Регистрирање на фирма?

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Сопругот мој ќе регистрира фирма за месец-два па јас имам прилично нејасни ствари.

Хипотетичка ситуација 1: фирмата нема на сметка доволно пари за да му исплати на вработениот. Дали е решение сопственикот да извади кеш од џеб, да ги стави на трансакциска на фирмата за да му се префрлат на вработениот?

Хипотетичка ситуација 2: На трансакциска на фирмата има пари. Газдата сака да иде на одмор, вади кеш од трансакциската на фирмата и иде на одмор.

Мене ми имаат речено дека втората ситуација не може, не можело да се извадат пари од сметката туку се се плаќало преку фактура. Пример, купуваш стан и тој е на име на фирмата. Океј, но што кога фирмата ќе се затвори или ќе пропадне? Што ќе се случи со станот? И дали ќе може на одмор во странство да се плаќа во фактура?

Знам дека прашањава ми се глупи и оптимистички, ама сепак ме интересира.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Ако тргнеш се по закон, крај нема...
Освен апаратотот за пожар што е спомнат, во истата област треба:
  • пожарен куќен ред
  • правилник за заштита од пожари
  • проценка за загрозеност од непогоди
  • план за заштита и спасување
Се треба да биде изработено од овластена фирма, се кошта пари, за нешто од овие ти треба и одобрение од Дирекција за спасување

Во областа на безбедност при работа ( освен редовен преглед на 18 месеци ) треба:
  • Проценка за ризик на секое работно место
  • Обука за секој вработен и уверение за извршена обука за безбедност при работа
Исто само овластена фирма. Даље,
  • Испитување на заштитно заземјување на секој штекер
  • Испитување на громобранска инсталација на објект
  • Испитување на микроклима ( температура, влага, промаја ) во просторија каде се работи
Исто, само овластена фирма, мислам дека се прави секоја година
Па обука за вработените за прва помош, онда обука за бработените за ПП апарати....
Осмели се ;)[DOUBLEPOST=1397117107][/DOUBLEPOST]
Хипотетичка ситуација 1: фирмата нема на сметка доволно пари за да му исплати на вработениот. Дали е решение сопственикот да извади кеш од џеб, да ги стави на трансакциска на фирмата за да му се префрлат на вработениот?
Хипотетичка ситуација 2: На трансакциска на фирмата има пари. Газдата сака да иде на одмор, вади кеш од трансакциската на фирмата и иде на одмор.

Мене ми имаат речено дека втората ситуација не може, не можело да се извадат пари од сметката туку се се плаќало преку фактура. Пример, купуваш стан и тој е на име на фирмата. Океј, но што кога фирмата ќе се затвори или ќе пропадне? Што ќе се случи со станот? И дали ќе може на одмор во странство да се плаќа во фактура?
.
ХС 1. Едно решение е сопственикот да стави пари на сметка како “ позајмица“. По х период кога ќе има доволно пари на сметка, ке треба да си ги повлече со назнака “ враќање на позајмица“

ХС 2. Газдата не може да извади пари од сметка во кеш за да си иде на одмор. Има повеќе други начини:
- ќе оди преку агенција, ќе добие фактура, ќе си ја плати од сметка, и ќе ја книжи таа фактура како репрезентација. На крај на година ќе си плати одреден данок за ова. Фирмата е лимитирана колку вакви пари може да потроши.
- газдата може да повлече пари од сметка на фирма на своја лична сметка ( има повеќе начини, за сите се плаќа данок ) , па од своја лична сметка може да си извади кеш пари
 
Последно уредено:

LePAk

пензиониран воваџија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
113
Поени од реакции
80
Сопругот мој ќе регистрира фирма за месец-два па јас имам прилично нејасни ствари.

Хипотетичка ситуација 1: фирмата нема на сметка доволно пари за да му исплати на вработениот. Дали е решение сопственикот да извади кеш од џеб, да ги стави на трансакциска на фирмата за да му се префрлат на вработениот?

Хипотетичка ситуација 2: На трансакциска на фирмата има пари. Газдата сака да иде на одмор, вади кеш од трансакциската на фирмата и иде на одмор.

Мене ми имаат речено дека втората ситуација не може, не можело да се извадат пари од сметката туку се се плаќало преку фактура. Пример, купуваш стан и тој е на име на фирмата. Океј, но што кога фирмата ќе се затвори или ќе пропадне? Што ќе се случи со станот? И дали ќе може на одмор во странство да се плаќа во фактура?

Знам дека прашањава ми се глупи и оптимистички, ама сепак ме интересира.
1. Може, како позајмица, со што си отвараш простор за да повлечеш пари за хипотетичка ситуација 2
2. Ако не ја направиш ситуација 1, а ти треба кеш, можеш да извадиш на име материјални трошоци (за што треба да имаш фискални сметки и слично), но се плаќа данок на крајот на годината (сметководител најдобро да прашаш за ова) или на авторски договор за некоја услуга за кој плаќаш 11% персонален данок на парите што ќе ги префрлиш на трансакциона сметка.. Исто така можеш да си префрлиш пари на основ на кирија на недвижност, автомобил и слично со данок од 8,01% али само ако имаш што да дадеш под кирија се разбира.

Иначе никој не ти забранува да повлечеш пари колку сакаш само се плаќа персонален данок и данок од добивка вкупно 20%. Ако сакаш поголема плата ќе си платиш поголеми придонеси.
 
Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Можеби е малку надвор од тема, но ако знае некој нека ми одговори на следново:
Сакам да отворам бутик за облека која ке ја набавувам од кинески пазари во Унгарија и Бугарија (евтина роба). Како ке добијам фактура од таму коа тоа се све пазарџии и дали онаа фактура што ке ја земам од карго-превозник е легална? Знам дека најголем дел од бутиците функционираат така но кога за прв пат го полниш дуќанот дали ова ке биде легално? Ако знае некој однапред ФАЛА.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075

Кога купуваш, плаќаш по фактура бр.XX. Продавачот сосе продуктите ти ја доставува и фактурата и после тоа шпедитерот си средува работа по што ти ја добиваш фактурата.

Ако планираш да купуваш од тезга на пазар тогаш незнам како да ти помогнам :icon_lol:
 
LePAk

пензиониран воваџија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
113
Поени од реакции
80
Можеби е малку надвор од тема, но ако знае некој нека ми одговори на следново:
Сакам да отворам бутик за облека која ке ја набавувам од кинески пазари во Унгарија и Бугарија (евтина роба). Како ке добијам фактура од таму коа тоа се све пазарџии и дали онаа фактура што ке ја земам од карго-превозник е легална? Знам дека најголем дел од бутиците функционираат така но кога за прв пат го полниш дуќанот дали ова ке биде легално? Ако знае некој однапред ФАЛА.
Ако не купуваш по фактура мислам дека документот што ќе ти го издаде шпедицијата за царинење е валиден документ за да направиш влез во твојата фирма на стока. Најдобро да прашаш сметководител, ако немаш никој пиши ќе ти дадам број.
Поздрав
 
Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Ако не купуваш по фактура мислам дека документот што ќе ти го издаде шпедицијата за царинење е валиден документ за да направиш влез во твојата фирма на стока. Најдобро да прашаш сметководител, ако немаш никој пиши ќе ти дадам број.
Поздрав
Фала многу. Иначе и ја претпоставувам дека е така некако пошто ако земам роба прв пат на фактура од кај ке биде сигурен тој продавач од бугарија дека ке си ја наплати фактурата, значи зимам пари у кеш, зимам роба и од карго превозникот ми даваат испратница или сл. Само не ми е јасно дали тие првите вложени пари ги давам директно или мора прво да влезат на сметка на фирма па да ги извадам за набавка на роба за дуќан....Ова сложено мму треба да си Ајнштајн па да работиш легално.
 
The One

Оној шо ќутит а све знајт
Член од
16 март 2008
Мислења
189
Поени од реакции
39
Здраво,

сакам да отворам гостилница (кафана) па ме интересира дали некој има искуство со овој бизнис и колку трошоци има околу овој бизнис, од регистрација, даноци, вработени, продукти итн.

Однапред фала.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво,

се спремам да отворам веб продавница на која ќе се продаваат стока кои ќе бидат увезени. Во моментот го спремам бизнис-план и се уште сум во фаза на истражување на сите факти итн.

Сакам на домашна адреса да ја регистрирам фирмата, имам доста простор каде да ги пласирам стоките и да ги спремам за испратка до клиенти.

1.Дали може некој да ми помогне и да ми каже, дали тоа не е проблем да се регистрира фирма на домашна адреса?

2.Прочитав на друго место во форумот, дека проценител треба да процени непаричен влог. Дали тоа важи и за интернет продавница или само за класичен дуќан?

3.Колку ли ке чини еден добар веб/дизајнер за да ми ја обработи страницата од А до Ш, и каде се наоѓаат?

4.Дали можам како микротговец да увезувам или морам да регистримам ДООЛ ??

5.И ако знаете да ми кажете како идат даноците за увоз?

Знам, ова се многу прашања, ама верувајте, имам уште многу повеќе кои ми се вртат во глава. :unsure:

Благодарам однапред за одговорот ваш! (y)
 
Член од
8 мај 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
Здраво на сите.
Сакам да отворам слаткарница па да ве прашам дали овие трошоци што ке ги наведам се
тоа што ке го плакам или има некои други скриени финансии.
1.Регистрација на фирма ДООЕЛ како што прочитав претходно некаде 4600 денари,
2.Сметководител 2000 до 3000 денари месечно.
3.Фирмарина 7000 денари годишно.
4.радио дифузна такса 190 денари месечно.
5.Плата за еден вработен управителот 8000 + 4000 осигуруванје = 12000 и нешто ситно.
6.Фискална каса некаде 12000 денари.
7.опрема (фрижидери два или три , пецки за колачи ,маси, столици и друго за уредување на просторот)
И тое мислам дека е се што треба.
( по мои пресметки некаде 30,000 месечно за кирија, плата, сметководител, фирмарина) и плус некаде 12,000 за сметки (струја, вода, интернет) највеке 50,000 месечно ке биде доволно за сите трошкови?
  • Сега прашањето ми е дали може сестра ми да ми биде сметководител (има лиценца за водење сметководство).или мора фирма да биде.
  • Дали треба да имам 5000 евра (кога ке ја отворам фирмата ) или може од кога ке ја отворам.па да купам фрижидери и се останато па после да дојде проценител и да каже дека имам опрема во вредност од 5000 евра (бидејки сега немам ништо купено затоа прашувам)
  • и што треба да извадам докуменри во случај за инспекција (дали треба хасап систем или нешто правилник за водење на ваква фирма) правилник за набавка на материјалите од кај се набавени, дали треба тоа што сум слушал плочките да бидат без фуга, се да биде од росвајт ништо од дрво.или ова нема везе.
  • и дали сметките што ке ми доагаат да бидат на фирма (да плакам индустриска струја вода) или можат да бидет сметките на физичко лице да ги плакам јас во кеш(дали е законски ова).
  • И дали да бидам ДДВ обврзник зошто ќе продавам се со фискална и ќе правам дневен промет фактури не правам
Фала однапред на тој што ке ми одговори на моиве дилеми многу ќе ми помогне.
Поздрав до сите и темава е топ.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ќе ми објасни некој што се подразбира под минимален влог за отворање на фирма и колку изнесува истиот?
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Ќе ми објасни некој што се подразбира под минимален влог за отворање на фирма и колку изнесува истиот?
Не можеш без пари да отвориш фирма. Мораш да имаш некои почетни средства, по МК закони.
Минимален почетен влог изнесува 5000 евра во денарска противредност. влогот може да ти биде паричен ( уплаќаш пари на сметка ) или непаричен ( наместо пари вложуваш опрема - биро, компјутери, штампач, машини или слично...[DOUBLEPOST=1399583550][/DOUBLEPOST]
Здраво,

се спремам да отворам веб продавница на која ќе се продаваат стока кои ќе бидат увезени. Во моментот го спремам бизнис-план и се уште сум во фаза на истражување на сите факти итн.

Сакам на домашна адреса да ја регистрирам фирмата, имам доста простор каде да ги пласирам стоките и да ги спремам за испратка до клиенти.

1.Дали може некој да ми помогне и да ми каже, дали тоа не е проблем да се регистрира фирма на домашна адреса?

2.Прочитав на друго место во форумот, дека проценител треба да процени непаричен влог. Дали тоа важи и за интернет продавница или само за класичен дуќан?

3.Колку ли ке чини еден добар веб/дизајнер за да ми ја обработи страницата од А до Ш, и каде се наоѓаат?

4.Дали можам како микротговец да увезувам или морам да регистримам ДООЛ ??

5.И ако знаете да ми кажете како идат даноците за увоз?

Знам, ова се многу прашања, ама верувајте, имам уште многу повеќе кои ми се вртат во глава. :unsure:

Благодарам однапред за одговорот ваш! (y)
1.Можеш фирма на домашна адреса
2. За секоја фирма треба оснивачки влог. Дали ке биде паричен или непаричен, твој избор
3.Побарај на соодветна тема во форумот
4.Микротрговец не постои. Или си трговец-поединец или ДООЕЛ. За да увезуваш, ако не грешам, мора ДООЕЛ
5. Данокот ( ако мислиме на ДДВ ) за увоз ти е различен и зависи од стоката, дали е 5 или 18 %. За увоз плаќаш царина и таа зависи од тарифен број на стоката што ке ја увезуваш. Побарај Царибнски Тарифник по интернет, најди што сакаш да увезуваш и ке видиш дали има царина и колку
 
Последно уредено:

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не можеш без пари да отвориш фирма. Мораш да имаш некои почетни средства, по МК закони.
Минимален почетен влог изнесува 5000 евра во денарска противредност. влогот може да ти биде паричен ( уплаќаш пари на сметка ) или непаричен ( наместо пари вложуваш опрема - биро, компјутери, штампач, машини или слично...[DOUBLEPOST=1399583550][/DOUBLEPOST]
1.Можеш фирма на домашна адреса
2. За секоја фирма треба оснивачки влог. Дали ке биде паричен или непаричен, твој избор
3.Побарај на соодветна тема во форумот
4.Микротрговец не постои. Или си трговец-поединец или ДООЕЛ. За да увезуваш, ако не грешам, мора ДООЕЛ
5. Данокот ( ако мислиме на ДДВ ) за увоз ти е различен и зависи од стоката, дали е 5 или 18 %. За увоз плаќаш царина и таа зависи од тарифен број на стоката што ке ја увезуваш. Побарај Царибнски Тарифник по интернет, најди што сакаш да увезуваш и ке видиш дали има царина и колку
А пример имам машина која вреди појше од 5.000 евра - значи моја е таа. Може ли таа да ми биде основачки влог?

И ова важи и за трговец поединец?

Аа ок, имам веќе двајца на форумов замаразно со ова прашање, ми рекле дека може машините како основачки влог да се стави машината. Фала :)
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Здраво на сите.
Сакам да отворам слаткарница па да ве прашам дали овие трошоци што ке ги наведам се
тоа што ке го плакам или има некои други скриени финансии.
1.Регистрација на фирма ДООЕЛ како што прочитав претходно некаде 4600 денари,
2.Сметководител 2000 до 3000 денари месечно.
3.Фирмарина 7000 денари годишно.
4.радио дифузна такса 190 денари месечно.
5.Плата за еден вработен управителот 8000 + 4000 осигуруванје = 12000 и нешто ситно.
6.Фискална каса некаде 12000 денари.
7.опрема (фрижидери два или три , пецки за колачи ,маси, столици и друго за уредување на просторот)
И тое мислам дека е се што треба.
( по мои пресметки некаде 30,000 месечно за кирија, плата, сметководител, фирмарина) и плус некаде 12,000 за сметки (струја, вода, интернет) највеке 50,000 месечно ке биде доволно за сите трошкови?
  • Сега прашањето ми е дали може сестра ми да ми биде сметководител (има лиценца за водење сметководство).или мора фирма да биде.
  • Дали треба да имам 5000 евра (кога ке ја отворам фирмата ) или може од кога ке ја отворам.па да купам фрижидери и се останато па после да дојде проценител и да каже дека имам опрема во вредност од 5000 евра (бидејки сега немам ништо купено затоа прашувам)
  • и што треба да извадам докуменри во случај за инспекција (дали треба хасап систем или нешто правилник за водење на ваква фирма) правилник за набавка на материјалите од кај се набавени, дали треба тоа што сум слушал плочките да бидат без фуга, се да биде од росвајт ништо од дрво.или ова нема везе.
  • и дали сметките што ке ми доагаат да бидат на фирма (да плакам индустриска струја вода) или можат да бидет сметките на физичко лице да ги плакам јас во кеш(дали е законски ова).
  • И дали да бидам ДДВ обврзник зошто ќе продавам се со фискална и ќе правам дневен промет фактури не правам
Фала однапред на тој што ке ми одговори на моиве дилеми многу ќе ми помогне.
Поздрав до сите и темава е топ.
Секогаш има скриени трошоци. Прочитај предходно на истава тема, има добри постови. Освен овие што си ги набројал ќе имаш банкарски провизии 500-1000 месечно ( водење сметка+ провизија за секое плаќање), понатаму ДДД на секои 6 месеци, самнитарни книшки на секои 6 месеци, обука за безбедност со храна за вработените, ПП обука и се по ред....Исто и периодични анализи на производи, пошто се работи за храна.

Мора да имаш оснивачки влог од 5000 евра кога ја отвараш фирмата. Дали ке ставиш 5000 евра на сметка и од тие пари после ќе купуваш опрема или ке ја купиш опремата приватно во кеш, па полсе таа опрема ќе ја ставиш како непаричен оснивачки влог е твој избор

Окулу потребни документи за почнување на ваков тип на бизнис, има повеќе, пријави до неколку инспекции, пријава за оператор со храна до Дирекција за храна, пријава за работно време....
Мој совет, при отварање на фирма отиди во сметководствено биро, тие ќе те упатат се што и каде треба. Можеш да се договориш со нив тие место тебе да ги поднесат сите документи
По ХАЦЦП мора да работиш. Заборави на глупости како плочки без фуга, ама основна документација мора да имаш, мора да водиш записи и евиденција. Дали документацијата сам ќе си ја направиш или ќе платиш некој за тоа, твој избор

За сметки на приватно лице или на фирма, мислам дека законот не го интересира ( можеби ЕВН ) ама по мое подобро ти е на фирма се да биде и да си добиваш фактури за стуја вода, телефон, за кои полсе ако си ДДВ обврзник ќе си го пребиваш влезниот данок.

За дали да бидеш ДДВ обврзник нема врска фискална и фактури, ( фискална во секој случај мора да имаш ако наплаќаш во кеш пари, а фактури можеш да правиш и така и така ) тоа ти зависи од вкупниот промет што ќе го правиш. До некоја сума не мораш да бидеш ( не знам точно колку беше, мислам 3,000,000 годишно, не сум сигурен ) над таа определена сума стануваш ДДВ обврзник.[DOUBLEPOST=1399585207][/DOUBLEPOST]
А пример имам машина која вреди појше од 5.000 евра - значи моја е таа. Може ли таа да ми биде основачки влог?

И ова важи и за трговец поединец?

Аа ок, имам веќе двајца на форумов замаразно со ова прашање, ми рекле дека може машините како основачки влог да се стави машината. Фала :)
Да можеш машината со поголема вредност да ја ставиш. Колку поголема вредност имаш, толку повеќе ќе имаш амортизација како трошок во завршна сметка, што може да биде и добро и лошо
 
Член од
8 мај 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
Секогаш има скриени трошоци. Прочитај предходно на истава тема, има добри постови. Освен овие што си ги набројал ќе имаш банкарски провизии 500-1000 месечно ( водење сметка+ провизија за секое плаќање), понатаму ДДД на секои 6 месеци, самнитарни книшки на секои 6 месеци, обука за безбедност со храна за вработените, ПП обука и се по ред....Исто и периодични анализи на производи, пошто се работи за храна.

Мора да имаш оснивачки влог од 5000 евра кога ја отвараш фирмата. Дали ке ставиш 5000 евра на сметка и од тие пари после ќе купуваш опрема или ке ја купиш опремата приватно во кеш, па полсе таа опрема ќе ја ставиш како непаричен оснивачки влог е твој избор

Окулу потребни документи за почнување на ваков тип на бизнис, има повеќе, пријави до неколку инспекции, пријава за оператор со храна до Дирекција за храна, пријава за работно време....
Мој совет, при отварање на фирма отиди во сметководствено биро, тие ќе те упатат се што и каде треба. Можеш да се договориш со нив тие место тебе да ги поднесат сите документи
По ХАЦЦП мора да работиш. Заборави на глупости како плочки без фуга, ама основна документација мора да имаш, мора да водиш записи и евиденција. Дали документацијата сам ќе си ја направиш или ќе платиш некој за тоа, твој избор

За сметки на приватно лице или на фирма, мислам дека законот не го интересира ( можеби ЕВН ) ама по мое подобро ти е на фирма се да биде и да си добиваш фактури за стуја вода, телефон, за кои полсе ако си ДДВ обврзник ќе си го пребиваш влезниот данок.

За дали да бидеш ДДВ обврзник нема врска фискална и фактури, ( фискална во секој случај мора да имаш ако наплаќаш во кеш пари, а фактури можеш да правиш и така и така ) тоа ти зависи од вкупниот промет што ќе го правиш. До некоја сума не мораш да бидеш ( не знам точно колку беше, мислам 3,000,000 годишно, не сум сигурен ) над таа определена сума стануваш ДДВ обврзник.[DOUBLEPOST=1399585207][/DOUBLEPOST]
Да можеш машината со поголема вредност да ја ставиш. Колку поголема вредност имаш, толку повеќе ќе имаш амортизација како трошок во завршна сметка, што може да биде и добро и лошо
Фала на исцрпните информации многу ми помогна
само да те прашам не е премногу скапа индустриската струја или со ддвто кога ке го вратам ке ми биде исто како и на физичко лице.
Зошто незнам која е разликата ке прашам во ЕВН
Фала многу за брзиот одговор
 
Kajgana Shop

На врв Bottom