Први мај во Македонија?

The Healer

Исцелителот
Член од
19 февруари 2009
Мислења
139
Поени од реакции
7
Е, па егоисти ќе има секогаш... Такви се луѓето... Едноставно такви се... Дури и во некоја идна форма на општество кога би се намалил егоизмот тој сепак би постоел, ама тоа не значи да оставиме сè во нивни раце и да се повлечеме, туку баш спротивното, да се активираме и бориме. Инаку, не те познавам поради псевдоними, интернет, слики и слични работи, така да, ако не си запознаен со луѓето и идеологијата, слободно читни нешто овде:

http://teror13.anarhija.org/
http://anarhokomunist.blogspot.com
http://anarhija.freediscussions.net/
http://lenka.mk/
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Primena e porakata.Dobro i uste nesto da se procita.Da se nadevame deka neukive vo poimanjeto na demokratijata ke naucat nesto od posocenite adresi.
O.K. Samo napred:smir:
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Не вадете муабети дека само на скара се одело...
Некои заминаа во Грција, Будимпешта, Виена...

И после се жалат сите народот немал леб да јаде, абе само еден стап подебел за нас, и удри, нежали....
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Точно е за она во странство, но тие постојано и одат во странство, токму затоа што има овци кои ги стрижат.
Затоа и ги гушат работничките права и слободи, како и здружувањето.Поделби по сите основи - до кога?
Најзаштитени во државата се токму тие што одат во странство а продаваат патриотизам - барем прите да ги оставеа во државата а и парите кои се фрлија во Италија за скулштури и поделба на народот.Така полесно се владее?
Па да тоа било мото уште од римското време!.
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

The Healer

Исцелителот
Член од
19 февруари 2009
Мислења
139
Поени од реакции
7
Не вадете муабети дека само на скара се одело...
Некои заминаа во Грција, Будимпешта, Виена...
Муабетот беше за мнозинството и изгубената воља за протест претпоставувам... Неспорно е дека се оди само на скара... Многу ретко кој стварно протестира и уште поретко некој да замисли општество различно од капитализмот, само мислам дека секогаш треба да се збори за себе, па после да се збори за другите... Да отидеш сам ако треба пред влада, па за една година ќе бидете двајца, за пет години 50, за десет години сто и така натака, експоненцијално ќе расте, али работата е секој човек да си збори за себе, а не: Државата е срање, никој не презима ништо, сите се излежуваат, а уствари и критичарот спаѓа во нив! Не иде баш така некако... Инаку, нема многу слики, али еве како беше во Скопје на протестите:




Еве ги сите на линков, има плус две - три слики:
http://makfax.com.mk/photo/644
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Браво за дечкиве, ми ја враќаат вербато во поинаква Македонија. Без дигање на гласот нема напред:smir:ок - во било кој систем и било која држава.:smir::smir:
Не е инаку точно дека секогаш само се лапало - и јас сум одел по улиците на скопје кога се демонстрираше од страна на синдикатите - иако лично не сум во ниту еден.Млади -само напред - пред вас е иднината.:smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir:
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Taka e i DEVOJKITE!:smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir::smir:
 
Член од
4 мај 2010
Мислења
32
Поени од реакции
1
Жалосно е тоа што 1-ви Мај кај нас се слави. Но, тоа е остаток од комунистичкиот режим каде луѓето не смееја да излегуваат на протести, па се воведе празнување на овој ден, наместо протести за поголеми права на работниците. Друга причина е мешање на власта во синдикалните организиции и нивно контролирање.Секоја чест на малкумината кои излегоа на протести, јас да бидам искрен 1-ви Мај го поминав празнично.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.118
Абе нека слави народ на крај краишта. И така животот не му е весел па уште за тие 4-5 празници во годината да се затвори дома или да се нервира и да демонстрира. Едини денови кога обичниот човек се опушта од политики, кражби, весници и нервози на работа...уште тоа да му го одземат.
 
Член од
4 мај 2010
Мислења
32
Поени од реакции
1
Абе нека слави народ на крај краишта. И така животот не му е весел па уште за тие 4-5 празници во годината да се затвори дома или да се нервира и да демонстрира. Едини денови кога обичниот човек се опушта од политики, кражби, весници и нервози на работа...уште тоа да му го одземат.
"Македонецот" покрај тоа што е финансиски немоќен, незнае ниту да слави. Се се претвори во дивјачко загадување на природата (погледни ја Матка после 1-ви мај повеќе личи на депонија). Денови за славење и викенди за излет има премногу во текот на годината. Нека 1-ви Мај стане ден на масовни протести за правата на работниците, како и секаде во светот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.118
Секаде во светот (оној свет што го видовме на слики -еу земјите и сличните на нив) скоро секој викенд си прават прошетки, гозби, одмори...македонецот нема пари за такво нешто. Затоа му останува она што е традиционално - Први Мај, Илинден и Нова Година како прослави, пиење, јадење...одморање на душата.
Кога од Австралија роднините ни велат дека кога се слободни скоро секој викенд се на скара на брегот ние се чудиме како е можно. Но можно е, финансиски е можно и прифатливо.
Зборот традиционално го вметнав затоа што откако знам и се сеќавам од крајот на 60-тите (најверојатно и порано, но не се сеќавам) наваму, Втори Мај (не Први) е традиција да се прослави со скара.

Кога друг ден работникот и каде да слави и да одмори душа?

Во светот видов дека има доста анархистички групи кои протестираат и кршат излози, возила...дали е тоа протест за правата на работникот, за што всушност тие протестираат?
Стварно, за кои права што ги немаат се борат зап.европските земји?
 
A

AnFem

Гостин
Кога друг ден работникот и каде да слави и да одмори душа?
За што да слави? За неговата „слобода“ ?

Во светот видов дека има доста анархистички групи кои протестираат и кршат излози, возила...дали е тоа протест за правата на работникот, за што всушност тие протестираат?
Се кршат џамови од банки, возила на капиталисти, кои ги добиле благодарение на некој што работи под нив.

Стварно, за кои права што ги немаат се борат зап.европските земји?
Не те разбрав како што треба. Баш кога се одземени нечии права, постои борбата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.118
За што да слави? За неговата „слобода“ ?



Се кршат џамови од банки, возила на капиталисти, кои ги добиле благодарение на некој што работи под нив.



Не те разбрав како што треба. Баш кога се одземени нечии права, постои борбата.
За која слобода, нели бараме визи за Еу за работа и живеење, нели тие се демократични?
Не се кршат само на богати, кога кршиш не бираш чие е возилото или дуќанот. У Белград стално кршат едни исти излози.
Што би се добило со кршењето, слобода за што?

Прашувам, кои права на европскиот работник се одземени и за што се борат? Значи, кои права ги немаат и кој им е стандардот и која слобода им е ускратена? Конкретно?

Како додаток
Семинар за Европската социјална повелба како механизам за побрзо интегрирање во ЕУ


кој кого...
Појаснувајќи ја ЕСП од 1996 година раководителот на Секторот за ЕСП при Советот на Европа Режи Брилат појасни дека таа е компатибилна со правото на ЕУ, ги проширува некои од основните права што ги регулира како правото на соодветно и достапно домување, здравствена заштита, на бесплатно основно и средно образование, правото на вработување, на социјална и правна заштита и недискриминација по основ на пол, раса, религија или национална припадност, но воведува и нови права.

- Главните придобивки од ревидираната Повелба се четиринеделен платен одмор наместо досегашните две недели, обврската за информирање на сите работници при вработувањето за работните услови и за договорот за вработување, унапредување на здравствената заштита и безбедноста на работното место, и на правата на работниците имигранти и нивните семејства, посочува Брилат. Меѓу новите права се наведуваат правото на работникот против отпуштање, за заштита од малтретирање на работното место вклучувајќи го и сексуалното малтретирање и приоритет на правото на исплата на плати на работници во случај на несоодвентност односно банкрот на компанијата.

ЕСП беше донесена во 1961 година. Документот овозможува воспоставување надзорен механизам со кој се гарантира почитување и заштита на човековите права од страна на земјите - потписнички и ја дополнува Европската конвенција за правата на човекот. Неговата ревидирана форма беше усвоена во 1996 година. И двата договора се применуваат паралелно. Република Македонија, заедно со Хрватска, Австрија, Чешка, Велика Британија и Шпанија, е меѓу 15 земји од Европа кои се уште не ја потпишале нејзината ревидирана верзија. Србија, Црна Гора и БиХ се дел од групата земји меѓу кои и Руската Федерација и Швајцарија, кои воопшто не ја потпишале ЕСП.
Имаат права тие или немаат. Ако имаат, за што се борат (за менаџери?), ако немаат, тогаш нивните држави не функционираат во делот од судството и работничките права -тогаш зошто да ги следиме?
Многу контрадикторни информации
 
A

AnFem

Гостин
Кршењето е знак на револт.
Многу интересна работа е што не кршат само анархистите :wink:


Со самиот факт дека живееме во капиталистичко општество, автоматски се ускратени и се прекршуваат правата на работникот. Кај некои повеќе, кај некои помалку. Сепак, никој не може да ми докаже дека работниците не се експлоатирани. Повеќе работни часови, одколку што е донесено законски, работните услови знаат да бидат катастрофа, емигрантите работат за минимални плати итн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom