Дали имате професор кој ви предава некои предмет, но сепак не се грижи доволно за да си ја сврши работата која му е предвидена. Нема дисциплина на часот, а поради тоа и тоја самиот неможе да предава, а камоли да испрашува(сите тогаш ке избегаат во WC - се разбира без прашање). Можеби и намерно не му се предава лекција - го мрзи, а сепак зима иста плата како и професор, кој ке те научи многу, а и дома се спрема за да ти презентира тоа......Пишете мислење во врска со ваа тема....
Океј... Реалноста е таа. Зошто молчиме? под а)Затоа што ни` одговара. под б) Затоа што се` чувствуваме немоќни. Точниот одговор е а. Ви честитаме, добивте 500 денари и надеж дека со вакво образование, ќе станете милионер некогаш. Имам професорка со точно наведените карактерно-"професионални" малформации, која милува себеси да се испрати во бурекчилницата близу школото 20 минути пред крајот на часот(доколку некогаш не удостои со нејзиното присуство на истиот). Затоа немам никакво знаење по предметот, но мене не ми пречи. Истиот го сметам како "наука за мртвите"и мене лично
не ме интересира. Заради таквите професори, не се оформуваат паралелки за одредени подрачја. Пример, во моето училиште, немаме смер со кој ќе може некој да се запише на медицински ,заради соодветниот кадар кој вклучуваше супер бабичка во прва година, видно возбудена поради наскорешното заминување во пензија, па си го претвори часот во кампинг. Да имаше вакви професори по предметите кои мене ми се омилени и кои ги сметам за круцијални за моето понатамошно школство и професија, видно ќе се возбудев. Но среќата колку толку проработе и за мене.