tomsaso me interesira vo ovaa krizno vreme sto ce ja zafati i MK nema sansi da ne odmine vo sto e najsigurno da se investira ???? zemjodelie,kupuvanje stanovi ili ...
Ех да.. интересно прашање...
Да ме прашаше во летото ќе ти кажев ептем убав муаебт.- и на само јас, туку голем дел списанија,економисти и сл. го велеа истото, и јас мислев така оти изгледаше логично.... барем сега изгледа убаво изгледа...
Имено што се случуваше.. имаше пренапумпани цени на нафта, куќи итн. и имаше долар што вредеше 38 денари... а истовремено се закануваше ова што се случи, хипотекарната криза да прерасне во кредитна контракција.... што пак е обратно на високи цени и низок долар...
значи, наједноставно, да купеше долари на 38 и да ги продадеше сега- на 50, или до крајот на првиот квартал од 2009 кога веќе ќе напечатат пари и по сите изгледи ќе заврши и кризата...
Види во криза, некој може да излезе ќар, ама многу е тешко да се каже кој и како поради непредвидливоста на ситуацијата.
Во рецесија многу губат.
Сепак како што кажав, има еден закон, тој на инфериорните добра, од кој можеби може да се извлечат некои позитивни насоки.
Инфериорни се добра чија побарувачка расте со опаѓање на доходот. Често експлотиран пример се автобусите. Имено превозот со нив е ефтин, поефтин од авионите, ама кога паѓа доходот (што сега се случува) нивната побарувачка расте.
Во случајов кај нас во Македонија, тоа би биле некои прехрамбени продукти, поефтини, итн.
Најпросто кажано, инфериорно добро е кога одиш во супермаркет и сакаш да купиш чоколадо(најчесто купуваш милка), ама рецесијата ти ја намалила платата па не ти се даваат 60 денари за милка и бараш некое поефтино. Тоа поефтиното што ќе го најдиш е инфериорно добро и е добитник во кризата поради што му се зголемува побарувачката( со то што си го купил си му го зголемил ќарот на произведителот, оти до вчера не му го купваше неговото чоколадо).
Тие се во случајов добитници, добитници ќе бидат и тие кои ќе купат акции на крајот од кризата. Крајот на кризата тешко се предвидува, за основа треба да се земаат прогнозите на ММФ, СБ, или подобро - пазарните веројатности на
www.intrade.com. Сепак акциите не се баш директно зависни само од општо во економијата, тие подлежат и на финансика анализа на фирмите и сл. Затоа најдобро решение, поради фактот што не се сите финансики аналитичари, купување на акции преку фондови, т.н удели.. што во суштина е исто..Насетувње на крајот на кризата е добра основа за купување, исто така може и прогресивен модел на купување.. пр. купуваш сега 1 акција по 100ка, утре е 90, купуваш 2 акции, задутре е 80 купуваш 4 акци... и оп тука ед дното.. арно ама акцииве сега се утврдуваат на цена од 90... ти пак не си губитник, најмалце што би добил е 10х4+2х0-1х10=30 ден ќар.. сепак пак како што реков никако поединечна акција пошто не е секој финансики аналитичар..
Инаку...
Ворен Бафет, викаше да се купуваат долари кога беа 38...
Сега Бафет вика дека му е мајката акции да се купват( во америка, да не се меша со македонска берза ).. тој може така оти може да го игра овај систем прогресивниот...
Инаку покрај инфериорни, постојат и нормални, и супериорни добра... кај нормални во однос на доходот опаѓаат нормално.. кај супериорните... опаѓаат драстично... ( се мисли побарувачката..)
Значи никако во супериорни добра инвестирање...