Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Дечки знаете колку присуствуваат на фејсбук на денешниот протест? 7325! Значи немаше ни десетина од оваа бројка што уствари се појавија, или па штознам, може се смениле времињата и луѓето мислат дека протестите се виртуелни :eek:(n). Е сеа, ми се свиѓаше бајаги протестов, особено иницијативата во делот позади мајка тереза да си има ОТВОРЕН ФОРУМ, да биде место каде било кој би можел јавно да изрази став. И тука зборуваа многу луѓе, млади но и постари, изразија задоволство за формираната критичка маса во градов и општо во државава и повторуваа дека цел ни е да го изразиме незадоволството без притоа да бидеме било како влијаени од политика или од невистини на некои медиуми.
Ќе има повторно утре во 6 и задутре и сакам да видам дека се залагате за нешто и надвор од виртуелнава реалност.
Протестот не е трибина за дискутирање и размена на мислења. Кога протестираш против нешто имаш фиксирани барања што и како да се промени.
И ова напишаново исто ко братучед ми од 3-то одд. да се вратил од школо и да ми раскажува како прошол.
Вие одите на протест за да дискутирате и да си кажете кој од што е задоволен, а кој од што не е ? Па на крај ајде да продужиме да шетаме низ Скопје...
Треба да се протестира пред МВР и да се даде до знаење поради што точно се протестира !
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.739
Поени од реакции
9.864
А зашто би сакал да се затвори темава ? Зашто не напиша, дај банирајте го тој и тој, зашто не ја искористи опцијата за пријава и слично, зашто баш се одлучи за тоа дека темава треба да биде затворена иако вчера еден од супер модераторите потврди дека тоа нема да биде случај, нема зашто, апсурдно ќе е да се удри цензура на овој настан !
Зашто 120 страни се доволни..се е кажано,сите се исповреѓавме меѓу себе,испљукавме по полиција,држава.. а детето си отиде,злосторникот е во затвор,нема потреба од кавги меѓу нас и омрази ширење..
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Aко не менува ништо, што ме етикетираш бре?!
И како тоа не иде дискутирањето од „такви како мене“?
Вие (кои Вие?) правите муабет за бруталноста на дел од цајканите, а јас спомнувам бутање на државата...
Аха... затоа не идело беее, и јас пак, кај сум згрешил.

Вие можете да си правите муабет за бутање на власт, полиција, војска, судство, студентски мензи и липхер багери, ама државата да не ја спомињаме (под услов држава да е бонзаи растение).
Отвори книга и прочитај дефиниција за што е држава, до тогаш биди ми поздравен.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.647
Поени од реакции
3.548
Зашто 120 страни се доволни..се е кажано,сите се исповреѓавме меѓу себе,испљукавме по полиција,држава.. а детето си отиде,злосторникот е во затвор,нема потреба од кавги меѓу нас и омрази ширење..
Готово е.А тие што не лажеа цел ден?
Ништо за тие.Ако сакаат и утре нека не излажат.
Ако не министерката, барем Иво нека даде оставка.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Зашто 120 страни се доволни..се е кажано,сите се исповреѓавме меѓу себе,испљукавме по полиција,држава.. а детето си отиде,злосторникот е во затвор,нема потреба од кавги меѓу нас и омрази ширење..
Ќе биде во затвор едно 15 минути, преку сила.
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Значи.. Да си ги приберете позадините во вашата позадина и таму да останат засекогаш. Ниту еднаш не слушнав некој да спомне Бранко, Станко, Грујо или шотијазнамкој. Тоа што некој слушнал поединци какви муабети правеле, нека прават. Не можеме да ги спречиме. Ама мнозинството таму многу добро знае за што протестира. 100 страни наназад ви пишува, немам намера пак да објаснувам.
При крајот на протестот, неколку сосема рандом луѓе зборуваа на мегафон и устата им' отече од оградување од било какви иницијатори кои се кријат зад завесата. Значи, буквално секој што имаше да каже нешто, кажа. И види чудо, сите отфрлија било какви етикети, и јасно ги изнесоа своите цели за кои протестираат:
Правда за Мартин!
Распуштање на Алфите!
Стоп на полициската бруталност!
Ни малку веќе не се замарам кој против кого ќе го искористи настанов. За тоа нека се грижат партиските слепци. Само тоа им' остана - угледот на партијата во која членуваат, личниот одамна им' е шитнат.
Губам секаква надеж дека ќе добиеме било каква поддршка од студенти, врсници, младина, родители итн. Ама нека ви биде. Ќе продолжиме да ја браниме правдата, вистината и слободата. Веројатно нема да ја добиеме, а за тоа ќе бидете причина само вие, што на секој можен начин се обидувате да фрлите дамка на (првиот после децении) протест кој е искрен и од срце. Нека ви биде. Само да ве предупредам, како вие нас, дека утре кога ќе се случи на ваше дете или ваш близок, ќе бидете сами. И ќе ве боли, ќе се каете, ама доцна ќе биде.

Жалам што морам да користам "ние" и "вие" ама јасно ни дадовте до знаење дека не сме исти. Нека ви служи на чест.
 
Член од
18 март 2011
Мислења
12
Поени од реакции
1

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Место да тролате, филозофирате и правите „ум“ од Вас, излезете и покажете го тоа што го носите, бидејќи ова не е само за момчето, полицаецот, ова е нешто, многу.. многу подлабоко.
 
Член од
30 октомври 2009
Мислења
363
Поени од реакции
261
Слушнав нешто дека ке имало протести и во други градови, па ако знае некој да каже кога ке бидат протестите (час/ден/место) во останатите градови?
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Готово е.А тие што не лажеа цел ден?
Ништо за тие.Ако сакаат и утре нека не излажат.
Ако не министерката, барем Иво нека даде оставка.
Многу ниски барања бе... Иво? Портпарол!!! Каква одговорност има он жити бога? PR личност...

А, ако сакате протестите да одат во "вистинска" насока, треба организација. Некој да застане и да рече - ЕВЕ ЈАС сум лидерот на протестите и барањата се тие и тие. А не отворени форуми на плоштад. Каква глупост.... Ако не се направи тоа, тогаш како што оди времето ќе има инструментализација и вметнување на политика се повеќе... My 2 cents
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Значи.. Да си ги приберете позадините во вашата позадина и таму да останат засекогаш. Ниту еднаш не слушнав некој да спомне Бранко, Станко, Грујо или шотијазнамкој. Тоа што некој слушнал поединци какви муабети правеле, нека прават. Не можеме да ги спречиме. Ама мнозинството таму многу добро знае за што протестира. 100 страни наназад ви пишува, немам намера пак да објаснувам.
При крајот на протестот, неколку сосема рандом луѓе зборуваа на мегафон и устата им' отече од оградување од било какви иницијатори кои се кријат зад завесата. Значи, буквално секој што имаше да каже нешто, кажа. И види чудо, сите отфрлија било какви етикети, и јасно ги изнесоа своите цели за кои протестираат:

Ни малку веќе не се замарам кој против кого ќе го искористи настанов. За тоа нека се грижат партиските слепци. Само тоа им' остана - угледот на партијата во која членуваат, личниот одамна им' е шитнат.
Губам секаква надеж дека ќе добиеме било каква поддршка од студенти, врсници, младина, родители итн. Ама нека ви биде. Ќе продолжиме да ја браниме правдата, вистината и слободата. Веројатно нема да ја добиеме, а за тоа ќе бидете причина само вие, што на секој можен начин се обидувате да фрлите дамка на (првиот после децении) протест кој е искрен и од срце. Нека ви биде. Само да ве предупредам, како вие нас, дека утре кога ќе се случи на ваше дете или ваш близок, ќе бидете сами. И ќе ве боли, ќе се каете, ама доцна ќе биде.

Жалам што морам да користам "ние" и "вие" ама јасно ни дадовте до знаење дека не сме исти. Нека ви служи на чест.
Прочитајте го постов едно 2-3 пати и ќе ви се разјасни, поготово болдот. Обвинувате дека имало ваква заднина онаква заднина а почит кон вас ама не сте ги мрднале газовите од фотеља.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Протестот не е трибина за дискутирање и размена на мислења. Кога протестираш против нешто имаш фиксирани барања што и како да се промени.
И ова напишаново исто ко братучед ми од 3-то одд. да се вратил од школо и да ми раскажува како прошол.
Вие одите на протест за да дискутирате и да си кажете кој од што е задоволен, а кој од што не е ? Па на крај ајде да продужиме да шетаме низ Скопје...
Треба да се протестира пред МВР и да се даде до знаење поради што точно се протестира !
Не тропај. Како да се добијат тие фиксирани барања ако се не се вклучат луѓево у некаква размена на мислења? Ќе искочат два, тројца од толпата и ќе речат:"Еве дечки, ова се нашите фиксирани барања, сеа ќе ви кажеме на вас 1000 души за што точно да се буните!"
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Не тропај. Како да се добијат тие фиксирани барања ако се не се вклучат луѓево у некаква размена на мислења? Ќе искочат два, тројца од толпата и ќе речат:"Еве дечки, ова се нашите фиксирани барања, сеа ќе ви кажеме на вас 1000 души за што точно да се буните!"
Значи тоа не било протест, туку било реклама за протест .
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Ова насилство денес што го практикува полицијата не е ништо ново туку си е последица на комунизмот !

Бедно е што и Николче и Бранко го искористија за политички маркетинг.

Јас лично сум видел како џандари носат човек во државна и правеа записник дека се паднал по скали а очигледно беше дека они го претепале . Исто и мој роднина беше претепан во полициска станица зошто беше осомничен за убиство а што нормално подоцна се покажа дека немал врска со тоа.

Мора да се протестира за ова и секој што имал слично искуство со полицијата јавно да излезе и да го каже тоа !
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom