Програмери во Македонија. Се исплати ли?

  • Креатор на темата DAoliHVAR
  • Време на започнување
Член од
4 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
89
Во Македонија не се исплаќа.
Замисли колку само треба да учиш за да станеш програмер и на крај да ти дадат 500-700е плата.
Најубава опција ти е да завршиш на ФИНКИ и да бараш работа во Германија...
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791

Ajde dee... 700 e ne e ok za zivot vo MK ?
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
89
Ако земеш тука 700е во Германија ќе земаш 3000е.
И замисли кои е условите за работа таму и тука.
Знам еден пример на мк програмер вработен во фирма во МК и како мотивација ги однеле една вечер во диско, сабајлето им рекле да дојдат 1 саат покасно на работа и кога дошле на работа работеле цел ден без одмор.
Братучет ми е програмер и работи во Минхен и ги носеле на викенд во Маљорка како за мотивација.
 
Aham....ok prasaj go braced ti kolku kirija plaka...kolu e leb ,mleko ...i ostali raboti...prasaj go dali ima socijalen zivot kako u MK...rodnini prijateli.... koa kupil golf 5 nemal na koj da mu se pofali ..u majorka otisol so rudolf i helga...i na kraj ...od tebe najmnogu zavisi dali ke zemes 700 ili 3000 e vo MK...i vo Germanija ne daavat plata za klati vrata....taka da ako ti faca mozoceto sekade mozes da prosperiras....
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
да ова што го кажа држи вода,Мене ме интересираат јазициве,и правење програми,а разлики меѓу професиите поконкретно незнам.што би било разлика меѓу програмер и софтверски инжињер?која од овие е по барана/потешка?
Да бидеш софтверски инженер е нормално потешко, бидејќи покрај програмирање треба да учиш и математика и други предмети поврзани со хардверот и софтверот. итн...
За професија програмер јас искрено немам слушнато ниту пак познавам некој што работи како програмер а притоа да не е софтверски инженер, сепак сметам дека да бидеш само програмер, без нецелосно познавање на компјутерот, на неговата архитектура и начинот на кој тој работи секогаш би те ставило позади софтверскиот инженер поради тоа што при правењето на програми треба да размислуваш и за многу други работи освен за синтаксата и кодот, како на пример, колку меморија ќе ти зафаќа програмата, колку време и е потребно да се изврши ,како ќе се извршува на различни оперативни системи и машини итн...
BTW Неверувам дека програмерите во МК земаат по 700 евра плата, мислам некои сигурно земаат, но мислам дека просечната програмерска плата е некаде 300-400 евра :D
 
Член од
12 март 2013
Мислења
92
Поени од реакции
17

Значи вака, 3та година средно сум, смер Електротехничар за компјутеркса техника и автоматика, планирам да продолжам на ФИНКИ а незнам кој смер да го одберам таму, Amaterasu гледам дека вие сте на тој факултет па да ме насочите на нешто (планирам Информатички науки и инжинерство или мултимедија)
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
Значи вака, 3та година средно сум, смер Електротехничар за компјутеркса техника и автоматика, планирам да продолжам на ФИНКИ а незнам кој смер да го одберам таму, Amaterasu гледам дека вие сте на тој факултет па да ме насочите на нешто (планирам Информатички науки и инжинерство или мултимедија)
Вака, еве ја официјалната страна на ФИНКИ http://www.finki.ukim.mk/mk/studies/dodiplomski-studii
Тука можеш да се информираш за секој смер поединечно, кои предмети се учат во кој семестар, што се изучува по тие предмети и слично. Да ти давам совет за смер сега е доста нелогично, најдобро е да се информираш за сите смерови, па самиот да си одлучиш, а ако имаш некои прашања во врска со предавањата, вежбите и слично тогаш со задоволство ќе ти одговорам ( доколку можам :D )
 
Член од
5 јануари 2013
Мислења
91
Поени од реакции
39
Значи вака, 3та година средно сум, смер Електротехничар за компјутеркса техника и автоматика, планирам да продолжам на ФИНКИ а незнам кој смер да го одберам таму, Amaterasu гледам дека вие сте на тој факултет па да ме насочите на нешто (планирам Информатички науки и инжинерство или мултимедија)
Претпоставувам во Коце учиш ,со знаењето на математиката од средно и ако немаш желба да седиш по 5-6 саати дневно да учиш математика би ти ги препорачал смеровите со една математика (односно да немаат Дискретна/Дискретни и Калкулус одделно) бидејќи ќе умреш од учење, а за другото што сакаш одбери ,доколку си бил супер во средно нема да имаш голем проблем бар прва а можеби и втора година бидејќи предметите се горе доле исти (исти материјали) само малку поопширно.
 
D

DAoliHVAR

Гостин
Да бидеш софтверски инженер е нормално потешко, бидејќи покрај програмирање треба да учиш и математика и други предмети поврзани со хардверот и софтверот. итн...
За професија програмер јас искрено немам слушнато ниту пак познавам некој што работи како програмер а притоа да не е софтверски инженер, сепак сметам дека да бидеш само програмер, без нецелосно познавање на компјутерот, на неговата архитектура и начинот на кој тој работи секогаш би те ставило позади софтверскиот инженер поради тоа што при правењето на програми треба да размислуваш и за многу други работи освен за синтаксата и кодот, како на пример, колку меморија ќе ти зафаќа програмата, колку време и е потребно да се изврши ,како ќе се извршува на различни оперативни системи и машини итн...
BTW Неверувам дека програмерите во МК земаат по 700 евра плата, мислам некои сигурно земаат, но мислам дека просечната програмерска плата е некаде 300-400 евра :D
Зборуваки конкретно за мене плата од 300-400 евра не би било малце 24.000 денари за самостоен човек не е лошо.Сега за со жена и деца незнам,ама далеку е тоа :D
инаку,да разгледав по страната и конкретно "програмер" неможеш да бидеш освен ако можеби не учиш сам дома само тоа.
Иначе гледам дека има калкулус и некоја друга математика,а како што имам слушнато тоа калкулу е 90% од причината зошто многу не завршуваат
Толку ли е тешко тоа?
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
89
Aham....ok prasaj go braced ti kolku kirija plaka...kolu e leb ,mleko ...i ostali raboti...prasaj go dali ima socijalen zivot kako u MK...rodnini prijateli.... koa kupil golf 5 nemal na koj da mu se pofali ..u majorka otisol so rudolf i helga...i na kraj ...od tebe najmnogu zavisi dali ke zemes 700 ili 3000 e vo MK...i vo Germanija ne daavat plata za klati vrata....taka da ako ti faca mozoceto sekade mozes da prosperiras....
ХАХАХХА он нејќе да се врати и нејќе да ја смисли Македонија.
Исто така има и многу пријатели што и кога доаѓа тука комуницира многу често со нив (мислам од германија).
 
Член од
12 март 2013
Мислења
92
Поени од реакции
17
Претпоставувам во Коце учиш ,со знаењето на математиката од средно и ако немаш желба да седиш по 5-6 саати дневно да учиш математика би ти ги препорачал смеровите со една математика (односно да немаат Дискретна/Дискретни и Калкулус одделно) бидејќи ќе умреш од учење, а за другото што сакаш одбери ,доколку си бил супер во средно нема да имаш голем проблем бар прва а можеби и втора година бидејќи предметите се горе доле исти (исти материјали) само малку поопширно.
Не учам во Коце, иначе тие што имаат завршено во моето училиште со да не речам скромно учење просек околу 4 и се запишаа на ФИНКИ немаат некои проблеми само малку математика.
А со смерот за мултимедија некој пример за работа во македонија ако воопшто ја има....
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
Зборуваки конкретно за мене плата од 300-400 евра не би било малце 24.000 денари за самостоен човек не е лошо.Сега за со жена и деца незнам,ама далеку е тоа :D
инаку,да разгледав по страната и конкретно "програмер" неможеш да бидеш освен ако можеби не учиш сам дома само тоа.
Иначе гледам дека има калкулус и некоја друга математика,а како што имам слушнато тоа калкулу е 90% од причината зошто многу не завршуваат
Толку ли е тешко тоа?
Па да, најголем дел од студентите имаат проблем со калкулус,незнам како стојат сега работите ама знам дека преку колоквиуми имавме положено помалку од 1/3 од студентите. Тоа ти е математика како што учиш во средно, мислам на лимеси изводи интеграли и тако натаму, само се разбира доста поопширно :D. Е сега голем број паѓаат Калкулус поради тоа што слабо учеле математика во средно а сите знаеме дека математиката е доста поврзана, па ако не знаеш дропки неможеш да решаваш изводи, ако не знаеш да решаваш изводи неможеш да решаваш интеграли и така натаму. Се на се, не е толку тежок Калкулусот како што е обемен, како што рекоа погоре, ќе треба да си вежбаш секој ден... Како и да е мислам дека годинава како најтежок предмет се покажа КРС(програмирање)...
 
Матеметика најслаб сум за разлика од другите предмети, не само јас туку и сите од класот не сакам да ја кажувам причината, ќе се трудам да научам колку што можам....
 
E

emission

Гостин
Полесно можиш да научиш..ја имаш логиката
т.е ако знајш математика се можиш да научиш полесно
Јас мислам (уствари знам) дека времето што ќе го употребиш на решавање и докажување на Тејлорова формула или на решавање на лимеси или на некои специфични двојни тројни интеграли што најверојатно никогаш нема да имаш потреба ги примениш е време кое можеш да го употребиш или да ги доведеш основите на програмирање до едно високо ниво и да се чуствуваш спремен и полн самодоверба отколку да се демотивираш што не можеш или ќе имаш потешкотии со решавањето на проблемите кои ги набројав (ги набројав тие без посебна причина). Или пат тоа време може да го употребиш да овладееш до некое ниво (што би се рекло да навлезеш) на 2-3 различни технологии , веб или десктоп или било што. И така многумина учат од комбинации и се учат да решаваат одредени типови математички задачи а неда решаваат проблемии, бидејќи не им се посветува доволно внимание на студентите. Барем пред неколку години беше така, сега не можам да кажам дали е така слободно демантирајте ме.
--- надополнето: 14 март 2013 во 02:19 ---
Во Македонија не се исплаќа.
Замисли колку само треба да учиш за да станеш програмер и на крај да ти дадат 500-700е плата.
Најубава опција ти е да завршиш на ФИНКИ и да бараш работа во Германија...
Чисто информативно да прашам дали си во оваа индустрија бидејќи цифрите што ги кажуваш ем не се малку за живот ем се малку нереални. Тие ти се за минимум 2-3 годишно искуство.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.920
Поени од реакции
12.411
Јас мислам (уствари знам) дека времето што ќе го употребиш на решавање и докажување на Тејлорова формула или на решавање на лимеси или на некои специфични двојни тројни интеграли што најверојатно никогаш нема да имаш потреба ги примениш е време кое можеш да го употребиш или да ги доведеш основите на програмирање до едно високо ниво и да се чуствуваш спремен и полн самодоверба отколку да се демотивираш што не можеш или ќе имаш потешкотии со решавањето на проблемите кои ги набројав (ги набројав тие без посебна причина). Или пат тоа време може да го употребиш да овладееш до некое ниво (што би се рекло да навлезеш) на 2-3 различни технологии , веб или десктоп или било што. И така многумина учат од комбинации и се учат да решаваат одредени типови математички задачи а неда решаваат проблемии, бидејќи не им се посветува доволно внимание на студентите. Барем пред неколку години беше така, сега не можам да кажам дали е така слободно демантирајте ме.
Скроз се согласувам со болдов. Цело време си пресметувам колку време "губам" во учење теорија по Калкулус а сум можела да го искористам времето попрактично и да седнам да решавам задачи програмирање, пошто реално тоа ќе ми треба натака. Добивам впечаток дека сите повеќе се концентрираат да го исчистат Калкулус пошто е многу обемен и тежок (тежок би го зела субјективно, ако имаш добра основа од гимназија ти треба само вежбање секојдневно пошто е обемен ).
Ама па од друга страна, кога пред 2 месеци му се жалев на вујко ми (програмер во Филипс веќе 10 добри години ) каква полза би имала во иднина од интеграли,изводи,лимеси добив одговор кој ме здрви-ми вика јас секојдневно ги користам во програмирањето. Е сега зависи додуша каква програма спремаш, ама мислам дека минимум основни познавања (под основни подразбирам лимеси,изводи,интеграли основно ниво, пошто мислам дека ова што го учиме моментално е научна фантастика, двоен троен интеграл ) се потребни за еден добар програмер. Математиката и програмирањето не се поврзани суштински туку логички, сега не е дека онај кој не знае да бара интеграл нема да знае да програмира, ама по мое мислење онај кој се снаоѓа добро во математика ќе биде подобар програмер. Што знам, едноставно начинот на размислување и согледување на проблемот е поинаков и поефикасен според мене. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom