Работа во Катар и Дубаи

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Мое мислење, што подалеку од арапскиот свет. Ако више толку сакате да ја напуштите државата разгледајте ги сите други опции освен тие за арапскиот свет. Такви безсмислени правила не ви требаат. Дечко ми веќе цела година работи во Катар, требаше и јас да одам да работа за истата фирма. Чекавме да се отвори место во истата компанија бидејќи ако работиш за друга ке живееш на некое друго место, можеби на сосем спротивен крај од градот, а гости во никој случај не смееш да внесиш ако не се од твојата зграда т.е ако не се вработени во истата компанија. А и има компании кај што машкиот дел од персоналот живее на едно место, женскиот на друго. И покрај ваквите правила рековме ајде штом ке живееме во иста зграда и не е така страшно. Тоа што по улици нема држење за раце, што не смееме да внесиме гости и ред други работи не ни беше толку битно. Поминав интервју, потпишав договор, пратија виза, се чекаше карта. И наместо карта пратија известување дека ке ми го стопираат цел процес и дека ми пожелуваат срека во понатамошното вработување. Отиде дечко ми да праша што е причината бидејки известувањето стигна во недела (недела им е работен ден, во се се обратни, па така и работната недела им почнува во недела), а јас требаше да заминам во среда. Објаснувањето беше срека што откривме дека сте партнери иако до сега успешно го криевте тоа, знаете дека е најстрого забрането пареви да работат на исто работно место, и да дојдеше ке беше избркан едниот од вас. Сакаше - некеше и тој си даде отказ после низа убедувања од нив да не го прави тоа бидејки тие се задоволни од неговата работа. Уште какви други ,,смешни,, работи се изнаслушав од блиски што отидоа да работат таму, некои врата им клучат во 12 после ако се вратиш нема влегување, и се зимав со резерва, се надевав дека не е така строго, меѓутоа откако си осетив на своја кожа, веке не сакам да помислам ни на одмор да отидам во таква конзервативна средина камо ли да живеам и работам таму.
Го спомна Катар. Направи едно Google пребарување за слични тематики и ќе видиш дека Катар е навистина лош во однос на сите слични зезанции. Сметам дека Дубаи (од она што можам колки-толку да го научам преку искуства од разни извори), е подобра опција каде-каде.

А, Катар, од последните вести - и ОАЕ (Дубаи, Абу Даби), Бахреин & Саудиска Арабија се дистанциираат од него (си ги повлекоа амбасадорите, ОАЕ и Бахреин дури и тимовите од Светското во ракомет што ќе се одржува кај нив). Катар ти е нешто како фасадите на новите објекти во Скопје - однадвор сјајни, но во средина обичен гипс.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559

Онака да надополнам само, донекаде е така. Во Дубаи и Абу Даби има најголем компромис, потоа е Бахраин , Катар, Саудиска Арабија и Јемен.
Саудиска Арабија и Јемен се живее во изолација за странци воопшто не е особено ако уживаш да седиш во изолирана населба, оградена со 5-6 метри зидови и на воено вооружено обезведување. Во Саудиска Арабија женам неможи да вози, а во некои делови неможи ни сама да се шета надвор од населбата.

Затоа препорачливо е или Дубаи или Абу Даби да се оди лошото е што баги се паднати платите особено за пониските позиции, па и за mid level позиции во повеќето домејни од проста причина што има премногу имигранти од Азија кој што работат за многу пониски плати. Ако немаш препорака од некој дека си навистина добар кадар тогаш подобро би зеле 2-3 од Индија, Пакистан... наместо еден .
 
C

cige

Гостин
Катар и Саудиска Арабија се братски држави. незнам од каде ви се информациите дека се дистанцирани.
 
I

izotop

Гостин
Го спомна Катар. Направи едно Google пребарување за слични тематики и ќе видиш дека Катар е навистина лош во однос на сите слични зезанции. Сметам дека Дубаи (од она што можам колки-толку да го научам преку искуства од разни извори), е подобра опција каде-каде.
.
аха еве гледај колку е добро
http://www.youtube.com/watch?v=uWwMSm8EfS8
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.962
Го спомна Катар. Направи едно Google пребарување за слични тематики и ќе видиш дека Катар е навистина лош во однос на сите слични зезанции. Сметам дека Дубаи (од она што можам колки-толку да го научам преку искуства од разни извори), е подобра опција каде-каде.

А, Катар, од последните вести - и ОАЕ (Дубаи, Абу Даби), Бахреин & Саудиска Арабија се дистанциираат од него (си ги повлекоа амбасадорите, ОАЕ и Бахреин дури и тимовите од Светското во ракомет што ќе се одржува кај нив). Катар ти е нешто како фасадите на новите објекти во Скопје - однадвор сјајни, но во средина обичен гипс.
Нормално, чим ние сме се ујдисале со нив, мора да се некоја а-ла-Субарта-превара.
 
Член од
5 октомври 2012
Мислења
1.951
Поени од реакции
1.169
slucajno nekoj od forumov da ne ide na intervjuto vo aleksandar palas noemvri mesec za rabota vo
HILTON DOHA CITY AND HILTON DOUBLE TREE, DOHA QATAR

, ako ima nekoj neka mi pise vo poraka da ne spamame na forum :)
 
|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.560
Поени од реакции
6.673
Конзерва е Катар, многу луге кој работеле во Катар се селат у Абу Даби и Дубаи.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Го спомна Катар. Направи едно Google пребарување за слични тематики и ќе видиш дека Катар е навистина лош во однос на сите слични зезанции. Сметам дека Дубаи (од она што можам колки-толку да го научам преку искуства од разни извори), е подобра опција каде-каде.

А, Катар, од последните вести - и ОАЕ (Дубаи, Абу Даби), Бахреин & Саудиска Арабија се дистанциираат од него (си ги повлекоа амбасадорите, ОАЕ и Бахреин дури и тимовите од Светското во ракомет што ќе се одржува кај нив). Катар ти е нешто како фасадите на новите објекти во Скопје - однадвор сјајни, но во средина обичен гипс.
Знам, и од Google пребарување и од искуството на моите блиски кои беа/се таму. Тие што успеаа да се ,,спасат - се спасија,, другите чекаат истекување на договор или добивање право на одмор (дури после светското првенство у ракомет) па да ја напуштат државата бидејки работодавецот треба да те пушти да си одиш т.е да ти даде exit permit. Јесте да имаш некои бенефиции кои вариираат од компанија до компанија, платен повратен билет еднаш годишно за кој во некои компании ти ги даваат парите проценето колку чини повратен билет со Qatar Airlines - околу 1400евра кој пак со Pegasus чини до кај 450 евра што значи не само одмор имаш и пари да го истераш салам одморот, здравствено осигурување, прекрасно средени станови, но сето тоа не вреди за да живееш во толкава изолација.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Колкави се шансите за човек со слабо работно искуство најде работа во Дубаи, Катар.... ?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Колкави се шансите за човек со слабо работно искуство најде работа во Дубаи, Катар.... ?
Огромни. 90% се со шминкани цв. Сите мои кои работеа и работат таму немаа претходно ни ден искуство ни како келнери, ни како фитнес инструктори, ништо од тоа што го работат. Нема ваљда за доктор да аплицираш ако немаш искуство. Ке аплицираш во нешто од угостителска дејност.
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.610
Колкава треба да биде платата за пристоен живот во Дубаи/Катар ако не ми е платен смештајот и јадење, колку кошта смештај, храна, трошоци за превоз итн? За еден човек?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Колкава треба да биде платата за пристоен живот во Дубаи/Катар ако не ми е платен смештајот и јадење, колку кошта смештај, храна, трошоци за превоз итн? За еден човек?
Над 2000евра. За да ја земеш таа плата треба да имаш висока позиција, да си доктор, инжињер, менаџер. Некои компании ти даваат да бираш дали сакаш смештај или да ти дадат одреден износ за смештај, меѓутоа минимален е, далеку од реалниот износ за трошоци за смештај, со кој можиш да си дозволиш едвај гарсоњера и тоа со 3-4 цимери. Храната по маркетите е скоро колку кај нас, има и поефтини и поскапи работи. За превоз, јавен превоз и сам нема да сакаш да користиш, со своја кола се фаќа ептен ефтино ама ако немаш висока позиција немаш ни право да возиш, едино со такси можиш да се превезуваш.
 
2000 евра е релативно ниска плата за висока позиција, јас колку што знам за да си доктор, инжињер, менаџер платите се над 4000 евра.

Исто зависи од каде си, ако си од Европа/USA/Kанада си повисоко платен отколку некој од Индија/Пакистан/Африка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom