Сериски убијци - Апсолутни рекордери

T

Tetro

Гостин
Сте ги заборавиле Тед Банди (убиец на жени)
Theodore Robert Cowell или "Ted" Bundy (24-ти Ноември 1946 - 24-ти Јануари 1989)
Ги користел и следните имиња: Kenneth Misner, Chris Hagen, Richard Burton, Officer Roseland, Rolf Miller.

Ние сериските убијци сме вашите синови, ние сме вашите мажи, ние сме секаде. И ќе има уште повеќе од вашите деца утре мртви. - Тед Банди

Тед Банди е роден во 1946 година од немажена мајка која била само 22 години. Во младоста, неговите дедо и баба го прифатиле како нивен син, и така го научиле, да верува дека тој е нивен син и дека неговата мајка е неговата постара сестра. Банди бил добар ученик, првата девојка го оставила со скршено срце. Потоа, тој како ги поминува годините се обидува да ја врати назад, и на крајот кога таа му се вратила, тој почнал да убива невини луѓе, повеќето од нив во периодот помеѓу 1974-та и 1978-ма година.

Банди бил навистина привлечен и атрактивен за жените, со доста добар изглед, што му помогнало да го привлече вниманието на своите жртви. Неговиот уникатен стил на приближување на потенцијалните жртви ќе вклучувал имитирање на повреда на раката со поставување на лажна лонгета со ремен над неа. Пиел многу алкохол и им се приближувал за да ја добие нивната доверба, со глума како полицаец или пожарникар. Потоа со неговиот автомобил ги пренесувал жртвите и ги удирал по глава повеќепати. Потоа сексуално се изжувувал над жртвите, ги силувал. Честопати врз истите е забележан и полов напад врз мртви тела (некрофилија).

Банди се смета дека бил еден од топ 10 најзгодните сериски убијци на сите времиња. Мртвите женски тела ги чувал и по повеќе денови, притоа нанесувајки им шминка на лицето, се додека да се забележи дека почнуваат да се распаѓаат, по што ги фрлал во планината. Тој, исто така чувал некои од отсечените глави на своите жртви во неговиот стан повремено. Успеал двапати да избега од затворите каде бил чуван.

Во 1989 година, Банди бил егзекутиран со обвинение за 40 убиства, кои тој ги признал дека ги извршил. Пред да биде погубен на електричен стол на 24 јануари, 1989 година, Банди признал дека неговата зависност од порнографија била причина за неговите активности. Последните зборови Банди се: Би сакал да оддадам љубов на моето семејство и на пријателите.

Автобиографски филм е снимен во 2002-ра под наслов Ted Bundy.
 
T

Tetro

Гостин
Жени - сериски убијци

Парите и материјалистичките тенденции е она што ги мотивира жените да бидат склони кон извршување на убиства во серија. Сепак, како причина може да се наведе и недоволното внимание, култ, секс, растројства на личноста, Во 1998 година, една студија била спроведена од страна на д-р Kelleher и CL Kelleher каде 100 случаи на сериски убијци – жени биле земени во предвид и заклучоци довеле до класирање на женските сериски убијци во девет групи:
  • Ангел на Смртта - Таа може да се види во улогата на медицински чувар, медицинска сестра, акушерка, домашна помошничка, лекар, итн. Обично жртвите се болни, ранливи или се работи за инвалидизирани лица, со цел да ги исполнат желбите на контрола и доминација.
  • Црна вдовица - црната вдовица убива од лакомост. Нејзиниот сопруг, деца или друг член на семејството да стане жртвено е лакомоста за пари. Тие обично гледаат да убијат за наследство или за собирање пари од животно осигурување.
  • Сексуален предатор - Жената сериски убиец во улога на сексуален предатор е реткост. Но, неодамна нови случаи се откриени со тоа што се дефинира слика на сексуалниот предатор, жена Грабливец во сексуалната игра.
  • Осветник - Таа удара на сите оние кои ја имаат победено и освоено добивка на нејзина сметка. Длабоко вкоренетата гнев, желбата за одмазда ствара кај оваа жена потреба да изврше масовни убиства.
  • Партнерства во криминал - Криминални тимови се одамна познати во машко-женски партнерства за сериски убиства, а исто така постојат партнерствата помеѓу две или повеќе жени. Тие често вршат кривични дела од сексуална природа за заведување.
  • Добивка во криминал - Повторно, ретка група. Тие се сметаат како светли и информирани, но без совест. Тие се социопатите кои се подготвени да убиваат за да се слуша нивниот збор во светот.
  • Прашање на здрав разум - Илузии, параноја, шизофренија и други ментални нарушувања се некои од причините кои се одговорни за злосторства направено од страна на женски престапници. Иако овие карактеристики се во главно карактеристики на машките сериски убијци, некои жени психопатски убијци се верува дека слушнале гласови во главата и страдаат од различни илузии.
  • Необјаснети - убиства од страна на жена во случаен и непознат начин кои не можат да подлежат на спроведување на законот, особено онаму каде што мотивите остануваат непознати и необјасниви.
  • Нерешени - Нерешени кривични дела за кои се верува дека се дела на една жена.

Карактеристики на Жени - Сериски убијци

Убиваат за пари и други посакувани добивки.
Процесот трае најчесто околу осум години додека да се фати црната вдовица или ангелот на смртта, што е околу два пати подолго отколку што е потребно за да се фати машкиот сериски убиец.
Тие обично се задржуваат на низок профил и многу често, а не убиваат луѓе кои се блиски до нив или со кого тие имаат некој вид на поврзување.
Тие целат ранливи жртви, како болни луѓе, деца, брачни другари, стари луѓе.
Ангелите на смртта се убијци, кај кои често се дијагностицира со Munchausen синдром или Muchausen синдром со пречки. Во првото растројство, лицето се карактеризира како лице помагател, често земајќи некој сертификат за да се претстави како лекар, медицинско лице и создава интеракција само за да се здобие со вниманието од народот и неговите симпатии. Покрај тоа, тие ги уживаат привилегиите на лекари за да се добие чувството на занес од негова страна.

Избор на оружјето / Методи

Жените - сериски убијци преферираат да задржат мала видливост и имаат тенденција да работат тивко, методично и прецизно, тие избираат помалку агресивни форми за убиство од машките сериски убијци како што се:
  • Труење
  • Давење
  • Прободување
  • Задавување
  • Стрелање со огнено оружје

Познати жени - сериски убијци низ историјата

(To be continued...)
 
С

Спенсер

Гостин
Болни луѓе///

И да,казни како електричен стол и слично т.е. брза смрт,не доаѓа во предвид за овие... :)

Го гледав Ситизент Х,со Чикалито... мислам дека тој не бил канибал,како што сте пишале во темава...
 
Чикатило.
Не е канибалист. Кај прочита?
 
С

Спенсер

Гостин
Чикатило.
Не е канибалист. Кај прочита?

Канибалисти - Погоди што имаме за ручек?

"Ја повикав на ручек. Не и требаше многу време да се опушти и да ми седне во скут. Ме бакна. У реков да отиде надвор и да набере диви цвеќиња. Излезе. За тоа време јас се соблеков гол и ја чекав. Кога влезе, ја прашав дали знае што ќе ручаме. Се насмевна. Се соблече гола. Тогаш почнав да ја тепам. Кога се онесвести ја исеков на најситни парчиња. Следните 9 дена имав ручек. Немав секс со неа, умре како девица. Откако ја изедов, требаше да се набават нови продукти", вака стои во признанието на Алберт Фиш, еден од најмасовните убијци канибалисти во историјата. На сличен начин завршиле десетици негови жртви.
Не помалку одвратни од него се партнерите Хенри Лукас и Отис Тул. Нивниот збир на жртви е неколку стотици. Најголемиот дел ги изеле, а во признанијата се бранеле дека не се канибалисти бидејќи не уживале во тоа туку дека некој ѓавол одвнатре ги терал да ги готват жртвите.
Во друштвото на најбруталните канибалисти масовни убијци се и Андреј Чикатило, Нина Белецкаја, која си го изеле сопственото бебе, Карл Данке кој изел 30-ина од своите жртви.
еве... По грешка е пишан кај канибалистите...
 
T

Tetro

Гостин
еве... По грешка е пишан кај канибалистите...
Уствари, сега баш читам дека тетка Вики го запишала како канибалист:
]http://en.wikipedia.org/wiki/Category:Ukrainian_cannibals

Andrei Chikatilo confessed to 56 murders when he was eventually caught in 1990. The brutal killer preyed on children and young vagrants, eating intimate parts of their bodies.
http://www.biography.com/notorious/crimefiles.do?action=view&catId=259456&profileId=262826
 
С

Спенсер

Гостин
Уствари, сега баш читам дека тетка Вики го запишала како канибалист:
http://en.wikipedia.org/wiki/Category:Ukrainian_cannibals

http://www.biography.com/notorious/crimefiles.do?action=view&catId=259456&profileId=262826

--- надополнето ---

Треба да се поправи... спаѓа во убијците на деца/// болен тип... уствари сите тие се болни//
 
С

Спенсер

Гостин
Болест е кога нарекуваш и имаш мислење дека некој е болен. :)
значи и ја сум болен :) ///

Треба да сме задоволни,бидејки на нашиве простори немам слушнато за некој сериозен сериски убиец... пу пу,скраја да е...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Денис Рејдер, роден 1945 година

Денис е американски сериски убиец кој убил најмалку 10 луѓе во државата Канзас во периодот од 1974 до 1991 година. Бил познат и под името БТК убиец, а тоа се изицијали за неговите методи при убиствата – Ослепи, измачи и убиј.
Денис своите жртви ги опишувал како проекти, а едно време и ги изедначувал своите жртви со животни кои морал да ги усмрти за да им помогне да не страдаат. Со себе сегогаш си носел куферче со потребните алатки за убиствата: пиштоли, лисици, лепак, јаже и сл. Си носел и посебна облека. Жртвите ги врзувал, ги мачел, па ги убивал. Понекогаш ги давел додека не се онесвестеле, и кога повторно ќе станеле свесни, пак ги давел. Тоа го правел неколку пати, оставајќи ги жртвите да искусат предсмртни моменти, а тој сексуално се возбудувал при глетката. Пред смртта ејакулирал, најчесто во долната облека на жртвите.
Познат е бидејќи често им праќал писма на полицијата и на медиумите со своите иницијали и во нив ги опишувал убиствата, како во нив наоѓал задоволство и како жртвите се мачеле и молеле побрзо да ги усмрти.
Откако иницијалите биле дешифрирани и бил фатен од полицијата, Денис бил осуден на доживотна казна, која и ден-денес ја служи.

Џон Хај, роден 1909 година

Овој сериски убиец од Англија кој убивал во 40-тите години од претходниот век е познат и под името „Убиецот со када киселини“. Бил осуден за шест убиства, но тој самиот признал вкупно девет. Телата ги ставал во сулфурна киселина, а пред тоа ги фалсификувал нивните документи со цел да ги продаде нивните имоти и да заработи големи суми пари. Бил осуден со форензички докази и убиен на бесилка во 1949 година.
Жртвите ги фаќал и ги удирал додека не се онесвестеле. Ги барал луѓето со големи имоти или со пари. Откако ќе ја средел документацијата, ги ставал телата во када и турал сулфурна киселина. По два дена телото се претворало во тиња, па тој само ги фрлал остатоците на некои оддалечени места.
Родителите на еден богаташ почнале интензивно да го бараат синот, а Џон им кажал дека заминал да служи војска. Откако и по неколку месеци никаде го немало исчезнатиот син и родителите почнале посериозно да го бараат, Џон ги убил и нив. За среќа, полицијата многу брзо му влегла во трага и бил притворен, па осуден.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.308
Поени од реакции
3.064
Овој Денис Рејдер

Овој Денис Рејдер као да му е брат на Џек Николсон...истата психопатска фаца ја имаат :)

А да и кога сме кај сериските убијци , Квентин Тарантино кога отишол на психијатар му рекле дека ако не станел режисер најверојатно би бил еден од овие луѓе што ги наведуваме тука .
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.689
Поени од реакции
4.823
BTK - Bind,Torture,Kill ,се поеба мрднатиов обидувајќи се да дрка на стара слава , добро што го фатија еден од најбизарните сериски убијци , само според последно интервју неможел да постигне на сите автограм да им даде. :unsure:
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Овој Денис Рејдер

Овој Денис Рејдер као да му е брат на Џек Николсон...истата психопатска фаца ја имаат :)

А да и кога сме кај сериските убијци , Квентин Тарантино кога отишол на психијатар му рекле дека ако не станел режисер најверојатно би бил еден од овие луѓе што ги наведуваме тука .
Не сум знаела за Тарантино.
Ама она што е интересно е дека некои од најпознатите сериски убијци содржат по 13 букви.
Пример: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodor (Ted) Bundy
 
Kajgana Shop

На врв Bottom