Епа, драги кајганџии, со овие негови постови, да ви го претставувам човекот (всушност тој сам се претставува) што го претставува она што се нарекува злобност, и фала богу што после полноќ не може веќе да го контролира бесот и се појавува гол, исто како што го родила мајка му, лош, многу нервозен, со навреди и негативност, со единствена цел, да се нахрани уште еден ден (и да добие некој лајк плус).
Морон од прва класа, кој ниту еден од претходните постови не успеа да го изџвака, изгледа е научен да џвака нешто друго цело време.
Личност која очигледно не ни знае како изгледа едно семејство, бидејќи тоа не одговара на неговите вредности, и кој цело време се труди да продава муда за бубрези, и исто како теоријата на Гебелс - „најди еден непријател, обвини го цело време па сигурно ќе ги добијеш изборите“ (во споредба со тебе, кој сигурно ќе го гласаш ВМРО, оти тие повеќе ги пцујат шиптаpите, моето ливче ќе биде исчкртано).
Темата е соживот, а овој е тотално спротивност од синонимите за соживот, и ако некој го познава лично, ве молам однесете го што порано во
психијатрија, оти готов е човекот (ќе му помогнете, стварно).
За мене мисијата со овој морон е завршена, завесите може да се спуштаат, со една досетка (нормално за магарето ќе биде глупава):
Се инатат волкот и магарето за тоа каква боја е тревата
Волкот: Тревата е зелена!
Магарето: Тревата е жолта!
Се договараат да одат кај лавот, нели дека тој кралот на животните, да пресуди кој е во право.
Ги сослушал лавот и го праќа волкот еден месец во затвор, а магарето го пушта на слобода.
Волкот му вели на лавот: О кралу, зарем и ти тврдиш дека тревата е жолта, па ме осуди заради тоа?
Лавот: Не, тревата е зелена и за тоа си во право. Ама крив си што си фатил да се инаетиш и расправаш со едно магаре.