Значи, јас ја знам плажата претходно и споредбата сега ми е јадна.
Прво, патот да стигнеш до таму е очаен, имаш 4 км по земјен пат полн со дупки, ама кога ке стигнеш таму ( првиот поглед ти е одозгора, после патот се спушта долу ) од глетката забораваш и на пат и на прашина и на жештина.
Инаку, водата си е ОК, баш таква е како што е на сликите. Ретко видена убавина.
Ама амбиентот ....Бидејки немаш организирано чадори, секој носи што му се нашло, значи погледот ти шара низ чадори, врзани крпи, чаршави....се што се нашло за сенка...
На местото на шанкот претходно и сега има некое шанкче да земеш пијалок ама делува некако на диво...
Она што беше најочајно е самата плажа. На влезот имаше дупки/канали со длабочина од пола метар, што биле како што ми рекоа од поројни дождови. Претходно целата плажа беше со ситни мали мермерни каменчиња, сега на пола плажа ги нема и имаш песок. ( на левиот дел од плажата и во водата сеуше ги имаше).Не знам причина зашто.
Можеби е субјективно моето мислење, ама јас повторно не би го минел тој пат за таа плажа. Бар на Тасос имаш феноменални плажи....
Можеби до сега и е средена плажата, не знам.
--- надополнето: 12 август 2013 во 09:51 ---
Инаку за информации од прва рака можеш да контактираш на
nikana@nikana.gr
Тоа е Србинка што има агенција таму. Типката е ретко комуникативна, љубезна, одговара на секој мејл. Ќе ти даде информација како е плажата сега. И јас кога бев таму и случајно дознав за ситуацијата со мермерната, па таа ми даде информација барем да се снајдам со чадор да понесам.
Цените се како и претходно. Сега разговаравме за Охрид и слушам паркинг 100 денари, лежалки 100 денари, пиво 130....Лудило...
На Тасос секаде е бесплатен паркинг и влез ( освен комплексот Макријамос, каде е плажата е Ок, ама типот на гости беа повекето пензионирани странци)
Лежалки бесплатно со пијалок. Кафе, сок 2 до 2,5 евра, пиво 3 евра, сладолед 1 до 2, коктели 5 евра. Гиро, суфлаки 2-2,5 евра за сендвич , до 5 евра во порција со пијалок. Комплетен оброк во ресторан ( со салати, морско, десерти, кафе, пијалок ) од 8 евра па нагоре...Рент а кар, мислам окулу 25-30 евра
Од смештај препорачувам близина на Лименас или Потос. Голден бич, најфалената плажа, лично, не ме бендисува. Од плажи Алики, Псили Амос, Пахис
Искуството , во секој случај е феноменално.