СЗО прогласи пандемија на свински грип! [Швајцарците пронајдоа вакцина!]

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Да не знаеш дал да примаш, или не вакцина :toe:

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C2939C8182E406458E051D5E56A7E64C

И вакцината сее страв

Лекарите смируваат дека сосема се разликува технологијата на производство на вакцината против свинскиот грип од таа во 1976 година, а и составот на вакцините е различен
Дали има опасност да се парализирам ако ја примам вакцината против новиот грип, како неколкумина во САД што во 1976 година се имунизирале против сличен вирус во базата Форт Дикс? Има ли жива во вакцината и може ли да се јават компликации по нервниот систем? Зошто треба да ја примат бремените жени, но не и децата до 6 месеци? Ова се само дел од прашањата што деновиве си ги поставуваат граѓаните во земјава, откако новиот грип почна да се шири и кај нас. Кон крајот на месецов и на почетокот на идниот ќе почне имунизацијата на приоритетните групи со вакцините против вирусот А (Х1Н1). Надлежните тврдат дека вакцините се безбедни и во 98 отсто случаи штитат од новиот грип.

Од 40 милиони вакцинирани во светот, досега се јавиле само вообичаените несакани ефекти - црвенило, оток на местото на убодот, лесно зголемена температура.

Според испитувањето што било работено во Кина, немало загрижувачки нуспојави од вакцината. Од 2.200 лица, од три до лица постари од 60 години кои биле двапати вакцинирани, само кај 15,9 отсто имало благи локални реакции.

СЛУЧАЈОТ ФОРТ ДИКС

Во базата Форт Дикс во Њу Џерси, во 1976 година грипот се јавува во ограничен колектив, а имал слични карактеристики како овој свински грип. Тогаш заболеле 4 лица, а еден починал. Биле вакцинирани 40 милиони луѓе, а некои по примањето на вакцината добиле и парализа.

На прашањето може ли да се повтори случајот од базата Форт Дикс во Њу Џерси,

директорот на Клиниката за инфективни болести, Ѕвонко Миленковиќ, е категоричен:

- Сега сосема се разликува технологијата на производство на вакцината. Тогаш имало ризик од можна контаминација. Тоа сега е целосно елиминирано, бидејќи составот на вакцините е различен. Но тој грип никогаш не се проширил надвор од колективот. Типот Х1Н1 на вирусот го има со години во хуманата популација, но станува збор за различни поттипови. Овој поттип на вирусот е различен од тој - објаснува д-р Миленковиќ.

За шпекулациите дека вакцините за кусо време не можат да бидат доволно пречистени, па вирусот, наместо да се умртви, може да остане жив, но и за улогата на засилувачите што ги содржи и вакцината на „Новартис“, која ќе се користи и кај нас, Миленковиќ вели:

- Таков ризик воопшто не постои, иако се работи за големо производство. Во изборот на вакцините се однесуваме како што диктира Светската здравствена организација. Има експертски тимови што работат на ова. Вакви засилувачи, т.н. адјуванси, и досега се користеле кај вакцината против сезонски грип. Важни се бидејќи го засилуваат имуниот одговор на човекот кон причинителот на болеста - вели д-р Миленковиќ.

Д-р Јованка Костовска од Комисијата за пандемичен грип ги отфрли и шпекулациите дека има и жива во вакцините.

НОВИ 160 СОМНИТЕЛНИ

Нови 160 сомнителни биле пријавени вчера, а досега повеќе од 150 граѓани заболеле од новиот грип. Од новите 32 случаја на грип, дури 29 се ученици и тоа на возраст од 15 до 19 години. Последните новопријавените имаат меѓу 10 и 29 години. Една четвртина од пријавените не биле воопшто во странство ниту биле во контакт со болно лице, потврдија вчера членови на Комисијата за пандемичен грип.

- Блиску сме до прогласување нова фаза во справување со болеста кога полесните случаи ќе одат само кај матичните лекари, а потешките на Инфективната клиника или на одделите за инфективни болести во болниците, кои ги алармиравме да се подготват за прием на болни. Оваа фаза ќе се прогласи кога ќе имаме 200 потврдени случаи. Од тој момент нема ниту да ги тестираме сомнителните случаи, туку ќе ги спречуваме компликациите од болеста, за разлика од сега, кога се' уште го спречуваме ширењето на вирусот - потврди вчера д-р Костовска, која дополни дека тогаш ќе има и поинаков режим за издавање на лекот „тамифлу“, кој ќе го препишуваат и матичните лекари. Во Хрватска, на пример, секој семеен лекар има по 30 кутии антивирусен лек.

За дилемата дали да се носат маски во училиштата, работните колективи или на отворено, д-р Костовска нагласува:

- Маските треба да се носат само два часа, потоа повеќе се штетни отколку корисни. Граѓаните не треба да носат маски, зашто тие може да не' заразат со вирусот ако се користат несоодветно. Вирусот може да помине покрај нас, но ако со нечисти раце маската ја симнуваме и повторно ја ставаме или се допираме по носот и устата, има поголема опасност да се инфицираме отколку ако воопшто не носиме маска - вели д-р Костовска.

Маски треба да носат лекарите, болните, како и оние што одат на лекар.

Апаратот во Институтот за јавно здравје со кој се потврдува присуство на опасниот вирус работи со „полна пареа“. Само вчера пристигнале 160 материјали.

- Требаат 4 до 5 часа да се испитаат меѓу 30 и 40 материјали. Резултатите се готови за 12 часа, но некогаш мора да се проверуваат - одговара д-р Костовска на забелешката од родителите на децата што се тестирале, а кои морале да чекаат и по два дена за резултати.

Иако бројот на болните се зголемува, од Институтот за јавно здравје вчера не добивме одговор колку анализи дневно се прават за новиот вирус и дали има потврдени случаи на сезонски грип.
Љубица Балабан
За бебиња до 6 месеци 7 ниту вакцина ниту „тамифлу“
Вакцината и лекот „тамифлу“ не се дава на бебињата до 6 месеци, а кај бремените жени тие се задолжителни.

- За 4 до 5 пати е поголема шансата бременоста да заврши со неповолен исход, затоа бремените жени се во приоритетната група за вакцинирање - појаснува д-р Миленковиќ.
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
на вести рекоа дека во последните 24 часа нема регистрирано нови заразени
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
391
Поени од реакции
20
Vaka sega da podobjasnam nekoi raboti vo vrska so primanje vakcina protiv grip.Jas sum vo Germanija i ovde koga covek saka dva pati godisno da dobie vakcina protiv obicen sezonski grip odi kaj maticen doktor i fino lepo go vakciniraat.E sega koga stanuva zbor za svinskiov grip ako covek saka da se vakcinira prvo treba da odi kaj maticen lekar kade dobiva papir koj treba da go potpise deka razbral se okolu nus pojavi pri dobivanje na ebanata vakcina.Pa ceka red da dobie i poziv za primanje vakcina i seto ova ne se odigruva kaj maticniot lekar tuku kaj eden lekar vo edna odredena okolina na primer kaj mene e kaj kardijolog.E sega se postavuva prasanjeto zosto na lugeto im se dava da potpisuvaat nekakvi si dokumenti pred da ja dobijat taa posrana vakcina ako taa ne e opasna???
Plus te zadrzuvaat po pola sat za da vidat kako ti deluva vakcinata pa tek onda te pustaat doma so preporaka da ako ti se slucuva nesto cudno odma vo bolnica.Ma ajde ne bi primila takva vakcina i pari da mi dadat.
 
pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Ипак, не е само како сезонски грип, за жал.
Константна темература 3-4 недели, повраќање, и плус покрај грипот, уште многу инфекции( предизвикани од него ).
Посигурно е дома да се прележи, отколку на болница, пошо е поголема опасноста да закачиш повеќе инфекции.
Ептен од сигурни извори ова, не се дезинформации.
3-4 недели температура ќе те убијат човеку, свесна ли си што пишуваш?

Ама извори имаш, бетер А1 и Сител си. :)

Грипов се прележува за 10тина дена, ништо различно од сезонскиот грип. Овој има само фенси име.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.414

Сигурни извори, брачед ми, кој е надвор од земјава, е болен од грипот.
Медицински документ да ти дам за да повервиш? :tapp:

Месец дена веќе имат тепмература, разни инфекции доби, али жив е, се борит. Немој случајно сеа да повервиш, ок? Пошо бетер од А1 и Сител сум. :smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Сигурни извори, брачед ми, кој е надвор од земјава, е болен од грипот.
Медицински документ да ти дам за да повервиш? :tapp:
Кај некои особи се јавуваат компликации, но и од она што го велиме обична настинка се јавуваат кај некого компликации. Посебно кај лица кои си имаат друга мака (хронично болни што ги нарекуваат-затоа тие се нели дел од ризичните групи население). Секоја инфекција е потенцијално опасна за инфицираниот. Да не делува дека попувам со ова појаснување, но чисто разгледуваме случаи и појави :smir:
Му посакувам на твојот роднина што полесно и побрзо да оздрави.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.414
Значи беше предложено да е префрлен во болница од страна на родителите, ама по инсистирање на ДОКТОРИТЕ остана дома. Зошто? Затоа што пациентите заразени од овој грип биле посебно склони кон стварање нови инфекции, шо беше и причината за неговата температура скоро цел месец. Еве сега има бронхитис. Предизвикан од грипот.
Доколку грипот го лекувате во болница, поголеми се шансите да закачите повеќе од една инфекција истовремено. Ова се истите зборови на неговите лекари.
Ете, да не се повторувам, 4 недели имат грип, и 4 недели немат спуштено темптература под 38.

Фала Lurtz :smir:
 
Член од
25 април 2005
Мислења
162
Поени од реакции
5
Neznam eden prijatel vo stranstvo go fana gripov. Malku e postar i ne spomna nisto osven deka duri posle vtorata nedela pocustuval podobruvanje. Napomena deka samo uzasno bilo no za vreme na ovie dve nedeli ne zimal tamiflu
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Дали знаете што се случува во Украина?

Земјата е во карантин, за 15 дена имаат на 1.2 милион болни, на 50.000 се хоспитализирани, 200+ мртви...

Се претпоставува дека не е Х1Н1 туку нешто друго полошо... И друго... Западните медиуми молчат за таков невообичаен развој на настани од толкава магнитуда.

Проверете!
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Дај нека објасни некој кои се добрите карактеристики на тамифлуто аа кои лопите пошто гледам дека некој го практикува а некој не.Мислам ако сакате...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Дали знаете што се случува во Украина?

Земјата е во карантин, за 15 дена имаат на 1.2 милион болни, на 50.000 се хоспитализирани, 200+ мртви...

Се претпоставува дека не е Х1Н1 туку нешто друго полошо... И друго... Западните медиуми молчат за таков невообичаен развој на настани од толкава магнитуда.

Проверете!
Во Украина е раширен вирусот од СЗО. Sad reality.
А за вакцината... Има и тема во свет и случувања во Шведска и во Грција има мртви лица од истата.
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
Прееска на вести кажаа дека имало еден (мислам во Франција ама не сум сигурна) што добил некаков редок случај на заболување на периферниот нервен систем од вакцината. Уште демек не е 100% сигурно дека е од тоа, се истражува. Во секој случај страшно е.
 
Виљушка

поЧетник
Член од
12 ноември 2009
Мислења
19
Поени од реакции
0
Значи било кој грип е опасен за хронично болните. Мене само ме чуди и ме занима зашто страдаат децава ?
 
pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Сигурни извори, брачед ми, кој е надвор од земјава, е болен од грипот.
Медицински документ да ти дам за да повервиш? :tapp:

Месец дена веќе имат тепмература, разни инфекции доби, али жив е, се борит. Немој случајно сеа да повервиш, ок? Пошо бетер од А1 и Сител сум. :smir:
Слушај, навистина е жално за твојата роднина има компликации од грипов, ама реално не можеш еден случај да го примениш на сите други. Грипов влијае по индивидуа релативно од нејзиното претходно здравје.

Не е работата дека не верувам, ама многу луѓе претеруваат со изјавите, сигурно дека 90% од постовите се рекла-казала и создаваат паника. Еве твојот излезе спротивно.

Значи беше предложено да е префрлен во болница од страна на родителите, ама по инсистирање на ДОКТОРИТЕ остана дома. Зошто? Затоа што пациентите заразени од овој грип биле посебно склони кон стварање нови инфекции, шо беше и причината за неговата температура скоро цел месец. Еве сега има бронхитис. Предизвикан од грипот.
Доколку грипот го лекувате во болница, поголеми се шансите да закачите повеќе од една инфекција истовремено. Ова се истите зборови на неговите лекари.
Ете, да не се повторувам, 4 недели имат грип, и 4 недели немат спуштено темптература под 38.
Во случај твојот братучед да е во Украина, или да поминал извесно време таму, треба да го прегледаат од други работи, бидејќи грипот не влијае толку дефицитно на имунитетот. Ова го велам бидејќи има индикации дека во Украина пуштиле други гадни ствари освен грипов.

Нека се обидат со гама-глобулинска терапија, бидејќи неговиот организам ќе стане премногу слаб да се бори со инфекциите.

П.С. Јас најверојатно бев изложен на грипов, но не го закачив. Терапијата ми е секојдневно многу мед, чај, овошје и протеинско-богата исхрана и се надевам дека тоа придонело да не се заразам.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.414
Слушај, навистина е жално за твојата роднина има компликации од грипов, ама реално не можеш еден случај да го примениш на сите други. Грипов влијае по индивидуа релативно од нејзиното претходно здравје.

Не е работата дека не верувам, ама многу луѓе претеруваат со изјавите, сигурно дека 90% од постовите се рекла-казала и создаваат паника. Еве твојот излезе спротивно.

Во случај твојот братучед да е во Украина, или да поминал извесно време таму, треба да го прегледаат од други работи, бидејќи грипот не влијае толку дефицитно на имунитетот. Ова го велам бидејќи има индикации дека во Украина пуштиле други гадни ствари освен грипов.

Нека се обидат со гама-глобулинска терапија, бидејќи неговиот организам ќе стане премногу слаб да се бори со инфекциите.

П.С. Јас најверојатно бев изложен на грипов, но не го закачив. Терапијата ми е секојдневно многу мед, чај, овошје и протеинско-богата исхрана и се надевам дека тоа придонело да не се заразам.
Холандија е, и искрено, за таква земја, секој би очекувал третман на ниво. Али не. Терапија никаква не му дадоја. Ептен неодговорно се поставија, по иницијатива на родителите беше однесен на дополнителни испитувања, на кој се открија многу инфекции. Ајде, барем една инфузија со витамини да му даеа, да се кренит малце организмот. Ама како да се штеди на лекови, јас стварно не можам да разберам. Месец дена со температура над 38,5 е и еве денес конечно 37. Оди на подобро :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom