Сончев Град - сам себе го осудувал

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ПАТОТ ПРЕД АСФАЛТИРАЊЕ, „ЏЕВАИР ХОЛДИНГ“ ГО ПОДГОТВУВА ТЕРЕНОТ

НАПРОЛЕТ ЌЕ СЕ ГРАДАТ ПРВИТЕ 75 КУЌИ ВО СОНЧЕВ ГРАД



Изградбата на новата населба Сончев Град во Сопиште може да почне напролет в година, изразија надеж инвеститорите од турската компанија „Џеваир холдинг“, кои од Владата купија 83 хектари земјиште за 1,8 милион евра. Токму напролет се очекува да заврши изградбата на новиот пат на планината Водно, сообраќајна врска меѓу Сопиште и Скопје, најавен од Владата како предуслов за почеток на проектот.

Трасата за патот беше пробиена во јули 2013 година, а неговата намена е да ги спои јужната и северната падина на парк-шумата. Патот е практично продолжение на улицата Тодор Александров (поранешна „Салвадор Алјенде“), која минува покрај поранешниот хотел „Панорама“ кон Средно Водно каде што на вториот голем свиок се двои и продолжува кон идната населба.

Изградбата ќе се одвива во фази

Ејуп Учак, директор за врски и надворешни односи во „Џеваир холдинг“, информира дека откога ќе почнат со изградбата, имаат обврска отпрвин да реализираат 10 отсто од објектите, а потоа преостанатите 90 отсто даги градат во зависност од интересот на пазарот. Практично, изведбата на Сончев Град ќе се одвива во фази.

- Би сакале да започнеме со изградбата напролет. Независно од државните активности во моментов, како компанија работиме на терен подготвителни активности, а ги изработуваме и проектите - рече Учак.

Освен активности за изградба на патот, долг 4,5 километри, во моментов траат и градежните активности за реализација на фекалната канализација за населбата. Во август годинава беше избран изведувач, фирмата „Жикол“ од Струмица, а за водоводот изведувачот допрва ќе се бара. Фекалната канализација, чиј рок за завршување е крајот на 2015 година, и водоводот се инвестиции на Министерството за транспорт и врски. Двата проекта ќе чинат 9,5 милиони евра, пари што ќе се издвојуваат во три фискални години. Патот чини 6,7 милиони евра, исто така буџетски средства, а го изведува Агенцијата за патишта.

Kако што пред неколку месеци најави министерот Миле Јанакиески, канализација ќе се изведува во две фази и нема да биде наменета само за Сончев Град, напротив, и за граѓаните од блиските општини, кои досега немале соодветен пристап до овие комунални ресурси. Во првата фаза ќе се гради од Сопиште до раскрсницата меѓу булеварите Србија и Борис Трајковски, а во втората од Сопиште кон колекторот во Горно Лисиче.

Според градоначалничката на Kисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, новата канализациска мрежа е од големо значење за жителите на населбите Припор, Усје, Пинтија, Стаклара и Градинар. Ќе одговори на потребите на 13.000 жители на општина Kисела Вода, кои со децении користат септички јами.

Издадени дозволи за 75 куќи

Водоснабдувањето за новата населба беше и еден од проблемите поради кои никогаш не почна изградбата на населбата пред шест-седум години кога земјиштето беше во рацете на израелската компанија Industrial Buildings Corporation. Вода требаше да се донесе од Патишта Река, но поради протестите на мештаните, кои тврдеа дека тамошниот извор нема капацитет за да ја задоволи и новата населба, државата мораше да бара ново решение. Случајот цело време го следеа низа контроверзии. Поради овој проблем, но и поради катастарски недоследности, Израелците ја тужеа државата, а потоа спогодбено се повлекоа од тужбеното барање, по што Министерството за транспорт и врски пронајде нов инвеститор.

Во рамките на новата населба Сончев Град предвидено е отпрвин да се изградат најмалку 75 куќи, со кои ќе се запази договорот за исполнување 10 отсто од целиот проект. Општината Сопиште во мај годинава издаде градежни дозволи за овие куќи. Од нив повеќето се луксузни, а ќе има и неколку колективни објекти, трговски центар, образовни дејности, бензински пумпи, објекти за рекреација. Сите ќе се градат по принципот клуч на рака.

Во Сончев Град е предвидено да се изградат околу 600 куќи за речиси 6.000 жители.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=DC367CA01822234F8FD9081DFD98645C
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
600 куќи за речиси 6.000 жители
600 куќи за речиси 6.000 жители

Македонци планираат да живеат тука или.....?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
600 куќи за речиси 6.000 жители
600 куќи за речиси 6.000 жители

Македонци планираат да живеат тука или.....?
куќи или станови ?? паметот ти е само во одложување на избори :D
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
куќи или станови ?? паметот ти е само во одложување на избори :D
Не знам дали да ти реплицирам ?
Ме цитираш за пост од пред точно година и пол, каде сум пренел новинарски текст од Дневник , кој буквално гласи така “Во Сончев Град е предвидено да се изградат околу 600 куќи за речиси 6.000 жители“.
Тргни ја политиката од памет цело време , има и други интересни работи во животот....

ПС. Уште ми е отворено прашањето дали со план од 10 души во 1 куќа се планира Македонци да живеаат таму, мада со последниве настани со избирачкиот список, ми се разјаснува :D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Не знам дали да ти реплицирам ?
Ме цитираш за пост од пред точно година и пол, каде сум пренел новинарски текст од Дневник , кој буквално гласи така “Во Сончев Град е предвидено да се изградат околу 600 куќи за речиси 6.000 жители“.
Тргни ја политиката од памет цело време , има и други интересни работи во животот....

ПС. Уште ми е отворено прашањето дали со план од 10 души во 1 куќа се планира Македонци да живеаат таму, мада со последниве настани со избирачкиот список, ми се разјаснува :D
ти виде во планот дека се работи за индивидуални куќи за по 1 семејство ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom