Ајде дел по дел
Broadcast Technician е фина работа во тим од 2-3 (помалите бродови), и работата е прилично фина, снимаш определени случувања на бродот, ги снимаш и вработените (нешто како интервју) за после се тоа да го средиш во која програма и да работат за на крај да го пуштиш на некој од локалните канали. Опремата е нивна и со тоа не се замарај. Мој совет е да сите твои проекти/дела/снимки на кои си работел да ги спакуваш фино на едно DVD и да го имаш во случај да ти го побараат, евентуално да ги закачиш на интермец, па нека си ги гледаат.
Ќе имаш тренинг, да речеме, кога ќе ти почне договорот, светло како се мести се учи лесно, принципот е ист за секоја позадина, со мали измени. Дали ќе имаш 2 или 4 светла, екстра светло во средина, софтбокс и сите тие ситници ќе ги научиш таму и тоа брзо. Ќе почнеш на тивки ноќи каде што ќе имаш време да фоткаш, и полека како ќе се убрзуваш со сликањето ќе те преместуваат на пофреквентните позадини. Исто ќе биде и за рестораните, а за надвор прво ќе бидеш маскота, подолг период, па после ќе почнеш и да фоткаш. Биди си на време, порано некои пет минути, не губиш ништо. Работата е боранија, прифати си дека ќе ти биде монотоно и полесно ќе истераш.
Среќно
(пробај да улеташ како Broadcast)