Меѓутоа, мислам дека не треба да се претерува околу дозирањето. Точно е тоа што го збориш за студии, каде што се споменуваат дури и 10 000 и.е. дневно во третман на некои болести, но сепак тоа е строго под надзор од медицински лица, дури мислам дека во болнички услови. Такви дози да пиеш секојдневно, воопшто не е наивно.
Болус дози се испитувани и над 100.000, но да, тоа се болус дози - се разбира дека секојдневните дози се помали и зависат од повеќе фактори. Летно време 1000 IU D3 e доволно за повеќето луѓе, зимно време барем дупло а во услови на пандемија 4-5000 IU D3. Понатаму 10000 IU D3 одреден период пред најавено изложување на контакт со болни, исто сметам дека е безбедно.
Не зборуваме за болни со специфични ситуации кои бараат консултација со доктор.
Лично мислам, дека во држава во која имаме доволно светлосни денови во годината, суплементација на витамин д во летниот период не е потребна. Наместо тоа би препорачала контролирано сончање...
Но колкумина редовно се изложуваат на сонце, со солиден дел од кожата? Дури и летно време, за повеќето тоа е нешто попатно, половина час дневно, додека се извршуваат обврски и во облека по кратки ракави. Значи лицето и половина екстремитети... Со денешниот преовладувачки lifestyle најголемиот дел од луѓето и летно време им треба суплементација од Д3.
Се разбира не сите, еве јас летно време не суплементирам Д3. Но јас 2-3 пати неделно планинарам по неколку часови и притоа често сум облечен само по планинарски кратки панталони. Кога не е ладно повеќето денови гледам да фатам сончање, обично наутро и навечер (поврзано и со друга пракса на изложување на сончева светлина, делумно објаснета
овде).
Но колкумина ти знаеш кои редовно и доволно време и со доволно изложена кожа се на сонце?
Еве тргни од себе и од другите овде... Колку време поминувате на сонце и без облека?
Еден типичен пример е мој добар пријател со лоши навики на спиење. Навечер на компјутер, дење спие... Такви се многумина. Кога ќе помине на викенд во Охрид или некаде друго место летно време, толку е бел што првите половина час гори од сонцето без разлика колку заштитна крема има ставено. И како што реков, такви се многумина. Суплементација на Д3 им треба и летно време, не само зима.
...напротив и цел ден да се на отворено под сончевите зраци тие луѓе ќе имаат дефицит на Вит Д и не само таму, туку секаде каде живеат луѓе со потемна кожа или црна раса
... самата пигментација на темна црна кожа т.е. присуство на повеќе меланин со што се намалува способноста на апсорбирање
Деталите се точни, но не и заклучокот.
Ако си ти во право Африканците еволутивно ќе се самоубиеле досега. Да имаат повеќе мелатонин (затоа и им е црна кожата). Но тоа е токму заради заштита од премногу генерирање витамин Д3... Причината зошто и таму имаат дефицит од Д3 е истата како и овде: Промена на lifestyle, премногу време поминување внатре во простории, и недоволно изложување на сонце.
Црна кожа или бела кожа, без разлика колку надвор е сончево... Сеедно е кога повеќето луѓе поголемиот дел од времето го поминуваат внатре.
Наназад еден век не било така. Поголемиот дел од луѓето се бавеле со земјоделство или други работи кои сите се работат надвор.