Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Кој воопшто гледал за некој си распоред на нешто, првобитно е гледано да се исперат што побрзо и што повеќе пари за кои веројатно никогаш нема да знаеме колку се испотрошени/украдени, но најверојатно ќе осетиме наскоро кога ќе почнеме тие исти задолжени пари да ги враќаме.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 1654.jpg и оваа „најтесна“ зграда е од овој проект,секое ќоше по било која цена да се заземе.карши главниот влез на хотел Турист,
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.993
Поени од реакции
14.798
ако го погледниш АЕК ,ќе добиеш конкуренција:vozbud:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.073
Поени од реакции
11.441
АПОСТОЛСКИ, СУГАРЕВ, ТОШЕВ… Пет нови споменици и уште една фонтана ќе никнат во Скопје?


Генерал Михајло Апостолски, Пере Тошев, Ѓорѓи Сугарев, Никола Петров Русински и Андон Лазов Јанев-Ќосето – ова се историските личности кои исто така ќе добијат свои споменици во Скопје. Програмата за обележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја ќе се најде пред советниците на Град Скопје на претстојната седница в понеделник.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
236
Поени од реакции
422
Немам апсолутно ништо против спомениците, али најстрашно од една страна и најсмешно од друга страна е тоа што сите овие револуционери никој не потекнува и не дејствувал во Скопје, а сите ги начукаа во Скопје.:facepalm:

Сите градови коишто дале свои Комити и револуционери не добија споменици, а Скопје што не даде ништо доби се. Кој ве ебе провинцијалци .!. :D
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.107
за споменици и фасади во центар, за шизофрениот проект 2014 и за црквичиња и патеките од камчиња за пешаци, велосипеди, мајки со бебиња и домашни миленици пари секогаш има. За мешаните населби од општина Чаир и општина Бутел за основни егзистенцијални проекти, парите се намалуваат или проектите се укинуваат.

Насловот инаку би го корегирал-од интерес на сите што живеат таму

Скратени средствата за проекти од интерес на Албанците
Советникот на ДУИ, Ќемал Муслиу, за време на редовната седница на Советот на Град Скопје, го праша градоначалникот Коце Трајаноски, која е причината што проектите за Албанците не почнале да се реализираат. Тој го потсети Трајановски дека улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Цветан Димов“ и „Пластичарска“ се уште не се на дневен ред.
„На два проекти се намалува износот на средствата и станува збор за проектот за фекална и атмосферска канализација во месната заедница „Бајрам Шабани“, како и намалување на финансиските средства на проектот за проширување на улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Чаир, со кружниот тек. Исто така сум заинтересиран зошто не започна реализацијата на „Пластичарска“ улица, особено проширувањето, на многу очекуваната улица за сите, „Цветан Димов“. Кога ќе се прави буџетот за наредната година, ако не ги започнете овие проекти, тогаш може да го промениме мислењето“, рече Ќемал Муслиу, советник на ДУИ во Град Скопје.

Градоначалникот Трајаноски го објаснуваше нереализирањето на проектите во Чаир со нерешени имотно – правни проблеми. Тој рече дека сите спомнати проекти ќе се реализираат. :tapp::facepalm:
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
се да се изора во чаир. да се направи еден убав парк :ROFLMAO:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
АПОСТОЛСКИ, СУГАРЕВ, ТОШЕВ… Пет нови споменици и уште една фонтана ќе никнат во Скопје?


Генерал Михајло Апостолски, Пере Тошев, Ѓорѓи Сугарев, Никола Петров Русински и Андон Лазов Јанев-Ќосето – ова се историските личности кои исто така ќе добијат свои споменици во Скопје. Програмата за обележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја ќе се најде пред советниците на Град Скопје на претстојната седница в понеделник.
Сите до еден (со некои ситни исклучоци) се на коњ качени.
Мене ме интересира ко ќе почнат да им прават споменици на личности од поновава историја, како ќе ги претстават?
На коњ не бива, демоде е... Во мерцедес ли ќе ги излијаат? На мотор качени? :cautious:
 
Член од
6 август 2012
Мислења
174
Поени од реакции
77
Сите до еден (со некои ситни исклучоци) се на коњ качени.
Мене ме интересира ко ќе почнат да им прават споменици на личности од поновава историја, како ќе ги претстават?
На коњ не бива, демоде е... Во мерцедес ли ќе ги излијаат? На мотор качени? :cautious:
Хахх..Седи не им буди машта, поколенијата на Амди,среде шутка ќе го дигнат качен во авион.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
http://republika.mk/?p=287995

Кич над кичовите, поморска тематика, келнери (или што и да се) со некоја глупа униформа у комбинација со антички елементи, знамиња, штитови, униформи. Пари да ми даваат не би стапнал у местово.

Ресторанов нема никаква историска и логичка поврзаност со Скопје и Македонија, ниту во антиката бродовите изгледале така, ниту пак во времето кога овој брод би требало да го претставува го имало во Скопје, а и да имало на него сигурни немало фаланга воини. Која е поентата на ваквиот спој во ова архитектонско чудовиште ич не ми е јасно.

А веќе ги замислувам големите „естрадни уметници“ како симаат глупи спотови за уште поглупави песни во кичерајот, а петпарачки шмизли како објавуваат селфиња на фејсбук сликани во „елитниов пловен објект“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom