Роди ме мајко во Швајцарија!

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Браво за пишаното, ептен ти држи вода. се согласувам дека треба ние да примаме од нивната напредна култура и систем. Не да носиме палавштини и мајмунчалоци од нашата мила Македонија.

Магарето прати го во Стамбол =магаре ке си се врати:cuc:
в ред, треба да се интегрираат, но да не заборават кои се и од каде доаѓаат.

Магарето е магаре секаде.

В ред, се фати за знамето на албанците. Не сум јас виновен што тие се мамлази и ен сфаќаат основни нешта.
Магарето е магаре и тука и таму.

А јас не мислев на нас, прв во село, на тој начиин, Туку, чуму школо, ако молерајот или перењето мртовци ќе ми е иднина.

Оф топик, не го мешај знамето оф Кутлеш со певаљки и Војовци.

Он топик, докторот како молер ќе зема молерска плата во туѓина.
Не е се во парите.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
@ Divider,

За знамето на Албанците не треба јас да се фатам, туку надлежните институции. Мене ми беше зборот за она „прв у село-последен у град“.

Работата во тие земји има човечка мерка, т.е. три осмици.
Викендот слободен. Дали си молер, лекар, сеедно. Оној што работи ноќна смена, или за празник, е палтен дупло.

Германски треба да знаеш, за да си го пополниш формуларот, за да се пријавиш, а најмногу за да СИ ГИ ЗНАЕШ ПРАВАТА И ДА сфатиш шчо мисли твојот собеседник.
Да не мислиш дека Швајцарецот треба да научи македонски, за да ти олесни?

Една девојка со години аплицираше за виза(кога требаа визи) за Холандија. И доби туристичка виза на 3 месеци, и отиде за Холандија. Се врати после првиот месец. Зошто?
Братучетка и кај која што беше и кажала дека имаат цвеќиња и дека таа може да работи кај нив. И таа навредено, вели: ЈАС ДА БЕРАМ ЦВЕЌИЊА?!
-Јазик знаеш?-ја прашам
-Не. Не знам.
-Англиски?
-Ма јок, вели таа.
-Па, велам јас, ти очекуваш на шалтер ли да те стават да работиш?
И се налути!!! Не ми беше блиска пријателка, ама оттогаш сме само на здраво.
Најчесто така реагираат нашинците.

Синдромот на барање дупки во системот е синдром на роб, а не карактеристика на полноправен партнер. Ако аплицирам за работа, сакам да ме вработат затоа што сум квалифицирана, а не затоа што сум успеала да се протнам преку ред некаде.

Ако си и лекар, ако не го знаеш јазикот, ќе работиш најмногу како болничар. И ако се однесуваш како аншите лекари што трескаа врати, добиваш моментален отказ.
 
R

Randy

Гостин
На памет сигурно не зборам, прво што имам еден куп роднини и пријатели што се иселени, друго што живеев година и кусур во Германија.
Точно, не се работи за два или три лика, туку се работи за континуирано потврдување на тезата дека сме крапинци, што по некакво чудо кога ќе искочиме од нашата земја и се претвораме во такви. Не знам колку си имал контакт со постарите македонски иселеници, но доколку си ги видел во група секако ќе сфатиш о чему се ради.
Да, во принцип Германците, Австријците и Швајцарците се крути и полни предрасуди, но тоа е игра за двајца, колку што тие имаат предрасуди, толку и балканците им ги потврдуваат кога ќе се доселат таму.
Велиш оту чичко ми Атанас шо е родум од Волино је крив шо ето на Менка од Валандово не и је погодено во Нинберг. Мојт да е така ама мојт и да не е. Мојт да не и е лесен животот ради то шо таја од роџење куца е на едната нога. За да знајме шо е точно најубо ќе е да го ватиш рејзон за Нинберг и да ја опиташ. Па ако не ја имат опростено Госпот после толку годиње ќе дознајш све.
Е сеа шо се однесуват до чичко ми Атанас тој ги одлежа 2 години ко робијаш и је пред законот чис. Последно време додуше беше кабетлија за некој рабоќе. Зато за секој случај да е и пред Бога чис изгради црквуле и неколку пати годината делит ручек за сиромајте. Ако мислиш дека тој ти е крив шо некоја германка тебе те опулила накриво можам да ви средам да си размените бројој да се стретните па да се увериш каква е работата. Тане Смокон е кавалер чоек. Пред некој ден енеј го се врати от Ќустендил, беше петарди за внуците да земит ојден и е дојсе на стринка крзнена бунда. Да е и таја модерна ко во песнава
http://www.youtube.com/watch?v=CUOJCH9iesc
Значит секој си е одговорен пред законот и пред Бога за својте постапки и сеа да бараме оправданија баш дека некој друг ни је крив за нешчо шо никој не го напрал не е себап работа.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Најбитно е да го научиш јазикот одлично, ако незнаеш јазик може да заборавиш кариера. Можеби ќе си најдеш добро платена работа, ама погоре на скалилото од таа една работа нема шанси да мрднеш.Имам еден пријател, скоро 15тина години е тука и во струката работи одлично, ама поради тоа што не научил јазик во 15 факин години, неможе да аплицира за менаџерска позиција во истата струка и заглавен си е на тоа место.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492

Абе аман, под камен да живееш ќе го научиш јазикот :notworthy: Што гледа на ТВ, само МКРТВ САТ? :eek:
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
На памет сигурно не зборам, прво што имам еден куп роднини и пријатели што се иселени, друго што живеев година и кусур во Германија.
Точно, не се работи за два или три лика, туку се работи за континуирано потврдување на тезата дека сме крапинци, што по некакво чудо кога ќе искочиме од нашата земја и се претвораме во такви. Не знам колку си имал контакт со постарите македонски иселеници, но доколку си ги видел во група секако ќе сфатиш о чему се ради.
Да, во принцип Германците, Австријците и Швајцарците се крути и полни предрасуди, но тоа е игра за двајца, колку што тие имаат предрасуди, толку и балканците им ги потврдуваат кога ќе се доселат таму.
Го поправи ли ти нашиот углед додека беше во Немачка, барем малку? Ако да, кажи кога ќе појдам и јас таму, да те спомнам, да знаат Ѓерманците дека и јас фиљан човек сум.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Абе аман, под камен да живееш ќе го научиш јазикот :notworthy: Што гледа на ТВ, само МКРТВ САТ? :eek:
Па повеќето македонци во странство се такви.Главата им е во Македонија, а тука само заработуваат пари.Најдалеку што мрднале е до македонската кафана и до Македонија, а сон во животот им е да отворат бизнис во родното место.Нормално има и чесни исклучоци. :D

Офтопик, се изнакотиле тролови на форумов, ќе треба една модераторска чистка а?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Па повеќето македонци во странство се такви.Главата им е во Македонија, а тука само заработуваат пари.Најдалеку што мрднале е до македонската кафана и до Македонија, а сон во животот им е да отворат бизнис во родното место.Нормално има и чесни исклучоци. :D
Тоа знам дека се такви, тие се најважни и никој друг. Само ме чуди ова што викаш, пошо од тоа што го објасни добив заклучок дека се работи за интелигентна личност со желба да просперира а од друга страна дали инат дали ипак неинтелигентна личност :eek:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Е добро де шо... и Мексиканците што одат и тоа нелегално во Америка I am не знаат да кажат, па никому ништо. Истата приказна порано била и со Италијаните кои оделе за Америка. Голем дел од луѓето што одат или оделе на печалба немале пари за образование, одвај научиле на нивниот јазик да пишуваат, не па на јазикот на државата во која живеат. И тука ги имаме полно такви па никому ништо. Битно се снашле.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Тоа знам дека се такви, тие се најважни и никој друг. Само ме чуди ова што викаш, пошо од тоа што го објасни добив заклучок дека се работи за интелигентна личност со желба да просперира а од друга страна дали инат дали ипак неинтелигентна личност :eek:
Не бе чудна работа, многу интелегентен и паметен лик, ама дали некако така му се наместиле коцките во животот, едноставно не се грижел многу дали ќе научи јазик и дали ќе сака да просперира во иднина.Пред 15 години сигурно му било супер, пари и све, ама сепак секој човек посакува успешна кариера, ако не за парите тогаш како лична сатисфакција.И тоа е тоа, сега се туфка, како можел да влезе во менаџмент ако го знаел јазикот. Затоа првата година-две во странство посветете ја во учење на јазикот, разговорен и литературен.Ќе ви користи понатаму во животот и кариерата.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.840
Поени од реакции
5.120
Е добро де шо... и Мексиканците што одат и тоа нелегално во Америка I am не знаат да кажат, па никому ништо. Истата приказна порано била и со Италијаните кои оделе за Америка. Голем дел од луѓето што одат или оделе на печалба немале пари за образование, одвај научиле на нивниот јазик да пишуваат, не па на јазикот на државата во која живеат. И тука ги имаме полно такви па никому ништо. Битно се снашле.
Од снашле до снашле има многу.Ќе те видам кога ќе стигнеш до 40години, а заглавен си на берење јагоди.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Е добро де шо... и Мексиканците што одат и тоа нелегално во Америка I am не знаат да кажат, па никому ништо. Истата приказна порано била и со Италијаните кои оделе за Америка. Голем дел од луѓето што одат или оделе на печалба немале пари за образование, одвај научиле на нивниот јазик да пишуваат, не па на јазикот на државата во која живеат. И тука ги имаме полно такви па никому ништо. Битно се снашле.
Ааа во Америка без јазик моментално да буткаш кариера малце морген, вујко ми пред 15 години кога емигрираше му рекоа таму прво ќе си учиш стручен англиски ако сакаш таква кариера и еве го сега си просперира, одличен живот има, па камоли во сегашно време кога може да најде некој исти како тебе + што го знае јазикот. Тие амигосите што ги носат со автобуси од Мексико Сити за на плантажи памук берење се, ништо повеќе :) Како што вика гаде, ќе берат памук до 40 години, после тоа назад во Мексико.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Од снашле до снашле има многу.Ќе те видам кога ќе стигнеш до 40години, а заглавен си на берење јагоди.
Тоа е избор. Избор е да отидеш надвор и да си ја пробаш среќата, избор е дали ќе го научиш јазикот, индивидуален. Можеби некому снаоѓање му е доволно само да има парче леб и покрив над глава, за некој снаоѓање е да има полуксузен живот. Секој со своите амбици, ама не може да осудуваат тие луѓе. Ако го знае јазикот полесно ќе се интегрира, ама тоа е поединечен проблем.
--- надополнето: 5 декември 2012 во 16:23 ---
Ааа во Америка без јазик моментално да буткаш кариера малце морген, вујко ми пред 15 години кога емигрираше му рекоа таму прво ќе си учиш стручен англиски ако сакаш таква кариера и еве го сега си просперира, одличен живот има, па камоли во сегашно време кога може да најде некој исти како тебе + што го знае јазикот. Тие амигосите што ги носат со автобуси од Мексико Сити за на плантажи памук берење се, ништо повеќе :) Како што вика гаде, ќе берат памук до 40 години, после тоа назад во Мексико.
Зависи од кариерата.
Зависи од работата.
Вујко ти си изградил кариера, имал можности, а тие од Мексико мислиш сакаат да берат памук? Немаат пари, буквално немаат леб да јадат, не знаат да пишуваат на нивниот јазик, камоли па на англиски. Лесно е вака од страна да се збори.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom