macedon89
Провокатор по вокација
- Член од
- 22 јули 2008
- Мислења
- 783
- Поени од реакции
- 582
Ама сепак и општините имаат свои прецизно дефинирани граници, совет на општина, локални акти и одлуки и плус уставот на државата им нуди право на референдум за одлуки кои ги засегаат граѓаните за општината. Е сега, дали референдумот може да се организира за такви големи работи?Македонија е една целина не е составена како Британија.. од повеќе посебни единици (Шкотска, Велс, Англија...) или како што беше СФРЈ од 6 републики и 2 покраини... или СССР од повеќе републики кои републики можеа врз основ на тоа што и во склоп на тие федерации имаа свои граници (админстративни) свои органи на власт (во СФРЈ сите републики па и покраини си имаа свое претседателство, собрание, устав...). да си бараат независност. Значи врз основ на некое претходно стање можеа правно издржано да бараат отцепување. Мое лично мислење дека отцепување од една единствена територија е можно само по насилен пат или со некој договор дека таквото отцепување е можно
Знам пред неколку години имаше прилози дека Гораните сакале да се отцепат од Косово и да се соединат со Македонија и за тоа ке правеле референдум ама колку што гледам досега Македонија не е проширена.