Снегот пак ги изненади Македонија Пат - 7 часа од Скопје до Охрид и Струга

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Темава ја отворам со намера да ја документираме ‘работата‘ на Македонија Пат, односно дремење за време на работа и префрлување на одговорноста кон факторот изненадување.Истовремено и рекордите постигнати при возење во вакви услови.
А вистина ги сфаќам до негде, зошто снегот и зимата се без култура и дошле ненајавени, па уште во средина на декември, како и секоја година?Па и овие со возилава, зошто не тргнеле пешки, можда ќе стигнеле побрзо...

7 часовна голгота од Скопје до Охрид
Ниту во најцрните и најлудите сценарија на скептиците од земјава, никогаш нема да сретнете дека релација од 180 километри се поминува за нешто повеќе од 7 часа. Ако ова го кажете на некој што не е од кај нас, сигурно ќе помисли дека го лажете. Ова писмо е напишано со цел да се долови целата голгота, во која беа инволвирани голем број на граѓани. Онаа позната фраза „снегот не изненади и оваа година“ се покажа како точна, токму за релацијата од нашата метропола до Охрид, преку онаа стандардна рута од кај „Стража“.


Автобусот кој сообраќааше на овој патен правец, во 14 часот тргна од Автобуската станица во Скопје. Временските прилики во овој дел од земјата, не навестуваа ама никакво попречување на патот. Откако ја поминавме втората наплатна рампа близу Тетово, некои делови од патната инфраструктура беа целосно покриени со бела боја, а сигнализацијата воопшто не се забележуваше. Снегот после Гостивар, се повеќе добиваше на интензитет. Влажните и замрзнати коловозни ленти накај Стража, само говореа за невремето кое ќе претстои. „10-минути пауза“, одекна од шоферот кога автобусот се паркира на ова место. Стража беше букавлно затрупана во снег. Повеќето патници останаа на своите места во возилото, без да знаат што не чека во патот кој ни претстои.

Откако ги испивме кафињата, автобусот повторно тргна. Тука и започна оваа наша голгота. Околу 16 часот и 8 минути се наоѓавме во близина на Тајмиште, пред Кичево. Замрзнатиот и непрооден пат говореше дека на никој од надлежните, не му беше гајле што колони од возила се редеа едно зад друго. Со снег беа прекриени сообраќајните знаци и заштитните огради. Застанувањето беше неодминливо, а глетката ужасна. Тешки товарни возила ги блокираа коловозните ленти. Некои излетале од патот, а најупорните возачи на автомобили се обидуваа со два пара синџири да го продолжат патешествието.

Информации за овој настанат хаос стигнуваа од сите страни. Некои сметаа дека сообраќајна несреќа е причината за застојот, додека други слушнале за некакви одрони. Во пракса, сите ние бевме сведоци дека снегот кој падна уште пред неколку дена, не беше исчистен од патот. Трагедијата да биде поголема, е што во нашиот автобус имаше странски турист, кој со неверување и страв гледаше на ситуацијата. Сигурно ќе пренесе на далечниот исток за голготата која му се случуваше. После неколку часа, километарската колона полека почна да се придвижува. Го поминавме и специјалното возило на „Македонија пат“, кое стоеше затрупано во снег. :pos: Со уште неколку застои, околу 19 часот и 15 минути стигнавме во Кичево.

Откако се рашири информацијата за нов застој на „Пресека“ се снабдивме со намирници. За наша среќа, успешно го поминавме и овој патен правец. До Мешеишта се возеше во исклучително тешки услови, а во 21 часот конечно пристигнавме во Охрид.

Како категорија граѓани која редовно патува на оваа релација, ги замолуваме надлежните да ја заборават онаа гореспомената фраза, а на возачите да им обезбедат оптимални услови за возење. На сите оние кои управуваат со возила им препорачуваме крајна внимателност на овие патни правци, каде чистењето на коловозите се одвива бавно. Да де, снегот ги изненади повторно службите.
Авторот познат на редакцијата

*OhridNews ги објавува текстовите во рубриката Писма-Колумни во оригинал како што се испратени и редакцијата не сноси одговорност за содржината на истите.
23
09.12.2012 07:00

Прочитана е : 3254 пати


© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.

Кај Зајас



Пред 10 месеци, на истата делница:

Автобус на „Галеб“ кој сообраќал на релација Охрид - Скопје во 15 часот, попладнево околу 16.30 часот имал незгода во близина на Зајас - Кичевско.Имено, пред автобусот на лизгавиот коловоз се испречил камион, а за да го избегне, возачот на звтобусот реагирал присебно и го спуштил автобусот покрај патот.

-Во незгодата нема повредени, а патниците се претоварени во друго возило со кое се упатиле кон крајната дестинација, информираат од „Галеб“. Оттаму уште додаваат дека поради лошите временски услови автобусот сеуште не е извлечен од местото на незгодата и засега никој не се одзвал на апелот на компанијата за помош. „Поради лошите временски услови и забраната за товарни возила на Пресека не сме во можност да испратиме сопствено возило да го извлече автобусот“, посочуваат од „Галеб“.
Пресека

Охрид - Кичево

Скопје - Тетово - Гостивар автопат

Битола - Ресен - Охрид

Битола - Прилеп

Маврово - Дебар - Струга


Автомобил слета од пат на стариот пат Струга - Охрид

Снегот, лизгавиот коловоз и неприлагодената брзина се причина за голем број незгоди. Вчера попладне автомобил „Шевролет“ излета на стариот пат Охрид - Струга. За среќа во незгодата нема повредени, а причинета е помала материјална штета.

Инаку, сообраќајот по стариот пат Охрид - Струга се одвива крајно отежнато, бидејќи не е исчистен. На коловозот има снег, поради што на возачите им се препорачува да бидат крајно внимателни.

OhridNews
12.02.2012 00:05

Прочитана е : 4440 пати

© 2012 Ohridnews.com
Истиот период лани видов рекорд, над 4 сати од Битола до Охрид :tapp:


Со вакви постапки самата држава е иницијатор на неплаќање и избегнување данок.
Не ги обвинувам (целосно) оперативците во Македонија Пат, туку нивните раководители и квази менаџери.Кога данокот и други давачки не се искористен за ставки кои се наведени при уплатата (освен ова, патарините, давачките за полиција, разни шалтери, давачка за обнова на патишта при регистрација, обнова на книжен фонд и простории по факултети, заштита од монополи како ЕВН и Окта и слично) , зошто да плаќаме....
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Мојта мртва баба знаеше дека денеска ќе заврне снег посел сите најави и случки у комшилукот ( Балканот ) , а само овие шо им е работа да знаат дали ќе врне или не , биле изненадени ...
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Јас го фатив тоа ланското од Битола....2 часа сам си пцуев во колата:mad:
Стварно снегот изненади...македонија пат не се криви, само 2 часа каснеа.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Македонија пат уште еднаш на висина на задачата :facepalm:
Автобусот од Симекс што тргна во 16:00 од Скопје во Кичево стигна во 23:00
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.064
Поени од реакции
6.676
работата не е шала,вакви навеви нема шанса да се чистат дури врне......најпаметно е да се откажат сите патувања и да се остане каде што си додека не не одмине невремето кога и екипите ќе почнат со ефективно чистење......години се случува истото,кој видел знае
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Како и секоја година така и оваа имаме лето се продолжува до пролет
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
работата не е шала,вакви навеви нема шанса да се чистат дури врне......најпаметно е да се откажат сите патувања и да се остане каде што си додека не не одмине невремето кога и екипите ќе почнат со ефективно чистење......години се случува истото,кој видел знае
Ај вака да те прашам.Пред некоја година тргнав од Прилеп во 19:20, во Охрид стигнавме во 23:40.122 км. за 4 и кусур = 30 км/ч просечна брзина.
Најбитното..како е можно секција Ѓавато да го чистат патот од Битола до Ресен, а секција Буково Ресен - Охрид не го ни чепнале, при исти временски услови и иста опрема???
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.064
Поени од реакции
6.676
Ај вака да те прашам.Пред некоја година тргнав од Прилеп во 19:20, во Охрид стигнавме во 23:40.122 км. за 4 и кусур = 30 км/ч просечна брзина.
Најбитното..како е можно секција Ѓавато да го чистат патот од Битола до Ресен, а секција Буково Ресен - Охрид не го ни чепнале, при исти временски услови и иста временска опрема???
факт е дека немаме спремни служби,истата Македонија Пат е те во штрајк те во мирување те во работење........истата треба да се опреми со техника и средства за чистење на снегот и мразот по коловозите,а нив платите им каснат.....

но и факт е дека владее големо невреме пропратено со виулици и големи снежни наноси,па прашање е и со најсовремена техника колку може да се дејствува - веднаш по чистењето имаш нов пласт снег на коловозот,гледајќи го овај интензитет на врнење

самите компании кои вршат превоз треба да се свесни и да ги откажат патувањата во ова невреме кога може да се случат несреќи со големи последици,а не одговорноста да им ја тупнат на шоферите да се мачат во извршување на невозможна мисија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom