Пракси по банки - корисни за вработување или не?

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Здраво. Дали има некој од економистите да сподели искуство со пракса во банка да му помогнала за вработување понатаму и мислам чисто без врски ...
Ако имаш врски можеш и со средно и без да знаеш и прст во газ да ставиш да те примат.Особено ако некој поблизок роднина ти работи таму,чим се ослободи место меѓу нив гледаат кој има да го земе роднина или ептен близок пријател.
Ако немаш врски......тешко било што.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Знам неколку колеги од економски, кои ги примија во про кредит. Мислам дека сите започнаа со еден вид обука, сега програма за малади банкари се вика или нешто слично. Кога ги прашав како ги примиле ми рекоа регуларно без врски, им верувам бидејќи беа едни од најдобрите во мојата генерација. Само што многу се жалат дека било заморно, не се баш задоволни. Нормално има и такви кои после обуката, останале уште некој месец како на пракса, ама после тоа не ги примиле.

Мислам дека програма од про кредит вреди како искуство. Ако се секавам добро трае 6 месеци, но и за нејзе се врши предходна селекција.А за другиве пракси од по еден месец, се фоткопирање документи, правење кафе, итн. барем во најголемиот дел.
За во стопанска па на другар му имаат барано 10000 евричи за вработување, барем така ми кажа.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Во Македонија шампиони во мобинг се осигурителни и лизинг компании, па банките!

Службеничка во домашна банка неколку месеци трпела мобинг од претпоставениот на работното место, и на крај била принудена да си даде отказ. Ова е реален случај кој покажува дека и вработените во финансиските институции кои по дифолт важат за најплатени и со најсигурни работни места, не се лишени од малтретирања и омаловажувања на работното место.
Гоце Трајковски од Синдикатот на финансиски дејности кој го координира проектот за заштита од мобинг, вели дека овој пример покажува оти мобингот е секаде присутен, без оглед на образовниот статус на вработениот, платата или сигурноста на работното место. Разликата е што во финансиските институции мобингот има пософистицирана форма.
„ Досега сме имале пријави од четири жртви на мобинг кои се пожалиле на преместување од едно на друго работно место, намалување на плата без водење сметка на здравствената состојба на работникот, психичко и сексуално малтретирање, преместување во друг град, давање задачи несоодветни на стручноста на работникот се со крајна цел, да се натера работникот да си даде отказ", вели Трајковски.
Мобингот е се почест во сите сектори со продлабочувањето на кризата и растот на невработеноста. Омаловажувањата, притисоците, уцените и навреди се ситуации со кои секојдневно се соочуваат вработените, но, поради страв за работното место и неможноста лесно да најдат друга работа, најчесто не преземаат никакви мерки.

Како надеж дека состојбата може да се смени на подобро е предлог Законот за спречување на мобинг кој чека на усвојување од Владата и кој треба да обезбеди правна подлога за решавање на проблемите.
Осигурителните компании поризични од банките
Најмногу мобинг има таму каде работните односи не се регулирани со колективни договори. Кај банките не е толку лоша состојбата оти вработените се организирани во синдикални организации, но загрижувачка е состојбата во осигурителните и лизинг компаниите.
„Самиот пазар и на осигурување и на лизинг не е толку развиен, а во таква ситуација нема доволно дефинирани правила на игра. Таму каде што институциите имаат подолга подлога на делување и самите вработени се свесни за своите права, релативно новите немаат стекнати права и таму допрва работниците треба да се изборат за некои права кои во други институции се нормални", додава Трајковски.
Во Канцеларијата за антимобинг засега нема пријавени случаи за политички мобинг иако тоа не значи дека такви случаи не постојат, особено ако се земат предвид спроведените истражувања, кои покажуваат дека мобингот е најчест во образовните институции, или почест е во државниот отколку во приватниот сектор.
Најмногу жртви на мобинг има во српските финансиски институции

Состојбата со мобингот во финансиските институции е најалармантна во Србија и затоа тие први во регионот донесоа Закон за заштита од мобинг, објаснува Трајковски. Тој вели дека најмногу средени работни односи има во Хрватска, главно затоа што дури 99% од финансиските институции имаат странски газди. Трајковски тврди дека делумно позитивно влијание имаат странските инвеститори иако се уште не било докажано дали банкарските службеници имаат исти права во Македонија или Франција на пример.
И во светски рамки банките се посочени како примери на чест мобинг и делење откази, особено бидејќи се посочувани како најголеми виновници за светската економска криза. Банкарските синдикати во многу земји веќе побараа преоптоварувањето со работа и стресовите да бидат признати од надлежните служби како болест предизвикана од условите за работа.
Соња Ј.Наумовска
faktor

ohridON
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Не се лажете. Боље на друго место наместо во банка. Ќе те заебаваат цела година демек ќе те вработиме и на крај ташак.
 
Член од
14 октомври 2012
Мислења
14
Поени од реакции
1
Стварно залудно ке си трошите времето за пракса . Јас во две различни банки бев ама залудно, а ми понутија и во трета ама ги одбив. Ако имаш некој да те потегне во некоја е тогаш тоа би било супер и ке ти делува во корист ама ако мислиш да одиш на пракса без некој да те бутка понатаму залудно трошење време.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Една другарка беше на пракса во стопанска банка и платија 1500 ден за две недели.
Ја работеше истата работа како и оние на шалтер. Научи се за 2-3 дена и ја оставаа сама да работи а овие пиеја кафе или се шетаа низ град.
И ништо ете ја сега работи во една книжара џабе беше се.

Исто и другите студенти што беа со неа. На крај вработија син на некој си вработен во банката.
А во банката не мора да значи дека ќе се примаат само економисти.
Знам еден со информатика што работи на шалтер во Прокредит банка.
Од една страна е корисно да се оди на пракса, но да знаеш дека некогаш ќе го работиш ова.
Или некој да ти вети дека ќе те вработи на тоа место, ако не подобро не губи време оди работи си на друго место.
Оти годините минуваат не вреди да се трошат по пракси и волнонтерска работа.
Сега ако си над 30 год тешко примаат во некоја банка или приватна фирма. Ќе плачете што порано не сте почнале со работа а не мавтање по пракси.

Вработените во банката тешко отстапуваат место ги гледате ги има еден куп по 50-60 год и уште работат таму чуваат место за внуците.
Ова што е од прокредит банка програмата за млади банкари за мене е само искористување на студентите и на крај ајде чао пријатно кога ќе имаме потреба ќе ве се јавиме.
Ако веќе планираат да вршат обука барем нека ги oстават на работа а не на улица. После нема каде да го искористат тоа што го научиле.
 
Член од
14 октомври 2012
Мислења
14
Поени од реакции
1
Знам неколку колеги од економски, кои ги примија во про кредит. Мислам дека сите започнаа со еден вид обука, сега програма за малади банкари се вика или нешто слично. Кога ги прашав како ги примиле ми рекоа регуларно без врски, им верувам бидејќи беа едни од најдобрите во мојата генерација. Само што многу се жалат дека било заморно, не се баш задоволни. Нормално има и такви кои после обуката, останале уште некој месец како на пракса, ама после тоа не ги примиле.

Мислам дека програма од про кредит вреди како искуство. Ако се секавам добро трае 6 месеци, но и за нејзе се врши предходна селекција.А за другиве пракси од по еден месец, се фоткопирање документи, правење кафе, итн. барем во најголемиот дел.
За во стопанска па на другар му имаат барано 10000 евричи за вработување, барем така ми кажа.


Немој никако да се лажете во Прокредит залудно 6 месеци ке си поминете таму ке се замарате со глупости, а во цв пракса од про кредит не вреди. Јас бев на пракса и нема везе , од 20-30 луге што бевме заедно или што ги знам само 1 имаат вработено и тоа којзнае како. ГЛУПОСТИ
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Немој никако да се лажете во Прокредит залудно 6 месеци ке си поминете таму ке се замарате со глупости, а во цв пракса од про кредит не вреди. Јас бев на пракса и нема везе , од 20-30 луге што бевме заедно или што ги знам само 1 имаат вработено и тоа којзнае како. ГЛУПОСТИ
Јас како што знам во про кредит најмногу се учело, и тоа искуство се ценело. Барем така ми кажале.
Денес по кој знае кој пат на разговор за работа ми кажаа дека сум преквалифукуван. Планирам да се пријавам во про кредит после фебруари таму, ако не најдам друго. Ваму преквалификуван а на друго место немам искуство ми викаат. Нека се носат сите у неповрат.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.677
Поени од реакции
4.793
Muda se uci , gi ucat kao da zamaraat(vrtat po telefon na duznici i demek duznici) "ama gospodine ke ve molam bar da uplatite xxxx denari , vo sportivno (nekoja glupa zakana)" > Moli dete ....moli , pari na Sv.Nikad ke vidish.Neka se javi glavnata tetka neka moli (na koja toa i e rabota).
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Не се разбравме, односно не се изјаснив доволно добро у првиот мој пост.
Стануваше збор за обука пред вработување.
Обуката во ПроКредит до ноември 2010 траеше шест месеци, никогаш не била повеќе. Од тогаш ја воведоа програмата за млади банкари која исто така трае шест месеци со можност за идно вработување. Точно е дека има шетање по филијали, ама според мене од повеќе причини, некои и позитивни.
Немој никако да се лажете во Прокредит залудно 6 месеци ке си поминете таму ке се замарате со глупости, а во цв пракса од про кредит не вреди. Јас бев на пракса и нема везе , од 20-30 луге што бевме заедно или што ги знам само 1 имаат вработено и тоа којзнае како. ГЛУПОСТИ
Не знам кога си била, ама најверојатно лажеш. Јас бев дел од првата програма за млади банкари, на почеток бевме 15 практиканти... по три месеци не намалија на 14, а по шестиот месец (јуни 2011) вработија десет души. Денес од тие во банката мислам дека се останати 5 души, точно е дека има голема флуктуација на кадри. Јас немав врски, колку што знам и останатите немаа.
Muda se uci , gi ucat kao da zamaraat(vrtat po telefon na duznici i demek duznici) "ama gospodine ke ve molam bar da uplatite xxxx denari , vo sportivno (nekoja glupa zakana)" > Moli dete ....moli , pari na Sv.Nikad ke vidish.Neka se javi glavnata tetka neka moli (na koja toa i e rabota).
Не е точно дека ова го прават сите, јас никогаш не сум вртел на телефон за враќање на долг во текот од 19 месеци колку што бев таму. Точно е дека се инсистира на голема редовност во плаќањата и знаат да бидат напорни, ама затоа имаат најмала стапка на ненаплативи кредити од сите банки во земјава.

Знам дека малце е застарена темава, ама еве да напишам и збор два што мислам за програмата. Сметам дека од истата имаат корист и банката, а и учесниците. Банката ги намалува трошоците за обука со оглед на тоа што порано ги вработуваше и шест месеци ги обучуваше своите кадри пред да ги пуштат да работат. За тоа време ги плаќаат и речиси полна плата. А вака со тие пари ќе можат да плаќаат по слободна пресметка тројца млади банкари/практиканти. Потоа активно се вклучени во сите дејствија на своите практиканти, имаат увид во нивниот развој и подобро можат да утврдат дали имаат потреба од истите и понатака. На почеток беше планирано да има по две групи годишно од програмата, ама изгледа им се заарни па во текот на годината имаше четири програми. Е што добиваат младите банкари... програмата е поделена на два дела, три месеци посветени на воведот во банкарството, и наредните три месеци пракса, и тоа пракса која не вклучува само копирање на документи (се разбира дека некогаш и тоа ќе го правите). Банкарите се на 8-часовни предавања секој работен ден. Првиот ден е ориентационен, запознавање на учесниците меѓусебно и со неколку вработени од врвниот и среден менаџмент. Во наредните две-три недели има обука за основна и бизнис математика и полагање на истите. И двата теста се елиминаторни доколку не ги положиш со 60%. Потоа има предавање за сметководство за кредитни аналитичари и сметководство од аспект на банката, па уште еден тест кој исто така беше елиминаторен. Со оглед на тоа што и тестовите за влез се прилично ригорозни немаше паднати после тестовите по математика и сметководство. После тоа имаше еднонеделни предавања општо за банката, запознавање со секој сектор, за нас тие беа на англиски, ама мислам дека тоа го променија во наредните групи. После тоа имавме обука за платен промет од две недели и пракса за овој дел, на крај завшрувајќи со тестирање за овој дел. Исто така и двонеделна обука за кредитни аналитичари, практична работа во некој од одделите за кредитирање и тестирање за таа тематика. При практичниот дел постојано имаш ментор и морам да признаам дека имав прилично добри ментори, иако имаше колеги на кои не им се погодуваа. Дали било вистина или тие биле субјективни во одлуката не можам да знам, сепак станува збор за различни карактери. После периодот практикантот врши еваулација на менторите, исто така и менторите за практикантот. После тоа имавме и една недела со професорка по англиски, на која истиот и беше мајчин јазик и имаше интересни методи за учење/совладување на истиот. Откако ќе помине периодот на првите три месеци, се прави пресек, се утврдува профилот на практикантот, за која позиција најдобро одговараат. Со оглед на тоа што со колегите бевме по 8 часови заедно, лично сметам дека имаше промашоци кај некои профли, иако мене ме поставија за пракса на позицијата на која јас и самиот се пронаоѓав, а искрено можев и најмногу да научам. Мислам дека тие три месеци ми беа едни од подобрите во банката... Секојдневно се судруваш со финансиски и бизнис анализи, ти даваат да работиш на финансиски извештаи, од ден на ден ги запознаваш се подобро „цаките“ на анализата, развиваш некој аналитички начин на размислување, почнуваш да ги поврзуваш бројките во билансите, да ги толкуваш показателите, итн, итн... чат пат и некој документ ќе ископираш, фала богу. Па и кога работиш ќе има денови кога ќе копираш биланси, лични карти и слични ствари. Секоја втора недела праќаш еваулација на сработеното како и за тоа како те обучува менторот и останатите од филијалата. Истото го прави и менторот (доколку не му е мака :pos:)... Последниот месец и половина веќе и посериозно почнував да подработувам, имаше и две-три анализи кои ги сработив самиот. По поминатите шест месеци ти ја сопштуваат /не/среќната вест за тоа дали имаат потреба од тебе. Јас ја имав среќата да бидам вработен на позицијата која лично најмногу ми одговараше и на која потоа работев речиси цела година. После тоа патишата ми се разидоа. Исто така позитивно беше и искуството од новите луѓе со кои се запознаваш во текот на програмата, стварно ми останаа доста добри другари од мојата програма, од останатите програми како и од претходно вработените. Дека имаше негативни искуства фала богу дека имаше... лично прилично заглавив со факултетот во периодот додека бев таму. Дека се е сјајно како што напишав, не е... ама сум тип на човек кој не сака многу да мисли на негативностите. По филијали не шетав, ја имав таа среќа да бидам постојано во филијата каде што се вршеа сите теоретски обуки. Сметам дека програмата е одлична прилика за штотуку дипломираните студенти без заостанати испити, затоа што за време од околу година и половина само во банката полагав околу 10 испити кои се универзални за ПЦБ секаде низ светот, така да стварно станува напорно да се турка и факсот, посебно кога ќе се вработиш. Заборавив да кажам дека за младите банкари кои не се од Скопје банката обезбедува сместување кое е на прилично атрактивна локација и блиску до центарот на градот. Некои колеги имаат полоши искуства од мене, некои имаат па одлични, да не кажам перфектни. Понатака, банката праќа свои вработени на обука во Регионалната академија за ПКБ Југоисточна Европа и Африка која се наоѓа во Велес... дел од практикантите ја имаа таа среќа да бидат испратени, а пред еден месец првата практикантка која беше пратена на Академијата по година дена обуки и дипломираше. Како што кажав, оваа Програма е добра прилика, посебно ако се земе во предвид тоа што многу тешко се наоѓа работа во земјава без големо искуство или врски. Стварно многу научив и би му препорачал на секој да си ја проба среќата. Испадна подолг пост, али јбг... пауза од учење :)
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.677
Поени од реакции
4.793
Не е точно дека ова го прават сите, јас никогаш не сум вртел на телефон за враќање на долг во текот од 19 месеци колку што бев таму. Точно е дека се инсистира на голема редовност во плаќањата и знаат да бидат напорни, ама затоа имаат најмала стапка на ненаплативи кредити од сите банки во земјава.
Си бил на пракса во тутунска?
Тие замараат,btw не е поврзано со кредити ,туку со нивни грешки во софтверот каде што "должиш" пари преку дебитна картичка, но си ги поправија изгледа:D
 
Член од
25 март 2010
Мислења
37
Поени од реакции
18
Знам дека е ептен застарена темава, но ме интересира дали Прокредит банка за време на праксата му исплаќа некаков надомест на практикантот.
 
Член од
5 јули 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Полагањата што ги спомна naumdb се всушност полагања со кои вршат селекција на почетокот или овие се плус дополнителни? :cautious:
После колку време од пријавувањето обично се контактираат пријавените и се врши селекција?
Ако некој има понови информации во врска со програмава го замолувам да сподели... :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Ок може јас знам за една програма сега што ја имаат отворено за некојси тренинг/ платнеа пракса во Прокредит. Многу ми звучи како тоа на што ти бил твојот познаник... И фино си кажуваат дека не гарантираат вработување. Сега баш им тече селекцијата за програмата.
Обуката е 6 месеци, а не 21. Значи дека после 6 месеци мора да е познат твојот статус во банката.
Ова во Прокредит е смешно, си најдоа начин како да вработуваат без да плаќаат. Ќе задржат некој 2 години под изговор дека е сеуште на обука, после тоа ќе го замени некој друг и се така во круг. Оваа програма трае повеќе од 2 години, ако за толку време не најдоа работници (под услов навистина да ги бараа) јас не знам уште колку им треба. Ова да беше во нормална држава уште одамна ќе се санкционираше.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom