Судбина

Член од
16 мај 2010
Мислења
115
Поени од реакции
6
Тешко е да се докаже судбината..Секој си има различно сфаќање но дали сме целосно сигурни во тоа што веруваме ако нема докази...
Погоре е спомената кармата. Јас не правам голема разлика помеѓу карма и судбина. Кармата е принцип -фрли зад себе, ќе најдеш пред себе-
-се што ќе направиш ќе ти се врати- е сега ако работие се случуваат со причина значи има некој Х фактор кој не натерал да направиме некоја реакција и од тоа да има повратна акција(реакција), Значи сепак има нешто „однадвор“ одговорно за нашите постапки.
Судбината е цел која треба да ја достигнеме во животот, кон таа цел водат различни патишта наше е кој пат ќе го одбереме но на крај секогаш се стигнува до иста цел. И така додека мислиме дека ја избенуваме судбината ние несвесно итаме кон нејзе..
Барем јас така мислам.. :D
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Судбината е цел која треба да ја достигнеме во животот, кон таа цел водат различни патишта наше е кој пат ќе го одбереме но на крај секогаш се стигнува до иста цел. И така додека мислиме дека ја избенуваме судбината ние несвесно итаме кон нејзе..
Барем јас така мислам..
:D
Од мое искуство, кога сум се обидел со сила и без чувство да ја променам судбината не сум успевал. Сум правел големи грешки, а потоа уште поголеми, сум се обидувал да избегам од неа бидејќи ми изгледало непоправливо тоа што сум го направил. Конкретно беше една девојка во прашање, избегав од неа, но во умот ми остана со години. Не знам дали ова последново е судбина, сега кога гледам дека можело подобро, да се расчистат работите. Треба само со чувство да се делува во чекор со судбината инаку следи грешка, а по неа може уште поголема, ко кај мене.
 

Blue Scarlet

Amazonka
Член од
21 март 2010
Мислења
45
Поени од реакции
6
Sudbinata postavuva prasanja, nie sme tie koi odgovarame na niv so "DA" ili "NE" ....
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.358
Поени од реакции
4.882
Инспириран од еден час на училиште по Философија, решив да ја отворам темава со цел да дискутираме за судбината. Дали таа воопшто постои, дали самите ја градиме,создаваме,менуваме или пред време некој ни одредил ?? Кој ? Зошто баш вака ? итн..
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Многу моќни прашања, верувам во судбина и верувам дека таа нас не склопува дека животот на секој човек е дел од некоја голема сложувалка. :)
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Судбина се користи како утеха за работите кој ни се случуваат а на кој не сме можеле да влијаме или настанале како последица од лоша одлука.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
1.989
Не постои судбина и не верувам во тоа.
Луѓето прават грешки во животот и потоа викаат дека така требало да биде или така било судено, затоа што несакат да признаат дека згрешиле
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
346
Поени од реакции
146
По мое мислење, ние самите си ја кроиме судбината...
Пример: Ако се возиш со брод, дали има шанса да се удавиш?

Се надевам дека сфативте што сакам да кажам [да не филозофирам многу, ми се спие] (мене ми требаше подолго време за да ја сфатам суштината на судбината, но ја сфатив, благодарение на татко ми)
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
По мене судбината е веќе скроена и ''напишана'',каде и како don't know. Судбината и здравиот разум по мене се поврзани,бидејќи постапките не водат кон судбината.Некогаш имаш 2-3 опции што можеш да ги направиш ,сите се добри опции и од сите можеш да излезеш успешен но ти ќе одбереш една и ќе отидеш по тој пат бидејќи некако разумот те натерал да си на најдеш судбината т.е пишаното за тебе.Ако сами си ја кроиме судбината мислам дека судбините ќе ни бидам многу позаебани на сите..Има нешто што не води.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.358
Поени од реакции
4.882
Значи од мој поглед, неможи некој да ми ја пишал судбината. Како може некој да ми го напишал животот, нема теоретски шанси. Светот е постојано во движење, атомите никогаш не мируваат. Самите ја кроиме со секоја наша одлука. Всушност таа не ни постои. Како што кажаа погоре таа е измислена од луѓе кои неможеле да прифатат дека згрешиле и неможат да се соочат со последиците. Сакам да ја спомнам и да ја разработиме судбината од религиска гледано форма, значи преку философски сфаќања за гледањето на судбината преку религијата. Не спомнување на некои извадоци од религиски книги,светци и незнам што. Значи викаат Бог бил тој што им ја пишел на сите судбината. А кој му ја пишал него да биде Бог и тој да си игра со туѓите животи ? Како некој заслужил да му биде пишано да се бори за леб, а некој да ужива на некој остров. Затоа оваа дефиниција да ја наречам за судбина ми е некако погрешна и просто несфатлива. Ова веќе е бегање од темата али морав да го спомнам.. Се доаѓа до заклучок дека во недостаток на објаснување и неверницата да се прифати една состојба, човек решил да измисли појава наречена судбина, збор користен во многу цели на некои луѓе за да успеат во некоја улога и замисла за да дојдат до одреден ресурс кој би значел успех за него. Слободно ќе го наречам искомерцијализиран збор и начин користен највеќе од религиските форми на водење за да се заплашат луѓето со што црквата добива на моќ и ги потчинува луѓето..

А што ако е слагалка, исто како што кажаа погоре..Ако целиот живот е една сложувалка, дело на некој што си игра со нас. Шифра, кодиран свет, кој со негово пробивање отпаѓаш од играта (смрт).

Јас останувам на мојот заклучок, дека судбината ја кроиме ние самите и затоа пред секој чекор да размислиме два пати, затоа што веќе нема назад и обвинувањето на други не би палело. Тогаш кога ќе сфатиме и признаеме дека сме грешни, тогаш ќе сфатиме дека судбината не постои и човекот со тефтер во рака веќе ќе го нема и тоа што го бараме ќе го пронајдеме во себе самите, пошо во нас самите се наоѓаат одговорите на сите прашања.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Интересно е да се слушне секој член со неговото мислење за оваа тема, но за жал одговорите сигурно нема да ги најдеме додека сме живи а може и никогаш да не се најдат дури и по нашата смрт...Сепак останува да тумачиме и да креираме наше мислење за судбината.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Значи од мој поглед, неможи некој да ми ја пишал судбината. Како може некој да ми го напишал животот, нема теоретски шанси. Светот е постојано во движење, атомите никогаш не мируваат. Самите ја кроиме со секоја наша одлука. Всушност таа не ни постои. Како што кажаа погоре таа е измислена од луѓе кои неможеле да прифатат дека згрешиле и неможат да се соочат со последиците. Сакам да ја спомнам и да ја разработиме судбината од религиска гледано форма, значи преку философски сфаќања за гледањето на судбината преку религијата. Не спомнување на некои извадоци од религиски книги,светци и незнам што. Значи викаат Бог бил тој што им ја пишел на сите судбината. А кој му ја пишал него да биде Бог и тој да си игра со туѓите животи ? Како некој заслужил да му биде пишано да се бори за леб, а некој да ужива на некој остров. Затоа оваа дефиниција да ја наречам за судбина ми е некако погрешна и просто несфатлива. Ова веќе е бегање од темата али морав да го спомнам.. Се доаѓа до заклучок дека во недостаток на објаснување и неверницата да се прифати една состојба, човек решил да измисли појава наречена судбина, збор користен во многу цели на некои луѓе за да успеат во некоја улога и замисла за да дојдат до одреден ресурс кој би значел успех за него. Слободно ќе го наречам искомерцијализиран збор и начин користен највеќе од религиските форми на водење за да се заплашат луѓето со што црквата добива на моќ и ги потчинува луѓето..

А што ако е слагалка, исто како што кажаа погоре..Ако целиот живот е една сложувалка, дело на некој што си игра со нас. Шифра, кодиран свет, кој со негово пробивање отпаѓаш од играта (смрт).

Јас останувам на мојот заклучок, дека судбината ја кроиме ние самите и затоа пред секој чекор да размислиме два пати, затоа што веќе нема назад и обвинувањето на други не би палело. Тогаш кога ќе сфатиме и признаеме дека сме грешни, тогаш ќе сфатиме дека судбината не постои и човекот со тефтер во рака веќе ќе го нема и тоа што го бараме ќе го пронајдеме во себе самите, пошо во нас самите се наоѓаат одговорите на сите прашања.
Еве јас кратко ќе ти реплицирам, нз дали ти текнува лани се појави еден тип во Америка со ''златен глас'' тој човек бил наркоман ,просел по улиците но судбината го натерала да им каже реклама на некој дечки кои тоа го снимиле и постирале на интернет па по тоа видео тој денеска се прослави и го направија човек до негде.Зборот ми е дека тој човек не се борел за судбината со просење но некако ете од просење стигна и до Опра и до многу пари благодарение на случајно видео.Значи од бебе,до наркоман и просач па до Опра и многу пари,е ова е судбина..И уште нешто,старите не за џабе рекле од пишаното не се бега,не се тие зборови кажани безвезе.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.358
Поени од реакции
4.882
Еве јас кратко ќе ти реплицирам, нз дали ти текнува лани се појави еден тип во Америка со ''златен глас'' тој човек бил наркоман ,просел по улиците но судбината го натерала да им каже реклама на некој дечки кои тоа го снимиле и постирале на интернет па по тоа видео тој денеска се прослави и го направија човек до негде.Зборот ми е дека тој човек не се борел за судбината со просење но некако ете од просење стигна и до Опра и до многу пари благодарение на случајно видео.Значи од бебе,до наркоман и просач па до Опра и многу пари,е ова е судбина..И уште нешто,старите не за џабе рекле од пишаното не се бега,не се тие зборови кажани безвезе.
Старите кажуваат мудрости,приказни и поучни работи што ги насобрале низ целиот живот, луѓе од искуство кои можеме слободно да ги наречеме филосови. Јас имам поинакво сфаќање за човекот. Прво, ништо не е случајно во животот. Се е акт на акција и реакција, таканеречена ланчана реакција. Да не беше бездомник немаше да го има видеото. Дали гласот му го дал тој што му ја пишал судбината или мутирањето на гласот при физичкиот развој на таа личност ? Или и тоа беше пишано ? Ај да речиме дека се е пишано, но пак не можам да сфатам од каде на бездомникот да му даде добар глас, но да го пушти во тежок живот, да спие на улица и да има наркомански кризи. Од каде се неговите критериуми. Не е праведно, доколку е така. Затоа сметам дека е невозможно тоа. Секој со предиспозициите, но и тоа не враќа назад, поточно ќе не врти во круг и нема точен одговор освен наш личен заклучок кој ни одговара и кој го прифативме за да имаме мирна гла и проблем помалце. Јас стварно почнав да си ја чукам главава, и колку да ги разгледувам двата заклучоци и двата имаат смисла, но забегувам од темата и се враќам назад на Биг Бенг теоријата и настанокот на универзумот... јас се откажвам, ќе барам одоговори и стимуланс во другите постови за да продолжам од оваа точка на мирување..
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
28
Поени од реакции
16
Дефинитивно мојот одговор е НЕ, затоа што како може некој да ти ја крои твојата судбина? Од мене зависи дали мојот живот ќе биде каков што јас сакам или ќе каков што сум дозволила да тече. Навистина, не може да со порекне фактот дека не ја одредуваме самите сопствена смрт, но дури и да настапи смрт во неочекувам момент, тоа е сигурно како последица на некое пореметување во здравјето ( не судбина!). Или, доколку се случи некоја сообраќања несреќа, сигурно се случило нешто поради што и се случила таа несреќа, но не е тоа судбина, бидејќи не е судбина пребрзото возење или нередовното носење на автомобилот на сервис, како ни лизгавите патишта.
Не може да имам испит, да немам научено и да очекувам дека ќе положам. Но, доколку положам не е тоа судбина,тоа е среќа.
Премногу размислувам на оваа тема, и се обидувам од двете страни да го осогледам спорот, но некако на крајот секогаш доаѓам до истиот заклучок, дека самите сме писатели на својот живот. Еве да претпоставиме дека постои судбината, тогаш зошто имаме право на избор?Право на избор за тоа дали ќе учиме за да имаме лагоден живот,или зошто го избираме својот брачен партнер, ако сите ние сме кукли на судбината?
Па, затоа мојот одговор е тој, не постои судбина,само иднина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom