! Ама само така мислам...

Мислиш Шпанија убивала темплари? Мислиш дека златото во Храмовите и знаењето собрано од исток е тоа на Папата?
Папата е шефот директорот, односно папството во Ватикан, дури и симболично политичар наш македонски папата го викаат и има зошто :icon_lol:.
Папата е тој што крунисува ако тој не круниса нема бидување крал во тоа време, така да се било негово и знаење и богатство.

Масакрот е поради стравот од нив затоа што највероватно разбрале или виделе нешто што не требало да разберат или видат :toe:.

Нешто толку страшно толку надвор од памет што би ја откажале лојалноста спрема папството и најверојатно би му станале непријатели.

--- надополнето ---

Причината поради која се демонизира францускиот крал како единствен виновник е затоа што нивната матична база била Франција и скоро сите биле таму, затоа и масакрот е таму.
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Тајната на Темпларите
Темпларите се веројатно едно од најинтригантните прашања на културата. Како ред основани се во деветнаесеттата година по првиот кризен поход (1096 до 1099 година). Во 1118 година, втемелувачот на редот, Иго де Пајен, отпатувал од Светата земја со намера да основа ред, чијашто задача ќе биде да ги заштитат аџиите на нивното патување во Ерусалим. Во 1128 година редот е службено потврден од папата Иносент Трети и е популаризиран ширум Европа, што е заслуга на опатот Бернард од Клервокс.
Две години подоцна Иго де Пајен се враќа во Ерусалим со нови членови на редот. Темпларите дотогаш броеле сила од 300 витези, кои биле познати по храброста во битките, но и скромниот живот. Наједноставно речено, темпларите станале редовни војници. За нивната висока репутација сведочи и тоа дека владетелот на Светата земја им дал цело едно крило од својот двор во Ерусалим за таму да престојуваат. Во тој момент почнува една од најголемите мистерии на западната цивилизација. Под нивното место за одмор „случајно“ се наоѓале остатоци од стар храм што изворно го изградил премудриот Соломон. Дали темларите случајно го избрале местото на кое биле сместени или тоа бил еден внимателно разработен план?
Да ги прескокнеме широките историски воведи, по големата побуна на Евреите под Римското царство (66 до 70 година од нашата ера), според некои извори тие чекале одмазда од римските легионери и многу драгоцености скриле во просториите на храмот што подоцна бил уништен. Затоа, може да се каже дека темпларите биле, всушност, средновековни трагачи за злато и драгоцености што се скриени во текот на воените опасности за време на еврејската побуна. Сепак, дали тоа е целата вистина?
Надгледувајќи ја историјата, не. Немало скриено драгоцености за да се спречи ограбувањето на Евреите, постоело нешто многу повредно – верски записи и изворни толкувања на верските науки од кои подоцна потекнало христијанството. Потоа, темпларите станале многу моќни. Интересни се случувањата што сведочат за нивната моќ. Кога Хенри Трети во 1252 година пробал да им конфискува еден дел од имотот, поглаварот дрско му одговорил дека ќе му прости на неговата „глупава“ изјава и ќе го остави да владее додека биде праведен! Нели е ова очигледен пример за делотворноста на организацијата, имајќи предвид дека Хенри Трети бил еден од најмоќните европски владетели? Треба да се додаде дека темпларите во тоа време имале цел монопол за производство на најнапредна воена технологија, поседувале болници и ја развивале медицината. Исто така, имале и трговска и воена флота. Тие му одговарале само на папата и само тој можел да им стави крај. Тоа веројатно им било во полза на многу европски владетели кои почнале да ги прогонуваат како еретици. Во Париз во 1310 година на клада се спалени 54 темплари. Дел од редот успеал да се спаси и избегал во Шкотска.
Што било причина за обвинувањето дека се еретици? Можеби некои од одговорите се наоѓаат закопани под капелата „Розлин“ во Шкотска, каде што се зборува дека се елиминирани последните темплари. Тие биле обвинети дека не му се поклонуваат на ликот на Исус како божество и што е уште поинтересно, последниот поглавар на темпларите во текот испитувањата од страна на инквизицијата воопшто не ги негира обвинувањата! Дали тие знаеле за христијанството и со векови ја чувале вистината што може да му наштети дури и на папата? Оваа вистина е веќе прифатлива. Доказите од древните ископини се непобитни. Во 1894 година Кралскиот контингент на инженери наишол на многу ископани ходници. Во текот на копањето најдени се и некои предмети (скршен мач, штит) за кои со сигурност се тврди дека се темпларски.
Логично е да се претпостави дека темпларите со своето истражување можеби случајно наишле на откритие што им придонело во афирмација на нивниот ред. Што се случило останува мистерија. Можеби едно од објаснувањата би можело да биде следново: неколку европски благородници, под маската на заштитници на аџиите, заминува во Светата земја и во тајност врши потрага по древната тајна, што ако ја пронајдат ќе им донесе неограничена моќ. Веројатно добро упатени во тоа што го бараат, не се откажувале и по десетина години неуспешна потрага. Нивниот водач Иго де Пајен, со материјални докази за нивното откритие, заминува во Европа, каде што со помош на опатот Бернард од Клервокс ги придобива европски моќници да се придружат кон новооснованата организација.
За во целост да ја сфатиме важноста што ова откритие ја имало во можноста да го промени погледот на христијанството доволно е да се проба да се размисли на начин како што размислувал средновековниот човек. Било тоа период на цврста догма што била камен-темелник на моќта на папата. Тоа е време непосредно по црковниот раскол во 1054 година, кога папата ја зацврстува својата внатрешна моќ во западнохристијанскиот свет.
Од таа причина на папата му одговарало да се создаде редовен свештенички ред, што ќе му одговара нему, а ќе биде огледало на неговата внатрешна моќ во секоја држава каде што постоеле темпларите. Ваквите заеднички интереси ја олесниле идејата на Пајен да создаде силна организација на строга хиерархија што во еден момент била во можност да ја земе в раце моќта на папата и да го врати христијанството на вистинските извори. Помалку веројатно е дека со своето откритие темпларите неколку столетија во рака го држеле врвот на католичката црква. Судејќи според сè, тие имале многу скриени намери, но не стигнале да ги остварат. Логична претпоставка би била дека во својата потрага по „Светиот грал“ како извор на бесконечна моќ, тие им оставиле подеднакви големи тајни на своите наследници.
Тајни за вистинскиот идентитет на Исус Христос и вистинската цел на неговата религија. Како реална потврда на ваквата претпоставка се наметнуваат и откритијата од пештерата „Наг Хамади“ (ракописи од брегот на Мртвото Море од првата година од нашата ера).
Тука станува збор за евангелието на Тома, каде што воопшто не се споменува Христос како чудотворец, туку како филозоф и мудрец. Само за напомена, Исус како божествен лик потекнува од четвртиот век од нашата ера кога таа одлука е донесена од страна на Советот на Никеја и оттогаш тоа се почитува како догма. Тоа се совпаѓа со мозаикот во кој Исус е припадник на сектата на Есените и филозофирал за Бог, но никако не бил божество. Со тоа ни Петар не е божествен намесник на Земјата, па така ни папата ја нема моќта во која ужива. Илустрацијата на моќ е тоа што единствено го чини папата - крал. Од сето тоа се гледа дека темпларите единствено со откритието на вакви докази за „вистинската“ Христова вера можеле да привлечат наклонетост на моќниците, но и омраза од католичките поглавари.
Колку е оваа приказна веродостојна можеби никогаш нема да се дознае, но останува трагањето по многу одговори што сè уште се непознати. Како во сето тоа се вклопуваат „црните мадони“ на кои и темпларите им се поклонувале, а со чии светилишта е преполнет Медитеранот? Постои ли каква било врска помеѓу старите келтски ритуали со оние што ги поседувале темпларите? И на крајот дали темпларите навистина исчезнале од историјата или се повлекле во „илегала“ и чекаат вистински момент да воспостават „нов светски поредок“?!
--- надополнето: 26 февруари 2012 во 14:20 ---
--- надополнето: 26 февруари 2012 во 14:22 ---
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Почитувани кајганџии,
Заинтересиран сум да иницирам подетална и поопсежна дискусија на оваа тема. Сите кои се заинтересирани се добредојдени.
Ајде да ја освежиме темава со нови, но сериозни, постови!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Пред почетокот на Крстоносните војни во 1095, Европа беше во период на културна стагнација предизвикана од пропаста на Светата Римска Империја и од обидите на Црквата да присвои привремена власт над нејзините остатоци. Конфузијата што произлезе од тоа, водеше кон приграбување на раководната контрола од страна на бројни некогаш вазални принцеви кои овозможија подем на феудалниот систем. Хаотичноста на периодот најдобро е илустрирана од еланот на многубројните Европејци кои се придружија во крстоносните војни.

Светата Земја го содржеше семето на подоцнежната Ренесанса. Арапската култура беше во највисок подем и префинетост. Сега на религиозната мешавина од ова подрачје му беше придодадено и Европското Христијанство. Мистиците, Факирите, Зороастерците, Гностиците, Суфите и Будистите од регионот ја претставуваат калеидоскопската панорама на новодојдените крстоносци. Суеверијата и догмите на Католицизмот сигурно им изгледале прилично бледи во споредба со богатството и софицираноста на Ориенталните Теологии на кои тие сега биле изложени. Растечкиот сомнеж во однос на ексклузивното поседување на божествена наклоност од Христијанството постепено почнува да ја минира Ортодоксноста.

ВИТЕЗИ ТЕМПЛАРИ

Како резултат на Европското присуство, Војните Редови беа најстабилни институции во текот на 200 годишната западна окупација. Војниците беа секојдневно вовлечени во егзотичната култура од нивниот нов дом.
Најистакнат меѓу Војните Редови беше оној на Витезите Темплари. Основан од Хуго де Пајен во 1118, редот на почеток беше составен од 9 витези кои ги заштитуваа аџиите на нивните патувања во Светата Земја. Кралот Болдвин II, вториот Европски Крал на Ерусалим, ги награди со тоа што ги смести блиску до местото на Храмот од Соломон, од каде што доаѓа и нивното име.

Во 1126 Темпларите дојдоа под закрила на Св.Бернард од Clairvaux, највлијателниот и политички најмоќниот Католички теолог од тоа време. Тој енормно ги помогна нивните активности. На Соборот во Troyes во 1128, Св.Бернард претседаваше при пишувањето на нивните Правила, кои го диктираа однесувањето на членовите од Редот. Тие беа истовремено одобрени од Папата Хонориус. За краток период на време, тие натрупаа големо богатство и земја донирани од аристократите кои беа восхитени од нивната харизма.

Темпларските Правила постепено се проширија и вклучуваа тајни иницијации и приватни исповедници. Тие беа под директна контрола на Папата и не зависеа од ниеден Крал или нација. Со ослабувањето на Европските позиции во текот на 200 годишната окупација, Темпларите повеќепати беа обвинувани за таен заговор со непријателот. На пример, беше забележано дека боите на нивните наметки (црвен крст на бела позадина, прифатени во 1146) беа исти како оние од Асасините или Хашишимите.
Асасините, основани 1090 од Хасан-и-Сабах, се развиваа како независна Шиитско – Исмаилска сила во рамките на надмоќниот Сунитско-Муслимански Свет. Тие стекнаа важност преку одржување на екстремно добро бранетите планински тврдини и преку политиката на селективни атентати. Нивната изолација и есенцијален фанатизам сугестираше вкоренета природа од неортодоксна природа. Постоењето на комуникација помеѓу Темпларите и Асасините е добро познато. Исто така вредно е да се споменат и хирархиските сличности помеѓу двата Реда. (Асасините беа поразени од Монголците во 1256, но нивните потомци сега живеат во Индија под водство на Ага-Кан.)

Европјаните конечно беа поразени во 1291 и Темпларите ја напуштија Светата земја. При нивното враќање во Европа тие беа поздравени со претпазливост. Нивното независно, вооружено присуство предизвика тензии, бидејќи повеќе не постоеше неопходен мотив за нивното постоење. Како и да е, со обѕир на тоа што беа Папска лична армија, тие сеуште ја уживаа неговата поддршка.

Конечно, заради злобата и алчноста на Кралот Филип на Франција и слабоста на Папата Клемент V, Темпларите беа уапсени во Франција во текот на една ноќ во 1307. (Филип изведе преседан за ова 8 години порано, апсејќи го секој француски Евреин.) Папата, под директива на Филип, издаде Европски едикт барајќи од сите нации да ги уапсат Темпларите во рамките на нивните граници. Едиктот беше игнориран или површно изведен од неколку нации, особено Германија, Шкотска, Шпанија и Португалија. Сепак француските, италијанските и англиските Храмови беа уништени, илјадници Витези беа убиени во следните 7 години и огромни богатства од Редот беа конфискувани од цивилни и религиозни авторитети.

Многумина мислат дека банкротираниот Филип ја здобил идејата за да го уништи Редот, кога се засолнал во Парискиот Храм заради заштита од разбунтуваната толпа која била разгневена од неговата монетарна политика и паричните манипулации. Во текот на тридневниот престој во Темпларското засолниште, тој ја увидол големината на нивното богатство. Бидејќи покрај другите работи, Темпларите воспоставиле практика на меѓународно банкарство кај Христијаните. Нивните многубројни тврдини покрај трговските патишта кои воделе кон Исток, служеле како ризници за кралевите, благородниците и трговците. Темпларите станале уште побогати со тоа. Друг мотив на Филиповото непријателство кон Редот бил во врска со неговата апликација за придружување кон Редот, некоја година претходно, која била одбиена од овие горди воини.

НАСЛЕДСТВОТО НА ТЕМПЛАРИТЕ

Темпларските преживеалци главно го смениле името на Редот, се здружиле со блиските Редови како Хоспиталиерите, или тивко влегле во илегала. Наше мислење е дека тие продолжиле да ги подучуваат доктрините и техниките што ги научиле и развиле на Исток – “тајните учења” на Редот. Понатаму ние тврдиме дека ова мошне чувано учење го овозможи подемот на окултните уметности во Европа.

Темпларското распрснување во 14 век послужи како основа за езотеричен препород во следните векови, па се до денешен ден. Првата пишана литература за Традицијата на Гралот се појави речиси истовремено со основањето на Редот на Темпларите. Темпларскиот феномен сигурно ги инспирира подоцнежните автори како Wolfram von Eschenbach, чиј Парсифал напишан кон крајот на 13 век, го открива симболизмот на ламенот од О.Т.О. Првата публикација на Parzival во печатена форма во 1477 блиску кореспондира со воведувањето на Таротот во Европа. Таротот вклучува, меѓу богатите нишки од својата таписерија, совршен сликовит приказ на симболите од Гралот. Интересно е што Св.Бернард и неговиот Цистерикански Ред се прифатени од Pauline Matarasso во Потрага по Светиот Грал како извор на монашки напатствија кои му се дадени на прислужниците на Гралот. Белите одежди на монасите, нивната доследна изолација како пустиници и доблестите кои му ги предаваат на Витезите се чиста Цистериканска доктрина.

Алхемијата разви значајна количина на литература во 16 и 17 век, за која сведочат делата на Парацелзиус. Публикацијата на Розенкројцерскиот Манифест во 1614 и 1615 го претстави концептот за Таен Ред на Адепти кој тивко ја води човечката судбина. Идејата го фасцинира Европскиот ум и стана модел за Моцартовата Волшебна флаута и други естетски теми и драми од тој период. Енохијанските дела на Д-р John Dee и Edward Kelly беа посебна точка на забрзување од оваа Струја. Плановите за утописка Грофовија на Фредерик V беа зачнати во овој значаен период, во кој исто така се случи подем на окултните светли ликови како што се Robert Fludd, Michael Maier, Elias Ashmole и Johann De Bry.

Големиот интерес за окултното со несмалена жестина продолжи во 18 век. Court de Gebelin ја воведе теоријата дека Таротот води потекло од Египет и има кабалистички кореспонденции со Хебрејскиот алфабет. Слободното Ѕидарство се рашири со рапидна стапка. Нивните Ложи одиграа стожерна улога во текот на Француската Револуција. За легендарните нејасни фигури на грофот Сент Жермен и Каљостро се веруваше дека организираат бунтови насекаде. Илуминатите, основани од Адам Вајсхаупт во 1776, се развиваа рапидно и предизвикаа бескрајни спекулации за политички заговор. Сеуште се шират гласови дека уништувањето на Француската Монархија во текот на Револуцијата беше наменето за да ја одмазди крвта на Темпларите која беше пролеана неколку векови претходно.

Во 19 век, Kenneth MacKenzie, Frederick Hockley, Eliphas Levi, Sir Edward Bulwer Lytton, Papus, P.B.Randolph, W.Wynn Westcott и други, пишуваа, практикуваа и ги подучуваа светите науки. Мадам Блаватска го основа Теозофското Друштво во 1875, годината на раѓањето од Crowley. Златна Зора беше основана во 1888 и вклучуваше во своето членство некои од водечките личности на Англиската литература и уметничките кругови. Учениот окултен мајстор S.L.MacGregor Mathers беше нејзин најзначаен лидер. Неговиот генијален придонес на развојот на Западната Кабала мора да се увиди пред да стане можно сфаќањето на Crowley-иевото дело. Crowley многу брзо се издигна во степените на Златна Зора, која послужи како негова окултна тренинг база.

Превземено од ОТО Македонија
 
Повторно ние почитуван колега.:) Драго ми е што ќе може и на оваа тема да разговараме!
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Верувам дека кај секој кој барем има елементарни познавања за Редот на Витезите Темплари, ширум светот, има слушнато за терминот Бафомет (анг. Baphomet). До денес се уште не може да биде декодиран, односно не е откриено неговото вистинско значење. Всушност, до денес единствено преовладуваат претпоставките на подобро упатените за неговото можно значење, како на пример, дека означува окултен предмет/појава во која Витезите верувале и се поклонувале (иако од неодамна е потврдено со откриени документи дека под присила на кралот Филип Убавиот го ратификувале Жак де Молеј и други високи чиновници ваквото значење на хартија), дека всушност тој бил коден знак кој се однесувал на нивното богатство или бил третиран како алармен сигнал кој бил наменет, доколку се наметне потреба од тоа, за известување за да се т.н. „фрлат“ во илегала и во претходно утврден правец со конкретни дополнителни инструкции за истото, итн. Што мислите Вие за ова?
 
Темпларите користеле повеќе системи на кодирање, еден од нив бил системот наречен - Атбаш, кога ќе се примени врз зборот Бафомет, се добива Софиа - мудрост.
Повеќе за ова тука: Link
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Уште на почетокот од формирањето на регуларниот Ред на Витези Темплари во Македонија имаше бројни информации во мас-медиумите за поделбите и превирањата кои доминирале во истиот. Дали, генерално, имате некакви сознанија за тоа каква е состојбата кај нив и дали се уште регуларно функционираат? Дали можете да ми кажете нешто повеќе, доколку знаете, за овој македонски Ред?
 
Член од
13 јануари 2008
Мислења
8
Поени од реакции
6
150 витези темплари од целиот свет доаѓаат во Македонија
Големиот приорат на Македонија на витезите темплари на Ерусалим (O.S.M.T.H.) од 2-ри до 4-ти септември годинава во Охрид, ќе биде домаќин на над 150 витези Темплари од целиот свет кои ќе присуствуваат на Големиот годишен интернационален собор на витези Темплари , што за првпат во историјата на темпларството се одржува во Македонија и воопшто на балканските простори, пишува МКД.

Главната церемонија, која ќе биде отворена за медиумите под одредени услови и правила на темпларскиот ред, ќе се одржи на 3 септември во 16 часот во дијамантската сала на хотелот Инекс Горица во Охрид.

Според најавите, се очекуваат гости од Франција, Германија, Велс, Русија, Романија Бугарија, Шведска, Србија, Холандија, Белгија, Швајцарија и други земји од Европа, САД и Јужна Америка. Меѓу учесниците на конвенцијата има благородници, политичари и бизнисмени, но имињата се чуваат во тајност.

Таен ќе биде и состанокот на Големите приори (првите луѓе на темпларските редови), кои неколку часа ќе заседаваат зад затворени врати. На останатиот дел од собирот е предвидена церемонија за именување на десетина витези од Македонија и странство.

Гостите ќе имаат можност дел од престојот во Охрид да го поминат во прошетка низ Стариот град и посета на црквите, да се запознаат со традиционалната македонска кујна и гостопримство.

Минатата година домаќин на Годишниот собор беше Големиот приорат на Шведска, кој за седиште на церемонијата го избра градот Стокхолм, а догодина соборот ќе се одржи во Женева, Швајцарија, соопшти Голем приорат на темпларите на Македонија.

http://netpress.com.mk/150-vitezi-templari-od-celiot-svet-doagaat-vo-makedonija/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom