Смртни случаи од грипот А (Х1Н1) во Македонија

Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
Првиот случај беше ХИВ позитивен.
На вести ова рекле или го знаеш као од сигурни извори?
За вториот веќе ми е логично, мислам чоекот имал 77 години(мислам толку беше) ни обичен грип не би издржал.
 
krstenik

first things first
Член од
24 август 2009
Мислења
525
Поени од реакции
21
Дома > Македонија

Трета жртва од новиот грип во Македонија
Сеад Ризвановиќ Коментари (2)

28.11.2009 14:11

Звонко Миленковиќ

34-годишен маж без никакво хронично заболување почина на Инфективната клиника од последиците на новиот тип на грип.

Тоа е трета жртва од грипот во Македонија, откако во рок од месец дена почина 32-годишен маж и 77-годишна жена.

Од Инфективната клиника велат човекот бил примен со тешки симптоми кои предизвикале компликации.

„Со една брза клиничка прогресија на клиничката слика којашто за жал за помалку од 60-тина часа престој на Клиниката, завршува со фатален исход. Основната болест, засегањето на функцијата на белите дробови, е искомплицирана во текот на третманот со засегање на повеќе органи“, изјави Звонко Миленковиќ, директор на Инфективна клиника.

Од Министерството за здравство велат дека истражуваат дали има вина кај матичниот лекар или човекот не ја сфатил болеста сериозно. Велат сега не треба да се паничи, но бараат од граѓаните да ги следат мерките за заштита.

„За разлика од сезонскиот грип, каде што смртни исходи имавме кај постари лица хронично болни, овој тип на грип дава многу често случаи на смртни исходи кај помлади луѓе. Токму затоа во овој момент сите треба да бидеме внимателни. Пораки за граѓаните - доколку се разболат со симптоми слични на грип, да не се лекуваат сами дома“, рече Јованка Костовска, Комисија за пандемски грип.

Бујар Османи

Бидејќи веледрогеријата „Кемофарм“ се уште не ги испорачува вакцините против новиот тип на грип, Министерството веќе увезе 5 илјади вакцини од Турција, а сега директно ќе набави 20 илјади вакцини од друг производител.

Тендерот за добивањето на вакцините на „Кемофарм“ беше предмет за шпекулации во јавноста, се поставување прашање како баш таа веледрогерија ја добила зделката за увоз на 800 илјади вакцини. Тогаш јавноста беше убедувана дека постапката била транспарентна и дека „Кемофарм“ доставиле најдобра понуда.

„Има избор, пратен е избор од компанијата и до другите веледрогерии, известени се, тоа е постапка, известено е дека се избрани како најповолен понудувач, ние сме доставиле предлог договор во којшто точно ја пишува динамиката на испораката, меѓутоа не можам да влезам во детали затоа што ова веројатно ќе има судска разврска“, вели Бујар Османи, министер за здравство.

Во моментов шест луѓе се наоѓаат во тешка здравствена состојба од грипот, од кои двајца се во критична состојба.

Експертите веќе предупредија дека во наредниот период грипот побрзо ќе се шири.

извор
 
23 август 2009
Мислења
111
Поени од реакции
6
25-годишен маж, 44 и 55-годишна жена заболени од новиот тип на грип се наоѓаат во тешка здравствена состојба на Инфективната клиника.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116881

Шо знам јас лично не би се вакцинирал ама мои другари кои имаат родители доктори почнаа со вакцинација.

И очекувам после Новогодишните празници да се зголеми бројот на заболени.

Четврта жртва од новиот тип на вирус за само десетина дена. Почина 54-годишната жена која се бореше за живот на инфективната клиника

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116924

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
На вести ова рекле или го знаеш као од сигурни извори?
За вториот веќе ми е логично, мислам чоекот имал 77 години(мислам толку беше) ни обичен грип не би издржал.
Од 98% сигурни извори го знам тоа.

Според мене се е медиумска фама.
 
pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
34
Да да човекот бил 77 години, и ја мислам дека не би издржал ниту обичен грип.. мислам време му е било веќе.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
СКОПЈЕ, 5 декември - Трииполгодишно девојче од Скопје е шестата жртва на грипот А (Х1Н1), соопшти во сабота Министерството за здравство.

Детето било примено на Инфективната клиника на 01. декември во исклучително тешка општа состојба, поради што веднаш било поставено на респиратор.

Од Клиниката информираат дека девојчето уште од шестмесечна возраст било лекувано и во неколку наврати и хоспитализирано на Детската клиника поради конвулзии (грчеви).

И покрај максималната заложба на лекарите од Клиниката и обезбедената медицинска грижа, во петок вечер настапило нагло влошување на нејзината здравствена состојба и констатирана е смрт во раните утрински часови.

Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти, додека на инфективното одделение во Воената болница се згрижени уште тројца пациенти, сомнителни за инфлуенца А Х1Н1. Сите новопримени пациенти се во стабилна здравствена состојба, освен една пациентка, која е примена со знаци за тешко респираторно засегање и бара континуирана поддршка со кислород.

И натаму, во тешка општа состојба е 25-годишниот пациент со бронхопневмонија (примен а 28.11), кој се уште е на респиратор, како и 40-годишна пациентка, хоспитализирана на 02.12., чија здравствена состојба синоќа нагло се влошила, поставена е на асистирана вентилација и се уште е во многу тешка состојба.

Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 98 болни, додека во Воената болница се лекуваат 36 пациенти со симптомите на новиот тип на грип.

На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 11 нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 63 пациенти со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години).

Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, а подобрена е и здравствената состојба на двете деца, хоспитализирани во претходните денови. Исто така, во изминатото деноноќие дома се пуштени 12 дечиња, откако е констатирано целосно повлекување на симптомите на грип.

http://www.tocka.com.mk/vest.php?vest=15644
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Седма жртва од грипот А Х1Н1

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117206
Почина 25-годишното момче од Битола кое последните дена се бореше за живот на Инфективна клиника. Според лекарите, тоа претходно немало никакви здравствени проблеми.

Исто така кажаа дека доколку бројот на заболени е поголем можно е зимскиот распуст да почне побрзо, или да биде продолжен после божиќните празници.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
До сега колку официјално има заболени од свински грип ?
 
~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
леле се надевам дека ќе решат на 15 декември да завршиме. стварно страв ме фаќа кога ќе се сетам само во нашата паралелка по колку деца на ден не идат на школо. 30 деца сме, а во средата бевме 16:nesvest: министеру дај бе реши побрзо
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
До сега колку официјално има заболени од свински грип ?
Во Македонија последнава недела се регистрирани околу 2.770 заболени од А Х1Н1. Според надлежните, бројката е многу поголема бидејќи голем дел се лекуваат дома.

леле се надевам дека ќе решат на 15 декември да завршиме. стварно страв ме фаќа кога ќе се сетам само во нашата паралелка по колку деца на ден не идат на школо. 30 деца сме, а во средата бевме 16:nesvest: министеру дај бе реши побрзо
Треба стварно нешто да се превземи, ептен брзо се шири грипот. Ние па денес на школо од 27, 15 бевме . :toe:
 
M

M del Mar

Гостин
Цццц...па и 7 смртни случаи се премногу...треба да умрат 10 000 па да превземат нешто :tapp:
Мене ми е страв у школо да идам...скоро сите грипосани од сезонски без гајле си шлаат по ходници...на часови од 36 мислам дека едвај 15 16 има...
а тек тие шо патуваат со бусови...ги жалам
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.998
08.12.2009 14:32

Двајца пациенти починаа во изминатите 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје како резултат на масивна бронхопневмонија и со потврден грип А(Х1Н1), соопшти Министерството за здравство.
Првиот пациент, роден 1974 година, бил примен на Клиниката на петти месецов, во тешка општа состојба и веднаш бил ставен на респоратор. Но по два дена дошло до влошување на неговата здравствена состојба и синоќа на полноќ е констатирана смрт.
Вториот починат пациент, роден 1982 година, завчеравечер бил примен во изразито тешка општа состојба, веднаш бил ставен на кислородна поддршка, но вчера нагло му се влошила состојбата и во доцните попладневните часови била констатирана смрт.
Со последните два случаја, бројот на жртви од новиот тип на грип достигна девет.
Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани уште 13 нови пациенти, а на инфективното одделение во Воената болница е згрижен само еден нов пациент, со симптоми на новиот грип.
Министерството информира дека сите новопримени се во стабилна состојба, освен еден пациент, кој веднаш е ставен на континуирана поддршка со кислород.
На Клиниката во моментов се хоспитализирани вкупно 112 болни, додека во Воената болница се лекуваат 42 пациента со симптоми на грипот А(Х1Н1).
На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 15 нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 56 пациенти со симптоми на грип, на возраст од шест месеци до пет години. Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен две деца, кои имаат потешка форма на пневмонија.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117239
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Веќе се 9, сигурен сум дека до крајов на неделава ќе има и повеќе од 12 . :tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom