Тасос - островот на сирените

Член од
15 јули 2007
Мислења
791
Поени од реакции
218
Мерси!:)Нa мен 8 еврa ми се види добре. Aко имaш информaција зa aвтобуси или туристически влaкчетa...рент-a-кaр не ми трјабвa.:)
 
Член од
29 декември 2009
Мислења
10
Поени од реакции
18
И јас да споделам искуство од Тасос:

Пат:
420км од Велес до Лименарија или околу 7 часа пат вкупно по правец автобус+траект (со кола и побргу)
*од Скопје 470км или околу 7:45 часа пат
*траект од Кавала или Керамоти (од Керамоти е пократок патот со траект, околу 45мин, поефтино, ама 35км подалеку од Кавала по автопат па по регионален пат, ама заштедува време и пари) http://www.thassos-ferries.gr/english.html

Сместување:
Лименарија - 90еур пат и сместување по лице
*југозападен дел
*поевтино од другите туристички места (Панагија или Скала Потамија на источниот дел на островот)
*малку подалеку од останатите плажи
*Има една убава плажа на 20мин пешачење кон исток Metalia beach ( http://www.go-thassos.gr/about-thassos/places/metalia-beach )

Период:
од 13 до 20 септември 2013 година.

Временски услови:
од 25 до 30 степени, 2 долждливи ноќи и 1 облачен ден. Се друго сонце.
*нема потреба од клима уред, денски не си во смештајот, навечер е пријатно.
* носете средства против комарци задолжително

Плажи кои би ги препорачал:
Јужен дел:
- Металиа (итересна плажа, вреди да се види, близу Лименарија) http://www.go-thassos.gr/about-thassos/places/metalia-beach
- Пефкари и Потос (туристички местенца со просечни плажи, покрај самиот брег е патот, лесно достапни)
- Псили Амос (лесно достапна, на самиот пат со 2 барови на плажата, ситна песок и со поглед на малечко карпесто островче)
- Ливади и интимната Арсанас (околу 1 км off road, има паркинг на самата Ливади, а Арсанас се оди пешки преку едно ридче, ама вреди да се посети)
- Алики (полуостров со две плажи, една од едната страна, друга од другата, лесно пристапна со паркинг покрај патот)
* на самиот полуостров, има античко наоѓалиште и се оди пешки околу 30мин да го свртите целиот полуостров
* на крајниот дел на полуостровот се античките ископини на мермер, и прекрасна глетка, како да сте на друга планета.
- Агиос Јоанис (залив со ситни камчиња, 1км off road)
- Гиола (Го нарекуваат Окото на Зевс и не е плажа, туку буквално хоризонтална дупка во карпа, 4-5м длабока, идеална за скокање од високо, 10тина метри. Кристално чиста вода. Интересно да се види да, ама не би одел пак. Тешко достапна, по земјен пат 3-4км и после пешки по козја патека. Стрмно и не тргајте таму без вода.) http://www.youtube.com/watch?v=Sgviy3W0sc8
Источен дел:
- Paradise Beach (ситен песок и плитка плажа, кристално чиста вода и поглед на островот Нисира Кинира. Има на главниот пат паркинг или ако сакате до плажата off-road 1км пристапен и за коли. Прекрасна борова шума во околината на плажата) http://www.greeka.com/eastern_aegean/thassos/thassos-beaches/thassos-paradise_beach.htm
- Golden Beach (најголема плажа на Тасос, песочна полна со таверни и ресторанчиња, најголема концентрација на туристи, кристално чиста вода. Плажата е во вид на голем залив, плитка и мирна вода, погодна и за деца. Преубаво изгрејсонце) http://www.greeka.com/eastern_aegean/thassos/thassos-beaches/thassos-golden_beach.htm
- Marble Beach или Saliara (мермерната плажа. Ја викаат така оти има свлечиште на остатоци од мермерното наоѓалиште над плажата. Ситни тркалезни мермерни камчиња и кристално чиста вода. Во ек на сезона нема каде да се фрли крпа, во септември релаксирано, патот до таму е веќе сериозен off-road 4-5км, и не те покрива осигурувањето на рент-а-кар, ама вреди да се посети) http://www.greeka.com/eastern_aegean/thassos/thassos-pictures/marble_beach-pictures/members-1.htm
- Макриамос (се плаќа и влез и лежалка. малку off-road, и кристално чиста вода) http://www.greeka.com/eastern_aegean/thassos/thassos-beaches/thassos-makriamos.htm
Северен дел:
-
Лименас (во главниот град Лименас, градска плажа, ништо посебно)
- Нистери (само ако сте сместени во главниот град, оти е на 2км)
- Папалимани (само ако сте сместени во главниот град, оти е на 1км)
Западен дел:
- ништо посебно од плажи, има песочни, има и со камчиња, но поради голем пожар пред 20 години, нема вегетација и е некако пусто на овој дел. Не дека е лошо, но јужниот и источниот дел на островот се далеку подобри

Места за посетување:
- Лименас или Тасос
- главен град на островот Тасос, најголемо населено место полно со таверни и ресторани. Би препорачал да го посетите Bar Karnagio ( https://ssl.panoramio.com/photo/95291394 ), убаво место за релаксација. Може да го посетите и античкиот театар до кој се стигнува пешки низ борова шума.
- Теологос - бивш главен град на Тасос сега мирно селце карактеристично по јагнешкото месо и неколкуте религиозни објекти ( https://ssl.panoramio.com/photo/51758369 ). Се наоѓа во средишниот дел на островот, со пристапен, не стрмен, асфалтен пат кој води од Потос на јужниот дел од островот
- Манастир Архангел Михаил - се наоѓа на јужниот дел од Тасос, на врвот на една карпа од каде има поглед на отворен море кон југ. Доста голем, значаен и убав манастир, дел од света гора од Атос. се наоѓа на самиот пат. Не смеете да влегувате по шорцеви или купаќи, ама затоа има сукњи за женски и панталони за машки, ги даваат од таму.
- Скала Марион - на запад, местото е идентично како и сите други, со таа разлика што има прекрасно зајдисонце со поглед кон Атос на Халкидики на хоризонтот.

Патна инфраструктура:
Патиштата им се генерално во ред. Доволно широки без дупки. Да го свртите цел остров е 100км. Имате бензински скоро секаде, ама внимавајте кога ќе одите од Псили Амос кон Paradise Beach, 30-40км нема бензинска пумпа, на југо-источниот дел, затоа на тој дел планирајте си го гориво.
- Северен дел - ок
- Источен дел покрај море и рамен
- Јужен дел - покрај море, па после низ борова шума низ планини (за мене многу живописен дел)
- Западен дел - покрај море и исто низ борова шума низ планини и прекрасни глетки на плажите и заливите.
*не се секирајте на островот скоро и да не видов полиција, криминал нема, дури и ги заборававме клучевите во бравата на моторите кога ги остававме на паркинг.

Превоз на островот:
Никако без превоз на островот, ако сте со автобус, рентајте кола или мотор. Која е поентата да сте на остров ако не го прошетате?, ако сте само за плажа и море и Паралија е доволна и поефтина.
Сопствен превоз - супер
Рент-а-кар: Јас рентав скутер, 10еур днавно за 6 дена (ако се ценкате и поевтино) + некаде 20еур за гориво = 80еур скутер+гориво
Поминав 320км низ островот и вредеше секој километар.
Автобус: има автобуски линии преку цел ден, како до плажите, така и до населените места ( http://www.thassos-view.com/en/information/bus-schedules-thassos )

Храна: стандардно за Грција, има и супермаркети со поприфатливи цени за нас. Таверни и Fast-food насекаде.

Ноќен живот: Освен барови покрај плажи и ресторанчиња, не нуди повеќе. Има некоја дискотека отворена кај Потос, ама не ме занимаше многу.

Заклучок: Кога тргнав бев скептик, но сега пак би одел.
Ако сакате полежарен одмор со песочни плажи, одете на источниот дел (Paradise beach, Golden beach,..).
Ако сакате подинамичен одмор одете на јужниот дел (Metalia, Giola, Alyki, Livadi,...) бидејки покрај патот позади секоја кривина има плажичка и ќе застанувате на секој 2-3км.

,се надевам дека информациите ќе ви бидат од корист.
Поздрав, Виктор

 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Ај некој нешто подетално за Потос да каже ако има таков што го искусил?
 

%naked%

born to be wild
Член од
28 мај 2013
Мислења
550
Поени од реакции
1.480
Ај некој нешто подетално за Потос да каже ако има таков што го искусил?
Шо те интересира поконкретно ?

Плажата е добра , но има и многу подобри .Мирно место ,има околу 7-8 кафичи ,десетина ресторанти( секак посети некој шо е на самата плажа ,имат одлична свежа морска риба), пекарници 2-3 ,гиро исклучиво у ЕЛ ГРЕКО (мислам оти така се викаше).

За шетане една уличка имаш шо за десет минути двапати ке ја прошеташ :)

Само српски се слуше ,оти едно 80% се туристи срби ,нешто романци и бугаре ,а слабо македонци.

Ако не одеш со кола ОБАВЕЗНО рентај нешто (кола или скутер) ,оти има златни плажи шо МОРАШ да ги посеташ (y)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
791
Поени од реакции
218
Мисленеa зa Скaлa Принос !? Некои бил ли е тaму ? Jaс след двa денa ке одa.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
791
Поени од реакции
218
Еве малко слики од Тасос. Големи и мали
047.jpg 059.jpg 060.jpg 071.jpg 083.jpg 085.jpg 179.jpg 180.jpg 183.jpg
До IRIS GOLD златарско ателие
047.jpg
Од манастира "Свети Архангели"
059.jpg 060.jpg Морски таралеж во Лименас 071.jpg
Гларуси во Лименас
083.jpg
Градината на хотел "Vlachogiannis" 085.jpg
Кое е тоа животно до сајлата? 180.jpg
183.jpg Плажа на Скала Принос

Кое е тоа животно под брод ?
079.jpg
Морски дракон ??? 179.jpg
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Морска краставица е тоа под чамецот. Тие се така издолжени и мали. Немаат очи, како устичка има само и толку. Бар на мене на тоа ми личи.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Утре одам на Тасос. Поточно во Потос ќе бидам. Гледав слики, разгледував по интернет. Има добри плажи. Прво на око ми падна Окото на Зевс. За тоа бев најзапален откако не го прочитав горното мислење на #ВикторMKD. Ако има толку многу да се оди нема ни да одам таму. Ќе ви пишам како е кога ќе се вратам. Иначе идам со сопствен превоз.
 

%naked%

born to be wild
Член од
28 мај 2013
Мислења
550
Поени од реакции
1.480
^ mermernata plaza da ja posetis:)
Jas sum zaljubena vo nea.
 

%naked%

born to be wild
Член од
28 мај 2013
Мислења
550
Поени од реакции
1.480
Ќе го бараш патот за Makryamos ( се наоѓа меѓу прадот Лименас и плажата Голден):До мермерната патот е земјен околу 5 км ,и треба се право да возеш дури до ископините за мермер.Патот е ок ,како за земјен.
Во Потос имаш една српска агенција NIKANA, таму можеш да прашаш многу се љубезни .Агенцијата мислам оти беше после рибарницата или спроти црквата.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
За голден Бич извини...ја знам Мермерната...таа златната каде е?
 

%naked%

born to be wild
Член од
28 мај 2013
Мислења
550
Поени од реакции
1.480
За голден Бич извини...ја знам Мермерната...таа златната каде е?
Беше на мермерната ?:vozbud:

Златната :P мислам оти се наоѓаше после Скала Потамиа
 

Rokerot

The Guitar Addict
Член од
30 април 2007
Мислења
218
Поени од реакции
20
Се јавив во неколку агенции и викаат дека за периодов мање-више е се резервирано за Тасос. Пошто единствена варијанта е одење со автобус (без сопствен превоз) дали е паметно да се резервира преку booking.com или nikana.gr или дали (или која и да е друга страна за букинг) па да се оди со автобусот од некоја од агенцииве што одат за таму? Малце касно ни текна за одење периодов али сакамe да тргнeме на 24-25-26. За место не сме одлучени, од темава што читам или Потос или Лименас или Скала Потамиа, само да не е негде у пм оддалечено од цивилизација... Дајте некој совет што чаре да се праи :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom