Работа на брод

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
461
Поени од реакции
490
Дечки онака на кратко да прашам

Која е најдобра агенција?
Колкави се трошоците за аплицирање и.т.н.?
Дали има ИТ работа?
Најдобра агенција од сите две-три можни во Македонија? :D или во Коузон или во Мајоми (или во некоја нова Астериа или нешто такво).
Трошоците ти варираат од агенциите кај нас, а и од бродските компании.
Има IT работа, фино е платена и фини се работните саати.
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
461
Поени од реакции
490
Нови интервјуа за Carnival Cruise Line, на 06 и 07 Февруари.

Entertainment Technician ‐ AUDIO
Technical Entertainment Entertainment Technical Manager
Technical Entertainment Entertainment Technician ‐ FLOOR
Technical Entertainment Entertainment Technician ‐ AUTOMATION
Technical Entertainment Entertainment Technician ‐ LIGHTS
Technical Entertainment Entertainment Technician ‐ VIDEO

За повеќе информации, повелете во Мајоми.
 
И

Игнориран член

Гостин
Ме интересира едно инфо поврзано со работењето на брод...

Какви тестови треба да се поминат одкако ќе се качиш на бродот ?
Знам дека треба да се прават медициински прегледи и интервјуа предходно, но дали има и дополнителни тестирања/обуки пред да се почне со работа таму.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840

На Карнивал има(ше) и на другите треба да има затоа што тоа мислам дека е со закон. Но не е ништо страшно, се што треба да полагаш те спремаат точно тоа. Ни плус ни минус. Тоа е за безбедност тест, како какви ПП апарати има и за што слушат. Каде се станиците за евакуација и слично. И за секој нов договор па и за трансфер се прават нон стоп, без разлика дали си положил пред 2 недели. Јас на првиот брод бев 2 недели како тренинг и полагав иако бев само 2 недели и добив трансфер на друг брод. На другиот после недела или две пак полагав.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.970
Денес бев во Мајоми, ми кажаа дека сега на 14ти имало интервјуа за Thompson тука во Скопје, незнам точно каде. Може ли да ми кажете некој ако знае нешто повеќе за оваа компанија мислење/искуство??
 
S

Sinisa123

Гостин
Ме интересира едно прашање. Ако е запознаен некој да ми каже. Се научив дека во Грција имало агенции што средуваат работа за на брод, е сеа имало една агенција или жена (незнам точно) се викала Катерина ворлд од Грција. Знае некој нешто, да ми даде линк , да ме упати.
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
461
Поени од реакции
490
неп, не сум чул, а искрено не сум ни барал. Нашиве не ти пашат?
 
S

Sinisa123

Гостин
неп, не сум чул, а искрено не сум ни барал. Нашиве не ти пашат?
Искрено НЕ. Бев во Глобал Ворк 1500 ден апликатион ЦВ, потоа 6.000 за интервју со луѓето од Дубаи, потоа 6.000 ден за систематски преглед, и ако ти најдат работа арно ако не здравје и потоа 20.000 ден. за плакање на авионска карта, виза итн. Така да читам по форуми дека половините агенции за вработувања во странство се измама
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.857

Оди во Мајоми. 1550 денари имаш само давачки за Марлинс тест до пред интервјуто. Сите други давачки ти се откога ќе ја добиеш работата.
https://www.facebook.com/Rabota-na-brod-Uspinjaca-Posao-Skopje-135663383142234/
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
461
Поени од реакции
490
Искрено НЕ. Бев во Глобал Ворк 1500 ден апликатион ЦВ, потоа 6.000 за интервју со луѓето од Дубаи, потоа 6.000 ден за систематски преглед, и ако ти најдат работа арно ако не здравје и потоа 20.000 ден. за плакање на авионска карта, виза итн. Така да читам по форуми дека половините агенции за вработувања во странство се измама
Дубаи и работа на брод не одат во иста манџа. А дека има давачки, да, секаде, во секоја агенција за посредување на работа, небитно дали е за во државава или надвор. Поголемиот дел од компаниите ти ги враќаат парите за виза или лекарско (или двете). А за авионска карта, таа опција варира од компанија до компанија.
Кога ќе кажам "компанија", мислам на Royal, Celebrity, Princess, NCL, MSC итн... А "агенција" се тие во Македонија, Мајоми, Коузон.. и Астериа (која и да е).
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.466
Казански, ги заборави Викинг Оушн кои враќаат пари за се освен за STCW.

Инаку чисто информативно Синиша, врти-сучи, качување на брод без помалку од 1000$ тешко. Е сега добрата работа е што со прва плата ги враќаш сите трошоци.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.970
Ај да ви пишам и мое искуство. Не бев воопшто запознаен со работа на брод. Пред 3 недели можеби, прво почнав да читам на интернет, а потоа се упатив во сите 3 агенции тука кои посредуваат. Најновава агенција Астериа работат само со Принцес. Не успеаја да ме вметнат за интервјуто што беше на 3-4ти месецов, па ми рекоа дека наредно е во Март. Стартни трошоци уште пред интервју се 6000 ден денари, демек они средувале за преводи на документи итн итн. Бев во Велес во Коузон, воопшто не ме бендисаа, згора на се бараат да се плати 6000 ден за некојаси обука. Мој другар претходно имаше платено, му дадоа испринтани листови со тоа како се чукало на врата (он проба да влезе за housekeeper), со кое средство се бришело прашина, со кое средство се бришело незнам што, како се поздравувале гостите итн итн, значи смешни работи што ќе ги научиш за еден ден доколку евентуално нели се качиш на брод. Ги прашав колку време трае таа обука, ми одговорија дека се зависи од човек, можеби 1 месец, два.. а имало и случаеви со по 6 месеци што тапкале у место со обуката. Мислам ват д фак.

На крај си бев во Мајоми. Јелена веднаш ме праша како стојам со англиски. Јас реков одлично (имам престојувано во Америка, немам проблеми со јазикот), веднаш ми изврши кратко интервју на англиски, каде имам работено, колку време и слично. Рече дека е се во ред можам да аплицирам за позицијата за која јас сакав- Cabin Steward(имам искуство во оваа област). Ми кажа дека на 14ти(вчера) е најбрзото интервју кое иде. Thompson англиска компанија. Стартни трошоци пред главно интервју се нула. Океј јас извадив потврда за неосудуваност- 320 ден, преведена на англиски плус 400 ден. Но и тоа не било морално. Вчера бев на интервјуто јас бев еден од ретките што и тоа носев. Другите освен апликацијата и CV друго немаа, и таа потврда можело да се донесе накнадно-доколку си примен.
Бевме 30 души, прво имаше презентација од компанијата од еден грк, потоа истиот лик го вршеше интервјуто. Поминав одлично и сум примен. Виде дека сум добар со англискиот па почна да ме прашува глупости како на пример од каде потекнува моето име(му беше интересно), му беше интересна сликата моја од апсолвент со капата на CV-то почна да ме прашува за тоа хаха, му го кажав моето искуство од САД и тоа. Кога рече дека е се океј, на крајот само го замолив дали би ми овозможиле да се качувам некаде во Европа, затоа што првиот билет е на мој трошок за да ми биде поевтин (Јелена ми кажа дека за овакви работи излегувале во пресрет), рече дека не претставува никаков проблем.

Се качувам најкасно за 3 месеци. Оваа компанија имала некои нови бродови, па ќе се качувам на некој од нив. На прво мое интервју, немав некои очекувања, чисто отидов да видам како изгледа сето тоа.. а ете сепак сум примен..

Сега имам 420 евра трошок за сертификати. Незнам каде треба да одам и што точно има во овие обуки, но ми рекоа од Мајоми дека деновиве ќе ме известат. 130 евра лекарски прегледи. 160 долари за виза и 50 долари за Seaman's book. Ова последново незнам што е. Овие 210 долари ќе ми бидат вратени кога ќе се качам на бродот. И нели авионски билет зависи од каде ќе се качувам. Не повратен, затоа што за назад билетот ќе ми биде платен.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.466
Со среќа Ливерпул Форевер.
Томпсон се релативно нова компанија за македонците и тоа е за поздравување.
Инаку бродовите не им се нови, купуваат бродови кои што на Ројал или Селебрити ќе им здосадат па ги продаваат на други помалку популарни компании.

Како е таму, паа... ќе ни пишеш тука после едно три месеци од договорот. Првите месец-два се тешки на која и да си копанија на која и да си позиција, ако ти е прво качување на брод. Следните договори тешка е само првата недела, додека да влезеш во ритам.

Во врска со трошоците да ти пишам од наопаку.
Симен Бук е задолжителен документ кој што мора да го поседува секој морнар кој плови под малтешко знаме (исто така е задолжителен за панамско знаме, под бахамите е опционален и ретко кој го вади).
Виза е американска Ц1Д виза за да можеш да работиш на брод кој иде накај америка, или ако си на европски брод, и имаат потреба од тебе на брод кој плови во америка, да можат слободно да ти направат трансфер.
Сертификати, се мисли на STCW сертификати кои во Скопје чинат 550 евра, а во Будимпешта чинат 420, ама ако пресметаш и патни трошоци, храна, сместување, ти доаѓа тука некаде. Инаку се задолжителни за сите што се качуваат на брод под малтешко, панамско или норвешко знаме.

Од она што уште не ти кажале од Мајоми, или од Томсон, е пред поаѓање да си купиш десетина пара чорапи и долна облека да не мораш да се переш на неколку денови. И како хаускипер, да си купиш чевли кои ќе ги рагазиш пред да се качиш на брод и влошки за истите.
Јас влошки користев само со еден пар чевли, нешто не ми се погодија чевлите, па со влошки се тераше некако.

Друго... ако имаш нешто јас и Казански секогаш стоиме на располагање.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
...

Симен Бук е задолжителен документ кој што мора да го поседува секој морнар кој плови под малтешко знаме (исто така е задолжителен за панамско знаме, под бахамите е опционален и ретко кој го вади).

...

Од она што уште не ти кажале од Мајоми, или од Томсон, е пред поаѓање да си купиш десетина пара чорапи и долна облека да не мораш да се переш на неколку денови. И како хаускипер, да си купиш чевли кои ќе ги рагазиш пред да се качиш на брод и влошки за истите.
Јас влошки користев само со еден пар чевли, нешто не ми се погодија чевлите, па со влошки се тераше некако.

Друго... ако имаш нешто јас и Казански секогаш стоиме на располагање.
И за Хрватска мислам дека е задолжителна морнарската книшка, не дека сум бил на брод - а не сум бил - туку така сум слушнал, можно е да грешам, односно погрешно да сум слушнал, се разбира.

Туку, кога веќе го спомна перењето, какви се условите на бродовите за перење на алиштата ?

Може било кој ден да се однесат алишта на перење или мора баш на некој одреден ден ?

Претпоставувам дека за перењето на облеката се плаќа, ептен Вип третман би било бесплатно да те сместуваат, бесплатно да те хранат, па и бесплатно да те перат. :D Има различни цени во текот на деноноќието или во текот на неделата/месецот, како што е со евтината и скапата струја кај нас во Македонија, или цената за перењето на облеката е фиксна ?
 
На Карнивал има перални за екипаж и си плаќаш само прашак. Другото е free. Униформата ми ја переше и пеграше кабин стујард за што му давав бакшиж и rum cake и rum за пуење. Имав еден куп румови од супер шоперите бидејќи работев плус и за нив и филипинците ме обожаваа. За едно шише рум се ќе ти завршат работа ;). Инаку на мојот брод што бев имаше две перални за екипаж, едната имаше 5 машини и 5 сушални а другата 3. Во волмарт си купуваш 3 kg прашок а може и да ти остави тој пред тебе па и прашокот да ти биде free може.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom