е па ако се заканува напразно, таков однос и ке добие.. јас со гланц си имав ПОТПОЛНО ИСТИ ПРОБЛЕМ... му го носам моторот, со непројдени 500 километри и му викам, абе брат, ова троши 7,5 на 100.. почна да ми изведува нешто, абе во милји мери километражникот не во км... ок сега ке проверам му викам, излегов и точно знам колку се 3 километри на едно место, во лисиче, зашто кога возев такси на времето, тука се проверуваа таксиметрите ако некој поднесеше приговор... и излезе дека е во километри, пак се вратив, па почна нешто одоколу одоколу, во суштина вработен е тој таму, и гледа што помалку занимација да си има... иако под нос му ја туткам гаранцијата цело време, и му кажувам дека знам што е проблемот, дека е до саухот елкетронски, он на крај ми вика, дека тоа ке ме коштало 2500 денари, да го смени... аха... ок, ај да размислам па ке дојдам накнадно...
фино лепо, вечерта, за претставништвото на гланц, пишав цивилизирано писмо-меил со сочна закана.. следниот ден добив по меил одговор дека ме очекуваат во сервисот да ми го средат моторот... да видиш како типот од врата полета накај мене да го придржи моторот, додека се симињам од него...
ако кренеш бука во прв момент, и вработениот ке има оправдање пред директорите дека си се заканувал, на висок тон си зборел и слично... и пак ке те заебат... пред твои очи ке го извади делот и ке ти тури ист таков, расипан.... едно време во гаранциите пишуваше и очекувана потрошувачка... после тоа го избришаа, во понудите им го пишуваше... како и да е и тој документ му го пикнав под нос... изволте пиле, направи да троши 3-3,5 како што пишува и да иде до 80-90 како што пишува (за 150-ка се работеше)... и го направи,нормачно смени саух, штелна карбуратор, тоа можев и јас нели, ама под гаранција си е, нека си средат, зашто ако чепкам, ке изгубам гаранција за другите работи...
а кога истече гаранцијата после знаев што да му правам јас за да иде 110, ама до тогаш се занимав со нив...