Фирма може да регистрираат само овластени регистрациони агенти (Читај сметководители) и целата процедура е бесплатна. Но ништо не е така розово како што изгледа бидејќи ќе треба да склучиш договор со сметководственото биро за да бидеш нивни клиент. Трошоци за фирма според мене
Регистрација - Бесплатна
Сметководство - околу 3000 денари/ месечно
Фирмарина - 9000 денари годишно
Трошоци за отварање и водење на сметка во банка - просек некаде 200-300 денари/месец
Радиодифузна такса - 190 ден/ месечно
Плата и придонеси - Минимум нето 10.900 денари, бруто негде 15.500 денари, за други износи може да се пресмета
тука
Членарини за разни комори и сојузи - по желба
Данок од добивка - се плаќа авансно, одредува сметководителот, на крај на година доплаќаш
За учество на тендери понатака
Тековна состојба, ДРД, Биланс на состојба успех, потврда за платени даноци - 4500 денари негде секои 6 месеци (Централен Регистар, УЈП)
Електронски потпис - 1000-3000 денари годишно
Биро за јавни набавки - 4500+ денари годишно
Комуналии и телефон - Вода, струја, телефон, мобилен - ова е во зависност каде се наоѓа фирмата..
Според мене за да биде ликвидна фирмата на почеток со 1 вработен треба да прави минимум 50.000 денари профит, односно зависно од дејноста, трошоци влез/излез итн итн..
Со други зборови воопшто не е едноставно како што изгледа. А, исто така не се вклучени трошоци за инспекции, пропратни законски обврски итн. итн