Референдум за независна територија?

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Македонија е една целина не е составена како Британија.. од повеќе посебни единици (Шкотска, Велс, Англија...) или како што беше СФРЈ од 6 републики и 2 покраини... или СССР од повеќе републики кои републики можеа врз основ на тоа што и во склоп на тие федерации имаа свои граници (админстративни) свои органи на власт (во СФРЈ сите републики па и покраини си имаа свое претседателство, собрание, устав...). да си бараат независност. Значи врз основ на некое претходно стање можеа правно издржано да бараат отцепување. Мое лично мислење дека отцепување од една единствена територија е можно само по насилен пат или со некој договор дека таквото отцепување е можно
Ама сепак и општините имаат свои прецизно дефинирани граници, совет на општина, локални акти и одлуки и плус уставот на државата им нуди право на референдум за одлуки кои ги засегаат граѓаните за општината. Е сега, дали референдумот може да се организира за такви големи работи?
Знам пред неколку години имаше прилози дека Гораните сакале да се отцепат од Косово и да се соединат со Македонија и за тоа ке правеле референдум ама колку што гледам досега Македонија не е проширена.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Една област која по различен критериум се разликува од единствената територија (унитарен склоп), најпрво треба да се диференцира од унитарната единица, односно како скалило пред отцепување, треба да добие такво „зелено светло“.

Значи, во случај на Македониај на пример, една географска област, ако биде маркирана како регија која се разликува од државата по основ на етнос, култура, религија, по некоја логика има шанси да добие „термин за преглед“ за довивање на некаква поинаква улога, т.е. прв стадиум за отцепување.

Бла бла i'm drunk ама нормална геополитичка фаза е тоа.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Ама сепак и општините имаат свои прецизно дефинирани граници, совет на општина, локални акти и одлуки и плус уставот на државата им нуди право на референдум за одлуки кои ги засегаат граѓаните за општината. Е сега, дали референдумот може да се организира за такви големи работи?
Знам пред неколку години имаше прилози дека Гораните сакале да се отцепат од Косово и да се соединат со Македонија и за тоа ке правеле референдум ама колку што гледам досега Македонија не е проширена.
И мојата куќа има јасно определени граници, дворна површина, се знае кој е сопственик и носи одлуки, но тоа не значи дека можам да се отцепам. Британија, СССР, СФРЈ... се составени кога во еден историски момент решија независни или посебни единици да стапат во таква заедница. Македонија не настана кога општина Центар или Карпош одлучија да и се приклучат.
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
И мојата куќа има јасно определени граници, дворна површина, се знае кој е сопственик и носи одлуки, но тоа не значи дека можам да се отцепам. Британија, СССР, СФРЈ... се составени кога во еден историски момент решија независни или посебни единици да стапат во таква заедница. Македонија не настана кога општина Центар или Карпош одлучија да и се приклучат.
Јас не велам за меѓународно признавање на државата. И Косово било дел од Србија ама се отцепи од неа.
Ти не можиш да се отцепиш зошто уставот не дозволува да се направи референдум во дворот на Лет, туку референдум на ниво на општина.
Еве еден раширен пример:
Граѓаните на Охрид не се задоволи со тоа што Грција го кочи влезот на Македонија во ЕУ, и не се задоволни со неменувањето име на Македонија. Невлегувањето во ЕУ им го намалува приходот од туризмот заради скапите аеродромски такси и скапиот роаминг што ги плаќаат холандските туристи (тропам глупости ама ај :)) и на јавна трибина се решаваат да се одделат од Македонија по мирен пат преку референдум. Дали е можно покренување референдум за вакви круцијални прашања?
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
И тоа дочекав, тема каде што Лет 3 е најсериозен од сите дискутанти :D. Прочитајте му ги уште еднаш постовите на човекот и само ќе ви се каже - за легално осамостојување (со акцент на легално) не е битна големината на територијата, битен е нејзиниот статус и дали некаде (во уставот на пример) е предвидена можност за осамостојување (Kosove Republjik anyone?). Се друго е гола вода. За нашите општини предвидени се многу работи, ама не и право на отцепување. End of story. Засега.
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
13
Поени од реакции
7
Според Член 1 од Montevideo Convention (која е прифатен како авторитетен во јавното меѓународно право), секоја држава мора да поседува четири карактеристики:

1. Постојана популација;
2. Дефинирана територија (гранични спорови не влијаат на оваа карактеристика, спорот помеѓу Словенија и Хрватска како пример);
3. Влада (која што има контрола над територијата); и
4. Капацитет да влезе во односи со други Држави (или попознато како ''признавање'', што има повеќе политичка него правна основа; во практика, оваа карактеристика и не мора да биде [потполно] исполнета за да една Држава биде признаена, Косово, како пример).

Доста важна одлука е одлуката на Канадскиот Врховен Суд во случајот Re: Reference by the Governor in Council Concerning Certain Questions Relating to the Secession of Quebec from Canada ( (1998) 161 D.L.R. (4th) 385.), на прашањето дали привинцијата Квебек може унилатерално да се одвои од Канада. Според Судот, правото на самоопределување може да се употреби само во стриктно ограничени случаи и дека меѓународното право не дава право на делови од веќепостоечка Држава да се одвојат унилатерално. Судот го подржа принципот на територијален интегритет на веќепостоечки Држави. Дополнително, според Судот, не постои право на надворешно самоопределување кога целосно учество во цивилниот и политичкиот живот во Државата е овозможен, т.е. внатрешно самоопределување, кое може да се интерпретира како правото на малцинството да ги исполнуваат своите политички, економски, социјални и културни права, во рамката на веќепостоечката Држава.

Исто така, има разлика помеѓу признавање на Држава и признавање на Влада.

Додека една единка не ги исполни трите побарувања на горенаведениот член, и е признаена од приличен број на Држави (четвртото побарување), не може да побара независност. Ако некој има поголем интерест во легалната перспектива на правото на независност, нека пише, имам доста материјал на оваа тема, меѓутоа сé е на англиски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom