Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.261
Поени од реакции
41.703
Не ми се верува што читам еј, ама ако, седете си пред монитор и тролајте, изгледа и така само уште тоа ви е останато.
Кога ќе видиш, тврдењата дека во Македонија нема вистинска демократија (колку и да ме нервираат), можеби и не се толку погрешни, со оглед на тоа дека недостига еден од најбитните столбови на демократијата-медиуми.
Sad but true ...
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Е арно де, не се возбудувај, мислеше веројатно симболика на отпор која ја поджуваат многумина...
А ти плаќај на државата да те штити и предај ја сета одговорност во раце на наемници кои нели...се платени за тоа...бидејќи такви и требаат, инаку нема да ја има...
Резултатите се прекрасни...
И јас плаќам и ти плаќаш. А државата ни е таква каква што си ја направивме. Тоа е тоа. Ама, мислам дека позитивното едноумие е нешто што од 1991 сме го надминале...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
И јас плаќам и ти плаќаш. А државата ни е таква каква што си ја направивме. Тоа е тоа. Ама, мислам дека позитивното едноумие е нешто што од 1991 сме го надминале...
Троа не сфати шо сакаше да кажи членката, но невермајнд...
Да да, државата ја правиме сите ние, ein volk, ein führer, ein reich...и така по патот со облаците...
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Кога ќе видиш, тврдењата дека во Македонија нема вистинска демократија (колку и да ме нервираат), можеби и не се толку погрешни, со оглед на тоа дека недостига еден од најбитните столбови на демократијата-медиуми.
А каде има демократија на светов и апсолутно непристрасни медиуми... Америка? Не ме смеј.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Да кажам неколку збора за протестот.
Присуствував на истиот и ми се допадна достоинството што го покажаа тие што беа присутни и тоа што не се разотидоа кога заврна силен дожд. Негативно е што мислам требаше да има барем двојно повеќе народ.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Троа не сфати шо сакаше да кажи членката, но невермајнд...
Да да, државата ја правиме сите ние, ein volk, ein führer, ein reich...и така по патот со облаците...
Слаб сум со разбирањето, изгледа...
Да бе, хајл! дабл хајл за тебе...;)
Ај сите да ставиме Вендета аватари и да си мислиме дека сме многу кул и индивидуалци, за разлика од другите, кои се партиски војничиња, независни интелектуалци, робови, и така натаму...
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
А каде има демократија на светов и апсолутно непристрасни медиуми... Америка? Не ме смеј.
Никаде. Ама волку бескичмени медиуми нема ни во тоталитарни режими.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Дечки знаете колку присуствуваат на фејсбук на денешниот протест? 7325! Значи немаше ни десетина од оваа бројка што уствари се појавија, или па штознам, може се смениле времињата и луѓето мислат дека протестите се виртуелни :eek:(n). Е сеа, ми се свиѓаше бајаги протестов, особено иницијативата во делот позади мајка тереза да си има ОТВОРЕН ФОРУМ, да биде место каде било кој би можел јавно да изрази став. И тука зборуваа многу луѓе, млади но и постари, изразија задоволство за формираната критичка маса во градов и општо во државава и повторуваа дека цел ни е да го изразиме незадоволството без притоа да бидеме било како влијаени од политика или од невистини на некои медиуми.
Ќе има повторно утре во 6 и задутре и сакам да видам дека се залагате за нешто и надвор од виртуелнава реалност.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Никаде. Ама волку бескичмени медиуми нема ни во тоталитарни режими.
Така ние си мислиме, сегде е исто, ама буквално сегде со мали разлики по "цивилизираниов" свет.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.344
Поени од реакции
57.966
А каде има демократија на светов и апсолутно непристрасни медиуми... Америка? Не ме смеј.
Никаде медиумите не се непристрасни и независни. Живееме во длабоко корумпиран систем и медиумите не се ништо имуни на тоа. Разликата е што големите медиуми на запад ја туркаат својата пропаганда префинето, преку анкети, ѓоа-истражувања, соговорници, новинарски заебанции од типот „беше Vs било“ итн... Така да освен упатените телиња на кои им е јасно, секогаш имаат нови збунети телиња за обработка.

Не знам каде на светов има така отворено простачко навивање и пропагирање како што тоа го прават нашите два најгледани медиуми.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Од каде бре, кутра душо, дозна дека јас дојдов овде за да ширам партиски пропаганди? Што има врска што денес се регистрирав? Што има врска што денес се регистрирав?

Не се осеќам должно да ти објаснувам, пошто гледам дека си постар член од денешните, што значи дека си од владеачката партија (нели, логички, новите од есдеес, старите од другите).

Нормален си?

Плус(ка) на то, си ми цитирал мислење кое е анти држава.
Факт е дека тоа е партиска доктрина. Ми ја дадоа на ливче да ја поднесам тука.

Те молам, одбиј, и продолжи понатаму. Дискутирај на темата.
Претпоставка со голема веројатност дека не е далеку од вистината, а и да сум грешка тоа не игра никаква улога.
Јас пробувам да дискутрам на темата ама од такви како тебе не иде...
Ние правевме муабет за бруталноста на дел од цајканите, ти спомнуваш бутање на државата т.е државен удар.
Кога има државен удар се менува власта.... ради ова пишав СДСМ

Погоре некој спомна укинување на алфите ради неколку инциденти со нив. Да имаше грам мозок може ќе му текнеше дека не се сите од затвори излезени туку може има некои и фамилии што ранат од таа работа. Некогаш се ефикасни некогаш не, ама Мартин бил брутално убиен од специјалец од единицата тигри....
Плус ради еден човек нема смисла да се укинува нешто што во суштина до некаде работи ефективно.
Убиството не е во ред, без разлика на тоа дали жртвата била крадец, џанак, педер, травестит и т.н ....
Човекот треба да се казни и да се реформира системот.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.261
Поени од реакции
41.703
Дај затворете ја темава пред да се испотепаме меѓусебе :cautious:
А зашто би сакал да се затвори темава ? Зашто не напиша, дај банирајте го тој и тој, зашто не ја искористи опцијата за пријава и слично, зашто баш се одлучи за тоа дека темава треба да биде затворена иако вчера еден од супер модераторите потврди дека тоа нема да биде случај, нема зашто, апсурдно ќе е да се удри цензура на овој настан !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom