Рационализам

cyberlady

стара чупа
Член од
2 ноември 2005
Мислења
329
Поени од реакции
11
Congnito Ergo Sum

Балканска психологија. Сопругата го изневерува, се сомнева во Неа. Толку се сомнева во Неа што почнал да се сомнева во себе. На крај завршил со сомневање дека се сомнева. Всушност, се сомнева дека сопругата не го сака. Балканец е или што е? Ете, филозоф е, размислува. Таа најверојатно нема да го остави. Мисли, значи постои. (Congnito Ergo Sum)
:)
 
U

UnholY

Гостин
Основач на рационализмот е Рене Декарт и неговата прочуена „Мислам, значи сум“ (Cogito ergo sum).
Според него сите сознанија треба да се базираат на разумот. Нема простор за имагинативни хиперболи.
Кои се вашите размислувања за овој правец во филозофијата?
Така е, оттаму и потекнува и името рационализам, односно од латинскиот збор ratio, шо значи ум или разум...

Е сега со поопширна дефиниција....
Рационализмот е правец во филозофијата, кој шо сам по себе е способен да постигне објективна вистина и го спротивставува разумот на сетилното искуство кое шо го смета за незадоволително и штетно за постигнување на вистината...
Е, сега оттука во основа рационализмот преставува спротивност на емпиризмот, затоа што емпиризмот како филозофска теорија го акцентира искуството како извор на познанието, па така рационалистите во текот на целата историја на филозофијата се спротивставувале на емпиризмот....
А, истотака само да те поправам и да кажам дека Рене Декарт не е основач на рационализмот затоа шо рационализмот го среќаваме уште во најстарите филозофски учења....
Во античката филозофија за најизразити преставници на рационализмот се сметаат Платон, Парменид, Зенон итн. меѓутоа многу историчари на филозофијата го сметаат Платон за зачетник на европскиот рационализам, а Рене Декарт во поновата филозофија го применил рационализмот за изградба на својот филозофски систем заедно со Лајбници уште неколкумина други ама неможам да се потсетам моментално на имињата....
Понатаму, под рационализам истотака во филозофските учења се подразбирааат и етичките учења кои го применуваат рационализмот во моралната област, така шо примарните моралните вредности како шо се должноста, доброто итн, како и основните морални принципи, ги сметаат очигледни по себе, а ваквиот рационализам се нарекува етички рационализам, исто така знам дека постои и теолошки рационализам меѓутоа не сум запознаен со таа област, така да немам шо да коментирам, познато ми е само како онака, како име :)
 
А

Антоние

Гостин
Постои проблем со Декарт и со рационализмот.

Добриот стар Декарт мислел дека може да го подели телото и умот со неговите философии. Декарт сметал дека човечките битија се создадени од физички тела и нематеријални умови. Оној шугавион Холанѓанец Спиноза се противел на ова. Затоа што, за Спиноза, чувствата не се спротивни на разумот. Туку, чувствата се како еден вид на соучесници. Со Спиноза, умот и телото не се две туку едно.

Некои веруваат и во третата опција на Фројд. Фројд верувал дека секоја реакција на човекот е предизвикана од репресија. Сигурен сум дека сите го имате слушнато ова некаде: "тоа девојче ќе се претвори во курва затоа што татко и не и посветувал внимание како мала!", или "тој дечко ќе се претвори во жиголо затоа што порано бил сексуално репресиран!". Но ова се глупости. Ние сме луѓе, а не заробени животни.

Невозможно е да ги изгасиш сите свои емоции за време на рационално донесување на одлуки. Некоја женска може да изгледа секси ама што е тоа битно освен ако ТИ ментално не го признаеш тоа? Копнежот не е само телесен. Копнежот е и ментален и телесен.

Поентата ми е дека Спиноза е во право а Декарт е грешка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom