Спиритуалисти - Медиуми

Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Скептиците не можат да ги објаснат восхитувачките резултати на спиритуалистите.

Има само мал број мистерии што ги намачиле разумните луѓе како што е случајот со спиритуализмот.
Скептиците ја негирале и самата помисла дека живите можат да комуницираат со мртвите. Па сепак, не се во состојба да објаснат на кој начин средовечната вдовица во Балем, Лондон, компонирала класична музика во стилот на старите мајстори... или како кралската морнарица, која не се занимавала со археологија, успеала да ја одреди точната положба на урнатините на древниот Гластонбери... или како една американска домаќинка од Сент Луис, Мисури, напишала роман на автентичен средновековен англиски јазик.
Спиритуализмот се родил во март 1848 година во една мала дрвена колиба во Хајдсвил, Њујорк. Тоа бил домот на фармерот со методистичка вера, Џон Фокс, на неговата сопруга и на нивните ќерки Маргарита (15) и Кети (21) кои живееле во областа Вејн. Ноќе се слушало некакво необично тропкање. Сосем случајно, девојчињата откриле дека, ако потпукнуваат со прстите или ако удираат по масата, им било одговарано со ист звук...
Кога Кети изговорила неколку тивки гласови, чула ист број на удари. Еднаш госпоѓа Фокс прашала за возраста на своите ќерки и чула две соодветни серии удари, плус три. Нејзиното најмало дете умрело кога имало три години.
Семејството развило соодветен код од удари и знаци за комуницирање со силата што се криела зад шумовите. На тој начин, според сопственото тврдење, откриле дека таа сила, всушност, е духот на починатиот трговец Чарлс Розма, кој бил убиен од тогашниот сопственик за да може да ја зграпчи неговата полна торба и металната кутија со 500 долари. Од сите тие работи не било пронајдено ништо, иако, според дадените упатства, го прекопале секој дел на подрумскиот под. Кога во 1904 година се урнал подрумскиот ѕид – се појавиле костурот, металната кутија и остатоците од торбата на трговецот.

Приказните за способностите на ова семејство да разговара со мртвите се ширеле како оган токму во времето кога теоријата на Чарлс Дарвин за развојот на човекот од мајмун го побивала црковното учење за задгробниот живот. Набргу се појавиле и поединци од двете страни на Атлантик што тврделе дека имаат слична моќ да воспостават контакт и да пренесуваат пораки со тропкање, зборување и со таканареченото автоматско пишување.
И книжевникот сер Артур Конан Дојл, кој бил ценет поради логичното размислување на неговото детективско остварување, Шерлок Холмс, станал нивни пламенен приврзаник. Меѓу приврзаниците бил и водечкиот британски научник сер Вилијам Крукс, претседател на Кралското друштво. Кралицата Викторија одела на сеанси за да контактира со својот покоен сопруг Алберт и се враќала убедена дека успеала во тоа.
Нечесните во тоа гледале можност да заработат од лековерните и научниците и новинарите демаскирале голем број лажни медиуми и фотографи. И покрај осудата на јавноста, во времето кога славело 100 години од основањето, спиритуалистичкото движење имало 50.000 членови во Британија и 250.000 во Америка. Над 100.000 луѓе купувале „Спиритистички вести“, неделна хроника богата со спиритуалистички активности. Откривањето на измамите на разни шарлатани било многукратно надоместувано со необјаснивите достигнувања на сериозните медиуми – како што се способностите на госпоѓа Розмари Браун.

Госпоѓа Браун купила пијано веднаш по завршувањето на Втората светска војна, но прекинала со земањето часови по само една година. Нејзините соседи во Балем, на југот на Лондон, кажувале дека музиката не ја интересирала премногу. Одвај излегувала на крај и со химната. Меѓутоа, таа во 1964 година извела пијанистичко дело што можел да го компонира само некој од класичните мајстори.
Таа тврдела дека композиторот Франц Лист, кој умрел во 1886 година, ги водел нејзините прсти по нотите и рекол: „Ќе се вратам. Имаме уште толку да направиме заедно“.
Следните неколку години госпоѓа Браун напишала 500 нови композиции, сите во стилот на големите мајстори. Имало 40 страници со „Шубертови“ сонати, 12 исто така „Шубертови“ песни и неизведената фантазија во три става “од Бетовен“.
Госпоѓа Браун укажувала дека секој композитор комуницирал со неа на поинаков начин. Лист и Шопен и ги воделе прстите по клавишите, а таа подоцна го запишувала делото. Шуберт се обидувал да пее, но имал просечен глас. Бах и Бетовен, едноставно, и ги диктирале нотите. Сите и се обраќале на англиски, но кога биле налутени, зборувале на мајчиниот јазик. Бетовен извикал: „Mein Gott!“ кога еден ѕвончето ги прекинало во работата.
Во 1970 година била издадена ЛП-плоча со некои од тие дела. Критичарите биле поделени околу нејзината вредност, но се согласиле дека стиловите биле автентични. Композиторот Ричард Родни Бенет изјавил: „Ваква музика не можете да фалсификувате или да имитирате без долгогодишно вежбање. Ни јас не можам да го фалсификувам Бетовен“.

Гластонбери во Сомерсет бил историско место. Легендата вели дека таму се погребани кралот Артур и кралицата Гвенивера и дека светиот грал – садот што го користел Христос во времето на тајната вечера – бил закопан под изворот во Тор. Секоја година илјадници туристи оделе да ги видат тие древни урнатини не знаејќи дека многу нивни тајни ќе бидат откриени од спиритуалистите. Археолозите се фрлиле на работа, инспирирани од средновековниот ракопис, верувајќи дека го напишал некој монах, но писанието всушност го напишал во транс некој поморски офицер. Тој не знаел ништо за тоа како бил создаден записот, а не се интересирал некако посебно за него ниту подоцна.
Џералдина Каминс, ќерка на професор по медицина, во 1924 година почувствувала дека некоја невидлива рака го води нејзиното перо. Во текот на еден месец напишала над еден милион зборови со тој автоматски ракопис. Стручњаците од Едингбург и од универзитетот Сент Ендрју во Шкотска, споредувајќи ги документите и ракописот, откриле дека се согласуваат со описот на животот на апостолите по смртта на Христос, забележан од христијанинот Клеофас во првиот век. Истражувачите се согласиле дека приказните содржеле детали што би можеле да потекнуваат само од некој што живеел во времето на апостолите. Госпоѓица Каминс никогаш не студирала теологија и не знаела ништо за материјата за која пишувала.
Госпоѓица Грејс Рошер во 1957 година седела во својот дом во Кенсингтон, Лондон, пишувајќи му на пријателот. Одеднаш перото во нејзината рака почнало да се движи само од себе пишувајќи: „Со љубов од Гордон... тоа сум јас, Гордон“. По четири дена се се повторило, но овој пат со опис на смртта на Гордон Бардик во Канада пред 15 месеци.
Госпоѓица Рошер го познавала добро. Тој само што тргнал за Англија за да се ожени со неа, кога одненадеж починал. Но не можела да ги знае деталите што сега лежеле напишани на хартијата. Кога нејзиното писмо било пратено на графолог, заедно со писмата од Бардик, тој заклучил дека сите писма се напишани со иста рака.
Директен контакт со духот е реткост. Многумина ги користат медиумите каков што е Лилијана Бејли. Нејзе и се обратил за помош некој австралиски дефектолог, специјалист за вежбање на говорот, Лајонел Лог, кога во 1945 година во Лондон му умрела сопругата. Го очекувало двојно изненадување.
Дваесет години порано кралот Џорџ V побарал од Лог да го учи неговиот син, војводата од Јорк (кој подоцна ќе стане Џорџ VI) и да му помогне да се ослободи од пелтечењето. По осум години Лилијана Бејли му рекла на Лог: „Кралот Џорџ V е тука. Ме замоли да ти заблагодарам за се што си направил за неговиот син“. Лог потоа добивал пораки и од својата сопруга. Бил убеден дека се вистински зашто на своето прашање каде се сретнале прв пат, добил точен одговор: „Во куќата на Чарли Спероу во Фремантл“.

Во голема мера ги обвинуваат измамниците за тоа што не се признаваат и убедливите докази за спиритуалистички контакти. И некои фотографии биле сомнителни докази. Се уште никој не ги објаснил доказите што ги собрал полскиот медиум Франек Клуски во периодот од 1919 до 1923 година. Д-р Густав Гелеј, директор на Меѓународниот институт за пара-психологија во Париз, го опишал Клуски како крал на медиумите зашто можел да ги „натера“ духовите со кои општел да го нурнат своето лице или рацете во восок што вриел, а потоа во студена вода. Вака создадениот восочен калап подоцна би можел да биде претворен во гипсена одливка. Споредувањето на гипсените ракавици направени во текот на неговите сеанси со рацете на присутните во собата, покажало дека тие не одговараат на никого од присутните. Отворот на ракавиците бил толку мал што никој не можел да ја провлече раката без да ја уништи.
Црквата често го проучувала спиритуализмот, но одбивала да ги објави своите наоди. Козмо Ланг, надбискуп од Кентербери, во 1937 година го држел во тајност извештајот на седум од вкупно десет одбори под надзор на бискупите Бат и Велс. Во него пишувало: „Некои посебни психички искуства даваат докази што се доволни за да се поверува во можностите за комуницирање со духови. Мислиме дека тоа во некои случаи потекнува од отфрлените души... постои јасна коинциденција меѓу чудесните случувања забележани во Евангелието и современите појави за кои сведочат спиритуалистите“.
Тоа што одбивал да го објави додека бил жив, надбискупот Ланг очигледно бил подготвен да го направи по својата смрт. Неговиот глас во 1959 година, 14 години по неговата смрт, се појавил преку медиумот Лесли Флинт, велејќи: „Што се однесува до спиритуализмот, јас се плашев од него. Но тој постои и важно е сите луѓе да дознаат за тоа...“
Потоа гласот стивнал. Пораката никогаш не била довршена.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
И го сменив насловот на темава во нешто далеку поопшто и посеопфатно, и со тоа дискусиите за овие луѓе феномени да бидат пообемни, бидејќи примерите за нивното постоење и работа се многу.

Повелете.

п.с Патриша Аркет :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Во ред нема проблем. Јас претходниот наслов го ставив бидејќи под тој наслов ја најдов статијата :helou:
 
аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
многу често појавата на изговарање туѓи гласови и мисли е објаснувана со епилепсија, шизофренија и многу друго психотични појави
сепак останува да се објасни како типката компонирала такви мелодии а појма немала од клавир и слични ситуации
јас лично сум христијанин, сепак не верувам многу во духови, демони и слични појави од мистичен карактер
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Спирутализмот на сестрите Фокс

Спиритуализмот е само еден од малкуте мистерии што ги намачиле разумните луѓе. Многу луѓе ја негираат самата помисла дека живите можат да комуницираат со мртвите.
Па сепак, не се во состојба да објаснат на кој начин средовечната вдовица во Балем, Лондон, компонирала класична музика во стилот на старите мајстори... или како кралската морнарица, која не се занимавала со археологија, успеала да ја одреди точната положба на урнатините на древниот Гластонбери... или како една американска домаќинка од Сент Луис, Мисури, напишала роман на автентичен средновековен англиски јазик.

Спиритуализмот се родил во март 1848 година во една мала дрвена колиба во Хајдсвил, Њујорк. Тоа бил домот на фармерот со методистичка вера, Џон Фокс, на неговата сопруга и на нивните ќерки Маргарита (15) и Кети (21) кои живееле во областа Вејн. Ноќе се слушало некакво необично тропкање. Сосем случајно, девојчињата откриле дека, ако потпукнуваат со прстите или ако удираат по масата, им било одговарано со ист звук...

Кога Кети изговорила неколку тивки гласови, чула ист број на удари. Еднаш госпоѓа Фокс прашала за возраста на своите ќерки и чула две соодветни серии удари, плус три. Нејзиното најмало дете умрело кога имало три години.
Семејството развило соодветен код од удари и знаци за комуницирање со силата што се криела зад шумовите. На тој начин, според сопственото тврдење, откриле дека таа сила, всушност, е духот на починатиот трговец Чарлс Розма, кој бил убиен од тогашниот сопственик за да може да ја зграпчи неговата полна торба и металната кутија со 500 долари. Од сите тие работи не било пронајдено ништо, иако, според дадените упатства, го прекопале секој дел на подрумскиот под. Кога во 1904 година се урнал подрумскиот ѕид – се појавиле костурот, металната кутија и остатоците од торбата на трговецот.

Приказните за способностите на ова семејство да разговара со мртвите се ширеле како оган токму во времето кога теоријата на Чарлс Дарвин за развојот на човекот од мајмун го побивала црковното учење за задгробниот живот. Набргу се појавиле и поединци од двете страни на Атлантик што тврделе дека имаат слична моќ да воспостават контакт и да пренесуваат пораки со тропкање, зборување и со таканареченото автоматско пишување.

И книжевникот сер Артур Конан Дојл, кој бил ценет поради логичното размислување на неговото детективско остварување, Шерлок Холмс, станал нивни пламенен приврзаник. Меѓу приврзаниците бил и водечкиот британски научник сер Вилијам Крукс, претседател на Кралското друштво. Кралицата Викторија одела на сеанси за да контактира со својот покоен сопруг Алберт и се враќала убедена дека успеала во тоа.

Нечесните во тоа гледале можност да заработат од лековерните и научниците и новинарите демаскирале голем број лажни медиуми и фотографи. И покрај осудата на јавноста, во времето кога славело 100 години од основањето, спиритуалистичкото движење имало 50.000 членови во Британија и 250.000 во Америка. Над 100.000 луѓе купувале „Спиритистички вести“, неделна хроника богата со спиритуалистички активности. Откривањето на измамите на разни шарлатани било многукратно надоместувано со необјаснивите достигнувања на сериозните медиуми – како што се способностите на госпоѓа Розмари Браун.

Госпоѓа Браун купила пијано веднаш по завршувањето на Втората светска војна, но прекинала со земањето часови по само една година. Нејзините соседи во Балем, на југот на Лондон, кажувале дека музиката не ја интересирала премногу. Одвај излегувала на крај и со химната. Меѓутоа, таа во 1964 година извела пијанистичко дело што можел да го компонира само некој од класичните мајстори.

Таа тврдела дека композиторот Франц Лист, кој умрел во 1886 година, ги водел нејзините прсти по нотите и рекол: „Ќе се вратам. Имаме уште толку да направиме заедно“.
Следните неколку години госпоѓа Браун напишала 500 нови композиции, сите во стилот на големите мајстори. Имало 40 страници со „Шубертови“ сонати, 12 исто така „Шубертови“ песни и неизведената фантазија во три става “од Бетовен“.
Госпоѓа Браун укажувала дека секој композитор комуницирал со неа на поинаков начин. Лист и Шопен и ги воделе прстите по клавишите, а таа подоцна го запишувала делото. Шуберт се обидувал да пее, но имал просечен глас. Бах и Бетовен, едноставно, и ги диктирале нотите. Сите и се обраќале на англиски, но кога биле налутени, зборувале на мајчиниот јазик. Бетовен извикал: „Mein Gott!“ кога еден ѕвончето ги прекинало во работата.

Во 1970 година била издадена ЛП-плоча со некои од тие дела. Критичарите биле поделени околу нејзината вредност, но се согласиле дека стиловите биле автентични. Композиторот Ричард Родни Бенет изјавил: „Ваква музика не можете да фалсификувате или да имитирате без долгогодишно вежбање. Ни јас не можам да го фалсификувам Бетовен“.

Гластонбери во Сомерсет бил историско место. Легендата вели дека таму се погребани кралот Артур и кралицата Гвенивера и дека светиот грал – садот што го користел Христос во времето на тајната вечера – бил закопан под изворот во Тор. Секоја година илјадници туристи оделе да ги видат тие древни урнатини не знаејќи дека многу нивни тајни ќе бидат откриени од спиритуалистите. Археолозите се фрлиле на работа, инспирирани од средновековниот ракопис, верувајќи дека го напишал некој монах, но писанието всушност го напишал во транс некој поморски офицер. Тој не знаел ништо за тоа како бил создаден записот, а не се интересирал некако посебно за него ниту подоцна.

Џералдина Каминс, ќерка на професор по медицина, во 1924 година почувствувала дека некоја невидлива рака го води нејзиното перо. Во текот на еден месец напишала над еден милион зборови со тој автоматски ракопис. Стручњаците од Едингбург и од универзитетот Сент Ендрју во Шкотска, споредувајќи ги документите и ракописот, откриле дека се согласуваат со описот на животот на апостолите по смртта на Христос, забележан од христијанинот Клеофас во првиот век. Истражувачите се согласиле дека приказните содржеле детали што би можеле да потекнуваат само од некој што живеел во времето на апостолите. Госпоѓица Каминс никогаш не студирала теологија и не знаела ништо за материјата за која пишувала.

Госпоѓица Грејс Рошер во 1957 година седела во својот дом во Кенсингтон, Лондон, пишувајќи му на пријателот. Одеднаш перото во нејзината рака почнало да се движи само од себе пишувајќи: „Со љубов од Гордон... тоа сум јас, Гордон“. По четири дена се се повторило, но овој пат со опис на смртта на Гордон Бардик во Канада пред 15 месеци.
Госпоѓица Рошер го познавала добро. Тој само што тргнал за Англија за да се ожени со неа, кога одненадеж починал. Но не можела да ги знае деталите што сега лежеле напишани на хартијата. Кога нејзиното писмо било пратено на графолог, заедно со писмата од Бардик, тој заклучил дека сите писма се напишани со иста рака.

Директен контакт со духот е реткост. Многумина ги користат медиумите каков што е Лилијана Бејли. Нејзе и се обратил за помош некој австралиски дефектолог, специјалист за вежбање на говорот, Лајонел Лог, кога во 1945 година во Лондон му умрела сопругата. Го очекувало двојно изненадување.

Дваесет години порано кралот Џорџ V побарал од Лог да го учи неговиот син, војводата од Јорк (кој подоцна ќе стане Џорџ VI) и да му помогне да се ослободи од пелтечењето. По осум години Лилијана Бејли му рекла на Лог: „Кралот Џорџ V е тука. Ме замоли да ти заблагодарам за се што си направил за неговиот син“. Лог потоа добивал пораки и од својата сопруга. Бил убеден дека се вистински зашто на своето прашање каде се сретнале прв пат, добил точен одговор: „Во куќата на Чарли Спероу во Фремантл“.

Во голема мера ги обвинуваат измамниците за тоа што не се признаваат и убедливите докази за спиритуалистички контакти. И некои фотографии биле сомнителни докази. Се уште никој не ги објаснил доказите што ги собрал полскиот медиум Франек Клуски во периодот од 1919 до 1923 година. Д-р Густав Гелеј, директор на Меѓународниот институт за пара-психологија во Париз, го опишал Клуски како крал на медиумите зашто можел да ги „натера“ духовите со кои општел да го нурнат своето лице или рацете во восок што вриел, а потоа во студена вода. Вака создадениот восочен калап подоцна би можел да биде претворен во гипсена одливка. Споредувањето на гипсените ракавици направени во текот на неговите сеанси со рацете на присутните во собата, покажало дека тие не одговараат на никого од присутните. Отворот на ракавиците бил толку мал што никој не можел да ја провлече раката без да ја уништи.

Црквата често го проучувала спиритуализмот, но одбивала да ги објави своите наоди. Козмо Ланг, надбискуп од Кентербери, во 1937 година го држел во тајност извештајот на седум од вкупно десет одбори под надзор на бискупите Бат и Велс. Во него пишувало: „Некои посебни психички искуства даваат докази што се доволни за да се поверува во можностите за комуницирање со духови. Мислиме дека тоа во некои случаи потекнува од отфрлените души... постои јасна коинциденција меѓу чудесните случувања забележани во Евангелието и современите појави за кои сведочат спиритуалистите“.

Тоа што одбивал да го објави додека бил жив, надбискупот Ланг очигледно бил подготвен да го направи по својата смрт. Неговиот глас во 1959 година, 14 години по неговата смрт, се појавил преку медиумот Лесли Флинт, велејќи: „Што се однесува до спиритуализмот, јас се плашев од него. Но тој постои и важно е сите луѓе да дознаат за тоа...“
Потоа гласот стивнал. Пораката никогаш не била довршена.
 
T

Tetro

Гостин
Има за ова пишувано во подфорумов.

Не сум јас тој што треба да ти каже, ама стварно си копи-пекст без да размислиш нешто.
И ставај линкови, вака испаѓа дека крадеш.
Фала, среќни празници.

--- надополнето ---

http://iluzionist.com.mk/content/view/501/30/
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Има за ова пишувано во подфорумов.

Не сум јас тој што треба да ти каже, ама стварно си копи-пекст без да размислиш нешто.
И ставај линкови, вака испаѓа дека крадеш.
Фала, среќни празници.

--- надополнето ---

http://iluzionist.com.mk/content/view/501/30/
Добро Царе отсега тебе ќе те прашувам кога треба да правам тема а кога не , и ако сакам ке ставам линк , ти ако мислиш дека крадам бедни текстови , тогаш тоа си е твој проблем :smir: , патем дај кажи каде е ова пишано во подфорум????
 
Прочитав погоре дека пишува за две сестри.
Дали мислиш дека биле две, или имало и трета?
Царе.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Спиритуализмот и неговите фотографии и видеа за мене се топ откритие во човештвото кога станува збор за докажување пред обичните луѓе дека постои душа на човекот, дека постои реинкарнација и дека постојат духови. :love:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.305
Поени од реакции
79.003
Добро бе, кај си прочитал дека ектоплазмата е душа?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
@Црноризец Храбар

Овие слики се од Дејвид Девант. За неговите дела тој користи сенки. Се е ова трик и илузија, не се работи за никаква душа. :)
Неможев да најдам слики од сеансите на главниот во ова работа Вилијам Кукс од него само видеа има затоа ги ставив овие фотографии. Иначе на видеата од Кукс исто изгледа ектоплазмата како на фоторафииве погоре а Кукс тешко веројатно дека ке манипулира некој. Таков голем научник да се занимава со нешто ако е бесмислено скоро па невозможно. Ако гледаме од аспект дане некој го поткупувал за да манипулира е крајно невозможно големиве сили "водачи" на светот (Масони, Илуминати) да форсираат такво нешто. Они ги кријат големите тајни како реинкарнацијата и постоењето на душата. А пак Дејвид Девант ако манипулира со сенки и фотомонтажи претпоставувам сака да се пофали дека и он врши спиритуалистички сеанси... :)[DOUBLEPOST=1421007062][/DOUBLEPOST]
Добро бе, кај си прочитал дека ектоплазмата е душа?
Епа што е тоа ами што испаѓа од телото на човекот секогаш преку главата се движи како дим често се појавувало на една па на друга страна од просторијата каде се врши сеансата и најбитно се трансформира во повеќе човечки ликови. :)
 
Последно уредено:

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Неможев да најдам слики од сеансите на главниот во ова работа Вилијам Кукс од него само видеа има затоа ги ставив овие фотографии. Иначе на видеата од Кукс исто изгледа ектоплазмата како на фоторафииве погоре а Кукс тешко веројатно дека ке манипулира некој. Таков голем научник да се занимава со нешто ако е бесмислено скоро па невозможно. Ако гледаме од аспект дане некој го поткупувал за да манипулира е крајно невозможно големиве сили "водачи" на светот (Масони, Илуминати) да форсираат такво нешто. Они ги кријат големите тајни како реинкарнацијата и постоењето на душата. А пак Дејвид Девант ако манипулира со сенки и фотомонтажи претпоставувам сака да се пофали дека и он врши спиритуалистички сеанси... :)
Во свое време тој бил оној кој се осмелил да проба нешто што ќе го изненади светот, нешто дотогаш невидено. Во тоа и успеал. Денес се смешни неговите трикови и лажирања. Денес таквите ги викаме забавувачи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom