Tи сообраќајните знаци си ги толкуваш по свое наоѓање или се раководиш по однапред зададени нивни значења без никаков приговор?
Доколку ги толкуваш како тебе ти годи, знаеш и самиот до какви последици може да доведе тоа? Ако своеволно толкување на „земните“ сообраќајни знаци доведува до катастрофални последици, замисли истото такво толкување на „небесните сообраќајни знаци“ до колку потрагични последици може да доведе.
А доколку не ги толкуваш по свое наоѓање, туку нивното значење (напишано и нацртано од други) го прифаќаш во целост, без негодување, („староеонски“, нели?) зошто истиот принцип не го прифатиш и за „небесните собраќајни знаци“, кои означуваат пат кој е многу поопасен од било кој земен, чие значење е протолкувано и дадено на мирјаните од Светите Отци, туку се усудуваш да си ги толкуваш на своја рака, и да завршиш во бездна?