T
Tetro
Гостин
Theodore Robert Cowell или "Ted" Bundy (24-ти Ноември 1946 - 24-ти Јануари 1989)Сте ги заборавиле Тед Банди (убиец на жени)
Ги користел и следните имиња: Kenneth Misner, Chris Hagen, Richard Burton, Officer Roseland, Rolf Miller.
Ние сериските убијци сме вашите синови, ние сме вашите мажи, ние сме секаде. И ќе има уште повеќе од вашите деца утре мртви. - Тед Банди
Тед Банди е роден во 1946 година од немажена мајка која била само 22 години. Во младоста, неговите дедо и баба го прифатиле како нивен син, и така го научиле, да верува дека тој е нивен син и дека неговата мајка е неговата постара сестра. Банди бил добар ученик, првата девојка го оставила со скршено срце. Потоа, тој како ги поминува годините се обидува да ја врати назад, и на крајот кога таа му се вратила, тој почнал да убива невини луѓе, повеќето од нив во периодот помеѓу 1974-та и 1978-ма година.
Банди бил навистина привлечен и атрактивен за жените, со доста добар изглед, што му помогнало да го привлече вниманието на своите жртви. Неговиот уникатен стил на приближување на потенцијалните жртви ќе вклучувал имитирање на повреда на раката со поставување на лажна лонгета со ремен над неа. Пиел многу алкохол и им се приближувал за да ја добие нивната доверба, со глума како полицаец или пожарникар. Потоа со неговиот автомобил ги пренесувал жртвите и ги удирал по глава повеќепати. Потоа сексуално се изжувувал над жртвите, ги силувал. Честопати врз истите е забележан и полов напад врз мртви тела (некрофилија).
Банди се смета дека бил еден од топ 10 најзгодните сериски убијци на сите времиња. Мртвите женски тела ги чувал и по повеќе денови, притоа нанесувајки им шминка на лицето, се додека да се забележи дека почнуваат да се распаѓаат, по што ги фрлал во планината. Тој, исто така чувал некои од отсечените глави на своите жртви во неговиот стан повремено. Успеал двапати да избега од затворите каде бил чуван.
Во 1989 година, Банди бил егзекутиран со обвинение за 40 убиства, кои тој ги признал дека ги извршил. Пред да биде погубен на електричен стол на 24 јануари, 1989 година, Банди признал дека неговата зависност од порнографија била причина за неговите активности. Последните зборови Банди се: Би сакал да оддадам љубов на моето семејство и на пријателите.
Автобиографски филм е снимен во 2002-ра под наслов Ted Bundy.