Стан или куќа ?

Стан или куќа ?


  • Вкупно гласачи
    133
  • Гласањето е завршено на .
A

andrea85

Гостин
Како што кажаа претходно сите што живеат во стан сакаат во Куќа. Јас цел живот сум во куќа со огромен двор и овошки и зимзелени дрвца (без базен) и цело време има нешто да се поправи,доправи, направи, среди,измети,исчисти,ископа, навади......и енма крај поготово ако идеш на работа и се треба да се заврши попладнето, башка на лето полно со гости да се разладат во дворчето. Сега купивме и стан па се надевам на малку раат од сите ствари
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Нормално дека куќа е подобро. Ај што имаш двор, ај што немаш малоумни комшии залепени до тебе што нејќат денар да дадат за плаќање на сметките. Друго е во лето, седни си во двор, испиј едно кафенце. Тоа во стан не го можеш. Жими една тераса.
 
M

Muranyi

Гостин
Станот премногу ме ограничува,на моменти се чувствувам како да живеам во затвор,а башка имам едни комшии до мене кои абер од култура немаат.Откако ја оженија ќерка им пред година дена,најмалку 5 пати неделно собираат гости до 2 по полноќ,со музика,урлање,тропање и слично.Да не почнам да пишувам за останатите комшии-малограѓани и во каква населба живеам.
Откако знам за себеси сум посакувал да живеам во куќа,конечно се создадоа услови да ми се исполни желбата па би требало кон крајот на летото да се преселам.И не ме плашат обврските и трошоците кои со себе ги носи живеењето во куќа,спокојот и задоволството немаат цена:)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Куќа пак со голем двор е обврска и трошок. Јас живеев и во куќа и во стан, имам двор од 500 квадрати, и сега е веќе зараснат и ќе треба да се кастри корни ретчи. Има и јаболкници, круши вишни дунка малку лозница, се треба да се одржава подкопни повади... значи често после работа по ручек место да се спружиш и дремиш треба да се работи, а сметките за вода се неколку пати повисоки. Греењето е поскапо и потешко, за 100 квадрати треба скоро 12 кубици дрва башка во 2 соби со струја е греењето, треба да исцепиш запалиш истресеш пепел исчистиш бории и оџаци. Во стан обично имаш до тебе под тебе над тебе друг стан кој се грее, или на парно, колку толку е поизолирано, куќата постојано има одржувања кровови после зими преглед и санирање ако негде прокапело, кога и да е ќе дојде покрив за менување, јас ова година то ќе прам само место кров ќе кренам подкровје, па олуци чистење, ограда да се бојадиса.... Во стан ги нема некои од обрските и трошковите. Ете само да ти доловам, се враќаш зимата од работа, треба да запалиш оган да се стопли, (ако и жената е вработена) да исчистиш снег од дворот и приодната патека, гладен си и ти се дремнува, ако не направиш одма после ќе биди потемно и постудено а после ручек нема да ти се мрднува, на лето идиш од работа гладен испотен уморен, треба да повадиш двор и дрвјата можи и тревата да искосиш а ти се мава еден туш, ручек па да легнеш пред ТВ со ладно пивце, али умо ти е во сувата земја и сметката за вода..... И едното и другото си има предности и мани зависи од човекот како е навикнат и што му сака душата.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Како што кажаа претходно сите што живеат во стан сакаат во Куќа. Јас цел живот сум во куќа со огромен двор и овошки и зимзелени дрвца (без базен) и цело време има нешто да се поправи,доправи, направи, среди,измети,исчисти,ископа, навади......и енма крај поготово ако идеш на работа и се треба да се заврши попладнето, башка на лето полно со гости да се разладат во дворчето. Сега купивме и стан па се надевам на малку раат од сите ствари
И јас после 20 години во куќа се преселив во стан и поубаво ми е...додуше е битно да најдеш саглам стан во мирно и културно маало.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Станот премногу ме ограничува,на моменти се чувствувам како да живеам во затвор,а башка имам едни комшии до мене кои абер од култура немаат.Откако ја оженија ќерка им пред година дена,најмалку 5 пати неделно собираат гости до 2 по полноќ,со музика,урлање,тропање и слично.Да не почнам да пишувам за останатите комшии-малограѓани и во каква населба живеам.
Откако знам за себеси сум посакувал да живеам во куќа,конечно се создадоа услови да ми се исполни желбата па би требало кон крајот на летото да се преселам.И не ме плашат обврските и трошоците кои со себе ги носи живеењето во куќа,спокојот и задоволството немаат цена:)
Исто ти се фаќа ако мислиш дека со тоа ќе го елиминираш проблемот со несовесни соседи.
Во куќа истите можат да зачуваат некое добитче, кокошка па да ти смрде цел двор на селска идила.
Или пак може да бидат гулабари и да менуваш ќерамиди или плех на кровот на секои две години.
Имаш опција да најдеш некој занаетчија во обид, па во недела да го слушаш како брчи со моторка за дрва во пет наутро од причина што кур му е, двор му е. итн.
Па имаш домашен миленик и нив му смета, па ќе си најдуваш салами со отров во дворот.
Ако во стан имаш опција да се повикаш на куќен совет и ред, за да не си директно инволвиран во тужби, овде го немаш тој лускуз.
Мораш да му отвориш војна, која си повлекува последици.

Предност во куќа е тоа што можеш да си дозволиш повеќе комфор за разлика од стан, но и големи негативности кој ги спомна Лет 3 претходно.
Живеев во куќа, сега живеам во стан. Засега нема шанса да ми текне да се преместувам во куќа и покрај тоа што имам проблем со соседи.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ако во стан имаш опција да се повикаш на куќен совет и ред, за да не си директно инволвиран во тужби, овде го немаш тој лускуз.
Ова е научна фантастика. Има згради кои го спроведуваат ова?

Предност во куќа е тоа што можеш да си дозволиш повеќе комфор за разлика од стан, но и големи негативности кој ги спомна Лет 3 претходно.
Што подразбираш под комфор? Моиве имаат куќа и стан и дефинитивно повеќе комфор се има во куќата.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ова е научна фантастика. Има згради кои го спроведуваат ова?



Што подразбираш под комфор? Моиве имаат куќа и стан и дефинитивно повеќе комфор се има во куќата.
Не знам, кај мене нема ниту куќен совет...Ама ако изреагираат повеќе станари, најверојатно ќе се најде некое решение со новиве закони за станување.

Па тоа и го пишав, дека во куќата има повеќе комфор, за разлика од станот.
Под комфор подразбирам поголема квадратура на станбениот простор и дворното место.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не знам, кај мене нема ниту куќен совет...Ама ако изреагираат повеќе станари, најверојатно ќе се најде некое решение со новиве закони за станување.

Па тоа и го пишав, дека во куќата има повеќе комфор, за разлика од станот.
Под комфор подразбирам поголема квадратура на станбениот простор и дворното место.
Аа погрешно сум те разбрала, океј.
А за агенции кои ќе се грижат за зградите, абе сон ми е. Кои неандерталци живеат овде, женава мете пред врата и ѓубрево го остава пред врата на другава комшивка. Кога веќе зела да мете, што е толку тешко едно лопатче да земеш бе, невоспитана една. Кај го има тоа??
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Куќа дефинитивно. Со огромен двор и зеленило низ него.
У стан си ко во затвор.
Живеам и во куќа и во стан и се знае поубаво од куќа нема.
Кога ќе се рашетам боса по тоа дворот, па земам цревото да навадам зеленилото... А бе мераци ептен. Па гости ми дошле, си седиме на отворено, се пие кафе, ракија, салатка се мези...
А у станот ко затворена се чуствувам, една тераса што ја имам и таму пак не можам да си се релаксирам и уживам како што сакам, од што има многу воајери по околните згради.
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Стан и нива со викендичка......двете минијатурни...
Стано да биди мал , ама да има појче соби......
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Најубаво е куќа, па уште да биде некоја луксузна... милина :)
 
Член од
25 мај 2012
Мислења
14
Поени од реакции
11
Na nekoj brek so more :) ogromna kuka do moreto uzivancii prva liga :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom