Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Што се дуеш сега? Кој те спомна?
Општо беше мислењетo, не посочив никој.
Па и јас општо зборувам, и против двата табора, па ме етикетираа како ,,мразач на провинцијалци,,.
А кога би знаеле од кои се провинции ми е друштвото, ама не знаат, тоа ти е ;)
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Па секако. Нормално е некој да те праша ,,од дека си,, ама ако кажеш ,,пер,, кога се обраќаш на некого, тогаш си ти скопјаниште проклето.
Не е за џабе муабетот дека ако видиш некоја накинџурена, знаеш дека е ,,провинцијалка,,. Не гледам ни една причина во сред бел ден да одам светкава на кафе. Сосема ми е добро во фармерки и маица.
Посебен дел е, кинџурење на за факс. Тоа се плашам да коментирам воопшто :)
Абе ајде? Накинџурени сме ние, што доаѓаме од провинција, а вие Скопјанчиштата, така неверојатно кул во избледени Џејмс Дин фармерки и бела ноншалантна маица... Колку што сум видела во Скопје ороспии, со миничи и со шљокици, ретко каде има. Не е Пинк репер само во провинција, во цела Македонија е. Така што селскиов муабет прајте го на кафе со скопските ти другачки, седејќи на скопските култни места (непознати за новодојдените) и пиејќи скопско кафе.
Секој град во Македонија си има свој крем, свој шлаем, свој андерграунд. И секој град има и накинџурени, и некапани.
Скопје, да не беше провинцијата ќе беше уште селандра со нужници во дворовите на „старите скопски оу јеј куќи“ и жаби во парк.

Не можеш да збориш кога не ме знаеш.
И не ми збори на мене за неизживеани кога провинцијалци идат на white dimension на саем мислат дека се на white sensation во Амстердам.

Јас не викам дека сме ние супериорна раса само затоа што сме од Скопје туку викам дека зборот провинцијалец си го имате поради фактот што ништо не се инвестира во внатрешноста на Македонија и таков ни е менталитетот,пошто мора да дојдете тука по секоја цена пошто нема веке што да барате кај вас.
Да беше развиена Македонија немаше да мора да го напуштате вашиот град/општина за да дојдете да студирате тука и да останете за работа и со тоа немаше да постои зборот провинцијалец.

Како што во Холандија од Ајтховен,Ротердам или Хаг не мора да идат во Амстердам за да студираат и работат.

Јеах, сакам на уајт дименжн да одам! Ќе се чувствувам како дел од Скопје, ќе ја живеам магијата на Скопје, ќе бидам прифатена како една од вас. И ох, ни шљокици нема да носам. Жими мене, во фармерки и маица ќе дојдам!
Зборот провинцијалец е за се што не живее во главниот град, во било која држава, маше. Живеам во град два ипол пати поголем од Скопје, и сепак сме провинција за главниот град. Нема што да бараме кај нас?
Оди во Струмица и види ги куќите на Струмичани и колите, па види на паркинг пред зграда што имаат комшиите. Или оди во Епинал Битола и види колку плаќаат за ручек некои Битолчани, па оди згнети еден помфрит во седмица.... Немало што да бараат кај нив, морале да одат во Скопје. Простотилук со лопати да го риниш.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
Абе отековте со тоа провинција и провинцијалци а никој не одговори што ви значи тоа.

A province is a territorial unit, almost always an administrative division, within a country or state.
Etymology

The English word "province" is attested since about 1330 and derives from the 13th-century Old French "province," which itself comes from the Latin word "provincia," which referred to the sphere of authority of a magistrate; in particular, to a foreign territory.
A possible Latin etymology is from "pro-" ("on behalf of") and "vincere" ("to triumph" or "to take control of"). Thus a "province" was a territory or function that a Roman magistrate held control of on behalf of his government. This agrees with the Latin term's earlier usage as a generic term for a jurisdiction under Roman law.
Мене ми се чини дека терминиве кај нас се користат за сите кои се родени надвор од Скопје, а се промовирани од луѓе кои имаат болна желба да мислат дека се подобри од другите па макар тоа било и поради местото на раѓање (кур се тресе).
По нивната логика Жан Митрев,Кире Лазаров и Тоше Проески се провинцијалци а Амди Бајрам,Боки 13 и Драган Вучиќ не се.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
И што има врска сево ова... на една страна ширите вистина, на друга страна правите вакви смешни поделби.
Она не ги мрази и не ги напаѓа "новите", ако секој пост нешто критикува и хејта ама она не ги мрази "новите".
Битно има места кој ние не сме ги виделе, што имаат значење за нив, ко на пример кај Пума пред зграда, позади зграда и такви места.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Да, да Скопје ептен има душа со 20% Албанци, Турци, Босанци и фактот што пола град личи како да си во Саудиска Арабија или Палестина.Да не се населуваше Скопје систематски од другите градови до сега Македонците никогаш немаа да бидат мнозинство во градот поради нискиот наталитет и високиот наталитет на муслиманите.Не се прскај , првин размисли, па тогаш скокни.
Скопје никогаш не дало спортисти, музичари, писатели, сликари, научници, револуционери.Таквите луѓе секогаш доаѓале од селата и малите градови каде што е вистинската Македонија.Последна таква личност беше Тоше Проески на кој што не му требаше да ги знае улиците на Скопје за да оди да прави кариера во Белград.Таму отиде со талент и знаење.Сите пејачи што се од Скопје се чиста бижутерија за Тоше Проески, па колку сакаат нека го омаловажуваат дека е од Крушево.
еве малку да те просветам, детуле
откога дојдоа провинцијалциве Скопје стана селска метропола
не си во право на наведеното-еве ти факти
1. Арсовски Панче............ роден во Скопје
2. Николов Орце................роден во Скопје
3. Димитриевски Никола...роден во Скопје
4. Јоцич Вера.....................родена во Скопје
5. Димов Цветан................роден во Скопје
6. Јовчевски Раде.............роден во Скопје
7. Авдовиќ Алија ..... .........роден во Скопје
8. Боцевски Боте...............роден во Скопје
9. Георгиевска Дуња.........родена во Скопје
10 Неделковски Панче.....роден во Скопје

2168. Абдул Салим...........роден во Скопје
Абдул Салим роден во Скопје 1927 година, уште не полнолетен
речиси дете се вклучува во НОД и во 7 македонска бригада-42 дивизија
тргнува по стапките на својот брат Абдула кој претходно загинува во борбите против фашистите, иако останува единец во фамилијата и тој се бори за слобода на својата татковина и храбро ќе загине во таа борба.
Детуле да не те чујам повеќе да кажеш дека во Скопје немало ова или она. Јас тоа не сум го рекол за ниедно место во Македонија. Дали овие горе спомнати за тебе не се луѓе. А сите тие загинаа за тоа што го имаме сега јас и ти во оваа земја. Значи некој може да каже дека Владимирово не дало доктори а сите знаеме дека од таму ги има баш многу.
Опамети се и ти и другите доста беа делби. И тоа во ова поново време,
не е прашање сега дали сме или сте вие или ние селски или гратски
или пригратски или тукашни или од немај каде и било каде,
ТУКУ Е ПРАШАЊЕ ДАЛИ НЕ ИМА;КОЛКУ НЕ ИМА И ДО КОГА ЌЕ НЕ ....
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
еве малку да те просветам, детуле
откога дојдоа провинцијалциве Скопје стана селска метропола
не си во право на наведеното-еве ти факти
ОМГ, листа на првоборци извади бе :) Крш
Откока дојдоа провинцијалците Скопје е станато селска метропола, претходно беше само селски град.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.730
Поени од реакции
9.840
ОМГ, листа на првоборци извади бе :) Крш
Откока дојдоа провинцијалците Скопје е станато селска метропола, претходно беше само селски град.
У Лион како е ситуацијата ..има ли сељаци у градо ?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
еве малку да те просветам, детуле
откога дојдоа провинцијалциве Скопје стана селска метропола
не си во право на наведеното-еве ти факти
1. Арсовски Панче............ роден во Скопје
2. Николов Орце................роден во Скопје
3. Димитриевски Никола...роден во Скопје
4. Јоцич Вера.....................родена во Скопје
5. Димов Цветан................роден во Скопје
6. Јовчевски Раде.............роден во Скопје
7. Авдовиќ Алија ..... .........роден во Скопје
8. Боцевски Боте...............роден во Скопје
9. Георгиевска Дуња.........родена во Скопје
10 Неделковски Панче.....роден во Скопје

2168. Абдул Салим...........роден во Скопје
Абдул Салим роден во Скопје 1927 година, уште не полнолетен
речиси дете се вклучува во НОД и во 7 македонска бригада-42 дивизија
тргнува по стапките на својот брат Абдула кој претходно загинува во борбите против фашистите, иако останува единец во фамилијата и тој се бори за слобода на својата татковина и храбро ќе загине во таа борба.
Детуле да не те чујам повеќе да кажеш дека во Скопје немало ова или она. Јас тоа не сум го рекол за ниедно место во Македонија. Дали овие горе спомнати за тебе не се луѓе. А сите тие загинаа за тоа што го имаме сега јас и ти во оваа земја. Значи некој може да каже дека Владимирово не дало доктори а сите знаеме дека од таму ги има баш многу.
Опамети се и ти и другите доста беа делби. И тоа во ова поново време,
не е прашање сега дали сме или сте вие или ние селски или гратски
или пригратски или тукашни или од немај каде и било каде,
ТУКУ Е ПРАШАЊЕ ДАЛИ НЕ ИМА;КОЛКУ НЕ ИМА И ДО КОГА ЌЕ НЕ ....
Тие се пичкин дим во споредба што се Гоце Делчев, Питу Гули, Никола Карев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Ченто, и еден куп други македонски патриоти.Ми споредуваш маалски херои од Скопје со херои на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Факт е дека Скопје никогаш не давало музичари, револуционери, писатели, сликари, спортисти и ред други работи.Најпаметните и најучените луѓе доаѓале од селата.Тие ти го изградија Скопје.Старите Скопјани во ништо не се подобри да речеме од старите Битолчани, старите Прилепчани, Охриѓани.Охриѓани, Битолчани, Прилепчани, Крушевчани дале 30 пати поголеми работи за Македонија отколку Скопје.Тоа што Скопје вештачки се направи главен град после втората светска војна, затоа што што имало најслаб македонски дух во себе што им одговарало на комунистите.
Земи ја само 2001 година, скоро 80% од погинатите и ранетите беа од другите градови и села од Македонија, а најмалку од Скопје.Тие дојдоа и го бранеа Скопје за да некој сега ги омаловажува и исмејува.Браво за македонскиот синдром.Скопјани си прчеа кур на градски кеј ете така беше за жал.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.730
Поени од реакции
9.840
Абе глупо е шака народ да се вреѓаме кој од каде е,ама ептен.. па Маџир маало у сред Скопје е поголемо селиште од многу села низ Македонија. треба да се обединиме а не делиме,глупа тема стварно.
 
m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Лошо е кога се генарализира за вакви работи. (n)
Некои се дојдени од помалите градови да студираат, некои да работат, некои за забава, некои за секс, некои за Х причина.

Доколку продолжат да се отвараат дисперзирани студии по другите градови, а најважно доколку се подобри економската состојба во другите градови (земјоделие, индустрија и сл.) не секој би заминал во Скопје. Споредете го стандардот во Скопје, кои се примањата што ги остваруваат таму и во помалите градови, најопшто споредете го возниот парк само.
Кога не би се движеле во релација провинција - Скопје сте се запрашале ли дали и во Скопје ќе остане состојбата иста. Парите кои се плаќаат за кирија, топлификација, храна,такси, автобуси,облека, дискотеки, кафиќи ( овие последните две не требаше да ги пишам) сите остануваат и циркулираат во делот на Скопје. Размислите кој одлив на пари оди од помалите градови во Скопје ако не директно кај вас, кај некој ваш роднина, пријател... со што се создава еден синѓир.

Кога би се развила индустријата или земјоделието во помалите градови и би се плаќало добро не секој би заминал да се дообразува, зошто ќе има солидна егзистенција и во својот роден крај.

“Ударот“ е во тоа што генарализирате дека сите провинцијалци се исти и дека сите се со иста намера отидени за да останат во Скопје, не ви држи вода зошто поголемиот дел се принудени за да си обезбедат понатаму егзистенција за да издржаваат фамилија.

Премногу се потенцира Скопје, многу голем дел од вкупната економија лежи во Скопје. Нека се премести еден универзитет во помалите градови, нека се отвараат компании како Jonson Control во малите градови, целиот шаблон на игра ќе се промени.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.730
Поени од реакции
9.840
Премногу се потенцира Скопје, многу голем дел од вкупната економија лежи во Скопје. Нека се премести еден универзитет во помалите градови, нека се отвараат компании како Jonson Control во малите градови, целиот шаблон на игра ќе се промени.
Па тоа е болката на Македонија,што се е централизирано у Скопје..прост пример е Словенија,уште 5-6 града се на рамниште на Љубљана.. а кај нас све е во Скопје.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Офф топик прашање: кој води? Сељаците од провинција или скопските буљаши?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Тие се пичкин дим во споредба што се Гоце Делчев, Питу Гули, Никола Карев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Ченто, и еден куп други македонски патриоти.Ми споредуваш маалски херои од Скопје со херои на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
Факт е дека Скопје никогаш не давало музичари, револуционери, писатели, сликари, спортисти и ред други работи.Најпаметните и најучените луѓе доаѓале од селата.Тие ти го изградија Скопје.Старите Скопјани во ништо не се подобри да речеме од старите Битолчани, старите Прилепчани, Охриѓани.Охриѓани, Битолчани, Прилепчани, Крушевчани дале 30 пати поголеми работи за Македонија отколку Скопје.Тоа што Скопје вештачки се направи главен град после втората светска војна, затоа што што имало најслаб македонски дух во себе што им одговарало на комунистите.
Земи ја само 2001 година, скоро 80% од погинатите и ранетите беа од другите градови и села од Македонија, а најмалку од Скопје.Тие дојдоа и го бранеа Скопје за да некој сега ги омаловажува и исмејува.Браво за македонскиот синдром.Скопјани си прчеа кур на градски кеј ете така беше за жал.
Воопшто не е точно дека старите скопјани немале македонски дух. Дедо ми сеуште ми кажува како неговиот татко не ги мирисал нималку комунистите, а неговиот дедо уште при крајот на турската окупација се кажувал како Македонец кога тој од Кочани се кажувал како Бугарин, тој од Куманово се поистоветувал со Србите, тој пак од гевгелија можеби се исјаснувал како Грк.

Секако дека постои разлика помеѓу старите Скопјани и старите на пример Охриѓани. Сите други староседелци не ги мирисаат луѓето од околните села. Многу поизразен елитизам има кај староседелците на другите градови отколку кај скопјаните. Има и уште една друга разлика, а тоа е некохерентноста. Едни тетовчани, гостиварчани, галичани (сега повеќе во „мода“ се источњаците) каде каде повеќе се држат од скопјаните.
Уште еднаш ќе го споменам дедо ми кој многу повеќе ги почитува доселениците кои вистински го сакаат Скопје отколку инертните староседелци кои ни сопствените дворови не сакаат да си ги средат.

Скопје како и сега така и во 2001 година има најмногу жители со потекло од другите градови. Така да не може да се каже дека скопјаните не излегле да ја бранат татковината. Поправично би било ако се каже- граѓаните на Скопје (кои секако 80% од нив немаат ништо скопско во нив). Ако градовите од внатрешноста на Македонија давале толку големи наши патриоти и револуционери, прашањето би гласело, зошто тие не се пријавиле за време на конфликтот? Зошто нивните родители не им го пренеле патриотизмот од нивните предци? Тогаш убедена сум дека најмногу бранители би биле од Скопје.

Веќе кога сте започнале со набројувањето на значајни личности да потсетам дека и Славко Јаневски, еден од нашите најголеми писатели (сигурно во топ 5) е скопјанец.
 
Најголем процент од убиените војници и полицајци во 2001 година беа од внатрешноста на Македонија, а не од Скопје.
Карпалак-сите Прилепчани, масакрот кај Вејце скоро сите од Битола.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom