Јас планирам да одам оваа лето во Германија преку агенцијата Контекс. Сум разговарал со неколку личности кој биле претходната година со оваа агенција и сите беа задоволни... Доколку одите преку нив ќе работите во мек доналдс (значи само тие им се работодавци) и дневницата се движи од околку 7,5 евра од саат и најчесто работите 8 саата (овер-тајм многу ретко), исто така ве снабдуваат со место за живеење, но немаат никаква замерка доколку сами си најдете некое поефтино/покомотно место.... За тие што мислат дека ќе можат да најдат уште една парт-тајм работа (како во америка) да им кажам дека многу многу тешко би можеле да најдат затоа што во германија системот на вработување е многу потежок и посложен. Генерално гледано Германија е земја од која што можеш да се вратиш со многу поголем профит отколку Америка.
Во врска со јазикот кога бев во агенцијата ми рекоа дека без основни бази на јазикот многу тешко би те прифатиле (но сепак лани другар со 0% знаење на германскиот отиде).
Spong да те прашам дали го закажа тоа интервју ти самиот и дали имаш некој трошкови пред интервјуто... (кога бев не разбрав добро ми спомнаа 1000 денари требало.. незнам дали треба пред интервјуто)
едит: заборавив да напоменам дека превозните трошкови до Германија преку агенцијата не се покриени, но имаш осигурување кое тие ти го обезбедуваат во текот на целиот твој престој во германија