Пчеларство

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
:facepalm: :pos::pos::pos::popce:
Јас сум пред пензија, и обратно, се надевам само на морална сатисфакција од пчеларењето! 500 евра месечно, само у случај да продаваш мед со концентрат од канабис;)
50 кошници пута 20Кг=1000*7 евра=7000/12=580 евра....таа математика ја правам. :D
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
50 кошници пута 20Кг=1000*7 евра=7000/12=580 евра....таа математика ја правам. :D
Како прво ќе почнеш со 3-4 кошници, после 7-8 па 15-20 и ако имаш сеќе у животу, четвртата година ќе можеш на 50 да ојш! И тука почнува формула 1 трката, ќе мењаш гуми за 3 секунди, нема да имаш време ни за мочање не за друго, одмор јок или у најдобар случај Септември!
Април, Мај, Јуни како со новороденче ќе ти проаѓаат :pos: , за пари ( евриќи) ако сме живи и здрави после ќе лафиме! А може стварно ќе ја легализираат мара за одгледување рекреативно:D, посадиш 2-3 реда до пчеларникот, ем пчелите хај, ем пчеларот па дури и купувачите :D
 
Што ќе ми биде работа во пензија?
Не се плашам од работа, а под 50 комада не се замарам да работам. Незнам Водно дали е ок....негде кај претседателската вила на 2 Км?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Што ќе ми биде работа во пензија?
Не се плашам од работа, а под 50 комада не се замарам да работам. Незнам Водно дали е ок....негде кај претседателската вила на 2 Км?
За Водно види дали е во опфат за прскање против комарци, како прво! А за локациски покрај ориентацијата југо-исток, треба да внимаваш што се случува на 2 км околу, колку пчелна паша има, што е по состав, со вода како е, има ли некој извор или било каков природен водотек. Науката вели дека пчелата лета до 3 км, ама тоа е за во каталог, мед се собира до 5-600 метри, највеќе1000-1200!
И почни си да си читкаш со време, не дека ќе станеш специјалист :D , ама бар основна ориентација ќе имаш!
 
M

Macedon1um

Гостин
50 кошници пута 20Кг=1000*7 евра=7000/12=580 евра....таа математика ја правам. :D
20 кг просек без селидба е скоро невозможно, барем од она што ми го кажуваат блиски луѓе - пчелари..

Да беше таква позитивна математиката еден куп пчелари ќе беа, немаше да одат по фабрики цела година за минималец :D
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
20 кг просек без селидба е скоро невозможно, барем од она што ми го кажуваат блиски луѓе - пчелари..

Да беше таква позитивна математиката еден куп пчелари ќе беа, немаше да одат по фабрики цела година за минималец :D
Околу 20 кгр просек без селидба не се сложувам баш! Пола Македонија може да се добие 20 кг без селидба! Арно ама во година која има паша, проблемот на равенката горе е што годините со нормална паша се се поретки. Ќе има и по нула кг од семејство, а на 10 години просекот ќе му биде околу 10 кг од семејство кое е планирано за собирање мед. Ама може да се компензира со други производи, ако му се тегне!
Работата е што он тие 50 семејства ги гледа сега, од сегашна перспектива, кога ќе почне да го стега кичма од кај 55 нагоре, ќе ја смали проекцијата ;)
 
Затоа и пишав 10тина килограми просек ако се гледаат последните 5-10 години, некогаш знае и 20кг ама има и лоши години се почесто поради климатскиве промени. Моиве познаниици пчелари имаат околу 50тина како дополнителна работа и буквално секој викенд периодов се во пчеларникот, дури и слободни денови од работа некогаш се приморани да зимаат за да одат таму. Ако ти е основна дејност и си помлад веројатно и 150 ќе постасаш да ги сработиш
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.780
Поени од реакции
35.424
50 кошници пута 20Кг=1000*7 евра=7000/12=580 евра....таа математика ја правам. :D
Домашниот есап не излегува на пазар!

Не му излегува природата во пресрет на овој бизнис во последно време, најдобриот период кога може да собираат мед или да се зајакне семејството во последниве години поминува со дождови или е ладен. Летно време пак е пекол и нема од што да собираат, а пак дабот е коцка, еднаш во 5 години дали ќе го начекаш да замеди.

Инаку 50 семејства за да ги кренеш треба многу коцки да се наредат и доста време (освен ако не лупнеш од старт многу кеш и да ги купиш наеднаш), јас на неколку пати се дигав до поголема бројка за да во една година имам загуба од 23 семејства поради болест (пред 6-7 години беше ова, не направи масакар) и ми пукна филмот ги изроив пролетта и ги шитнав летото пошто-зошто.

Друга работа од тие што ќе ги делиш тешко да извадиш и по 5 кг мед, а не пак 20кг, додека да извадат матици, па да почне да неси матицата, па да се изведат отиде летото и тешко да соберат и за себе. А од другите пак е коцка, ако е лоша годината прашање дали и јаките ќе ти донесат
Сепак најбитно е и колку е јака природата, реално околу Скопје не сум сигурен дека има толку јак терен оти е ниско, моите ги чував на 730 метри надморска висина и летно време се отепуваа од летање преку 2 км за да соберат нешто во планината. Имам пријател што ги чува во Западна Македонија, на преку 1200 метри надморска висина и единствено се жали од две работи: секоја година мечки му прават големи штети и втората е се уби од гориво, преку 30км по успон и серпентини се дрнка по 3-4 пати неделно со лада нива (само тоа се качува зимно време).
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Скопје е ризик како да земеш, кај што има паша се отепуваат од прскање, таму кај што не прскаат земјата е сиромашна па и тоа што треба да меди не меди од таа сиромаштија:toe:
Мое искуство од пред 15 години, во близина на Св.Николе (исто околу 300 метри надморска височина), просек беше 25 кила во нормална година, ненормални не начекав во тој период, а една година грмнаа цели 70 кила по семејство! Крај на Август извадив по 30 кила и ги однесов назад да го исчистат саќето. Ај денес ќе одам ај утре, после една недела кога отидов катовите (ДБ 10) беа 70% полни со мед, после додадов уште полумедиште и тоа го наполнија! Се испостави дека на 600-700 метри некој земал концесија ја изорал и заборавил, фатило здрав дожд и некои 30 хектари беа во цвет во Септември! Али тоа еднаш на 100 години дали се случува, повеќе за раскажување у вакви прилики;)
Во СФРЈ наши пчелари вадеа накај 60-70 кила па и више, ама со постојано селење, сега тешко таа!
 
T

Torchyrus

Гостин
Што со пчелин отров? Произведува ли некој и дали вреди?
Не сум запознаен многу, ме интересира имам слушнато дека било многу јако нешто и коштало доста.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Со оваа математика ние со 100+ мултимилијардери сме :icon_lol:
Остај го, со таков ум луѓето и стапуваат во брак ;), демек ќе имаме секс по цел ден, никој нема да ни смета!
Исто е и овде, важна е иницијалната математика, кога ќе се фати во орото ќе го игра, како ќе му свират!
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Мене како пчелар рецидивист, ми е задача да ја држам темава жива, колку се може! Реално очекувам помош од @мкд владе, @wolfs, @Morgan Freeman и други пчелари и љубители на пчеларство, макар и такви на кои им е ќејф да каснат мед само, како @Bodhidharma и компанија :D
Не мора како во темата на ДенаМ да сте активни, ама бар еднаш во месецот пишете нешто:D
Мене веќе ми здосади и пишување и пчеларење... :(

50 кошници пута 20Кг=1000*7 евра=7000/12=580 евра....таа математика ја правам. :D
Добар ти е дигитронот. Ама само дигитронот, не и есапот.

20 кг просек без селидба е скоро невозможно, барем од она што ми го кажуваат блиски луѓе - пчелари..

Да беше таква позитивна математиката еден куп пчелари ќе беа, немаше да одат по фабрики цела година за минималец :D
Беше некогаш 20 килограми. На 3-4 години имаше и по 40. Ама помина..
Што со пчелин отров? Произведува ли некој и дали вреди?
Не сум запознаен многу, ме интересира имам слушнато дека било многу јако нешто и коштало доста.
На префалени јагоди со празни кошнички. Цена 70-100 илјади евра. И опремата мораш од нив да ја купиш.

Навлекување риба на мамец евро.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom