Светска економска криза

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Бидејќи нема тема за глобалниот проблем кој секојдневно го слушаме по сите светски телевизии... еве една.

Ја отварам заради лична сатисфакција всушност. Не можам да разберам, да спојам и скопчам, како и зошто настана таа светска криза. Исланд банкротира за мене од нигде никаде. Па ако може некој од почеток, како на дете да ми објасни што повеќе може. Ама од што порано почне тоа подобро.

Падот на доларот, зошто? кризата со невижнини во САД, како? Европа во рецесија, од каде? Кое кон што води, се` ми е испреплетено, и не знам што е вистинскииот проблем. Благодарам на доброволците.

п.с. Македонија не ја закачајте, воопшто нека не биде важна, има друга тема за неа и светската криза.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
И се почна кога Адам и поверува на Ева и проба од забранетото овошје...

Нема врска. Она од што најчесто почнуваат аналитичарите кога ја анализираат оваа проблематика е 1996 година и проектот на тогашната администрација на Клинтон - живеалиште за секој. Тогаш се отворија државни инвестициони банки како Meryl Lynch и сл. кои на сите потрошувачи има даваа кредити, независно од нивната слаба кредитоспособност. Луѓето имаа можност да си купат куќа со поволни кредити. Бидејќи ризикот беше во втор план многу луѓе одеднаш добија можност да си купат куќа и настана недостаток на куќи. Тука добра шанса видоа многу луѓе кои формираа фондови кои градеа населби и потоа продаваа куќи. Бизнисот тргна добро и покрај државните инвестициони банки се појавија и приватни кои даваа кредити. Кога и останатите видоа дека во тој бизнис навистина имало пари веќе сите банки почнаа да се вклучуваат. Даваа хипотекарни кредити на секого, купуваа кредити од другите банки (на некој начин за определена провизија си ги превземаа клиентите) и што уште не.

Се до пред 1 година во САД другите економски гранки добро функционираа па луѓето можеа да си ги враќаат кредитите. Но САД влезе во две воени кампањи (Ирак и Афганистан), се случи 9/11, компјутерската индустрија не се развиваше по предвиденото, Кина и Индија силно се развиваа итн. итн. Конечно слабо кредитоспособните луѓе веќе не можеа да ги плаќаат кредитите па се задолжуваа да платат рата (кредит за кредит), почнаа да ги губат куќите. Банките со активирање на хипотеките ги земаа куќите ама немаа на кого да ги продадат и не можеа да ги извлечат парите на кои сметаа. Се ова би било во ред доколку регулаторот си ја работел работата, но огромни средства банките вложуваа токму во овие хипотекарни кредити дури имаше и случаи на банки специјално наменети за овие потреби (Lehman Brothers). И кога ќе тргне возот нема застанување.

Бидејќи сите финански институции беа вмешани банките, ама баш сите банки, се најдоа во проблем. Почна да се губи довербата на малите банки кон големите банки каде се најголемите депозити и за да се спречи целосен колапс на системот државите решија да интервенираат. САД одлучи да помогне со 750.000.000.000$ директно вложување во најкритичните банки, ЕУ реши да одвои 1.000.000.000.000 евра (но не и да ги вложи туку само да ги тргне ако подоцна има потреба, иако добар дел од нив и вложи мислам околу 450 милјарди евра) за потребите на ЕУ банките и светот смислено влезе во рецесија. Одговорот беше прост - со финансискава криза незнаеме на што сме, со рецесија знаеме како да се справиме.

И со тоа дојдовме со денешниот ден кога во цел свет капиталот поскапува, потрошувачката се намалува, производството се намалува, се губат работни места итн. итн.

Имаше прашање за Исланд - зошто Исланд банкротирал? Исланд е економија сама за себе. Значи Исланд е дел од EFTA организација слична на EU во која членуваат Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. Но врските меѓу државите се само во однос на тргувањето (не и политички и посилни економски како во ЕУ). Главна економска гранка во Исланд е банкарството и кога дојде до крахот во финансискиот сектор Исланд се најде пред свршен чин. 5 најголеми банки во Исланд се најдоа на директен удар на светската криза што значеше колапс на финансискиот систем во Исланд а со тоа и на целата економија. Доколку Исланд имаше развиено и други гранки од економијата со кои ќе можеше да го компензира ударот ќе поминеше многу полесно, проблемот е во тоа што, претпоставка, околу 70% од економијата во Исланд беше во тие 5 банки. За појаснување тоа е како во Македонија одеднаш да пропаднат сите металургиски капацитети (Железара, Фени, Силмак), нафтената индустрија (ОКТА), градежната индустрија (Гранит, Бетон, Маврово, Карпош), енергетските капацитети и компании (РЕК Битола, ЕМО, Металец), хемиската индустрија (ОХИС, Алкалоид) сите вработени на улица, нема производство, нема работа нормално е во таква ситуација држават да колабира.
 
Член од
2 септември 2008
Мислења
997
Поени од реакции
22
Мое мислене е дека таа светска криза ште биде по страшна от сите други до ден днешен.Зашто ли.Много просто- от високо по тежко се пада.
Мислам некои от факторите кои допринесоха за кризата са и изкуствени.Примерно борсите( или берзите како им викате вие).Понижението или повишението на акциите никога не е отражение на реалната икономическа ситуациа во дадена компаниа а е по скоро резултат от спекулации,очакваниа,слухове,алчност или страв от загуби.Аз ако имам сериозен дел акции на дадена компаниа и просто ми текнало ми требет пари и ги пусна на пазара и ште има срив и понижение на цените.
Другото което мислам е относно големиа дисбаланс на пазара на труда.Значи не е нормално за истата работа еден американец да получава 13 долара на час а един кинез 1 долар на ден.Тоа автоматично прави компаниите в развитите држави неконкурентно способни на теа кои сега се развиват.А повлечат ли крак големите ние нема как да останем настрана.:smir:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
ProCredit Bank имаат месечно списание, во последниот број има детално напишано причините и послеиците на кризата.
Еве линк :)
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
проблемот е викторе во тоа што ќе помине уште една светска депресија и економистите сеуште нема да се сложат што е причината...

значи и за оваа депресија како за таа од 30тите нема генерален конзензус што е причина..

значи приказната оди вака некако..
според некои академици во сад причина е недостигот на финансиска регулација...
проано банките даваа кредити за куќи со хипотека од депозитите што ги примаа... и уште даваат такви кредити...
ама што се случи, паметните на вол стрит рекоа да не правиме ние проценки на ризикот дали може да ни го врати кредитот овај што сака куќа да купи.. ќе го продаваме кредитот, и тоа ќе речиме.. Филип од Флорида сака да купи куќа на кредит од 100 долари, дали има некој што сака на филип да му ги даде парите и после да си ги собере каматите и ратите од кредитот. и се јавува некој што не го познава Филип од Флорида, не знае што чоек е, дал враќа или не враќа пари и вика јас ќе му дадам...(ова го прави од причина што цените на куќите растат нонстоп и верува дека уствари куќата на филип за една година ќе вреди дупло па така да не е битно дали филип враќа или не враќа кредити)... е сега ова ливчево што е потврда дека филип гарантира со куќата за парите што ги зел за да ја купи куќата станува толку многу тргувано и ликвидно што добива еднаквост на пари.. пр. мекдоналс борчојте кон некоја фирма можи да ги плати во вакви ливчиња без никаков проблем. работата оди дотаму што се создава круг, со ливчиња се купуваат ливчиња...

арно ама ова го пренапумпува балонот.. цената на куќите расте без да има реална основа за тоа (потреба од живеалишта, раст на популација, доселувања-емиграција итн)..и цената расте оти цената расте... круг... и еден ден оди некој да го продаде ливчето - т.е обврзницата за куќата и никој не му го купва оти куќата од филип вреди 50 долари а ливчето се продава за 100.. згора на се филип не го враќа кредитот оти не е неормален кога куќата вреди 50 а тој борчи 100... и банката му ја зема куќата и ја шитка на пазарот арно ама тоа ја урива цената... и настанува паника пропаѓаат банки што работат со вакви работи.. како резултат на тоа ризикот се зголемува и на другите банки му е страв да му позајмат на овие заглавениве.. сите ги стегаат парите не му се дава...некои приватни фирми дури и поседуваат ливчиња што порано си ги брооеле како пари а сега вредат ништо... со тоа што се зголемува стравот од невраќање кредити банките го замрзнуваат кредитирањетп - т.е ги зголемуваат каматните стапки... со зголемени каматни стапки луѓето не можат да си купат кола, па на форд, џенерал моторс му се трупаат залихи - произведуваат отпоќе и мора да испуштаат работници... овие испуштениве работници пак остануваат без пари, т.е нема да купат леб, нафта, млеко и што уште не.. тоа што нема да го купат ќе се трупа кај други фирми на залиха и тие ќе испуштаат работници итн. вкупната побарувачка ќе се намали.. и ќе почнат цените да паѓаат нагло (нафтата од 140 на 60)...

другата страна на медалот.. или другата приказна е...
во 2001 имаше рецесија и за да ја опорави економијата ФЕД ги намали каматните стапки - т.е исто како да напечати пари.... вишокот на пари ги наполни банките со кеш, и тие мораа некако да ги продадат тие и почнаа со нагло кредитирање ... со ова нагло кредитирање - т.е намалени каматни стапки - луѓето почнаа да земаат кредитит за да купат куќи дури и поќе од што му треба поради тоа што расти цената а расти цената оти луѓето купваат куќи оти пак расти цената... т.е пак е круг, ама во основа потурнат од намалените каматни стапки т.е полесно добивање кредити....
е сега со зголемувањето на кредитирањето банките веќе ќе му дадат кредити на сите најстабилни кредитобаратели, ќе му дадат и на стабилните.. арно ама имаат уште пари и треба да ги раздатат а поќе стабилни кредитобаратели нема.... и со секое зголемување дополнителниот кредитотбарател станува се понестабилен и понестабилен... и.. некаде 2006-2007 ФЕД ги крева каматните стапки и ги враќа како пред 2001 ама тоа предизвиква паѓање на цените на куќите кои пак се гаранција за кредити и банките не можат да ги наплатат и пропаѓаат. со тоа што пропаѓаат се повторува процесот од 1рвото објаснување каде што каматните стапки растат, се замрзнува кредитирањето, се намалува потрошувачката, паѓаат цените....

има уште еден куп различни мислења..
од сметководсвени багови
па фани и фреди објаснувања...

главно нема формирано разбирливо и за сите прифатливо разбирање секој верува во што сака.....

едно е сигурно, цените на куќите растеа, луѓето земаа кредити,па почнаа да паѓаат, луѓето не можеа или не сакаа да ги вратат кредитите, банките намалија со давање кредити, фирмите не можеа да земат кредити за работа исто така и луѓето за трошење што пак ги удри фирмите, банките пропаѓаат, луѓето паничат и си ги земаа парите од банките што уништува уште поќе банки итн...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Доооообро, е сега кој ќе ми објасни, бидејќи сеуште не ми е скроз јасно, како американската криза со хиопетеките, влијае директно на светската криза, значи Европа, нејзината рецесија, и како тоа влијае врз Исланд. Неговите банки давале позајмици на американските? Или нешто пак пропуштам?
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
е сега исланд е мала економија, со малку жители главно потпрена на финансики услуги - посредување и слично.. финатата е што во исланд условно кажано се сите економисти кои остануваат без работа поради пропаѓањето на банките...
сите банки си позајмуваат на сите.. кога едни паѓаат сите можи да паднат..

ова што се случува во европа е резултат на тоа што го објаснив претходно.. со намалената куповна моќ на американците - поради намалувањето на кредитирањето, пропаѓањето на фирмите и слично - удира врз европа преку намалена потрошувачка на бучински кромид, тетовско јаболко, кочански ориз, германски бемвиња, швајцарско чоколадо, француско вино итн итн.. кои сега американците не можат да ги купуваат ради наведените причини.. поради ова фирмите во европа отпуштаат од работа луѓе кои се јавуваат на пазарот во европа пак со намалена куповна моќ која ја намалува потрошувачката и внатре во европа и пак продолжуа кругот...

пр. намаленото кредитирање на банките предизивика намалена потрошувачка на автомобили, што предизвика трупање залихи ,што предизвика намалено производство на автомобили, што предизвика намалена потрошувачка на суровини за автомобили кои пак се метали да речеме купени од македонија, одтаму македонските фирми мора да отпуштаат работници поради тоа што не можат на автомобилските компании да им ги продадат металите.. сево не е директна врска туку е цело време во врска со цените на сите споменати добра..


Во случајов единствено се спасуваат производителите на т.н инфериорни добра, односно добра кај кои расте побарувачката при намалувањето на куповната моќ на граѓаните..или стручно кажано имаат негативна доходовна еластичност. обично се тоа прехрамбени продукти и сл.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.140
Поени од реакции
4.648
Po vasite komentari ocigledno e deka se uste ne ste go gledale dokumentarecot
www.zeitgeistmovie.com Odgovorot na denesnava svetska kriza ke go doznaete otkako ke go poglednete filmot.Samo za potsetuvanje krizava e vestacki napravena od istite dinastii koi upravuvaat so Amerika 200 godini a so svetot 100 godini.Repriza e na golemata svetska ekonomska kriza od 1929 do 1933 koi togas ja napravija istite luge,gi napravija prvata i vtorata svetska vojna,go finansiraa Hitler za da izvrsi genocid vrz evreite,vietnamskata vojna,vojnite na bliskiot istok i poslednata misija bese rusenjeto na bliznackite.Sledna nivna misija mozno e da bide najkatastrofalna do sega a toa e sramnuvanje so zemja na gradot Los Angeles.Inaku ovie luge rabotat isklucivo po naredba na Vatikan koj gi vlece site konci odnosno tie se samo finansieri bidejki se bankari i nivnoto bogatstvo e za desetici pati pogolemo od bogatsvoto na Bil Gejts no javnosta toa ne smee da go znae.Sepak pogledajte go filmot i se ke vi se razjasni kako bel den.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Да да, заборавив да споменам дека покрај размислувањата на економисите кои цел живот се бават со таа проблематика, има и безброј теории на заговори од новинари, квазиексперти и слична машинерија...

Треба науката да им се остави на научниците кои преку математички модели креираат стандардни знаења и конвенционална мудрост која иако низ одстапки е применлива.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Абе чим дојде време Американците да плаќаат со бончиња,тогаш работава стварно е упм ојдена...:toe:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
tomsaso.................ako onaa smotana budaletinka od minister...seuste ne ti se javila, togas e definitivno samo VMR-Ovca.. :) ova najozbilno...
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
tomsaso me interesira vo ovaa krizno vreme sto ce ja zafati i MK nema sansi da ne odmine vo sto e najsigurno da se investira ???? zemjodelie,kupuvanje stanovi ili ...
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
tomsaso me interesira vo ovaa krizno vreme sto ce ja zafati i MK nema sansi da ne odmine vo sto e najsigurno da se investira ???? zemjodelie,kupuvanje stanovi ili ...
Ех да.. интересно прашање...

Да ме прашаше во летото ќе ти кажев ептем убав муаебт.- и на само јас, туку голем дел списанија,економисти и сл. го велеа истото, и јас мислев така оти изгледаше логично.... барем сега изгледа убаво изгледа...

Имено што се случуваше.. имаше пренапумпани цени на нафта, куќи итн. и имаше долар што вредеше 38 денари... а истовремено се закануваше ова што се случи, хипотекарната криза да прерасне во кредитна контракција.... што пак е обратно на високи цени и низок долар...

значи, наједноставно, да купеше долари на 38 и да ги продадеше сега- на 50, или до крајот на првиот квартал од 2009 кога веќе ќе напечатат пари и по сите изгледи ќе заврши и кризата...

Види во криза, некој може да излезе ќар, ама многу е тешко да се каже кој и како поради непредвидливоста на ситуацијата.
Во рецесија многу губат.

Сепак како што кажав, има еден закон, тој на инфериорните добра, од кој можеби може да се извлечат некои позитивни насоки.

Инфериорни се добра чија побарувачка расте со опаѓање на доходот. Често експлотиран пример се автобусите. Имено превозот со нив е ефтин, поефтин од авионите, ама кога паѓа доходот (што сега се случува) нивната побарувачка расте.
Во случајов кај нас во Македонија, тоа би биле некои прехрамбени продукти, поефтини, итн.

Најпросто кажано, инфериорно добро е кога одиш во супермаркет и сакаш да купиш чоколадо(најчесто купуваш милка), ама рецесијата ти ја намалила платата па не ти се даваат 60 денари за милка и бараш некое поефтино. Тоа поефтиното што ќе го најдиш е инфериорно добро и е добитник во кризата поради што му се зголемува побарувачката( со то што си го купил си му го зголемил ќарот на произведителот, оти до вчера не му го купваше неговото чоколадо).

Тие се во случајов добитници, добитници ќе бидат и тие кои ќе купат акции на крајот од кризата. Крајот на кризата тешко се предвидува, за основа треба да се земаат прогнозите на ММФ, СБ, или подобро - пазарните веројатности на www.intrade.com. Сепак акциите не се баш директно зависни само од општо во економијата, тие подлежат и на финансика анализа на фирмите и сл. Затоа најдобро решение, поради фактот што не се сите финансики аналитичари, купување на акции преку фондови, т.н удели.. што во суштина е исто..Насетувње на крајот на кризата е добра основа за купување, исто така може и прогресивен модел на купување.. пр. купуваш сега 1 акција по 100ка, утре е 90, купуваш 2 акции, задутре е 80 купуваш 4 акци... и оп тука ед дното.. арно ама акцииве сега се утврдуваат на цена од 90... ти пак не си губитник, најмалце што би добил е 10х4+2х0-1х10=30 ден ќар.. сепак пак како што реков никако поединечна акција пошто не е секој финансики аналитичар..

Инаку...
Ворен Бафет, викаше да се купуваат долари кога беа 38...
Сега Бафет вика дека му е мајката акции да се купват( во америка, да не се меша со македонска берза ).. тој може така оти може да го игра овај систем прогресивниот...


Инаку покрај инфериорни, постојат и нормални, и супериорни добра... кај нормални во однос на доходот опаѓаат нормално.. кај супериорните... опаѓаат драстично... ( се мисли побарувачката..)
Значи никако во супериорни добра инвестирање...
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
132
Поени од реакции
12
Од друга страна треба да се искористи моментот. Светската криза нема да трае довека. Сега многу од компаниите го намалуваат производството што ќе резултира во нормализирање на цените на продуктите. Значи најпаметно е да се купуваат добра кој ги има во залиха и добра кој компаниите престануваат да ги произведуваат, пр. можеби е добар момент да се направи добра зделка за купување на автомобил. Слично како кога хипотекарната криза директно удри во САД и можеше да се купат куќи за 1 долар и сл.

Инаку commodity futures се на многу ниско ниво и можеби во моментов е попаметно да се купи пченица или пченка отколку да се инвестира во акции.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom