Срам од родителите?

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Дали некогаш сте биле во ситуација да ги изоставите родителите (или бар еден од нив) од некој муабет, или да излажете нешто за нив, само бидејќи....чувствувате срам од нив?

Што би ве натерало да се срамите од родителите воопшто? Лошо работно место? Некоја глупа навика што ја имаат? Што?

Дали е нормално дете да се срами од родител? Мене искрено најдолно нешто ми е да ги претставувам родителите пред други како нешто што не се, само за да предизвикам восхит или да избегнам „посрамување“.
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Ова ме потсеќа на анимираниот цртам Over the Hedge :)

Па не знам, до сега не сум се срамел од моите. Ниту се трудам да ги претставам ни ништо... тие само ...се :) nothing more. Секогаш можат да се подобри, арно не се полоши...и тоа е то... не сум премногу врзан со нив, па не ми имаат некој голем ефект во мојот живот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Никогаш.
За мене семејството е мое најголемо богатство и никогаш не би можела да се срамам од жената којашто ми пружила се во животот, која се одрекла од многу работи во животот за јас да бидам среќна и жената која ми пружила неизмерно многу љубов во мојот живот.
Се гордеам со неа и каде и да сум со неа, јас сум со гордо крената глава, зашто се чувствувам како најсреќната личност што добив можност она да ми биде мајка.
Фала Богу, не е совршена и некогаш ептен се расправаме, ама во глобала таа ми е најважната личност во мојот живот.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Има некои работи му ги кажувам на татко ми а не на мајка ми, не ради друго немам време да и објаснувам со часови на мајка ми зошто е нешто така а татко ми одма разбира. Значи не е срамот, туку практичноста е.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Има некои работи му ги кажувам на татко ми а не на мајка ми, не ради друго немам време да и објаснувам со часови на мајка ми зошто е нешто така а татко ми одма разбира. Значи не е срамот, туку практичноста е.
Не си ја сфатил изгледа поентата на темата. Прашањето е дали некогаш си се почувствувал засрамен од твоите родители заради било која причина.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
61
Има некои работи му ги кажувам на татко ми а не на мајка ми, не ради друго немам време да и објаснувам со часови на мајка ми зошто е нешто така а татко ми одма разбира. Значи не е срамот, туку практичноста е.

Не срам да се изјасниш пред нив, друга е тамава:wink:
Не се срамам од моите воопшто....Ние сме нивна проекција од која не смееме да се срамиме!:wink:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Добро се извинувам за мојот имплицитен претходен пост. Не никогаш не сум бил засрамен или ми било срам.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Никогаш не сум се срамела од моите. Тоа е многу ниско и глупаво, да се срамиш од оние кои те создале и ти пружиле живот. Точно е дека сите си имаме недостатоци па така и тие. Јас ги сакам покрај тие недостатоци и несовршенства поради фактот што ми се родители. А родител не е оној кој ќе те роди туку оној кој ќе те изгледа.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.277
едит : извинете за претходниот пост, погрешно ја сфатив темава... :smir:
он топик : признавам дека еднаш ( јас живеам на ГЛАВНА УЛИЦА:nenene: ) ко правевме ајвар и поминуваше една моја симпатија и јас истрчав горе веднаш срам ми беше (мајка ми и татко ми беа облечена во едни стари партали ко за ајвар праење... :toe:) но после дојде периодот кога сфатив дека подобро е луѓето да те прифатат каков што си место ти да се прилагодуваш на нивните барања така да сега со гордост си правам ајвар во мојот двор заедно со родителите:pipi:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Ми дале живот,ми даваат покрив над главата,храна,облека,образование...
Во ниедна ситуација не сум била засрамена,да измислувам нешто што не е вистина,да ја кријам вистината за да предизвикам восхит кај останатите...НИКОГАШ!
Грев е да се срамам од мајка ми,жената која 9 месеци ме носела во себе,9 месеци носела огромен товар,претрпувала болки при породување...
Грев е да се срамам од луѓето кои би се откажале од СЕ` за да ми овозможат поубав живот на мене и на сестра ми,кои работат макотропно за да можат да ми го пружат сето ова што го имам.
Срам е за мене да бидам поради било која причина засрамена од нив.
Да,можеби и не сум најдобрата ќерка што може да се посака,во некои ситуации сум им префрлила за нешто,не сум ги послушала,сум го покачила тонот,но ги сакам...ги сакам премногу за било кога да дознаат дека поради Х причини се срамам од нив...никој не ме сака повеќе од нив,би се откажале и од својот живот за мене...тоа би им ги скршило срцата,а никогаш нема да си го дозвилам тоа.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
Никогаш не сум се срамела од моите родители...Напротив сум се и се гордеам со нив онакви какви што се-прекрасни!
Се надевам дека и моето дете ќе ме доживува со гордост....
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.964
Не ми е сфатливо да се срамам од моите зашто јас сум нивно огледало значи би се срамела и од самата себе. Во ниту еден случај не се случило такво нешто, ниту ќе се случи. Тие се луѓето што жртвувале се за да имам таков живот каков што имам, заслужни се за сите мои достигнувања. Горда сум на нив.

Во контекст на темата еден текст што можеби на многумина ќе им биде познат, но навистина предизвикува солзи во очите на човек со вистински морални вредности.


Мајче моја ми недостигаш најмногу на свет!

Мојата мајка имаше само едно око. Ја мразев...беше срамота за мене. Во нашето школо спремаше храна за учителите и за нас.
Еден ден додека уште бев во тоа основно школо, мајка ми влезе во класот и ме поздрави. Ми беше толку многу срам. Како можеше тоа да ми го направи? Ја игнорирав, и упатив поглед полн со омраза и побегнав. Подоцна сите мои пријатели ми се подсмеваа и ми велеа: Бљак твојата мајка има само едно око!
Пропаднав в земја и посакав мојата мајка да ја нема... Кога повторно ја видов станав и и реков: - Ако повторно мислиш да ме правиш предмет на исмејување подобро ти е да умреш.
Мајка ми ништо не ми одговори..
Не застанав ни за момент да размислам што реков, бев полн со омраза и бес во себе. Бев незаинтересиран за нејзините чувства... Единствено што сакав е да побегнам што подалеку и да немам никаков контакт со неа.
Во касниот живот учев многу и тешко. Така да добив шанса да одам во Сингапур и да студирам... Бев пресреќен! Се оженив, купив куќа и добив свои деца. Бев среќен со својот живот, со своите деца иако живеев во друга земја.
Но еден ден дојде мојата мајка да ме посети... Ме немаше многу години видено, а и внуците исто. Се појави на вратата. Моите деца почнаа да ја исмејуват. Јас почнав да и се дерам како може само така да се појавува непоканета. Се дерев: - Како можеш да доаѓаш туку така и да ми ги плашиш децата? Гони се одтука и да не те гледам!
Мојата мајка само тивко одговори: „Извинете мора да сум ја погрешила куќата“ и замина...
После неколку години дојде писмо кај мене. Повикан сум на матурска. Ја излажав жена ми дека треба да одам на службен пат. После прославата, од љубопитност свратив до стариот дом. Кога ме видоа соседите ми рекоа дека е веќе мртва. Нит една солза не пуштив. Ми дадоа едно писмо и ми рекоа дека е од неа...

„Мил мој сине
Мислeв на тебе цело време.
Извини што така упаднав во твојата куќа и ти ги исплашив децата.
Ми беше драго дека си успеал во работата и дека ќе дојдеш на прослава овде.
Јас можеби нема ни да станам од креветот да те видам.
Жал ми е што секогаш те срамував и ти бев терет.
Гледаш, кога беше мал се случи една несреќа и го изгуби едното око.
Како мајка не можев да поднесам да растеш со едно око.
Докторите те прегледоа и ми рекоа дека е можно.
Тогаш јас ти го дадов моето...
Бев пресреќна кога знаев дека мојот син, го гледа светот за мене со тоа око...
Со љубов,
Секогаш за тебе”

Твојата мајка..
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.277
WoW останав без зборови навистина прекрасен текст... ова кажува колку се грижат за нас родителите и колку му должиме ...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Првиот пат го прочитав текстот пред извесно време и се растурив од плачење... На сите што ги знам им го раскажав и притоа секој пат ми доаѓаа солзи на очи и се ежев... Еве сега пак ми се случува истото. Секој човек треба да го прочита текстов. Дефинитвно.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Никокаш...Ама никогаш не сум се срамел од моите родители или од нивните постапки! Тие ме одгледале(и сеуште ме одгледуваат де) со љубов, со разбирање...И сакам да им возвратам на најубав можен начин!
А инаку за текстот стврано е тажен,ама не заплакав :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom