Охрид на тезгите за книги, има кутии со книги фрлени настрана, пишува 3 за 100 денари. Ај си велам да видам што има таму. Гледам се добри книги, изданија на Блесок. Нови книги, ги гледам неоштетени, пола од нив буквало кога ќе ги отвориш мирисаат на ново, другите не верувам ни да ги прочитал некој. Седат така фрлени најнакрај, еј си викам ова гарант е грешка нема шанси.
Да купиш книга од Блесок треба да продадеш бубрег или нешто слично, овде чмаат така. Ги грабам сите изданија на Блесок што ги имаше во кутиите. Зедов 9 книги и одам да платам со сиот срам, си реков овој ќе ме врати или ќе ми побара ѓаол ипол цена некоја. Смирено така ко никому ништо ми вели 300 денари дечко, а јас држам 9 книги во мене лооол кој кого зеза овде. Како бе му викам овие ги давате вака, тој ми вели - па никој не ги купува што да правам. Супер.
Ова ми е најдобар улов досега. Пресметував колку се на ново на страната на Блесок, испаѓа да сум заштедил 3 400 денари.