Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
@Erich Zann сакам анализа од тебе.
Си велам ќе скоцкам, али после 7-ми чунки полагам.. Ништо не ветувам, пошто треба да се преиспитам дали можам нешто да доловам и дали имам перцепирано доволно :D Али ако бидни после 7-ми некој ден, ќе пробам да бидни.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Си велам ќе скоцкам, али после 7-ми чунки полагам.. Ништо не ветувам, пошто треба да се преиспитам дали можам нешто да доловам и дали имам перцепирано доволно :D Али ако бидни после 7-ми некој ден, ќе пробам да бидни.
Глеј да бидни. :D Кога можеш, тогаш.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.389
@Andrew

Енди е среќно детенце, кое растело во нормална средина, опкружен со грижата и љубовта од неговите родители. Овој фактор влијаел за да стане добар и вреден ученик. Љубител на музиката, сѐ му е рамно! Морам да признаам дека кога претходно би комуницирала со него надвор од форумов, со оглед на тоа што е газло и тука не ја истакнува својата интелигенција, ќе помислев дека станува збор за повозрасна личност. Има одлична смисла за хумор и неверојатно добар начин на прикриено „ребрење“. :D
Ќе повторам, овие работи не ги потенцира доволно на форум, туку може да се приметат при секојдневната, кежуал комуникација со него. Сега е во некој „бунтовен“ период откако привремено престојува надвор од својот топол дом, но ќе се среди и тоа во свое време, односно лесно ќе се адаптира на средината и на она кое ќе му го диктира системот. Она што моментално му недостига на Енди е самосталност. Сега ја има таа шанса и прилика да се осамостои и да стане независен од мајкината грижа, т.е. да порасне и да стане Маж. :)

Кратко, затоа што си мистичен и тешко одгатлив, да не речам 90% од мислењата ти се во музика, а 10% заебанции во Дк. Легни, опушти се и кажи си ги мислите.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Јас одамна немам пробано да анализирам некого. :D Ако има некој заинтересиран нека се пријави (под услов да не се знаеме лично) :D
turvior напиша за мене, но не би ми пречело и од друг да добијам една анализа. И онака лично не се знаеме :D
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Јас одамна немам пробано да анализирам некого. :D Ако има некој заинтересиран нека се пријави (под услов да не се знаеме лично) :D
Ниту те знам ниту те познавам, ако можеш да извлечиш некој материјал од моите постови, пробај.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Јас одамна немам пробано да анализирам некого. :D Ако има некој заинтересиран нека се пријави (под услов да не се знаеме лично) :D
Pokraj site prijaveni ako ne me odberes mene epten si bila smotana. :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.389
@CafeDelMar

Red dress blog.jpg

Кога би имала прилика, би си ја земала и би си играле заедница(тука е законски дозволено :D). Нема да ме посвои затоа што е млада. :giggle:
Така ќе имам прилика полека да откривам слој по слој и да го спознавам она што се крие длабоко во неа. Оваа млада жена, од која извира мистичност, ти ствара жед да ја запознаеш што подобро и да уживаш во нејзиното постоење. Жед која никогаш не би згаснала, затоа што во неа лежи една оригиналност, која те тера на некој чуден начин да ги обожаваш и нејзините недостатоци.

Задоволство е дури и кога човек треба да се замисли што сакаш да кажеш и треба да чита меѓу редови за да те сфати. И не, воопшто не си должна да црташ и објаснуваш. На тој начин им даваш шанса само на оние кои добро те познаваат и навистина сакаат и заслужуваат да уживаат во твоето друштво.

Ѝ се восхитувам на твојата неверојатна креативност. Дај ѝ апарат, книга и пушти ја во кујна, чудо ќе направи! Креативна си дури и во тешките моменти. И од нив знаеш да направиш ремек дело.

Си имаш и други особини кои особено ги почитувам, цврсти ставови, добрина и потреба за да им помогнеш на оние кои имаат потреба од тоа. Верувам дека искуството во животот те научило да не им пристапуваш наивно на некои работи.

Ги поседуваш сите овие позитивни карактерни особини и изненадуваш со својата скормност. Не си некоја која сака да се експонира. Делуваш од сенка, но сепак си приметена и сакана. Не си човек кој може да помине незабележан.

„Млада“ е потенцирано не затоа што те тешам, туку затоа што сакам да се исперам од гревовите што ги направив благодарение на тоа што си зрела и паметна. :backa:
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.389
@Hurin

First he was a guy that gave no shit, then he becomed the guy who gave a shit about evertything, and now he is just a damaged shit... И тука почнува the vicious circle. Ова со себе повлекува зголемена емотивност, а со тоа и меланхолија. Единствената „позитивна“ работа е што стануваш грижлив и внимателен, па најблиските секогаш можат да се потпрат на тебе. Помогни, но внимавај да не те повлечат со себе!

Човекот кој е спремен да се жртвува за својата фамилија.(Моми, напаѓајте!) Наоѓа време и за друштво, и за работа и за да претрча до кај дедо му и таму да помогне. Во меѓувреме ако ти е тешко, барај го на интернет, ќе најде време и за тебе. Едноставно таков човек е, тука е за сите, без разлика на проблемите кои ги има.

... А се теши, односно сака да се скрие позади маската на едно бесчувствително копиле.

Ти си човек на кој луѓето можат да му се отворат и искажат. Не само што си внимателен слушател, туку и бунар за тајни и тоа бескрајно длабок! Она што ти е кажано во доверба засекогаш останува во тебе.

Сонувач кој трага по „вистинската“. Девојката со која ќе има сличен вкус на музика, заедно ќе ги слушаат Tool, додека се тешат и минат низ тешкотиите што им ги приредува животот. Искрено и од срце ти посакувам ова да ти се реализира, дури и спремна сум да ти ги читам патетиките во темата за во врска со љубовта. Само ти биди среќен! :icon_lol:



Ќе ви пратам број од банкарска сметка по пп, 50 евра од анализа. Слушам @leandra бесплатно правела. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom