Може да споделувате лични искуства вс. јутјубери и подкастери, сепак нема подобар показател од лично искуство.
Откако смртта ни чукна на врата, јас и сопругата се зарековме да се оджуваме привлечни еден за друг па така правиме кардио-вежби кои биле дел од програма на една армија, не е важно која, а тие кардио-вежби овозможуваат и основна мускулна дефиниција што е сосема доволно за нас двајца. Сеа некој би рекол дека женско со дефиниција е турн-офф ама секој со своето.
Од суплементи тука е рибино масло и чат пат понешто друго (мед наместо шеќер во кафе и чај), имајќи предвид дека имам манијакално јак имун систем.
Засега сме презадоволни од ефектот на вежбите и можеме да кажеме дека тие се сериозно одговорни за подобрување на општата состојба па и оддалечување на смртта од нас.
Она што во недостаток на подобар израз се нарекува Љубов е исто така сјајна работа кога е во прашање продолжување на живот. Чувството да сакаш и да бидеш сакан нема замена, нема супстанца која може да ја симулира. И не само тоа, општо прекрасните меѓучовечки односи во нашата мала фамилија придонесуваат за подобро здравје. А тоа е фактор кој често се занемарува.
Особено кога обете страни се по природа сентиментални и романтични на свој уникатен начин па љубовта им значи најмногу на светот, буквално.
Освен тоа имам еден начин да дознаам дали личам на нешто или сам пропо, знам дека од неа нема да добијам точен одговор пошто има бајас кон мене ради љубов, исто важи со братучетки и другарки, па одвреме навреме уз муабет со некоја типка на нет ќе ми прати слики без да барам, колку да пушти вода троа, не знам како оди таа динамика ама ете оди.
Јас праќам мои слики и во случај да има комплименти знам дека сум во одлична ситуација
Потоа следи муабет дека сум сепак зафатен и блок и ај чао. А тоа го правам со знаење на мојата подобра половина, знам дека не и е ок, ама морам да имам независна потврда.......шта чеш, кога самодовербата со години била тепана, мавана, мачена и сјебувана.....
Дали тоа значи дека ќе живееме 90+? Никако. Гените не сјебаа во тој поглед, помирени сме одамна.
Дали тоа значи дека ќе живееме повеќе од предвиденото од страна на лекарите? Големо ДА.