Не,моите родители се мои херои.Многу сум горда на нив и никогаш не сум се срамела и нема да се срамам.Од кога знам за себе,тие ми се најдобрите пријатели.И кога треба да се пожалам и кога сум пресреќна,тие се тука да поделат со мене и јас со нив.Си ги сакам највеќе на светот!
Не сум се срамел, не се срамам и нема да се срамам. Ги сакам моите, и знам дека секогаш ке се тука за мене, значи и јас треба да сум тука за нив. Се работи за елементарна почит и благодарност, не за некоја тешка физичка работа.
интересна тема!супер скул!
епа вака!искрено-како помал има неколку случаи во кои сум се усрамил од своите родители!но тоа е затоа што не сум бил доволно зрел за убаво да ги согледам работите!
и тоа било неколку пати во мојот живот-но како дете!
од денешен аспект се е поинаку!навистина татко ми неколку пати ме има испосрамено,но сега тоа е небитно!
јас си ги сакам моите родители и знам дека нивната улога не е едноставна!понекогаш и тие прават грешки!
мајка ми е цар!тоа е најпаметната особа што јас ја имам запознаено!и особата што најмногу ја почитувам и сакам!
Ме имаат доведено до некои ситуации кај што ме укопале во земја,ама сум им простила.Не е во врска со работно место,изглед или слично.Туку за некои работи што ги направиле...На пример мајка ми ме донесе во многу незгодна ситуација пред некое време,заради нејзината радозналост и тогаш мислам дека ќе умрев од срам.Ама како и да е не можам да и замерам за тоа.Знам дека немала лоши намери.Какви се такви се си,ги сакам и ги почитувам за се што направиле до сега за мене.За сето внимание што ми го посветиле и за сета љубов и грижа
не се срамам, напротив, горд сум на моите родители и се угледувам на нив. ме довеле на неколку срамни ситуации, ама кога бев помал, и тоа пред најблиските, вујче, дедо, и тоа на шала. се лутев кога така ме зафркаваа, ама сега сваќам дека се тоа било само шала
Никогаш не сум се срамел од моите.
Тие секогаш биле тука за мене, и во лошо и во добро, и секогаш ми мислеле најдобро, иако некогаш не сум сфаќал што сакале да ми кажат, но тие секогаш биле во право и секогаш ќе бидат во право.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.