Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    672
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.585
Колку се глупи овие од ЕУ страшна работа. Неможат на крај да искочат со мигрантите од Романија и Бугарија, а да не праиме муабет што ке се случи ако влезе 50 милионска Украина во ЕУ. Ги глеам по интернетов се запнале Русија па Русија, а не сфаќаат дека Русија моментално им прави услуга. Ама ајде ке се свестат кога платите ке им се намалат на пола, за некој украинец и 500 евра плата ке биде топ после ваква катастрофа што се случува тамо.
Ниту Романците, ниту Бугарите, ниту тие 50 милиони Украинци и Руси од Украина, нема да им претставуваат проблем на профитерите од ЕУ.

ЕУ не е демократска организација за да одлучуваат нејзините граѓани, туку е бирократска организација во која одлуките ги носат профитерите.

Ако цената која треба да се плати за гасот од шкрилци и ред други ресурси од Украина, е да се прифатат тие 50 милиони Украинци и Руси од Украина, ЕУ без никакво двоумење ќе ја прифати таквата цена.

До менување на начинот на кој функционира ЕУ може да дојде единствено во оној момент кога на граѓаните на државите членки на ЕУ ќе им стане јасно дека профитерите ги менуваат со поевтини работници од странство.

Тоа е еден од главните аргументи на Најџел Фараж и неговата Партија за Независност на Обединетото Кралство во нивната кампања за излегување на Велика Британија од ЕУ, ги користи Полјаците како пример за гладни голтари кои се дојдени да им го одземат лебот на Британците за ниски плати.

Нормално, Британците не веруваат во тоа бидејќи сеуште немаат доволно гладни голтари кои им ги одзеле повеќето работни места за ниски плати, но ако продолжи ваквиот тренд на вработување на евтина работна сила од странство, на Британците со тек на време ќе им стане јасно како живеат Кинезите кои им ги составуваат мобилните телефони, компјутерите, таблет компјутерите и се останато од електроника што увезуваат од Кина, па ќе почнат да му се молат на Свети Фараж за излегување од ЕУ.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Колку се глупи овие од ЕУ страшна работа. Неможат на крај да искочат со мигрантите од Романија и Бугарија, а да не праиме муабет што ке се случи ако влезе 50 милионска Украина во ЕУ. Ги глеам по интернетов се запнале Русија па Русија, а не сфаќаат дека Русија моментално им прави услуга. Ама ајде ке се свестат кога платите ке им се намалат на пола, за некој украинец и 500 евра плата ке биде топ после ваква катастрофа што се случува тамо.
Подобро им е тие 50 милиони Украинци да им влезат од колку милиони Арапи и црнци од Африка.Секако им требаат милиoни имигранти,што за работа,што за да може да ги одржуваат популациите на ова ниво. Кога веќе мора да увезуваат луѓе во секој момент бираат да дојде некој од Запорожје него некој од Лагос или Мосул..
Европјани во Европа прилично брзо и лесно се асимилираат и интегрираат.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Подобро е ама сепак нема никогаш да ги пуштат.Толку земји од балканов ги влечкаат и нема никогаш да ги примат па за 50 милионска украина која има полош стандард од нас ќе размислуваат.
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Машала заробени тенкови.. денешно видео

 
M

Mario Gómez

Гостин
Oслободен аеродромот во Донецк. Сепаратистите се фалат со заробените тенкови и артилерија, дури имаат и неколку парчиња посериозна машинерија. Моментално Новорусија има поопремена армија од пола европски држави.:icon_lol:
 
А

Атомската мравка

Гостин
Нападнат и уништен пограничен патролен брод на Украина во Мариупол денеска

 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Сепаратистиве изгледа и авиони воени изникнаа од земја па и преку ноќ научиле да ги летаат и рушат украински погранични бродови.


И воздушната инвазија најверојатно започна.
Очекувам руското министерство за одбрана да излезе со изјава дека украинците самите на себе си ги срушиле бродовите за да ги накриват.


Едит - Од видеото сепак ми изгледа дека не се работи за авион(и) туку за анти-тенковски гранати. Тешко е да се заклучи.
 
Последно уредено:
Член од
26 август 2008
Мислења
22
Поени од реакции
3
Очекувам руското министерство за одбрана да излезе со изјава дека украинците самите на себе си ги срушиле бродовите за да ги накриват.
претпоставувам мислиш ПОТОПИЛЕ
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.818
Очекувам руското министерство за одбрана да излезе со изјава дека украинците самите на себе си ги срушиле бродовите за да ги накриват.

Едит - Од видеото сепак ми изгледа дека не се работи за авион(и) туку за анти-тенковски гранати. Тешко е да се заклучи.
претпоставувам мислиш ПОТОПИЛЕ


:rolleyes: :D :ROFLMAO:

 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Војската на Новорусија од денес ги контролира аеродромите во Донецк и Луганск..
 
Последно уредено:
?

..........

Гостин
Читав нешто што ме заинтересира.
Според NBC NEWS повикувајки се на извори од Кремњ и водејки една интересна статистика, во текот на оваа година остварени се само 10 телефонски разговори помегу Обама и Путин, 33 телефонски разговори се остварени помегу Путин и Меркел а дури 130 телефонски разговори помегу Путин и Оланд францускиот претседател..

Се прашувам зошто најмногу со Франција?
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243

Изгледајте го. Има англиски превод.
Кај ќе одат само не ми е јасно, ако се вратат дома пак на сила ќе ги натерaат да идат во војна. Жал ми е за браќава немаат некој избор голем..
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Кај ќе одат само не ми е јасно, ако се вратат дома пак на сила ќе ги натерaат да идат во војна. Жал ми е за браќава немаат некој избор голем..
Вратени се веќе дома мислам сите заробеници од Иловаиск.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom